Како на нејзиното работно место и ја поднесуваат нејзината психичка состојба? Нема ли проблеми таму, да прави такви испади како што прави дома?
Женава има ,,дијагноза,, ама драмиве се дешаваат откако е финансиски стабилизирана со ок плата? Беше спомнат ваков момент или мене нешто ми се причинува. ..
Беше спомнат моментот, не ти се причинува. Мене посимптоматично ми е дека тој ја видел дека дава нешто несоодветно на децата. И сега се мислам дали воопшто изреагирал оти по пишаново излага дека само раскажувал што видел. Пошо ако не изреагирал на такво нешто, јас со 0 искуство во медицината, односно психијатријата и психологијата, имам неколку прилично експертски дијагнози и за него.
У некој нормален свет мажот треба да и помогне на жената. Не веднаш за развод да се реши (не знам погоре ликот дали се решил).
Не е така бе. Во брак е одма ајде развод. Штом има дијагноза треба да се обиде да и помогне ако треба нека лежи во болница на лечење енка де стсбилизира и треба подршка а не одма развод. Нели во добро и лошо во здравје и болест.. . Жената е со психички проблеми не сака она така па да се намерно изжувува на децата .... Одма ајде развод. Ок да децата трпат ама кои се тие средства шо им ги давала да спијат на мали деца .. и треба помош прво а не одма развод, најлесно е да се откажеш имбегаш, ако е болна од друго исто треба да се разведат? одма осуда. Не ми е лично кон тебе коментарот ама сериозно бе луѓе со коментарите?
Vo dobro i zlo ne treba da se podrazbira klukanje deca so apcinja Da mi gi true nekoj decata so goli race ke go zadavam. Sum za da i se pomogne, ama otkako ke se izolira od decata.I da ne im prai niso, ako ima epizodi pred niv, loso im pravi A vo Bardovci ne moze da odis ako sam ne prifatis, na Klinicki na psihijatrija ne drzat so denovi kamoli meseci Ne znam so da kazam
Ако видел такво нешто ( знак прашалник што е тоа апчиња, не се ткаа лесно добиваат особено за деца) требало да реагира а не да посматра пасивно, за тоа колку е таа крива толку е и тој. Децата да се изолираат може пак ќе имаат трауми ќе ја бараат мајка им зависи како другите ќе им објаснуваат каде е. Може да се среди се ако се сака, во психијатриска установа може и со полиција да биде однесен пациент се зависи од состојбата. Мора да и се помогне не е само да се откачиш од неа и баш ти е гајле. Тешки се психичките болести за сите како за околинта така и за болниот.
Прво, прашање е дали навистина биле апчиња за спиење?! Второ, зошто не спречил да им се дадат? Трето, за секое посаглам работно место се бара лекарско уверение за здравствената состојба на потенцијалниот работник. Како се вработила ако ситуацијата е толку критична и како таму нема испади, само дома? Четврто, зошто наместо развод да не ѝ помогне да се излечи? 10 години брак, а да не пробаш да му помогнеш на партнерот не ми е логично. Битно женава не ги пие апчињата туку на децата им ги дава…
Треба да и се помогне на жената. Таа му е сопруга и мајка на неговите деца и НЕЗАМЕНЛИВА со друг човек на цела планета. Треба да се најде начин жената медицински да се третира а не да се мисли како да ја остави т.е. да се разведе и да и ги земе децата. Која е таа здрава мајка која така би се однесувала кон своите деца ?! Кога се склучува брак матичарот меѓу другото спомнува дека брачните партнери се должни да си помагаат во зло. Сопругот ако си ја сака жената и фамилијата, и покрај се,ќе направи напор да и помогне и да се врати во колосек. Со лекарства СЕ се контролира.
Жената има ментална болест/пореметување и ако не пие терапија мажот не може магично да ја запре. Ама може некако да издејствува она да се хоспитализира и да биде под надзор додека малку не се среди. За децата е во секој случај трауматично, искрено ако не се подобрува, секое сценарио - вклучувајќи да бидат изолирани од мајката е подобро од тоа они да се со години сведоци на вакви испади. И не знам, таа околина со бајачи и манастири ми дава впечаток дека луѓето околу жената немаат баш разбирање што стварно се случува, а прво нешто што треба кај вакви пациенти е баш соодветно разбирање и поддршка.
Мене ми е многу чудно. Ако е со посериозна дијагноза, како шизофренија, колку време без терапија нема да ја приметат на работа? Па и покачување да добие. Ако видел таткото дека дава такво нешто на децата зошто не изреагирал? Па и сама си заминува неколку пати, а се заканува дека за инает ќе му ги земе децата. Нешто не се поклопува во приказната. За да се лечи треба да сака и да е свесна за состојбата, а за жал најчесто лица со посериозни дијагнози не се свесни. Може да е и биполарно растројство, ама дури не прифати редовно посетување психијатар и психолог ништо не прават.
Какво лекарско уверение, кога за во државно си го плаќаш и добиваш, а оние систематските од работа врска немаат. Не се прави кај нас психолошка проценка пред вработување. Таткото видел, може и реагирал, не знам, очекувате во социјално да ја пријави? Многу ги разглабате работите. Може не сакаат детално да пишува да не биде препознаен. Отприлика тоа е проблемот. Он мисли да се развде. Дали ќе и помогне или не, негово е. И зошто не. И дали навистина жената има психички проблеми или има проблеми со домот и децата. Значи, доколку она се однесува вака, зад себе има посетувано психијатар и слично, децата ќе ги дадат на таткото. Доколку се одлучи да и помогне, човечки е, има начини како да го стпри тоа. И без развод и со развод.
Мене многу ми има рекла казала приказнава. Беше прашано- каква дијагноза. Одговор нема. Дури нема одговор се е само нагаѓање, може е шизофренија, може е анксиозност. Е сега- таа се заканува со развод, и дека ќе му ги земе децата- ова напишано во оригиналниот пост. Децата не се ниту сопственост, ниту привилегија, пред се, одговорност се. И да, децата обично и се доделуваат на мајката, освен ако... Плус ова Go figure it out
Мажот нека мисли на децата и мора да ги заштити децата од ваквото однесување на жената. Дали ќе и поногне да се лекува или не негово е. Ако има посериозна дијагноза колку сакаат сите нека и помагаат ако таа сама не прифати да си помогне џабе е. Никогаш нема трајно да биде излечена секогаш ќе има подобрување и влошување на психичката состојба. Оваа го кажувам како дете на родител со дијагноза. На ниедни деца не им посакувам да раснат така. Се надевам дека не е баш се така во приказнава.
Дали е педерски или не тоа е друга приказна. Децата се приоритет. Ако е така како што е пренесено жената сака развод, сака самосталност, бега од него, не сака терапија, им дава на децата апчиња, вие за бајки зборувате. @LiliBoz очигледно не си работела со луѓе кои имаат такви дијагнози.