Нема луѓе веќе. И се мислам дека приказнава е филм од мажот. Може и да не се ни случува ова со жената ама мажето да излезе жртва се ќе измисли и ќе кажува. Така да како е што е никој не знаеме.
Каков и да е мажот, не познавам мајка што ќе замине и ќе ги остави децата по неколку дена без неа. Особено ако е насилен па.
Коментарот ми беше за мислењата дека е тој крив и дека не се знае што стои зад приказната, ја прави ненормална и може е причина за нејзиното однесување. Ако е така секако дека не е добро да ги остави со него. Се што коментирав е според пишаното, а добив впечаток дека жената не е свесна или не признава дека има психички проблем. Особено штом наместо на психолог и терапија да зема, таа оди на бајачи. Треба да се поможи, тешко е многу ако не е свесна, ама децата не треба да страдаат во ниту еден случај, особено ако не се однесува кон нив како што треба, им штети, хистерична е пред нив, има обиди за самоубиство и се што е напишано во постот. Друго што не знаеме не можиме да шпекулираме.
Тоа е во ред Само не ми е јасно ама нејкев да коментирам зошто одма се напаѓа таткото дека ја малтретира психички жената кога тоа неможе да се знае или е машко па удри на него сигурно е он крив. Секако дека се оскудни информациите кога пишува трето пристрасно лице.
Има и такви случаи, али таа не е мајка, не си ги сака децата штом ги остава. Има еден случај, жената си ги остави децата неколку пати, си идеше кај нејзините после кавга (никогааш ја нема удрено, ниту навредено), мажот и ја молеше, последниот пат не успеа да ја убеди, си остана таму, нит ги бара децата, нит ѝ е гајле. Си се разведоа, децата си кажаа дека им одговара со таткото и така остана. Ден денешен не ги бара, си го тера својот живот. Сама себеси си е приоритет, децата на последно место.
Леле како вртите за да го окривите мажот. Немаме доволно информации.Не правете филмови. Ако е вистина она го рече членката, тогаш тој треба да си најми добар адвокат.
Не знам дали е за тука ама ако некој има инфо/насока или веќе отворена тема пишете ми. Имено, се работи за лица што се уште се во брак, мајката ги зема децата и си оди (немале проблем во брак освен нејзината психичка состојба) веќе 2 недели не му дозволува на таткото да ги види децата, го блокира не му отвара врата и сл. Што е следно во случајов за таткото да ги гледа децата кои се многу поврзани со него?
Neka prijavi vo centarot za socijalni raboti, da bara centarot da donese vremeno resenie za viduvanje so koe tatkoto ke moze da ostvaruva kontakti so decata
Колкави се децата? Каква психичка состојба? Дали е покренат развод од било која страна? Не верувам да немале пробелми и туку така да и текнало да си оди. Не оправдувам спречување на родител да се гледа со децата ама не знаеме каква е ситуацијата и зашто тоа го прави. Еве нека оди во центар за социјала нека се консултира таткото.
Здраво Планирам развод ама имам едно прашање. Ние немаме ништо заедничко стекнато во брак. Ама пред неколку години маж ми земаше поголем кредит и бевме на нотар. Се потпишав дека во случај тој да не може да го исплаќа кредитот јас го превземам плаќањето. Ме интересира дали тој договор може да се поништи и која е процедурата?
Како што се стекнува богатство во брак, така се стекнува и долг во брак. Ако ви е заеднички кредитот, онда заедно треба да го исплаќате. Добра воља на маж ти сам да си го плаќа.
Прв пат пишувам и навистина би ми бело од корист секое инфо... Мислам дојде крајот на мојот брак сакам развод, но несакам одење по социјално такви трчања... Можам со адвокат да средам документи и да си потпише и да се заврши одма? Имам 2 малолетни деца но не сум вработена, за живеење имам каде кај моите родители. Прашањето ми е дали може да ми ги земе децата?Што со стекнатото во брак?
Неможе да ти ги земе децатаи стекнатото во брак се фели пола-пола. Само за социјално не сум сигурна дали може да се рипне нека пише некој по упатен, јас мислам дека неможе.
Имот стекнат во брак делите по пола со нова посебна постапка Разводот е друга постапка Социјалнито неможеш да го скикнеш ке може да се скратњ процедурата ако он рече дека децата остануваат со тебе
Вау, ова брзо ескалираше. Не би требало ради развод да се губи државјанство, ако веќе го имаш, ама сепак, не знам какви правила има Русија.