Знам дека има секакви секаде, ама едно е кога се работи за дете и одлуките околу него се надгледуваат и се инволвирани пет-шест различни институции и организации, друго е кога шверцаш цигари или алкохол, не се споредува. Поентата ми е по не знам кој пат овде се пишуваат дезинформации околу системот и како сѐ тоа функционира од членки што начуле нешто од комшиите за сето тоа, а имаш други кои идат овде за помош и совет плус и го читаат тоа.
Јас нема што да пробам, сѐ што сум пишала на темата е од видено лично со мои очи, а не од кафе-муабети. Штетата од такво обесхрабрување и дезинформации на крај е сепак на жени кои бараат излез од несреќен или насилен брак а се уклучиле овде и прво што прочитале е дека некој за 200 гр. кафе би ги одделил од децата.
Жената што бара излез ќе го најде, не се секирај. Дали со кафе, со сок, со врски или со рацете в џеб ќе го најде и нема да ја спречи мислењето на рандом член на форум. Ако сака да го најде, нормално. Пошо најлесно е да се кука и да се бараат изговори.
Па тогаш тоа е нивни проблем што веруваат во се што ќе прочитаат како на пример кафе и наполитанки ќе ти реши проблем со детето. Убаво си објаснила, ама членкиве сакаат да ти кажат има одредени вработени во социјалното на кои се им се може и ја злоупотребуваат својата службена должност за да се здобијат со материјална корист не е само кафе во прашање. Таа ќе даде дозвола детето излегло, па другава страна нека се тужи и докажува слободно. Сите таму треба да работат како што си објаснила и да се професионални, аме ете не се, за тие таквите пишуваат челнкиве тука.
По не знам кој пат ќе пишам: Колку и да се корумпирани, што и да пробаат, ќе ги фатат или ќе се дознае кога-тогаш затоа што социјалните работници не се единствените кои делуваат на проблемот, ниту единствен чекор во цел процес. Тука е судот, адвокатите, доколку е поспецифичен случај и јавно обвинителство, МВР, народниот правобранител. Од невладините ги имаш Уницеф и Меѓаши како организации кои се залагаат за правата на децата нон-стоп пратат процеси и се достапни за асистенции. Тој што вика дека со врски може дете да земе секогаш знам дека е само силеџија на збор. Така се поставени работите, колку и врски да има никогаш нема да успее да ги поткупи сите страни наеднаш. А имало што пробувале.
За 200 гр кафе не ама за 2000ев работат против интересите на детето. Ако си немал искуство со нив не ја тупи во темава.
Не сум те читала колку пати си пишала само се надоврзав на последново што пишувате. Јас се те разбирам што пишуваш, ти не сакаш или не можеш да разбереш дека има ЦСР каде што ова што го пишуваш е само на хартија, а праксата др. посведочува. Таа ќе даде дозвола детето ќе излезе мајката ќе се треска од земја, нека се тужат отпосле. Тоа ти велиме за некои во социјалното, ги имс вакви, нажалост.
Така лесно не дават потврди за пасош, од искуство ти кажувам и одговорно тврдам. Пишав веќе во кои случаи даваат, ама некои овде се запнале трач муабети да ги прават факти а појма немаат кои надлежности ги има и како работи социјалното.
Трач не трач @AngelOfArh од прва рака тврди на каков татко се дава детето. Тврди си го и ти твоето, еве ако знаеш повеќе за надлежностите и за како навистина раб. социјалното па пиши дополнително. Нема ништо лошо да се прочитаат повеќе искуства. Ама покрај твоите теоретски излагања имаат право и др. жени да си ги кажат маките од искуство во врска со тоа како често се заобиколуваат правилата во социјалното.
Вака, секој случај е посебен. Мене да ми земат дете нема да трачарам и плачам по комшиите за корумпираниот социјален работник туку ќе барам секаков начин по институции да си го вратам. А опции и начини ИМА. Тоа е тоа што го пишувам овде цело време. Е сега едно нешто да имате на ум:сите жени не се соодветни мајки, некои сами си ги оставаат децата, а од социјалното ги бараат за да си ги видат децата. Некои ги запоставуваат, некои ги малтретираат, секое семејство е приказна за себе. Не зборувам теоретски во никој случај или од нешто што сум прислушнала. Ако читаше досега, ќе видеше. Многу ми е јасно какви ни се институциите и вработените, но кога се пишуваат овде небулози и лаги околу процедури кои оние што пишуваат очигледно е дека не се запознаени со нив, не можам да преминам, па еве ќе ја "тупам" на темава како што кажа една членка. Мене не ми е само за сеир форумов како на некои тука, туку верувам дека е бил и сеуште може да биде од корист и помош на жените а и на родителите општо. Не секој има пари за адвокат или пристап до него. Така кога пишувате" џабе ова, џабе она" некоја чита "тоа е, ќе си трпам и јас и децата". Социјалното е сепак фактор при развод и посредник кога има неусогласеност и разбирачка меѓу сопружниците, едноставно не постои начин да ги скокнеш. И тоа што јас го пишувам цело време е дека ако се корумпирани, има повеќе места каде да се обратиш и да извршиш притисок, за разлика од другите институции.
Да не дојде до развод на бракот , ако дојде до тоа нема спасување повеке , ни децата неможат и не се спас на еден брак.Во ова модерно време секој ден некој се разведува.
За тебе девојче Доволно писанија имаш оставано по форумов за односите со маж ти и тоа како не сакаш да го гледа детето