Тоа е така затоа што платата е примање по основ на личен труд, не се стекнува заеднички со брачниот другар, на пример ако брачните другари со заеднички труд заработат тогаш тоа примање ќе се смета како стекнато во брак, и секој подвижен и неподвижен предмет купени со примања од заеднички труд се сметаат како имот стекнати во брак, во спротивно ако имотот е купен со 2/3 на лични средства од едниот брачен другар, а 1/3 од другиот брачен другар, не може истиот имот да се дели по 1/2 иако законот тргнува од таа точка, но законски не е стрикно наведено така да се дели, тоа е во случај ако не може да се утврдат личните примања по однос на стекнатиот имот. Инаку, имотот секако ќе се подели 2/3 дел за тој брачен другар кој платил 2/3 од износот, и 1/3 за брачниот другар кој платил 1/3 од износот, ова е така за да се зачува начелото на справедливост. На пр. ако од плата си заштедила 20 000 евра тоа се твои лични пари, твој посебен имот, и брачниот другар нема право на тие пари затоа што тие пари се заработени со ваш личен труд. Ако купете стан од 30 000 евра утре при делба 20 000 евра ќе си земете вие, затоа што сте дале ваши лични пари 20 000 евра за купување на станот, а останатите 10 000 евра ако се стекнати со заеднички труд на пример имате заедничка фирма, или на било кој друг начин со заеднички труд сте ги стекнале тие пари, тогаш тие 10 000 евра ќе се сметаат како имот стекнат во брак и ќе ги делите по 1/2 за секој од вас. Во пракса брачните другари се' сметаат дека е заедничко и не бараат дополнително утврдување кој колку дал и затоа си делат се' по 1/2, но се' почесто се менува ова мислење и секој од брачните другари си го бара своето што е со личен труд стекнато.
Хмм значи не важи она ако е во брак стекнато се се дели по пола, сепак може на крај имотот да се подели во сооднос кој колку "придонел". Ова колку ферски толку може да биде и нефер. Пример јас и партнерот ако имаме договор неговата плата да се троши а мојата да се штеди за да се вложи во нешто - на крај имотот би бил само мој, бидејки технички е купен од моја заштеда. Без разлика што сум живеела од платата на партнерот со години. Поправедно ми е сепак се да се дели по пола, ако едниот заработувал другиот сигурно придонесувал на др начин за домот.
Да, ама ова е интересно. Како ќе докажам дека се "мој труд" парите што пример ги ставам на штедна? Дека од моја плата се, а не од негова пример? Или обратно, еве да речеме само јас работам, а интерен договор е тој дома да седи и е домаќин, дали тоа би значело дека во бракот само јас имам "личен труд"? И околу делба, ако веќе се оди на тоа кој колку вложил а не на пола, поарно да немаат ништо заедничко реално. Пример нема логика, да речеме маж ми ми купил кола, ете има доказ да речеме дека ја платил, ама ми ја поклонил мене на мое име. Чија е реално? Јас со бившиот партнер се' што можеше да биде на пола беше, од овие причини, иди докажи кој колку придонел, или што рече @ForeverYoung може тој купил шпорет, ама не знае ни да го вклучи (пример).
Докажувањето оди тешко, но има некои брачни другари без разлика на тоа си бараат тоа што било нивно да си го одделат од заедничкиот имот. За првиот пример ако имате договор (пожелно е да писмен) тогаш имотот и да е купен од лични средства на едниот брачен другар ќе се смета како да е стекнат во брак, затоа што од личните средства на другиот брачен другар сте се издржувале. Вториот пример ако сопругот ви подарил автомобил тогаш е автомобилот ваш, подароците направени во текот на бракот не се враќаат. Да не должам кратко и јасно, по правило имотот стекнат во брак се смета како заеднички имот стекнат во брак и по правило се дели на 1/2 помеѓу брачните другари, но, брачните другари можат да бараат да се утврди дека нивниот придонес во заедничкиот имот е поголем и да бараат поголем дел од заедничкиот имот, како што објаснив погоре во овој и во другиот пост. Малку се комплицирани овие прашања, едно пишува во законот, а различно се толкува и се применува во пракса, не знам колку успеав да објаснам
Да се дообјаснам под имот стекнат во брак се мисли на целокупниот имот што е купен после склучување на бракот, значи тој имот по правило се смета за заеднички имот и по правило се тргнува дека се дели по 1/2, но како што пишав погоре брачниот другар може да бара да се утврди дека неговиот придонес во заедничкиот имот е поголем, и да бара поголем дел на пример ако докаже дека станот е купен со 2/3 негови лични средства (заштеда од плата, наследство, подарок итн.).
Да, појасно ми е. Во суштина ако едниот е "издржуван" не може да биде докажано дека "лично не придонесувал".
Најчесто при разводите се што е стекнато во брак се дели на 1/2 помеѓу брачните другари. Тоа барање да се утврди поголем придонес во заедничкиот имот за да се добие поголем дел не дека не е изводливо, ама најчесто се практикува во случаи кога станува збор за големи суми за кои има валидни докази дека се од лични извори.
Точно е се согласувам, и би додал во случај ако се во многу лоши односи (на пример изневерување на еден од брачните другари, тој/таа што бил/а изневерен/а не простуваат туку така и сакаат на некој начин да им вратат со одење по рочишта).
Ако станува збор за ситни суми џабе е преку рочиштата да се добива некоја сатисфакција, еве имаат и опција спогодбен развод и другава страна што се огрешила може да прифати и минимален дел да добие. За терање инает и гњавење по рочишта треба двете странки истото да го посакуваат, it takes two to tango
Тоа што едниот успеал да заштеди 20 000еу е затоа што другиот покривал се' со платата. Нели би требало така да се гледа при развод? Реторичко прашање, не ми треба одговор само така како мисла ми дојде
Zdravo. Edno prasanje. Da mi predlozite advokat za razvod na brak ako moze. Imam dete od 1,5 god i bremena sum 8 mi mewec so vtoro. Sakam da se razvedeme so soprugot zaradi nedorazbiranja. Vrabotena sum, momentalno na paroloska bremenost. Dali znae nekoj kako ide postapkata i sto bi bilo so tolku mali deca? Soprugot bidejki e imoten mi se zakanuva deka ke gi zeme. Fala vi, ubava vecer
Не може да ти ги земе, може да се заканува само, а во тој случај да си кажеш и во социјално и на адвокатот.
Нема како да ги земе. Едното е во тебе, другото е мало да го двојат од тебе, башка вработена си. Најчесто децата ги добиваат мајките, не се секирај.
1. Станот стекнат во брак, заштедата, и се она што е купено после потписот се дели! Дали едниот партнер ќе го исплаи другиот или ќе се продаде имотот и парите ќе се поделат е ствар на договор. 2. Имот кој е добиен како наследство или поклонна еден од брачните другари додека биле во брак, не се дели! На него имаат право само наследниците од прв степен, децата. 3. Доколку имотот е купен, стекнат со наследство, дар било како пред да е склучи бракот не се дели. исто и со пари! 4. Доколку стан е купен од едниот брачен партнер пред брак на кредит, а во брак кредиотот е рефинансиран и како кокредито барател стои другиот брачен партнер се смета за имот стекнат во брак се дели.
Eve sega ne mi dozvoluva da si odam so deteto od doma, mi veli sama odi si. Zvonam vo centarot za socijalna rabota ne se javuvaat. Stvarno ne znam sto da pravam... bez deteto nikako ne bi si odela od doma