Не знам, не познавам ниту сум чула за такви примероци. Он да го земе за баба да го чува, богдачува Роналдо синдром
Пиша 10год дека се во брак може и не е толку малечко детенцето @Корнелија колку години има детето? И како е можно да си во работен однос а средствата да се префрлаат кај сопругот. Тоа не е можно, освен ако работиш непријавена а парите тој ти зема
Детето со причина секаде низ свет се доделува првично кај мајката освен ако нема некоја експлицитна причина за да не се додели. Човек што дели дете од мајка само за инает не е татко на годината. Човек што ја тепа мајката, особено па пред детето како во случајот на членката, па ич да не правиме муабет, тој не гледа дете како што треба да се гледа.
Не можеме да маваме со камења по сите мажи, навистина има и оштетени татковци спречени се да ги гледаат децата од каприци на мајките. Ситуации има секакви, а штетата е секогаш на сметка на децата тоа е најтрагично .
Ги разгледувам само непознатите во равенката, дали и како во ситуацијава женава би си докажала дека заработува. Со разумен човек све може, но колку што сфатив не се работи за таков. Па мислам дека би искористил, ситуација , во негова корист со тоа што таа е невработена и не добива прилив. Самата го спомена тоа, ваљда и за неа е битен податок како би се одвивале нештата понатаму, во кој правец.
Ама нели и тој е невработен. Му стигаат само пари на сметка. Од кои по закон може таа да си бара пола.
Мое мислење е дека недостасува поголема психолошка подршка и за родителите и за децата при развод. Ама познавајќи со колку човечки ресурси располага едно локално ЦСР - мало морген тоа. А и менталитетот ни е сеуше наназад …
Ама јас не кренав камен. Само сметам дека со причина дете се доделува првенствено на мајка, доколку е се во ред со мајката и сака старателство над детето или како и да се вика правилно. Не го спорам аспектот на оштетени татковци, ама тоа не е тема на муабет мислам.
Знам мајки што се откажале од децата ..Си наоѓа госпоѓата друг партнер,и не сака веќе ништо да има со децата. Едната беше изманипулирана од швалерот,дека тој има фирми во Италија ( а лажел) ..абе усвет фати,децата не ги погледна. Да видите поради фирми,одмори како оставаат деца..
Во случајот кој го опишав мајката си беше супер, но по разводот се врати кај нејзините каде живееше и брат и кој користеше дрога и учествуваше во тепачки повеќе пати и мислам дека беше осудуван. Не знам која беше вистинската причината за таквата одлука, ниту мајката знаеше, но претпоставувавме дека така решиле само поради брат и зошто реално не постоеше никаква причина друга во однос на мајката. И двата родители работеа, и двата немаа имот на нивно име и живееја со родителите. Само беше многу жално, детето беше премало, пиштеше кога го делеа од мајката, а таткото во позадина се смееше, мислејќи дека така и прави лошо на мајката, дека тој победил, за детето не ни размислуваше.
Ама по закон сопружникот кој има доволно средства(таткото) судот може да го задолжи да плаќа издржување на другиот(во случајот мајката) кој нема никакви средства и пак да го додели детето на чување и воспитување кај мајката. Многу зависи и од адвокатот како ќе го изнесе случајот и од фактите а на крајот на краиштата и од судијата(сопствените убедувања им влијаат,реално) . редакт. А судот во грото од случаите го цени мислењето и на ЦСР . Закони имаме на папир многууу, Е во пракса тешко се применуваат
Никогаш не си на чисто со ЦСР,ама баш никогаш.ЦСР е скандалозна установа во секој смисол. Плаче за прочешлување и казни за неодоговорно работење.Срамота.
Dodeluvaat samo ako majkata se otkaze na celo od deteto na moj rodnina bivsata mu zena se otkaza od kerkickata I sega ja gleda babata on e vo stranstvo na rab a ovaa ja ostavi kerkickata radi drug maz I na krajta on ja izbrka I sega e sama.
Во право си ,ама има и над нив. Треба да научиме да пријавуваме на повисока инстанца.Еден ќе пријави двајца ај ќе замачкаат , ама кога ќе стигнат 10/20/50 пријави во една седмица епа не може да се заташка и таму си имаат граница. Неправилностите на ЦСР се пријавиваат во ЈУ завод за социјални дејности. Па може и до мтсп , народен правобранител . Искрено ни фали да се информираме малку повеќе за нашите права.Општо не само за оваа проблематика.
Не знам дали прашањето е во вистинската тема, ако не е преместете го каде треба. Често читам за последиците од разводод за сопружниците, но искрено ме интересира како децата гледаат на тоа кога ќе пораснат. Моите деца се мали 4 години и 1 година сега сеуште нема ни да знаат што се случува, но со тек на време ќе почнат да сфаќат. Што кога ќе почнат да прашуваат мамо каде е тато, зошто не живее со нас? Сакам да слушнам искуства и лично од деца на разведени родители кои се развеле додека тие биле мали. Кои прашања им се вртеле во глава, дали некогаш сами се обвинивале за тоа, колку тешко прифаќале дека за празници прослави и ред други работи каде оди целото семејство тие се само со еден родител. Дали ја имаат длабоко таа болка и тага дека растат само со еден родител иако би се трудела да им покажувам дека ги сакам најмногу на цел свет? Ама баш искрени и длабоки одговори ме интересираат?
@Zoy ke se obidam jas da bidam iskrena i iskreno da ti dadam odgovor na odredeni prashanja. Jas sum od onie deca koj majkata gi ostavila i moeto detstvo go pominav so tatko. Dali mi falela ke ti kazam prvite godina dve posle nekako se naviknuvas na eden roditel. Mi bile glupi temite 8mi Mart ne sum gi sakala ete zatoa sto ne sum imala na kogo da cestitam. Psiholoshki od aspekt deka vliaelo i traumi ne. Ona kako vozrasna osoba so dve deca sega smetam deka toj majcinski nedostatok go gledam vo posesivnosta kon moite deca da se jas mozam se sama da napravam ne gi davam na nikoj tie se samo moj. Moze bi e del sto mene potsvesno mi falel a sakam da go nadohnadam kon moite deca. Voopsto ne treba da imate griza na sovest. Ete i pokraj toa sto sum izrasnata so eden roditel eden ama kvaliteten izrasnav vo zdrava prava licnost bez da zabegam po bilo kakvi loshi patishta stekno omazena i najnaj normalen zivot.