Согласност од социјалното во твое име не можи да добие тој затоа што ти си старател. Ако ти како статател сакаш да вадиш пасош за детето, а другиот родител е недостапен (во смисла не е во земјата, не контактира со детето, едноставно го нема) во тој случај пристапува социјалното, а не во твојот случај каде што детето си живее со тебе и нормално ти носиш одлуки во негово име.
Не сакам да те плашам. Но можам да ти кажам дека вујна ми изнесе 3 деца малолетни од државата без дозвола на вујко ми. Незаконски секако. Сакам да кажам, ако е будала, може да најде начин.
na Btw. A na koj nacin gi iznese, bez da se doznae i sl. valjda decata imaa pasos, sama im izvade? Polnonosno je i baraa? Razvedeni se?
Не би смеела да изнесам таков податок. Само можам да ти кажам дека само бившата вујна на граница покажа пасиш, децата не ги видоа, if you know what I mean
Вака, не видов дека прашуваш за тебе. Социјалното дава одобрение наместо отсутниот родител и со него се вади пасошот во МВР. Е сега обично старателите/мајките имаат проблеми кога татковци не даваат согласност за пасош, а не го ни гледаат детето, односно не плаќаат алиментација и не се интересираат воглавно околу сѐ во врска со него, или пак е некој кој е исселен и слично. Така децата се заглавени овде и не можат да патуваат ниту на одмор, ниту на настани како натпревари надвор од државата. Бидејќи ти си старател нема шанси социјално да му даде нему согласност, ниту пак да му се издаде пасош без тебе. Доколку е упорен, оди ти во социјалното, па види што ќе ти кажат и дали имаат некакви процедури со вакви случаеви.
Во социјално ќе ја направат неа немајка зошто не дава дозвола, тој веројатно има и врски и веќе во социјално е сирот татко. Тоа е чудо некое како теткине у социјално паѓаат на 200гр кафе и наполитанки и ги прават татковците кои се се освен татковци светци и маченици. Кој накапал во социјално не видел никаква помош.
Од блиска соработка со службата (барем во моето место), одговорно тврдам дека нема врска ова што го пишуваш. Немам никаков мотив да ги бранам, дури мислам дека можат многу повеќе како сектор, но со оглед на средствата и персоналот со кои располагаат досега секогаш биле коректни и секогаш делуваат во интерес на жената/мајката со акцент на добросостојбата на детето /децата доколку се инволвирани. За овие работи имаат строги прописи и се процедури надгледувани од други државни институции и повеќе меѓународни организации, така да никој нема да си ја ризикува работата за 200 гр. кафе. Туку ти кажи каква сатисфакција добиваш од тресење од ракав шпекулации овде? Не се зафркавам, стварно ме интересира.
Од искуства на неколку мајки во мојата ама ептен блиска околина, да не речам фамилија и најблиски другарки. А земи прочитај и мислења наназад. Зборам за Скопје, не за малите градови.
Да, сега ќе читам 100 + страни наназад затоа што ти немаш аргумент. Ако стварно постојат такви мајки во твојата околина кажи им да се информираат за други мерки и места кои им се на располагање доколку сметаат дека овие направиле грешка.
Кога се работи за некој кој ни е поблизок, обично гледаме повеќе субјективно на ситуацијата. Паричката има две страни...без исклучок. Интерсите и доброто на децата зависат од непристрасноста на сите инволвирани во процесот, па и на самите родители. Сѐ друго им наштетува на децата, помалку или повеќе.
Секогаш приказната има 2 страни, и јас сум за тоа, ама и овде искуствата сведочат исто. Татко кој е насилен, лаже и не плаќа за детето ништо, не е добар родител, а во социјално е сепак само родител и треба да му се даде шанса. Ова е само описно, не би да елаборирам случаи.
@AngelOfArh Не сакаат да знаат на какви фаци доделени се децата.Мнолгу се верува на институција социјално се додека од нив не изгори човек.
Па има опција и да се избегне социјалното. Да седнат двајцата родители и да се договорат за она што и покрај разводот им останува вечно заедничко - децата. Ама егото во најголемиот број на случаи е над сѐ друго. @AngelOfArh баш тоа и сакав да кажам. Дека мене искуствата овде не ми се никакво мерило оти се генерално пристрасни. Моите ставови за релативно слични брачни проблеми се сосем поразлични оти ги гледам од еден поинаков аспект - од аспект на дете, а не на "повреден родител". П.С. Ова "повреден" има двојно значење, може да си го протолкувате како вас ви одговара, сеедно.
Aбе може со човек да се договориш, со идиот не можеш. Како ќе се договараш со човек кој се обидел да те убие, да го убие и детето за да ти докаже дека му се може, човек кој има докажано психичко пореметување... на пример да дојде до тоа да се разведам со мм знам дека ќе седнеме ќе се договориме, зошто и двајцата им посакуваме на децата само најдобро, не не води инатот туку разумот, ама има татковци и мајки кои се светат токму преку децата и тука нема договор. Тука треба социјално да превземе акција, ама кај нас социјално најчесто го гледаат таткото како жртва пошто он не го гледа редовно детето и дете кое манифестира и страв и паника од присуството на таткото го даваат на цел викенд кај истиот зошто имал права, ама права само за да го гледа, сите други права нив не ги интересираат, кој плаќа за тоа дете, кој го чува, кој го храни, кој бдее над него, чиви се сите финансии поврзани со детето. Не знам за во помалите градови, ама во Скопје се случува ова, нажалост. Да се разбереме, истото ми е и мислењето за мајката која на истиот начин се однесува, не се само татковците негативци.
Уште за членката дискутирате? И и верувате на муабетите? Читнете и ги приказните, ќе видите за каков лик се работи и каков им е односот со сопругот. Тешко на детето со мајка која го користи како оружје И да... во вакви случаи, кога мајката е обземена со омраза, социјалното за добро на детето треба да му дозволи на таткото да го земе детето Пошо... тоа дете има двајца родители и кога таткото се интересира за детето и сака да помине време со него, да му ја ускратуваш можноста на детето да помине време со таткото е срамно и безобразно!!! Па, каков сака сопруг нека бил!!!
Официјално судот го доделува, но според мислењето на социјалното. Така да какво мислење ке даде социјалното така ке пресуди судијата.
Така е, но членката погоре тврди дека за 200 гр. кафе социјален работник работело против интересите на детето. Што мислите дека ќе се деси со тој работник и службата генерално доколку при судски процес излезат сведоци и докази кои се спротивни од препораките на социјалното?
Јас верувам дека има секакви вработени, не можам да кажам ниту така е ниту не е така, зависи од човек генерално. Јас за такви поклони ми е навреда да вршам работа, ама еве пример на граница за едно чоколадо или сл.вршат.