Може има причина за бегањето. Не се знае во 4 ѕида што им се случува. Ти ја знаеш неговата страна. Многу често мажите се манипулативни, ги доведуваат жените до нервен слом, па после пак она е крива. Но, ајде, може и не е. Ако е до психичкото здравје, со таква околина која верува во апсолутна исцелителна моќ на бајач и гатач, никогаш нема да и се подобри состојбата. И нема да може да добие старателство инаку. Што знам, ако е така, нека се разведе и нека ги чува децата, не може они во таква околина да растат нормално, а и не е безбедно.
@Emotional123 во право си, овде ја знаеме едната страна само. Ама еве да сум на нејзино место не би избегала без деца па не знам каков да е мажот, или со нив или никако. Ако е лош по неа нема сами да ги остави со таткото со денови, значи свесна е дека ќе се грижи тој за нив подобро од неа. Чудна ситуација..
Токму на тоа помислив и јас. Обично кога некој вака упатува на тоа дека некој друг е проблемот, веднаш помислувам дека станува збор за некој што не го гледа објективно проблемот.
Е сега прашањето е што довело до тоа да таа жена стане психијатриски случај без причина сигурно не е или е од сопругот малтретирана или од нејзината фамилија или од фамилијата на сопругот Не е чудна ситуацијата најверојатно е малтретирана од сопругот па бега од него да спасе жива глава и нејзиното мислење е оти он може да биде добар татко ама не и добар сопруг
Или жената не е психички здрава, и не е под терапија која и го контролира однесувањето, или другата страна од приказната не ја знаеме. Ама тоа џабе ќе го погодубаме сега. Во овој случај, мажот или треба да и помогне на сопругата да се излечи и ако треба со сила терапија да прима, или да се разведе. Ако е вака ко што збориш, да претпоставиме, при развод не може да му ги земе децата затоа што не е психички стабилна. Во секој случај, свашта сум видела, како мажите намерно си ги прават луди жените, како ги прикажуваат наркоманки, психички болни и слично, а уствари целта е да не избега од пеколот дома зошто со таков епитет никој нема да и верува. Испитај ситуација малце.
Која мајка бега од дома без децата? Си ги викнала родителите и само за нејзе спакувала куфер, бегала за време на нивни родендени? Не верувам дека некој друг е крив е за ова. @Orfea Имав другар со ваква мајка, после разводот си останаа двете деца кај таткото. Сличен случај, обиди за самоубиство, бегаше од дома и се враќаше на колена да ја примаат, па ги малтретираше децата психички за на крај сопствениот син да ја избрка. Мислам дека ваква нестабилна мајка не може да ги земе децата, само дали требаат докази или исказот на децата е доволен.
Децата ќе бидат кај таткото повеќе од сигурно,само секако ќе му бидат потребни докази да го докаже тоа. Ама на жената мора да и се помогне,пред се човечки е.Можеби не е ни свесна што прави.И да се разведат мажот нека и биде поддршка.Еве која нормална мајка би го правела тоа.Дефинитивно и треба помош.Мажот да не ја отфрли скроз,нека пробува да иницира заеднички прошетки,да биде дел од животот на децата.Ни на тие дечиња нема да им биде лесно,сепак мајка им е.Мислам треба тимски сите да и помогнете.А да ги чува сама,да се грижи за нив,никако.И да не направите да се почувствува отфрлено,само полошо ќе и биде.
А тој знае ли што и е дијагностицирано и што и е препишано? Претпоставувам знае. Према тоа не ми е јасен овој дел.... Не сфаќам како не му е јасно што и е, кога буквално дијагноза има од психијатар. Очигледно менталното здравје не и е најдобро. Сега треба само да процени дали ќе сака да и помогне да се справи со тоа, а секако нема да биде лесно ич. Или да оцени дека е премногу опасно да седи покрај децата и да се разведе. Друго не гледам што би можел да прави. Џабе разговарање со нејзините. Тие сигурно не ни веруваат во психијатри чим ја носеле по бајачки. Према тоа не верувам дека тие би и помогнале.
Греота за жената. Со здрав разум за се може да се најде решение и начин. Ама со дијагноза е тешко... Редовно си велам на себе, само да не се мрднам се друго ќе е ок...
Бајачки и цркви? Мајката/жената очигледно има дијагноза. Која е каква е треба да одлучи стручен тим. Можеби ја имала со години и тригер некаков и се случил сега па тоа ескалирало. При здрава совест не ни сакам да помислам дека некој може да дава на деца мали апчиња за спиење, а тоа што отипла кај мајка и и татко и не знам што е чудно па и сама да отишла сигурно не отишла на 3 месеца. Ако е на недела дена е ок. Зш да не ги причува. Можеби жената во состојба на свесност "бега" за да не им наштети. Со што се бори ние тука неможеме да знаеме и дали мажот е крив или не за нејзината психичка состојба. Нека проба да и помогне со лекари нека ја носи он. Ако не бива нека бара развод.
Можно е, ништо чуднл, ама и тоа да е у прашање, се пријавува, ете имала родители гледаш си идела… Може да типуваме само, сепак у моментов не е безбедна за децата ич.
Има наод од психијатар, нека се држи до тоа, а може и да се бара проценка на нејзината психичка состојба. Децата настрана. Таткото ќе ги добие. На жената и треба помош очигледно.
Ја носеше на лекар, препишана и е терапија, но таа не сака да ја пие. Оваа недела требашр да За жал не е така, иако почесто се жените жртви во бракот, во случајов не е така. Но, овие одговори многу ми значат, тоа значи дека дел од луѓето нема да го сфатат и наместо да го сожалат ќе почнат да креираат теории и претпоставки. Ви благодарам секако затоа што секој со најдобра намера сака да одговори.
Луѓето не мора да го сфаќаат и сожалуваат. Ако тој има докази дека жената не треба да добие старателство, ќе ги поднесе доказите и кај него ќе останат децата. Ако нема докази, не може да ги добие со сожалување.
Јас искрено мислам дека ова што сега го прави со него, утре за жал може со децата. Ти благодарам многу за советот. Така е.
@Orfea познавам сличен случај каде жената има шизофренија. Додека зема терапија е сосем ок, ама затоа кога не зема терапија е многу лошо за сите дома. Ова што го пишуваш на нив ме потсети. Мажот мора да знае каква состојба и е дијагностицирана, ако навистина е дијагностицирана со нешто и во тој случај таа не може да добие старателство. Ако тој не знае што се дешава со жена му, онда не знам каков сопруг бил последниве години.
Да, сигурно се работи за некоја слична дијагноза и кај женава за жал... штета што децата се сведоци на се што прави.
Ако се оваа е точно и ако татково навистина се грижи за децава тој нека поднесе барање за развод и нека бара децава да останат со него. Некако добив впечаток дека е исплашен дека треба децава да му припаднат и да се грижи за нив. А мајкава цел живот ќе си е ваква никогаш нема да се смени. Оваа од искуство го кажувам .
@Orfea А таткото како знае дека им давала апчиња на децата?Сигурно видел,присуствувал,чим знае.Мора да спречи такво нешто,не смее да дозволи.