Разбирам, ќе треба да биде запознаен целосно и Центарот за социјална работа затоа што од нив ќе биде побарано мислење, дополнително што треба да ги соберете сите докази дека е насилник односно правосилно осуден за насилство. Можете да се обратите до Центарот за социјална работа и да барате да донесе одлука детето да остварува контакт со таткото во просториите во Центарот за социјална работа во ваше присуство заедно со социјален работник.
Zdravo, dali nekoj ima preporaka za dobar advokat za razvod? Tatko mi pred nekoj mesec si fati svalerka i sega saka da se razvede so majka mi i da ne izbrka od doma so toa sto oni dvajca ke si se svelat.
Треба закон за ваквиве они да напуштат дом, а не обратно. Јер нели они се тие кои сакаат свеж почеток. Жената со децата со створила некој ред. Имаше една италијанска изрека вели, ,, Развод е кога жена ти сака да остане со твоите пари, со куќата, со колата, со децата, но без тебе. " Е за тие што обуваат женини папучи на швалерката само така. Шо брат, си се заљубил и имаш храброст да кажеш. Одлично, фала многу среќен пат и нов дом.Не е за осуда ако не нарушуваш нечие право.
Дали станот/куќата е купена/градена во брак? Дали мајка ти има вложувано во таа куќа? Да. Дали е на двајцата на имотен лист пола пола напишана? Не може да ве избрка. Секој адвокат тоа ќе ти каже. Сменете му брави кога нема да е дома, спакувајте му куфери пред врата и готово. Или нека ја исплати мајка ти за делот од куќата/станот што и припаѓа неа, па да си купите ново. Моите кога се разведуваа прво направија поделба на имот па после развод.
Што убава италијанска изрека , Балканскава изрека е поразлична без се ке остане од тоа за жал во поголемите случаи жените го јадат од развод
Мислам дека до тоа што се разведов со време ја донесов правилната одлука. На почетокот бев толку залепена што многу прогледував низ прсти си викав ајде малку е љубоморен ништо страшно ,но последните неколку месеци пред разводот јас се гушев од таа љубомора а ми беше толку тешко затоа што немав никој покрај мене сама во туѓа држава, исплашена што да правам. Врвот го достигна кога со колешки од работа си бев излезена на кафе и останав до подоцна така се погоди и он ми се јавуваше постојано ми зборуваше ајде кога ќе дојдеш , со колешките не бевме блиски но сепак еднава колешка беше зачудена и ми рече зошто постојано ти звони да не треба да си одиш? Исто така кога ми звонеше еднаш телефонот не го слушнав и кога се јави ептен беше нервозен и тогаш ми дојде во глава абе чекај малце па јас трпам психичка тортура од него ,немаше да не излезам а да не ми прави проблеми ,постојано ми зборуваше како маж и жена мора секаде да одат заедно и зошто не сум го викала со колешките . Молам??? Да го земам него со колешките ? Ми бараше да ми го проверува телефонот и да ми чита пораки со сите ,кога му реков дека тоа не е во ред он ми одговори епа ако немаше што да криеш немаше да ти смета. Она не е се имаше секакви љубоморни испади што не знам како сум замижувала на истите. Дома стана неподносливо едвај чекав само на работа да одам не сакав ни секунда да останам со него од што постојано беше љубоморен и намуртен. Се нешто му сметаше немаше ден без караница ,последниот пат кога ми рече ајде да ти го проверам телефонот си реков ааа ова е веќе крајно ,му реков дека си заминувам он плачеше се извинуваме ,но такви луѓе не се менуваат подобро сама отколку секој ден да трпам тортури и љубоморни испади. Криво ми е не викам не ,можевме да бидеме многу среќни но тоа е.
Арно шо си се тргнала. А едно време, не знам дали беше истата ти, нели му се јавуваше една колешка, му досадуваше. Со таа ситуација се среди, а после испадна вака да се покаже?
Русија. Да тоа се среди уште кога му реков мене така колега да ми се јавува ќе настане војна и он ми одговори ама друго е за женско... Тоа ми беше врвот. На почетокот воопшто не беше таков но како што поминуваше времето стануваше се полошо и полошо,на почетокот беше друга личност. Некој да ми кажеше дека вака ќе испадне немаше да му верувам. Почна дури за облека да ми префрла. Дури ми е срам да кажам ми зборуваше зошто сум носела такви гаќи тие требало само дома со него да ги носам.. Искрено кога ќе се навратам назад не знам како сум била толку слепа. Сега кога конечно си имам нормален дечко си викам како сум ги трпела сите тие работи...
Во Русија владее класичен патријахат тоа уште од времето на СССР, затоа тој така се однесувал за него тоа е ,,нормално" однесување, затоа има толку многу русинки кои сакаат да склучат брак со мажи од православните народи и да избегаат од Русија, колку пати сум имал можност да се оженам со русинка али сум одбил затоа што во принцип и русинките се доста опсесивни и љубоморни, а јас не би сакал да се впуштам во такви ,,авантури"
Поранешниот проблем на @Hecate го има сегде на светов. Не е во прашање ни само патолошката љубомора. Напротив, ситуацијата е многу подлабока и посложена од колку што изгледа. Навистина ми е драго што си се спасила.
Се спасив но за жал ми требаше многу време и стрес за да сфатам. Цело време плачев секој ден постојано он ме манипулираше до тој степен каде што јас се осеќав виновна што е он болно љубоморен. По вели денови кога ќе се вратев од работа и да не направеше нешто постојано имав негативно чувство и очекував да почне караница во секој момент. Беше толку љубоморен што кога се сретнав во продавница со братучед му и со купивме сладолед јадевме по пат ми се налути и не разговараше цела вечер со мене , јас во таа ситуација се осеќав како којзнае што да сум направила не разбирам како не сфатив колку е тоа не нормално...
Здраво Друштво,пак јас Пред скоро еден месец поднесов во граѓански суд тужба со спогодба за развод и ми кажаа дека ќе ни испратат покани за суд,не ми дадоа ни бројче на предмет,само на мојот примерок ставија печат и дата,бројче ќе сме добиеле со поканите.Уште нема стигнато ништо. Како можам јас да проверам до каде е "работава" ? Уште колку време,денови,месеци,година ќе треба да чекам да ни стигне покана за прво рочиште ? Нас баш ни се брза,спогодбен е,си имаме цивилизиран однос,го продадовме имотот стекнат во брак,имаме рок за отселување и сакаме да си купиме два стана,но мора да чекаме да излезе решението за развод во спротивно пак ќе имаме имот стекнат во брак. Од друга страна се наближува рокот за отселување а и цениве од m2 за недвижност растат. Абе комедии сме.
Не може ли да се среди тоа преку нотар? Дека ти се откажуваш од правото на имот на станот каде што ќе живее тој и дека тој се откажува од правото на имот на станот каде што ќе живееш ти @Forca можеби ти повеќе ќе знаеш како да постапи членката
Имаа судовите мислам во лето колективен, така да, оди во понеделник да прашаш дали е завршен одморот и до кај е.
Во право е, ќе се смета како имот стекнат во брак формално не се разведени, законски не може преку нотар исклучиво само преку суд. Од 15 Јули до 31 Август е судска ферија и не се закажуваат судења освен во итни предмети како семејно насилство и слично, другата седмица четврток или петок одете во суд, ќе ви дадат информација.