Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    1.269
    Пол:
    Женски
    Pa deka sum bila na maka so nego. Me izbrka so se dete od doma,
    Trgni od tamu… drugo pred i posle toa da ne zboram. Ne ni sakam da se navrakam. Zatoa sto samo jas znam kako pominav so nego i niz sto se pominav zaedno so dete. Zatoa sto uste na 3 meseci od deteto , zaedno zaminavme od tamu. Sto uste sakas da znaes? Deka mu go davav deteto da go gleda, a on velese deka nemal vreme za takvi stvari? Drugo nesto so trba?
    Razvedena si? Valjda ne. Zatoa i ne gi svakas tie “ odnosi”
    Koj ne pominal po toj pat neznae sto znaci cuvanje dna deteto od drugiot.
    I zatoa dokolku nemas iskustvo i ne si minala niz nekoj pat podobro molci.
    I pobarav pomos i sovet tuka od lugeto so iskustvo, sto patele i minele niz seto ova. A ti ako si dojdena da gledas seir,
    I kako gatalec da pisis a ne kako patalec cuvaj si za sebe. Nedaj boze moz ke ti pritreba nekogas sekoj sovet
    Pa na seta taa da reces USTE I VERUVATR NA CLENKATA???
    Moliiim???? Clenkata, odnosno jas izgleda neam Popametna rabota i si izmisluvam stvari odnosno “muabeti” ..
    Zasrami se… od makata na nekoj.
     
    На Skorpija25, Cosmic Girl, buba4e89 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Женски
    Ми треба совет ако знае некој. Имам другарка која планира да се разведе - проба да и успее бракот ама ете не им оди - мислам дека ја малтретира ама она вели дека само се карале - небитно. Имаше уплатено сама стан пред свадбата - ама поради глупи бирократии имотниот излезе откако се омажи со него, а она се уште плаќа кредит. Имаат и дете - она има добра плата. Како ќе следи делењето на станот? Познати се низ градов и и е срам да оди на адвокат само тоа да праша - одма ќе се дознае - неговите се во таа фела. Иначе кредитот сама си го плаќа - он учествуваше нешто при уредувањето али она повеќе заработува од него.
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.814
    Допаѓања:
    18.159
    Пол:
    Женски
    Нека консултира адвокат телефонски. Има адвокати и од други градови.
    Дали он е потписник на кредитот ( како кобарател или жирант)?
    Има низ форумот адвокат , не ми текнува како беше, го имам бројот мислам во порака ако сакаш ќе ти го пратам.
     
    На Forca му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Договорот за купопродажба на станот е пред стапувањето во брак, така? Без разлика што е имотниот лист издаден покасно, она веќе го купила.
    Мислам дека не треба да се грижи за тоа, ама сепак нека праша адвокат.
     
  5. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    @Forca е адвокатот.
    Инаку, ако купопродажниот договор е пред бракот, нема што да го делат.
    Тоа кој колку заработува не е битно.
     
    На Forca му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.042
    Пол:
    Машки
    Прво нема ништо срамно во тоа да праша, секој еден адвокат кој е професионалец ќе и' одговори и ќе ја застапува за да ги заштити нејзините права.
    Во однос на прашањето потребно е да има доказ дека парите со кои го уплатила станот се лично нејзини, сопругот нејзин најверојатно ќе се фати на тоа дека правото на сопственост врз станот е стекнат за времетраење на брачната заедница, ама како што пишав исклучително важно е да има доказ дека парите кои ги уплаќала се лично нејзини, друго тие може да кажат дека станот е купен во вонбрачна заедница, итн.
     
  7. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.274
    Допаѓања:
    8.565
    Нема врска кога излегол имотниот лист, тој лист е предмет на преддоговор што таа сигурно го има склучено пред регистрацијата, тогаш е воведен станот во катастар како нејзин - под хипотека на банката.

    Исто и кредитот е на нејзино име и изваден пред брак без него како ко-кредитобарател, ниту се има потпишувано тој во банка (ако во брак сакаш да извадиш таков кредит повеќето банки бараат брачниот партнер да се потпише пошо и тој одговара за долгот).

    Тој најмногу што може да бара е пари за уредувањето, ако има начин да докаже (сметки итн.).
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Женски
    Преддоговор сама правела, он не бил жирант на ништо, ама кога рефундирала кредит пред 1 година за подобра камата (било во брак) се потпишал и тој на документите. Главен договор е во брак ама на имотен сама си стоела.
    И јас велам дека нема ништо срамни да се советува ама инает е - дома дури не ни знаат дека сака да се разведе, а и тој не знае дека се распрашува по другарки.
     
  9. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.814
    Допаѓања:
    18.159
    Пол:
    Женски
    Не ја разбирам другарка ти. Сака да се разведе бидејќи е малтретирана, ама гордоста и е голема и несака да се консултира со адвокат од кого ќе добие најсоодветен совет и насока?
    Друга работа за мене несфатлива е тоа што има дете, матретирана и побитно е да не треба да дели стан, од тоа што има несреќен живот, според тебе и може удрена, дете да расте во дисфункционален брак со кавги и малтретирање.
    И нека си ќути, нека не сооделува со нејзините, другарките по форум ќе и решат проблем.
    Извини ако бев и некултурна .
     
  10. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.042
    Пол:
    Машки
    Клучното прашање е дали уплатата била од нејзини лични средства (плата, наследство итн.) ако е тоа така, тогаш станот нема да се смета како имот стекнат во брак.
    Ако одлучи слободно пишете ми во порака нејзин контакт.
     
  11. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Женски
    Целосно се согласувам - дтанот и е битен зашто нема кај да живее ако и го земе.
    Уплатата е направена со заеднички пари - префрлени се кај неа на сметка.
     
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.752
    Допаѓања:
    172.972
    Пол:
    Женски
    Ако се заеднички, зошто би сакала да го оштети?
    Ако гледаме од другата страна, мажот да бил тој што го купил, очи ќе му извадевте ако речеше дека сака да остане за него станот ;)
     
    На wannaBeMomma, Mantub, Noemi и 3 други им се допаѓа ова.
  13. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.340
    Допаѓања:
    113.045
    Пол:
    Женски
    Ќе си го подели станот на пола и оро ќе игра :D
     
    На cresa-jagoda и Cecko85 им се допаѓа ова.
  14. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Значи не го уплатила сама со нејзини лични пари, плус и тој учествувал и во уредувањето, така да ќе се дели станот. Кредитот може таа го плаќа, но, во брак сепак заеднички се трошоците таа ете може кредит плаќа, ама па тој исто така вложува пари во тој дом за уредување, за сметки, за јадење. И тој има право на тој стан.
     
    На elenaklasik, Noemi и Cecko85 им се допаѓа ова.
  15. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.814
    Допаѓања:
    18.159
    Пол:
    Женски
    Првиот пост ти е дека САМА уплатила за станот,а сега излага дека и мажот учествувал.
    Извини али станот е по пола.
    Ако има она одлични примања и пола стан да добие, ќе успее да се снајде и да функционира. Е сега ако не и се дава станот, нека седи, нека ја малтретира и нека си ја чува гордоста.
     
    На cresa-jagoda и fana им се допаѓа ова.
  16. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.686
    Допаѓања:
    11.174
    Пол:
    Женски
    Ако знајме ние каква е работата па да решаваме спорови, јас еве!
    Адвокати постојат, фино убаво ѕвони контактирај и дознај.

    Расипан телефон (facepalm)
     
    На cresa-jagoda и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  17. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.674
    Допаѓања:
    18.330
    Пол:
    Женски
    Чудна работа. Пари за учество по пола? Ама станот купен пред брак и кредит само таа дигнала?
     
  18. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    4.788
    Пол:
    Женски
    @Forca дали договор за поклон може да биде тужен, оспоруван? Свекорот без знаење на сопругот и др золва, без нивен потпис, и препиша имот со овој договор. Остатокот им го препиша на сопругот и на золвата, а тука има и нејзин потпис. Благодарам однапред.
     
  19. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.042
    Пол:
    Машки
    Ќе ти пишам во порака. :)
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    102.893
    Пол:
    Женски
    Би сакала да прашам, имот во наследство после 10г брак, мајка остава имот на ќерка ама се во брак повеќе од 10г иако само формално, не живеат заедно повеќе од 6г, дали се дели после развод?