Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.929
    Допаѓања:
    18.542
    Пол:
    Женски
    Она со 1 месец идено на факултет за психологија се смета дека многу психолошки и правилно постапувала и разговарала до нив...
    Така се изјасни дотичната...
    Јас како нефакултетска особа мислам дека она е болна во главата и толку!
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Те сфатив веќе, ама искрено ако тој не потегне ништо, децата еден ден ќе го прашаат зошто не потегнал и тоа дека таа земала 10 денари повеќе плата од него, ќе научат децата дека не била валидна причина за да ги остави со неа без воопшто да проба.
    Не губи ништо ако проба, баш само може да добие.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.058
    Допаѓања:
    225.443
    Пол:
    Женски
    Абе остај ти... :D шо сака може да мисли она, астронаут ако сака нека биде :D
    Децата можат и сами да пријават.
     
    На fana и zuto им се допаѓа ова.
  4. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.929
    Допаѓања:
    18.542
    Пол:
    Женски
    Ќе му кажам ова . Мора да има решение за децава, мора.
    Јас плачам за дете, а некој ги има како да ги нема.
    Неможам со ова да се помирам. Да имаш свое чедо и да го трауматизираш од инат неможам.
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.021
    Пол:
    Женски
    Ама зошто се извртуваат тука мислења, што постигнуваш? Кој рекол дека некој се ОТКАЖАЛ?
    Не е точно дека мајките можат апсолутно, по секоја цена да ги добијат децата, а татковците се обесправени.

    Ама за да има реакција, треба да има акција.
    Ако он седи и саааамо ги жали и се туфка, си плаќа алиментација, тогаш што кажува тоа?
     
  6. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.438
    Не се испревртуваат мислењата, ти кажувам дека тоа што "не презема" не е од што не се замара или така му одговара. Мене најголем показател ми е што децата сакаат да бидат повеќе со него, а не со неа, а не кој што презема или не презема.
    Не ја знаеме ситуацијата, ама реакцијата на децата е сосем доволна. Едното дете дури и си отишло од кај мајката кај таткото. Сосем доволно за мене.

    Тоа со "откажувањето" е мојот личен пример, направив споредба дека не е сѐ така како што изгледа од страна.
    И никој не рече дека апсолутно се обесправени татковците. Ама мајките се дефинитивно во поповолна ситуација после разводот.
     
    На minhauzen и fana им се допаѓа ова.
  7. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    3.480
    Те молам да ми го пратиш тој закон за детето до 3 години, никаде не можам да го најдам.
    И кои права ги има таткото после третата година од детето? Ни тоа не можам да го најдам.
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.386
    Допаѓања:
    103.179
    Пол:
    Женски
    Јас искрено немам искуство, ете после мене пишуваат не било така, така му е кажано на мој пријател кој е во процес на развод и така се држи до тоа и затоа пренесов. Нему му кажале дека детето цица и до 3г не смее да спие одделно од мајката, он се држи до тој муабет и оди само на гледање.
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  9. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Кое дете цица до 3 години?
    Иначе јас лично познавам парови шо си ги земаат децага на спиење иако се под 3 год ама не знам правно како им е регулирано односно не знам дали е со пресуда или по договор.
     
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.386
    Допаѓања:
    103.179
    Пол:
    Женски
    Значи јас пренесувам како ми кажал другар ми затоа што актуелно се соочува со проблемот. Иначе има деца што цицаат и до 3г, лично познавам мајки ама тоа не е тема на муабет сега. Нека си проверат жените, можеби има вистина во ова.
     
  11. Orfea

    Orfea Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2021
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    Ми треба совет за мој близок. Неговата сопруга во последните 6 месеци екстремно се промени , почна да му се заканува со развод, дека за инает ќе му ги земе двете деца (5 и 9 години). Инаку неколку пати таа си оди кај нејзините родители (без деца), си пакува само нејзини работи и си оди без да каже каде оди па тој потоа ја бара. Таа одела и на психијатар, препишана и е терапија што не сака да ја пие. Требаше да оди на контрола кај психијатарот оваа недела, но викендов таа си ги повикала родителите и си се спакувала и си заминала. Сопругот е шокиран, децата се кај него, но загрижен е дека и покрај многуте проблеми, таа ќе му ги земе децата само за да го повреди. Инаку таа имала обид за самоубиство, се има самоповредувано, има бегано од дома кога имаат некоја прослава за децата (како напад на љубомора, со викање, паѓање во несвест, затворање во соба или бегање од дома), се има лутено зошто тој купува нешто на децата а неа не. Инаку таа сега брзо се стекна со по ок плата и чека решение за работа, инаку првите години од бракот таа студираше, па бремености, и тн. Ја има видено дека скришно им дава на децата средство за спиење кога се болни и кашлаат за да може таа да поспие. И уште мн други работи од - посесивност и љубомора, до тој степен што тој избегнува да се дружи освен со мн мал број луѓе итн. Ве молам за совет, знам дека звучи неверојатно, но за жал постојат и татковци што се грижат за децата, и мајки кои се грижат само за себе :(
     
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Е овде стварно мора развод.
    Старателството нему ќе му е доделено..женава не треба да е во близина на децата..грев е тоа да им го прави.Дете од 5 години да прима апчиња..нема да јадам повеќе трици бидејќи е со дијагноза жената, па препишувам до негде и на дијагнозата
    Ако има родители, да ѝ помогнат.Ако не, не знам социјално нешо ќе напраат
    Не е безбедна ни за себе ни за другите..
    На крај може во установа да заврши.
     
    На Dashing:) и Mikha4 им се допаѓа ова.
  13. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.021
    Пол:
    Женски
    Хм. Во рок од 6 месеци се случува се ова?
     
  14. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.450
    Допаѓања:
    38.498
    Пол:
    Женски
    @Orfea искрено според напишаното жената не ми изгледа за психички здрава и стабилна личност, а тоа е предуслов за мајката да добие старателство. Секогаш сум за децата да се со мајката ама ко прочитав дека им давала средство за спиење на децата и дека со денови без нив заминува, косата ми се крена. Прво таткото после тоа што видел не требало ни секунда да остане во бракот. Да видам дека партнерот ми ги труе децата моментално ќе го пријавам. Нека бара добар адвокат и нека собира докази дури не направи жената некој проблем.
    Ако има посериозна дијагноза мора да се лечи, никој нема да пресуди во нејзина корист.
    Жалосно за дечињата :(
     
    На Ljubova, Snowflake97, Directioner005 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. 6th sense

    6th sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2020
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Зошто му се заканува со развод? Како стигнала до психијатар? Што придонело да се смени во последните 6 месеци? Некако овде не ми е јасно, што е проблемот?
     
    На Biljarkata, Ljubova, Outlook и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.821
    Допаѓања:
    3.153
    Пол:
    Женски
    Веројатно нејзината психичка состојба
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Orfea

    Orfea Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2021
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    Во рок од 10 години има проблеми но поретко. Последниве 6 месеци многу е интензивирано. Таа почнува се почесто да бега од дома. Зборувано е со нејзините родители, тие (заборавив са спомнам во оригиналниот пост) ја носеле на бајачка, во црква. Но потоа таа го прави истото (не знам како да го наречам, нервен напад, со неконтролирано викање, кршење предмети ... ).

    И него не му е јасно што е вистинската причина и дали има нешто што не знае. Единствено тајмингот се поклопува со тоа што таа сега е посигурна со работата и затоа таа претпоставка.
     
    Последна измена од модератор: 5 април 2022
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Абе која црна бајачка..психијатар + соодветна терапија + воља за подобрување + подалеку од деца и кршливи работи
    Не е на арно ова.А шо работата, демек боље работа има па одлепршала?
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. 6th sense

    6th sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2020
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Нека се консултира со некој од Центарот за социјални работи, за посигурно да види дали би му припаднале децата нему? Жално е деца да растат во такви околности.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    Im davala apchinja za spienje na decata?!?!
    Pravlea ljubormoni sceni koga soprugot ke kupel neshto za decata, a ne i za nea?!
    Kako soprugot izdrzhal tolku vo brak ne mi e jasno.
    Sfakjam deka zhenava ima psihichki problemi, ama mora da gi pie lekarstvata, vaka samo pravi poteshko i za nea i za site naokolu.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.