Оваа неправилност на работник од ЦСР си требала да ја пријавиш во Завод за социјални дејности,а може и во Министерството за труд и социјална политика. ЦСР не се истражен орган па да прибират доказен материјал.Поготово видеа со експлицитна содржана бидејќи неверството не е криминал и не е казниво. Не ме убедувај дека е џабе пријавивањето бидејќи не е! Верувај дека кога ќе си ги научиме правата и каде се треба да се пријавуваат ваквите неправилности,нема да се искорене криминалното понашање ама ќе се намале. Не може константно да стигат пријави и да игнорират, Оти секогаш има некој и над тоа некој. за секоја осуда е искуството што си го имала со тие лица во ЦСР . Неверството не е доказ дека родителот е неподобен,а ЦСР само дава мислење свое до надлежниот суд,а судот одлучува кому ќе бидат доверени децата на чување и воспитување.Најчесто судот го уважува мислењето на цср.Значи ЦСР во бракоразводните парници ги штитат само интересите на децата нивните детски права.
Помош луѓе! Јас сум во шах-мат позиција! 10 години сме во брак, имаме дете, работиме заедно, парите стигаат на негова сметка, тука се водиме како невработени (работиме за usa). На негово име има стан и куќа, јас на мое име 2 станови (не е излезен имотен лист, зошто ги купивме во градба). Вербално ме малтретира уште од почеток, ме навредува и дома и пред другари, и пред луѓе што прв пат ги гледа, постојано ме брка да си одам, а кога ќе решам и ќе тргнам прави сцени. Физички ме нападна пред детето, премногу е нервозен и агресивен, и за буквално сè што се случува ме обвинува дека јас сум крива. Веќе не можам да го издржам ова, а немам никаков излез, сакам да се разведам, ама очигледно детето нема да ми го доделат мене. Поддршка од моите не знам колку ќе имам, со мајка ми не сум во најдобар однос, плус последниве неколку месеци се борам со анксиознист и панични напади, а сето тоа ми потекнува од него. Сакам да се преселам Скопје, барам стан да изнајмам, не сакам во ист град да живеам со него, почнав да барам друга работа, ќе морам само прва смена, нема да имам помош околу детето. Што ме советувате да направам, само за детето се грижам. Тој е многу приврзан со татко му, јас му кажувам дека ќе живееме сами, вика дека не сака, и претажен е кога му зборувам така. Душата ме боли, и сите овие години трпам за него, ама веќе вистински не можам, не сакам ваков живот! Не ми треба ни пари, ни имот, ништо, само мир ми треба. Дајте ми совет кога да ја почнам постапката ( сакам се да биди спогодбено, и понатаму да комуницирам со него нормално), дали да си трпам уште (и да си пукнам на крај) за да сум сигурна дека ќе ми го дадат детето мене, или имам некакви шанси за тоа и сега? Фала <3
Полека, смири се. Детето оди со мајката. Ќе се наредат работите , само со смирена глава сите одлуки ќе ги донесеш правилно. Незнам како е постапката ќе има други членки ќе ти кажат, само сакав да ти кажам дека секој заслужува живот каков што сака да живее не наметнат и стресен секој ден. Секој добро ти посакувам.
Да се консултираш со адвокат што работи разводи најубаво.. Ако имаш станови на твое име, не е дека си без ништо. Имаш каде, а за работа, ќе бараш секако настрана од маж ти, па макар во иста бранша.
Poleka, smiri se. Imas stan,rabota...nesto sto drugi zeni nemaat. Deteto e malo i ke bide so majkata. Vo ovoj moment najdi dobar advokat za da se konsultiras za deteto i imotot. Pozdrav i so srekja.
Дете не се одзима туку така. За спогодбено не знам како би било штом немате меѓусебно разбирање. Наназад низ темава има многу коментари каде си се тешиме и си олеснуваме на душа-да си се искажеме. Но искрено најпрецизни одговори ќе добиеш очи во очи во адвокат.Јас ја препорачувам Катерина Котеска бидејќи гледам дека од петни жили се бори заедно со жртвите на семејно насилство. Ако одиш со тужба за семејно насилство и развод е едно ако сакаТЕ спогодбено е друго (секогаш е најдобро спогодбено).Ма да јас лично би инсистирала ЦСР со решение да ги уреди видувањата на детето со другиот родител за да нема после натегања. Ова е одпосле откако ќе се поднесе за развод.ЦСР дава свое мислење(предлог) до судот кое најчесто судиите го уважуваат. Ако планираш да се селиш,прво најди работа и место за живеење, дете запиши во градинка/училиште(колкаво е детето ?) и после поднеси развод.Мислам дека ваков совет ќе добиеш и од адвокат.Да не пишувам во празно за ваквите прашања најсигурно ти е консултација со адвокат. И да седиш да трпиш ќе се поболиш,и после?! Тој сигурно нема да те чува и гледа. Имаш САМО еден живот !
Становите се во градба, и уште не се пуштени за вселување, работам со него иста работа, не сакам да продолжам така. И затоа сум во оваа позиција, за никаде!
Да напоменам СЕКОЈА ЖРТВА НА СЕМЕЈНО НАСИЛСВО ИМА ПРАВО НА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ без разлика на финансиската состојба! Во парниците за материјална/нематеријална штета отштетите ќе ги исплаќа државата(таа потоа ќе се расправа со осудениот за наплата). Само не сум сигурна за точно кога ќе стапи во сила вториов дел.
Сакам спогодбено, ради детето, не сакам да трпи дополнителни трауми, јас ќе си се носам со тоа што сум си го трпела и поминала. Ама кога и да му кажам дека ќе најдам работа и ќе си заминам и разведам, вика дека не сака ради детето, сакал секој ден да го гледа. Се надевам дека ќе се погодиме кога ќе дојде денот.
Ама јас немам докази, не сум го снимила до сега, глупава! А ми се заканува, како ќе ме претепал, ќе ме фрлел, ќе убиел.
Не си за никаде Корнелија! Има жени буквално без ништо си одат па и со две три дечиња. Активна си на пазарот на трудот, тоа е огромна предност. Становите ќе се изградат веројатно позната ти е временска рамка до кога. дај си заслуги самата!Ти вредиш! Жена си! Мајка си! Заслужуваш почит и нормален живот ,а детето заслужува среќна исполнета мајка !
Se sto e stvoreno vo brak se deli, osven nasledstvo od roditeli taka da ti ke imas eden stan koga ke se izgradi. Rabota mozes da pobara na drugo mesto?
Па во пракса не е баш така,ако успее да докаже дека нејзиниот придонес бил поголем може да добие 3/4 а една да го исплати. Но искрено бидејќи имаат само едно дете јас би играла на карта имотот поклон да оди на детето - ако е разумен татко нема да се противи. Ама се ова мора добро да се уреди исклучиво во консултација со адвокат !
Дете не се одзима туку така. Треба да бидеш психички нестабилна личност за да ти го одземат. Доказ за тоа нема ниту пак физички и психички го напаѓаш детето. За доказ одма ќе имаш кога ќе поднесеш дека сакаш развод и кога ќе му стигне покана тогаш и по насичен може да биде па истото можеш да го приложиш. Без разлика дали становите се во градба битно ги имаш на твое име. Друго барај работа и најди си така ќе бидеш вработена, а он не вработен и ќе имаш предност. Секако си во предност ти не се одзима дете туку така од мајка. Детето ќе увиди со тек на време како стојат работите подобро детето да расте со среќен родител одколку цело време да има тензии и нервози и лоша околина.
И да живеете во ист град пак нема да го гледа секој ден-не верувам,можеби на почетокот додека да му помине бесот од разводот. Ај да не шпекулирам. Мора да почнеш од некаде, направи консултација со адвокат и потоа разгледај ги опциите.
Имотот што ви е стекнат во брак се дели на пола, освен ако е наследство. Така што сѐ што сте стекнале ќе оди по пола. Детето зависи колкаво е, има одредена возраст кога го прашуваат и него. Со добар адвокат ќе поминеш добро колку што се може во развод. Буквално без ништо нема да останеш, еден стан ќе ти остане тебе. Друга опција и немаш освен да седиш и трпиш.
Ни имот ми треба, ни пари ми требаат, само мир ми треба. Верувам дека се што ни е заеднички стекнато ќе биди препишано на детето, ваљда не е до толку улав да не сака да соработуваме. Сепак сакам да тече се нормално и смирено, се надевам ќе наидам и на разбирање од негова страна. Морам прво да најдам работа, па да почнам постапка. Не сум кажала на никој близок ништо, сега прв пат си ја отворив душата тука, веќе здравјето ќе почнам да го губам од што тонам во себе.