Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. New live

    New live Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2022
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    504
    Пол:
    Женски
    Само видеа срцка, да го снимаш Кога е дома ако праи нереди и сл, тоа дека немаш примања од него исто се прифаќа, да можеш во социјално да ги спомнеш и работодавачите ама повеќе бараат докази исклучиво видеа...
    Е сега тој што има врски е лошо, знаеш кај нас како е... Каде бургија не буши, парата буши... (народно кажано) За жал...

    Се признава видеото само како доказ без разлика што е незаконски снимањето, јас скоро трчав по социјални служби, па за неверство како причина за раздвојување на семејството ми бараа доказ видео... Ова скриин што имав разговори ништо не прифатија... Да не крене човек по тие врати
     
    Последна измена од модератор: 16 декември 2022
    На Snowmen и Mateica им се допаѓа ова.
  2. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    Какво е тоа видео за неверство како доказ? Па ЦСР не се инспектори обвинители и судии да бараат докази,доволни се изјавите. ЦСР е во својство на предлагач и ги штити правата на децата во бракоразводни парници,а во случај на семејно насилство предлага мерки за насилникот и нуди правна и ,психолошк помош на жртвата.
    За какви видеа зборуваш,со експлицитна содржина?

    не се признаваат незаконски прибавени докази , но доколку успее да ги изнесе пред судијата нормално дека ќе влијаат врз одлуката,иако се незаконски и истите нема да бидат прифатени како доказ.

    буши бургијата додека не ги пријавиш на повисока инстанца, Оти и над нив има некој ! А никој нема да си го загрозува изворот на егзистенција за бараба. Е од овој муабет си патиме,како баба Ванѓа знаеме унапред демек нема фајде да се бориш седи и трпи. Тоа треба да го менуваме,секаде ќе пријавам и кај народен правобранител и хелсиншки комет и на телевизија ќе излезам јавно да ги посочам какви неправди ми нанеле. Со вакви муабети сами правиме Жртвата да се срами и трпи а насилникот да се пречи!?!? :fubar:
     
    Последна измена: 2 декември 2022
    На Dentina, WildMk, zuto и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Snowmen

    Snowmen Активен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    Имам видеа кај што преку видео повик ми се заканува зашто е во странство. Немам видеа од претходно од овде во живо. А кога ќе се врати не помислувам да одам кај него, сега сум кај мојте. Имам страв од толку закани...
    А нз како да соберам докази за марихуаната и алкохолот...
    И најмногу, не знам со малата како да се поставам ко ќе се врати он. Ќе ја бара, ја сака и она го сака. Ќе бидам јас лошата. А сама не помислувам да му ја оставам. Во круг се вртам со мислите, кој е најдобриот чекор да го направам а да не ја повредам неа
     
  4. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    доволно е тоа видео! Не одолговлекувај Оти колку повеќе време минува се понерешителна ќе си,а и има законски одредена времена рамка мислам 3 месеци е од насилството. За детето ќе бараш во ЦСР да се уреди видувањето со решение на писмено кога и колку ќе го гледа детето и имаш право да бараш да биде тоа во просториите на центарот под нивен надзор, поради наведените причини. ЦСР може да предложи а судот да го задолжи да се лекува од зависностите но тоа искрено кај нас не функционира како што треба. Да функционирале немаше да има толку дисфункционални семејства и разводи.

    колкаво е детето ?
     
    На marlonbrando69, WildMk и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. Snowmen

    Snowmen Активен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    4 години.

    За неа ми е премногу жал. Едвај чека да дојде татко и, да сме биле заедно тројцата...така зборува...да не ми е никој во кожа. Претешко е.
     
    Последна измена од модератор: 16 декември 2022
    На marlonbrando69, tambelina и Mateica им се допаѓа ова.
  6. Mateica

    Mateica Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    1.998
    Пол:
    Женски
    Samo.cvrsto i napred drugo i ne ti preostanuva
     
    На tambelina и Snowmen им се допаѓа ова.
  7. New live

    New live Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2022
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    504
    Пол:
    Женски
    За марихуананата неможеш, за алхохолот фискални нешто од го купува, евентуално да го снимиш додека ги прави тие работи.
    За малата неможеш да му ја забраниш ти никако, ако не му забранат од социјално ти неможеш, а тоа што малата го сака е исто проблем... Нз што би те советувала јас сум во бетер ситуација од тебе...
    Јас оставив на избор на децата, но кај мене па бившиот барем нее по наркотични работи....
    Сепак ако малата е приврзана за него, ти неможиш да и забраниш да го гледа, најдобро ќе е со присуство на некој да го гледа... Ама мора во социјално да пријавиш, ова што веќе го имаш е доволно како доказ....

    Такви убави не го јас ова фрлив од ракав, ми ги тражеа па спомнав...
    Каква социјална служба збориш во Македонија какви закони, какви права.. НЕМА.
    Јас лично пријавив и за семејно насилство и за се друго, социјалните работници ме советуваат да се вратам назад заради децата, они ќе му вршеле контрола на него... Каде и тој сам призна во социјално дека физички ме има малтретирано.
    Така да немојте да ми зборите за високи органи и права..
    Да не се лажеме во Мк како функционира системот, се е со врски, за доктор ти треба врски да ти обрати внимание па не за нешто друго...
    Никој не рече да се седи и да се трпи аман, уживате да ги извртувате муабетите...
     
    Последна измена од модератор: 16 декември 2022
  8. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    @New live за какви видеа зборуваш , тоа прашувам? Видеа со содржина како те изневерувал ли сопругот ?
     
  9. Snowmen

    Snowmen Активен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    А што мислите, може ли директно во социјалното во Скопје да се пријави или мора прво во местото каде живееме..
     
  10. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    Надлежни ЦСР е таму каде што живее детето.
    ЦСР во Ск нема поголема надлежност од ЦСР во било кој друг град .
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Што можеш законски да снимаш?
    Знајш...?
     
  12. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    Дворот свој и тоа под услов да не фаќа дел од улица и комшиската меѓа :Dпрактично ништо

    редакт.види ако успееш да однесеш невалиден доказ истиот нема да биде прифатен во постапката ама реално и тоа како ќе влијае на одлуката на судијата или ако има судии поротници.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    На јавно место смееш да снимаш ваљда? :?:

    туку... прашањето ми е во кој случај смееш да снимаш партнер, кога е насилство во прашање?
     
  14. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    Смееш да снимаш кога е насилен, New live ја разбрав дека и барале снимки од неверството на сопругот затоа ја прашав за какво видео зборува. Бидејќи видеа со експлицитна содржина имав и јас ама неверството не е кривично дело а и не смееш да ги користиш бидејќи швалерката/швалерот ќе те тужи тебе.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Ова ми беше битно. (y)
     
  16. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    @WildMk
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. New live

    New live Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2022
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    504
    Пол:
    Женски
    Да баш такви, буквално секс видеа ми тражеа како доказ...

    Во местото каде се живее, ти можеш да пријавиш как сакаш ама они ќе ги контактираат тие од општината каде си жител. И јас сум од др град, ама социјално не води од општината каде што сум пријавена...
     
    Последна измена од модератор: 16 декември 2022
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.822
    Допаѓања:
    39.489
    Ова не верувам дека воопшто стои во некаков нивен правилник. Туку се стоки неотесани наместо социјални работници. Требало да ги снимаш нив, и да побараш изземање на тој центар. Говеда.
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. New live

    New live Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2022
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    504
    Пол:
    Женски
    Кај нас бараа бидејќи како главен проблем за прекин н бракот е неверството а покрај тоа и др работи.. За др работи бараат лекарско кое јас не го извадив, а за неверството демек тој како неодговорен родител бараа видеа кои јас ги немав.
    Инаку да еве баш имав прилика да разговарам со службеничката насамо, која убаво ми појасни дека и за изневерување со доказ видеа, се смета другиот родител кко неодговорен и предности има родителот кој ги покажува тие видеа... Значи овие видеа не идат во прилог на суд, туку само во социјалното...
    Тие се тие што после даваат извештај во судот и одлучуваат кај кого ќе се децата, и сл... Значи социјална служба, не суд...
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  20. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.438
    Мора прво во општината каде што живееш. Јас и во Скопје не можев одма да се обратам во меѓуопштинскиот центар, мораше прво во општината во која живеам.