Имот стекнат по право на наследство, имот стекнат по право на дар, и имот стекнат пред брак, не се смета како имот стекнат во брак и истиот не може да биде предмет на физичка делба после развод на бракот. Исто имот стекнат од посебен имот (лични средства) на еден од брачните другари (плата, наследство, дар итн.) не се смета како имот стекнат во брак. Во вашиот случај имотот што го стекнала ќерката нема да се дели после развод.
Благодарам. Другата страна одолговлекува со разводот бидејќи е убеден дека имотот што ќе го наследи жената ќе се дели после разводот, затоа и прашав.
Дали имот кој е препишан на син од татко ( со договор за дар, веќе излезе имотен лист на име на синот ) после смртта на таткото може да биде оспорен за делба од страна на сестрите на синот, т.е и другите две ќерки да бараат делови? @Forca ? Благодарам
Може да спорат само од инат и да ве влечат по судови со месеци може и години али нема ништо да добијат
Искрено да ви кажам другите наследници можат да тужат по разни основи, на пример да го оспорат договорот за дар заради неблагодарност од страна на даропримачот спрема дарувачот, или на пример ако им е повреден нужниот дел, а дарувачот почине во рок од 90 дена од склучување на договорот, може да бараат враќање на подарокот во оставинската маса сразмерно до намирување на нужниот дел на другите наследници, итн., има најразлични правни ситуации и да не се впуштам во претпоставки, ова беше само пример, но конкретно да одговорам на твоето прашање, да можат да тужат и да бараат делови, но колку тоа ќе биде основано зависи од правната ситуација која ќе важи во тој момент. Од друга страна да не ти создавам грижи, од мојата пракса и од праксата што сум ја увидел во ваквите ситуации со договор за дар, штом се спроведе договорот во Катастар, приказната е завршена и барањата на другите наследници во однос на имотот најчесто се неосновани.
ти благодарам. двете сестри инаку имаат добиено ( едната стан со договор за дар ) а другата кеш пари, но никогаш не си начисто,значи ако евентуално тие решат да се тргачат за нужен дел значи и ние ќе можеме да бараме нужен дел од нивниот по логика? * страв не страв , на се да сме спремни за жал
Така е за жал, кога доаѓа до поделба на имот и пари не постои веќе ни брат ни сестра ни родител, сите стануват хиени, знам од искуство, и јас добив на дар и член од семејството ми спореше скоро една година и накрај ја седнаав и се договоривме да и дадам кеш за да се откаже од спорот. Така да пробај и зборувај со сестрите ако мислиш дека ќе има полза
Таа беше вработена и имаше доволно примања за сама да го сноси кредитот. Купен е неколку месеци пред свадба.
Доколку мажот докаже дека дал пари за станот кога се купувал има право на станот по пола. Он и дал на сметка, префрлени се од него, може да побара од банката да му издадат доказ дека префрлил пари. Друго велиш дека рефинансирала кредит за стан каде што он е потписник како ко кредито барател. Он има право на станот без разлика што она сама стои на имотен лист, што од нејзина плата се плаќа рата. Ратата ја плаќа оној кој има поголеми примања и кој ќе може да го издржи товарот, во случајот тоа е она. Најубаво да си го продадат станот, да затворат кредитот и да си почнат од почеток. Со тоа што рефинасирала кредит , тој што го викаш Главен нема веќе. Тој е затворен кредит, сега се води како нов кредит во кој сопругот е кокредитобарател и има обврски за плаќање на кредитот и на станот.
@NEA очигледно е дека мажот учествувал во испаќањето на станот и него му следи дел. Најдобро е да седнат да се договорат дали тој неа да и доплати или таа него, нивно си е тоа. Да се оди до танчина кој колку како плаќал, потпишувал кога таа не ни му кажала дека сака развод ми е бесмислено, зошто многу вакви ситуации има ама ќе си легнат на брашно ради детето. На крај адвокат не е лошо да контактира, детално да и објасни што ја очекува, не мора од местото кај што живее и сите ги познаваат да бара адвокат има адвокати насекаде и по други места. Друго познаник беше во ваква ситуација, не сум детално запознаена во правните процедури што и како направија ама тој ми рече и го оставил станот со некој договор меѓу нив ли или законски неговиот дел да припадне на детето во иднина, тој си заминал од станот. Разведени се и тој сега има друг брак со друга жена, најнормално се разделија и ги разрешија поделбите околу станот во нивниов случај.
Ама ако и дал пари за учество, поголем кеш, и докаже дека и дал (ако и дал на рака не знам дали и како се докажува) тогаш станот е на пола.
Стекнато во брак е се што купил едниот од двајцата после потписот, купување кола, куќа, стан, отварање фирма се смета дека е заедничко без разлика од која сметка идат парите. Баш затоа не се разведуваат јаки фаци кои склучиле брак во 1980/1990тите кога немало предбрачни договори и си тераат "таен" живот со швалерката за да не и дадат на жената пола од се.
Да, и мене не ми е јасен тој дел од постот на @Forca дека имот стекнат од плата на едниот партнер не се смета за имот стекнат во брак... А дали и заштедата во кеш се дели? На пример од плата си тргаш одредена сума и си успеал да заштедиш пр 20 000 еу, дали партнер има право на дел?