Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.821
    Допаѓања:
    39.486
    А ако се прежени и има други деца?
    "Ни имот ми треба ни пари" е реченица во очај кажана, бар пола од жените трпат ради тоа што немаат имот и пари, а ни алиментација пошто ако се води маж ти како невработен, нема од каде да му наплатат.
    Не биди наивна туку прави се во свој и интерес на детето, колку може без кавги и драми. Ако не може, секако те чека малтретирање по судови, цср-а, и слични места, па уште без пари да си, ич нема мир да имаш. Таков мир не постои.
     
    На A94, tambelina, Meckicja и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Искрено, не сакам да останам во државава воопшто, затоа не ми требаат имотите. За почеток ќе мора да сум тука, но сега ќе добијам бугарско државјанство, ќе имам излез и надвор. Ама дури да ми се наместат коцките, време ќе помини.
     
    На tambelina и Dentina им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.298
    Допаѓања:
    102.776
    Пол:
    Женски
    Ти можеш да излезеш ама детето? Не можеш да си го земеш и да си одиш, треба да ти даде дозвола. Многумина спијат на тоа уво а на крај се соочуваат со реалноста. Другарка ми 3г го молеше да ја пушти да замине и не и не, на крај го услови за да го пушти и прифати зошто требаше многу пари да плати во спротивно за алиментација што не плаќал 5г.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Ќе се молиме, ќе се убедуваме, тоа е. Ако не сака, ќе останам тука, немам излез.
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.298
    Допаѓања:
    102.776
    Пол:
    Женски
    Тој ако не сака развод да ти даде нема да ти даде ни дозвола да се отселиш, башка ако детето е стварно врзано за него не можеш туку така да го префрлиш некаде низ Европа и да очекуваш да се помири со тоа. Така да тие планови за бугарски пасош и селење, малце ти се нереални, гледај сега да се одвоиш финансиски и да си ги добиеш парите што си ги заработила, па после ќе мислиш на развод и осамостојување. Кога ќе се навикне дете ќе мислиш и на селење, а до тогаш таман и дете ќе се навикне. Не ти велам не се разведувај, јас сум дете од дисфункционално семејство, совршено од те разбирам, ама мораш да имаш поконкретен план без да мислиш дека ќе се исселиш и се магично ќе се реши.
     
    На sj *O*, Oneo, ALISA0000 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Многу наивно размислуваш. Кога ќе тргнеш по тие лавиринти ќе видиш дека не е толку едноставно. Прво, тој да бил разумен немало да дојде до оваа ситуација. Сите те советувавме да најдеш добар адвокат да те посоветува што е најдобро да направиш, а ти се надеваш дека тој така лесно ќе ти го даде детето странство да го носиш. Ок, ти си знаеш, но во оваа приказна најмногу страда детето. Затоа треба што потрезвено да се постапи. И да земеш сѐ што ти следува од заедничкиот имот. Мирот не доаѓа со потпишување на разводот, напротив, тогаш почнува голготата со таквите како твојот сопруг.
     
    На sj *O*, solzicka.solzicka, Oneo и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Знам дека тешок и трнлив ќе биде овај пат, и знам дека немс да го пушти детето надвор, тој сега ми вика "ако сакаш оди си сама ако не ти чини, само преку мене мртов детето ќе излези од домов". Ама сепак си давам надеж дека еден ден ќе се помири и ќе прифати, за доброто на сите.
     
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.044
    Допаѓања:
    180.291
    Ќе се помири, не бери гајле. Сите се многу силни дури не почне да се тркала работата, после сакал нејќел, ќе си легнеме на брашно.
    Ти дале убави совети погоре, направи план, најди друга работа и почни ја постапката. Ништо не може да се смени во еден ден, а ниту тоа странство не се случува за еден ден, затоа прво друга работа и разделба таму кајшто си, а се друго потоа.
     
    На sj *O*, Nausicaa, tambelina и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Абе јас и друго си имам размислено, да се преселиме странство и таму да го оставам, сепак законите се многу построги и подобри него ли тука, ако си ја платиш судиката. Ама не сакам да бидам злобна и да си ја оцрнувам душата, и покрај сè што ми направил, имало сепак и убави моменти, иако заслужува. Ама Господ е еден, тој нека му суди, јас можеби ќе чекам и ќе трпам уште некое време, ама ќе се исплати на крај
     
    Последна измена: 16 декември 2022
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.044
    Допаѓања:
    180.291
    Не мислам дека е тоа можно, мислам бракот мора да се разведе таму кајшто е склучен:?:
    Што има врска па судијката сега:?:? Не е криминал, развод е да му се сневиди. Си чула некогаш на татко да му доделат дете, ако на мајката ништо не и фали? Јас не. Знам за поделено старателство, ама и тоа е спогодбено, едно чудо разведени луѓе знам, и сите деца се кај мајките. Добро, освен Северина, ама мислам дека е тоа е веќе друга приказна.
     
    На sj *O*, Oneo, solzicka.solzicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Па тука читав дека ако немаш примања детето можат да го доделат на таткото. И затоа морам прво да сум финансиски стабилна па да почнам било што, иначе би заминала веднаш, без да размислам.
     
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.044
    Допаѓања:
    180.291
    Мораш да си финансиски стабилна за да си обезбедиш покривање на трошоци за себе и за дете, ама тоа е ваљда здрав разум. И сама да живеам ми треба приход, не знам кој би ме издржувал инаку. И секако, живеалиште ми треба, со или без дете.
    Не сум ја читала темава нешто детално, ама стварно, во реален живот, не знам ниеден пример дете да е доделено на татко.
     
    На Oneo, Meckicja, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    Разводот тука ќе биде, но ако се веќе преселени пр.Австрија и таа веќе е пријавена вработена со стан дете адаптирано во средената и се со уреден престој,бракот ќе се разведе тука во МК но надлежно ЦСР ќе биде тоа каде што живее детето во примерот Австрија. и нема потреба од никакво подмитување судии таму @Корнелија .
    А заедничко старателство нема во нашиот закон,не постои.
     
    На Корнелија и Biljarkata им се допаѓа ова.
  14. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Тоа ако е регулирано со примањата. Членката пиша дека маж и ги добива парите, што ги заработуваат двајцата.
     
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.044
    Допаѓања:
    180.291
    Ако се веќе преселени и адаптирани, ама не се, и тоа е уште многу години процес...
    А што решава судија уствари? Чисто од љубопитност, можеби некому ќе биде корисно инфо.
     
  16. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    Кому ќе го довери детето на чување.
     
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.044
    Допаѓања:
    180.291
    А знаете случаи во реален живот да довериле дете на татко?
    И шо праи после тој татко со мало дете? Знам дека се силни на почеток, боже ќе се борам, ова, она, ама во реалност не се скроени за таа улога, ниту пак им трае долго ентузијазмот.
     
    На sj *O*, mira.mira, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  18. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    И тоа има начин да се докаже не е баш така едноставно . Според закон треба да добие 50/50 дури и да не работела ниту еден ден доволно е само што се грижела за домот и потребите на детето сопругот ! Ама во пракса е поинаку. Затоа потенцирам консултации со адвокат и разгледување на можностите и состојбите со што располага и што би било најповолно за неа а пред се за детето!

    Да,познавам,лично само еден случај но децата беа напуштени од мајката. Така да …
    А вака по фб што сум читала за инат па бабите ги чуваат,таткото си е ерген и така … ама се тоа поминува ,трае година две три ,може и помалку кај некои. Дур стивнат страстите.
    Е има и такви изолирани случаи ако не продолжи со животот па да продолжи да малтретира и замара и дете и мајка на детето… секакви има
     
    Последна измена од модератор: 17 декември 2022
    На Dilajla123, Biljarkata и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    После те молам да го земеш пошто не знаат носот да им го избришат.
     
    На tambelina и Biljarkata им се допаѓа ова.
  20. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Јас знам таков случај. Детето беше доделено на таткото кога имаше 3-4 год. Целата работа беше од инает кон мајката. На почеток седеше кај него, бабата беше со нив нормално таа го гледаше, но како поминуваше време се повеќе остануваше кај мајката и на крај целосно остана и тој го гледа одвреме навреме иако старателството се води кај него.
     
    На Dilajla123, Biljarkata и Mantub им се допаѓа ова.