Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. ssiillaa

    ssiillaa Активен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    3
    ве молам за помош не знам каде да се обратам....во брак сме скоро 3 години.имаме детенце 1 и пол година...многу често имаме расправии..од еден збор станува цела расправија..мојот споруг сака да наредува,да се заканува,да ме малтретира при секоја расправија поголема тој ме тепа..вече ова не мозам да го трпам...кога да треба да излезам во град мора да го прашувам па ако дозволи,ако сакам да отидам кај родителите исто мора да прашувам..а зивееме 5-7 мин пеш....еден период само 1 час ми дозволуваше да седам кај нив..ако сретнам некого од нив на улица веднаш че рече ааа договорена си била....откако сум омазена со никој мој не сум излегла никаде..а никој од нив не го навредил никогаш,,го почитуваат максимално ради мене,никогаш не се мешаат за ништо..доаѓаат многу ретко на гости,,моите родители не знаат што дозивувам јас...ве молам помогнете ми со некој сов ет....како да поднесам тузба за развод...и како би направиле за старателството,,и да напоменам кога и да има пари останува во спортските облозувалници во зиво,,,едно време одеше и во казино,,ради тие работи имавме чести расправии...јас купувам се за дома,и за детето,,вработена сум дрзавно,,и тој е вработен дрзавно но постојано се зали дека не му стига,,,и че купи нешто само ако јас се запнам или ако јас не сум зела плата...никогаш и не прашува дали треба нешто за детето....но како би го доказала ова на суд????ве моламммм ако знаете помагајте,очајна сум цел ден плачам
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Фино лепо одиш на адвокат, му кажуваш дека сакаш развод поради тоа и тоа и тој ќе ти каже што се да правиш. Ако не можеш да одвоиш пари од својата плата ( за да немаш проблеми со твојот маж) тогаш позајми се од некаде и појди кај твоите, за да не си го добиеш кога ќе стигне тужбата.
    Предизвикај кавга и кога ке те истепа одма јави се во полиција и решен проблем. Никој не му дава старателство на насилник. Башка се работи за семејно насилство каде и детето се трауматизира.
     
    На Victorian, ArmaniCode, kukla21 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    14 Заблуди за разводот: Најлошото поминува после потпишувањето

    Да се стави крај на бракот не е воопшто лесно, а ни малку не се споредува со раскинување на врска, како што многумина мислат.

    [​IMG]

    Разводот е навистина болно искуство, кое има лошо влијае врз двојката која го потпишува, но и врз сите останати во нивната околина.

    Тешко е да се продолжи напред, а отровните коментари на луѓето, кои само додаваат сол на раната, воопшто не ја олеснуваат работата.

    Најчестите заблуди поврзани со разводот, се токму овие:

    1. Оние кои никогаш не поминале низ развод, сметаат дека носењето на таква одлука е едноставно и треба што побрзо да се заврши. Но, тоа воопшто не е лесно, бидејќи вие жалите за партнерот кој сте го сакале и врската која толку ја градевте.

    2. Сите мислат дека разводот е еднаков со раскинување на врска, што во никој случај не смее да се споредува.

    3. Луѓето често велат дека разводот не доаѓа во предвид и сметаат дека таква одлука е срамна. Но, понекогаш таа е најдобрата одлука која можете да ја донесете.

    4. Луѓето кои штотуку се венчале или никогаш не биле во брак, се најчесто оние кои ќе ви речат дека многу брзо и лесно сте се откажале од бракот.

    5. Околината се однесува како разводот да е заразен, па сите ве избегнуваат.

    6. Сите тврдат дека можеби требаше повеќе да се потрудите заради децата. Но, на крајот сепак вие знаете што е најдобро за вашите деца да бидат среќни.

    7. Луѓето мислат дека нема да се снајдете после разводот, но факт е дека ќе ви биде подобро отколку во брак.

    8. Сите трагаат по виновникот, но понекогаш едноставно не постои, бидејќи луѓето со годините можат да се отуѓат еден од друг.

    9. Не сфаќаат дека понекогаш разводот е трагичен.

    10. Сите мислат дека најлошото поминува со потпишување на документите, но всушност разведените тагуваат како нивниот партнер штотуку да умрел.

    11. Повеќето мислат дека не сте биле доволно сериозни за брак.

    12. Забораваат дека секоја приказна има две страни.

    13. Штом се разведете, сите мислат дека вие повторно сте назад во акција.

    14. Луѓето сметаат дека после разводот нема простор за тагување, туку само за омраза и лутина.
     
    На Oscar Lady, zalosna, Ina Lina и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Ina Lina

    Ina Lina Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2015
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    @slavica999 , @mime87 , @poenta
    Vi blagodaram za vasite iskreni soveti. Vaseto mislenje mi bese od golema pomos. Resitelna sum povekje od bilo koga, ke se razdeleme so mojot soprug. Znam deka ke bide tesko , mozebi na momenti cudno. Bidejki ne me boli sto ke se razdelime, tuku me boli sto tolku mnogu sum go sakala i veruvala. Veruvam deka vremeto ke gi izleci site tie rani. So Gospod napred! Mnogu pozz fo vas.
     
    На okcenzi и slavica999 им се допаѓа ова.
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Како го преживеав разводот: Мојот живот една година подоцна

    Ќе споделам со вас една година адаптација, борба, триумф, тага и радост. Да, радост за да добиете надеж додека стоите на работ од амбис поради вашиот развод, напишала Џули Коноли на својот блог.


    Блогерката и коавторка на книгата „Тргнете северно после разводот“, Џули Коноли, се развела пред една година и одлучила на својот блог да опише низ што се` поминала и што се случило после една година тага и болка.

    „Мојот развод беше конечен минатиот март, ако ме прашавте тогаш како ќе изгледа мојот живот, веројатно би ве погледнала рамнодушно. Немав поим. Имав само надеж, надеж дека мојот живот ќе стане полесен и подобар. Бев емотивно истоштена, соочена со самотијата, ми се чинеше дека пред мене има бескрајно тешки искачувања без јасно дефинирани дестинации.

    [​IMG]
    Ако и вие се наоѓате на ова место, тогаш задолжително продолжете да читате. Ќе споделам со вас една година адаптација, борба, триумф, тага и радост. Да, радост за да добиете надеж додека стоите на работ од амбис поради вашиот развод. Многу работи можат да се случат во една година, а некои од нив можат навистина да бидат добри.“

    За да ја спознаете основата, во март минатата година бев во следниот стадиум:

    » Не бев подготвена да излегувам со некого.

    » Ме фати паника поради финансиите.

    » Мислев дека мојот ужасен избор на партнер е виновен што ќе останам сама на прагот на четириесеттите, додека сите мои пријатели беа среќни во брак.

    » Сакав доказ дека нешто добро ме чека во иднина.

    » Бев загрижена дека можеби најдобрите години беа зад мене.

    » Се обидував да сфатам што всушност се случи.

    [​IMG]
    Една година подоцна, ситуацијата е следна:

    » Излегувам со прекрасен, комуникативен човек.

    » Блескам со самодоверба и повторно се смеам (многу).

    » Се` уште сум загрижена поради финансиите, но има надеж.

    » Се занимавам со прекрасна работа, со нови забавни колеги.

    » Тагувам, затоа што го гледам татко ми како ја губи битката со ракот.

    » Одлучена сум веќе никогаш да не се задоволувам со нешта кои имаат помала вредност од мојата.

    » Се помирив со минатото.

    Се наоѓам на крајот од својата дестинација, но на добро место сум. И вие може да живеете вака, но мора да научите да си простите себе си и на другите, да се сакате затоа што само така ќе може да пуштите други луѓе во вашиот живот.
     
    На BabyStyle, mime87 и Ina Lina им се допаѓа ова.
  6. Macko46

    Macko46 Нов член

    Се зачлени на:
    3 мај 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите.

    Причината поради која се решив да се отворам на форум е затоа што навстина немам каде да се обратам, а би сакал да слушнам различни мислења за мојот случај. Инаку сум зрел, оформен човек кој знае што сака во животот, но како што кажав објективни мислења секогаш може да бидат од корист, чисто да знам што мисли околината.

    Да почнам.

    Во брак сум 15 години, имаме едно детенце, 7 годинки. Најглавна причина поради која се земав со мојата сопруга е бидејќи таа беше бремена, претходно раскинавме па излезе дека е бремена и решивме да се земеме. За жал го изгубивме тоа дете но сепак останавме во брак. Како и секој брак имавме проблеми, кавги, расправии, деловни патувања, долги отсуства од дома, двајцата бркавме кариери и слично. Кога решивме да ставиме крај на бракот во кој и двајцата не бевме среќни таа повторно ми кажа дека е бремена. После 8 години брак го добивме нашето прво дете. На среќата и немаше крај. Односите почнаа да се поправаат и некако се средивме.

    Тоа што не чини се случува во последниве 3 години. Се отуѓивме еден од друг постепено, незнам како, процес е. Престанавме да се грижиме еден за друг, не се сакаме, не разговараме, нема ни расправање повеќе. Цела година не сме имале секс, претходно се случуваше еднаш месечно да се сексаме. Така почнаа да доаѓаат и други проблеми, се отуѓивме и од пријателите, пред други глумевме дека е се во ред, а на само очи си вадиме. Почнавме да се караме секаде и за се, во една расправија таа се спакува го зеде детето и си отиде, се врати по еден час. После тоа јас сум оладен тотално и неможам повеќе ни во очи да ја погледнам. Таа постапка остави дамка на мене и почнав да ја мразам. Од тогаш поминаа 8 месеци, повеќе не се расправаме, повеќе за ништо не разговараме освен за сметки и храна. Таа престана да ги извршува домашните обврски, не сум маж кој ја тертира жената како слугинка со обврски но во мојот дом се знае што е домаќин и домаќинка. Таа престана да готви, да чисти, да пере и пегла, се е хаос. Се јаде само купечка храна и детето го труе со сендвичи секој ден. Со години спиеме одвоено. Почнав да и зборам за развод и одкако и го спомнав тоа почна да ми се заканува со детето, ја оставив таа тема на страна и продолжив да живеам по нејзините правила. Не ја сакам, несакам ни да ја гледам.

    Се зљубив во друга жена, таа е помлада од мене цели 20 години. Незнаеше дека сум женет и дека имам дете како ни моите вистински години. Возрасен маж сум и знам дека ја сакам, неможам да си го замислам животот без неа. Одкако се уверив дека и таа се зљубува во мене и ја кажав мојата ситуација, несакав да ја лажам повеќе. Таа го прифати тоа и рече дека никогаш нема да ми врши притисок да се разведам, ми рече дека остава се на мене. Подготвена е да чека и да биде до мене додека не се среди се.

    Жена ми изгледа осеќа нешто, иако повторно не и спомнав развод цело време му збори на детето дека ќе ги науштам, дека не ги сакам, а тоа кутрото срце ми се кине кога гледам како го растажува. Од една страна сигурен сум дека не ме сака дека и она неможе да ме гледа како ни јас неа, а од друга страна никако нема да сака да ме пушти, секогаш ќе ја користи малата како оружје, знае дека сум слаб и дека живот давам за моето чедо. Ми вика, сакаш детето да ти расте без татко.

    Свесен сум дека ќе биде многу тешко да се спогодам со жена ми ако се решам за развод со тужба. Ќе ме уценува емоционално и премногу се плашам да не го изгубам чедото, ќе ми биде претешко да знам дека нема да си го гледам детето секој ден, да го успивам. Несакам моето дете да пати и да му фали татко.

    Од друга страна е жената во која сум лудо вљубен, силно ја сакам и за неа би дал живот, возвратено ми е. Ова е љубовта што се чека цел живот. Несакам ни неа да ја повредам, знам дека ќе страда ако не се разведам иако можеби никогаш нема да ми пререче за тоа. Несакам да ја осудам на таков живот, несакам да ја оцрнам како моја швалерка. Сакам таа да биде мој животен сопатник, а премногу е млада за да носи ваков терет.

    Се плашам и дека ќе и здосади целава компликација во мојот живот и ќе ме остави, најмалку што сакам е да ја изгубам.

    Нема мирен начин да го решам разводот, незнам како да ја убедам жена ми дека така е најдобро за двајцата.

    Секое мислење и совет за ситуацијава ќе биде корисно да се прочита. Всушност и не побарав совет, кажав што ми тежи на душа, секое гледиште е добредојдено.

    Бидете поздравени.
     
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Izvini vaka, ama ko popalen tinejdzer si.
     
    На okcenzi и tessie им се допаѓа ова.
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    325.368
    Пол:
    Женски
    И таа младата еден ден ке те остави кога ти веке ке бидеш стар и истрошен.Не пагај на нејзините приказни толки лесно.А за бракот што не ви успеал криви сте и двајцата не само сопругата.Не оставаш впечаток на некој кој мн се грижел за жена му и детето.
     
    На tessie, crimson, mimiiiii и 2 други им се допаѓа ова.
  9. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Веројатно е во право жена ти кога вели дека детето ќе расте без татко. Сакаш жена на која можеш да и бидеш татко, нејсе вообичаено во ваквите случаи, како што мажот старее така се ќе се труди да компензира на многу помладата сопруга. Симнување sвезди, па други деца, па ќе се лути новата сопруга оти си цело време со детето и постепено посетите ќе се сведат на роденденски забави.:hai:
    Може ти ќе си исклучокот не знам. Ама толку помлада жена не ми зборува за некоја зрелост ами средновечна криза.

    Ај што не ви оди бракот, не ви оди ама не знам кој брак се спасил ако сопругот си има швалерка. Тоа и впрочем не е важно. Ако сакаш развод, разведи се, ќе има кавги, навреди, ќе има расправии ама ќе помине де.

    Претпоставувам не сакаш старателство оти се сомневам дека другата па и ќе сака да чува туѓо дете.. Биди маж и отворено кажи си се. Стој зад одлуката штом си толку сигурен и со среќа. На твоето дете ти си му татко и никој не може да го смени тоа. Освен ако ти сам престанеш да се однесуваш како негов родител.
     
    Последна измена: 3 мај 2015
    На okcenzi, Victorian, tessie и 4 други им се допаѓа ова.
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    325.368
    Пол:
    Женски
    Мене ми е најсмешен делот кога вели дека жена му престанала да пере,чисти ,готви.
    Па мислам шо очекуваш ти?Ако не и даваш љубов,внимание,ако си инфериорен спрема неа....и ај да не набројувам натаму,мислиш она ке има воља да биде домакинка додека ти се ку*чиш со друга?
    И нејзе и е смачено и од тебе и од живот.Така е кога не вложувате а очекувате нешто само од себе да бидне добро.
     
    На НаталиЛили, Hipster, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    A be ne go peglala pa ne mozel doteran kaj drugava da odi. moze e trol ova, ama strasno e sto vakvi postojat i vo realnosta.. se zaljubil.. neizziveani veciti pubertetlii!
     
    На okcenzi, Nausicaa и joy1 им се допаѓа ова.
  12. Macko46

    Macko46 Нов член

    Се зачлени на:
    3 мај 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Машки
    Здраво дами,
    најнапред ви благодарам што одвоивте време да го прочитате мојот текст.

    Односите во мојот брак се изладени и не чинат многу пред јас да ја запознаам другата девојка, значи таа не е причината за распадот на мојот брак. Свесен сум колку грешам со тоа што ја изневерувам сопругата и не ја исклучувам можноста дека размислувам со половиот орган, но помина скоро година од кога бевме интимни со жена ми. Двајцата сме виновни, не се сакаме, тоа е што е.

    На овој дел морам да се задржам:
    Мене ми е најсмешен делот кога вели дека жена му престанала да пере,чисти ,готви.
    Па мислам шо очекуваш ти?Ако не и даваш љубов,внимание,ако си инфериорен спрема неа....и ај да не набројувам натаму,мислиш она ке има воља да биде домакинка додека ти се ку*чиш со друга?

    Нејзината инфериорност кон домот настана многу пред јас да почнам да се гледам со друга жена. Одеднаш како да крена раце од се. Јас не очекувам таа да робува во домот, моите обврски секогаш сум ги исполнувал, никогаш не се осетило мое отсуство или незаинтересираност дома пред жена ми да почне да се однесува како што се однесува. Љубов и внимание одамна престанавме да си даваме еден на друг, поминаа години. Мене ме погодува што нејзиниот инает, незаинтересираност и одбивност кон мене ги манифестира на тој начин што веќе престанува да се грижи и за детето. Затоа и реков да се разведеме, ќе биде подобро за двајцата, а таа несака ни да чуе. Не ме сака ни дома ни да живееме одвоено, никако неможам да и погодам.
     
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.352
    Допаѓања:
    286.325
    midlife crisis:d:
    Уствари не знам што бараш совет/мислење кога на секој коментар си имаш капаче.
     
    На Victorian, tessie, imelda и 2 други им се допаѓа ова.
  14. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.484
    јас мислам дека најдобро ќе биде да се разведете. оваа ситуација што ја живеете сега, не е живот, преживување е. ако треба со тужба - со тужба. и тоа ќе помине. ќе се потрудиш да имате заедничко старателство над ќерка ти (ако тоа го сакаш), и тоа е тоа. но треба да пресечеш. грешката вам ви е направена многу поодамна. поточно две грешки - што сте се земале затоа што таа била бремена и вториот пат што не сте се развеле на време - нејзината втора бременост привремено ве споила. Веројатно од самиот почеток не сте биле еден за друг. ако се разведете и двајцата ќе добиете втора шанса - и ти со новата девојка, а и таа ќе има шанса да си најде нов човек покрај неа. ќе се лути, ќе се нервира, ќе има караници, но и за неа ќе е подобро потоа - сигурно ќе најде човек со кого ќе биде посреќна отколку што е сега. не му ја мисли многу, одговорот е прилично јасен.
     
    На zalosna и Nausicaa им се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.852
    Ако поминало толку време и не сте успеале да го задржите бракот тогаш не вреди тоа дете да Ве гледа како функционирате како разштиман оркестар.

    Запамтете едно - децата се огледало на родителите !!
    Што гледа тоа дете сега, така и ке се однесува понатака.

    Тоа што имаш друга не е ништо ново, бидејки и во ,,супер,, бракови каде се е навидум стокмено како треба партнерите се изневеруваат.

    Пред да се разведеш мора да бидеш 100% сигурен дали девојката е спремна да живее со тебе бидејки утре тоа дете ке расте и ке треба и таткото да учествува и со негово присуство ама и со финансии...да не испадне утре - што ми го носиш детето дома, па...пак си дал пари за детето.....па каде одиш сега, пак ли ке се видиш со бившата жена...

    Дека развод е на повидок кај Вас -Е...
    Природно е детето на мајката да го дадат.
    Разводот е тежок процес и многу болен.Едно е вака да си пишуваме а друго е на своја кожа да го осетиш.И најтврдите луѓе потклекнуваат кога се случува развод.Не само што се разведуваш од сопругата туку се разведуваш и со целото минато - роднини, пријатели, другари....Фактички, уриваш куќа која со години си ја радел, а тоа ич не е едноставно.

    Мој совет - разведи се ако е таква ситуацијата, но причекај во врска со девојчето, мораш да видиш како ке се однесува тоа.
     
    На Daleron, zalosna и Nausicaa им се допаѓа ова.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    Јас не гледам зошто вашиот брак би продолжил ,кога и двајцата чувствувате исто.Не разбирам ни неа што ја држи до тебе,кога очигледно и таа сфаќа дека не ја сакаш.
    Мораш да разговараш со неа ,значи мораш.Ставете го картите на маса и играјте отворено.Што ќе добиете и изгубите.Верувам дека ти е жал за детето ама подобро да поминеш квалитетен викенд со него отколку цел месец како што сте сега а меѓусебно сте наелектризирани.И таа игра на емоционална карта од типот тато не не сака.И нејзиниот гест што секогаш те враќала при себе со бременост ,не ми изгледа во ред.
    За разлика од другите јас не те осудувам што си нашол друга,зашто ако го нема човек нешто дома го бара на страна.Лошо е што на девојката не си и кажал дека си женет,си дозволил таа да се вљуби во тебе,лошо е што играш со двоен аршин од типот,ако дома немам секс и љубов ќе најдам на страна.Не е фер,а којзнае можеби и таа има некој на страна па вака опстанувате во вештачки брак,од некои само на вас познати причини.А ги има верувај ми,ама ги туркате под тепих и не им дозволувате да излезат на површина.
    Тоа што ти напомнуваш дека дома не работи,можеби таа насетила дека имаш друга и изгубила воља за домот.И потполно ја разбирам.
    Детето е доволно големо да му ги објасните некои работи дека мама и тато не се сакаат повеќе.Верувам дека на сите ќе ви биде тешко ама пак и ова ли е живот?
    А и девојката во која си вљубен е ни на небо ни на земја.Почнала врска со тебе а не знаела дека си во брак,дури после си се смилостил да и ја кажеш вистината,кога си видел дека е жена од крв и месо и знае да љуби.
    Тоа што викаш не можеш да и угодиш,не сака развод ,очигледно е таа се уште да те сака,ама ја боли што ти бегаш од неа и затоа кренала раце од се ,а од друга страна несигурна е ,можеби се плаши како сама понатаму,не знам дали е вработена...
    @Macko46 клучот на решението е кај тебе.Верувам дека ќе ја донесеш вистинската одлука -развод,за да нештата си легнат на свое место.
     
    На Daleron, kjukli, tessie и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Разведи се!

    Ако треба со тужба, нека биде со тужба, битно тоа заедничко мачење нека престане. Ти не си среќен, сопругата не е среќна а верувај дека и детето знае дека нешто не е во ред меѓу мама и тато. Премногу е малечка за да разбере што точно е проблемот но за некоја година ќе разбере. Ако ја сакаш, ќе ја поштедиш од несреќата да расте во мизерен брак каде двата родитела меѓусебно се мразат.
    Бракот меѓу вас одамна е мртов и колку порано тоа го официјализирате, толку подобро и за вас и за детето. Разводот е нешто што ионака неминовно ќе се случи а вака барем ќе ја поштедите малата принцеза од неколку години живеење во кавги и мизерија.

    А што се однесува до 20 годишната швалерка, се согласувам со останатите дека станува збор за средовечна криза.
     
    На Daleron, tessie и imelda им се допаѓа ова.
  18. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    173.974
    Само едно ќе прашам-Зошто не побара совет пред да ја најдеш „девојката“?
    Ова повеќе ми личи на оправдување и барање причина за да продолжиш овака со двоен живот.
     
    На okcenzi, tessie, Youknow и 4 други им се допаѓа ова.
  19. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Судејќи според напишаното ако бидам искрена на мене ми делуваш како човек кој нема храброст да се соочи со сопствените дела и си гледа само за себе.
    15 години си во наводно несреќен брак и не сте се развеле? Или се појавува нова млада девојка па сега ти е страв да не ја изгубиш швалерката ама од друга страна пак ти стиска и се плашиш од развод? И неа си ја лажел и за годините и дека си женет со дете.|-)
    Две жени моташ и си играш со нивните животи мислејќи само на себе а во приказната плус и дете.
    Жена ти не ми е јасно зошто не дига раце, може се надева дека ти ќе се потрудиш да го спасиш бракот и дека ќе и пружиш рака, а сирота само се измачува. Немаш доволно храборост ти па чекаш на неа. Ако ти си сигурен во одлуката зошто не пресечеш? Може таа сеуште се надева, а богами и швалерката се надева.(facepalm)

    Се си мислам дека ќе поминат уште 15 години од твојот брак а ти ќе мрчиш како жена ти не е домаќинка и не ја поднесуваш. Некои мажи се такви едноставно неодлучни и другите ги влечат во несреќа криејќи се зад својата себичност, прости ако грешам сепак форум е и судиме според напишани 2-3 реда.
     
    Последна измена: 4 мај 2015
    На Lolo5 и Hipster им се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.087
    Допаѓања:
    134.940
    И мене да си ми маж, не ти перам гаќи и пеглам за да се плескаш со други жени. Смрди си. Ако имаш време за друга жена, имаш време и да се испереш по дома. Она ќе те пегла за да и бидеш убав на друга. Ке си ја прашам.

    Девојката ќе те откачи. Нема да биде вечно со тебе, интересен си еден период, ама по некое време нема да бидеш. На нејзино место ќе помислам на тоа дека кога она ќе биде 40 годишна и ќе биде во ваква криза ко ти, и ќе има огромна потреба од секс, тебе нема да ти се крене, стар ќе бидеш. Тогаш она ќе те изневерува. Ако е паметна, ке продолжи да ти зима кеш за факултет (корект ми иф ај ем ронг, ама не сум) и за шминкички, и ќе си најде пристоен за неа. Некој кој нема да биде дедо.

    Со жена ти среди си ги односите,давај и го тоа што и го даваш на девојката, почни да ја галиш и угодуваш и ќе добиш возврат. Кога си идиот, имаш жена идиотка, кога си поп, имаш попадика, кога си развратник, ќе имаш развратничка. Стани домаќин, па да видиме дали нема да имаш домќинка.

    Со тоа што и го вика на ќерка ти дека ти ќе ги напуштитш, кажува дека е свесна за девојката, 100% знае, ама ако ти каже ќе треба да се расправа и да стави крај, а пред детето сака да ти наметне вина дека и детето го нашушташ. 100 пати сум рекла, кога изневерува семеен човек, тој го изневерува цело семејство, не само жената. Како ќерка ти ќе верува на маж и ке знае да одбере квалитетен маж кога идолот нејзин и мажот кој треба да е пример е незаинтересиран со жена му и плеска малди девојчиња наоколу? Лош пример и даваш.

    Остај тоа девојчето, стани маж најпосле, глеј си жената и фамилијата и не туку куцај по форуми. Си плеснал наоколу, си си докажал дека ти е вреден и на овие години и доста е. Не умираш. Сеа иди купи цвеќе дома и симнуј ѕвезди.
     
    На Fleur-De-Lis, BabyStyle, okcenzi и 14 други им се допаѓа ова.