Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.695
    Допаѓања:
    5.546
    Пол:
    Женски
    @Zoy , не сум дете на разведени родители и јас не сум разведена, меѓутоа од блиска околина на неколку разведени партнери ќе ти дадам пример.

    Доколку родителите ја прифатат ситуацијата и ја објаснат на децата како тој сега е нормален начин на живот, мислам не би требало да има проблеми. Можеби неправилни зборови употребив ама мислам на следното.

    - Мојата најдобра другарка е дете на разведени родители кои се разведиле кога таа имала 1на година. Порасната со мајка и по неколку години новиот партнер на мајката. Секогаш во нивната фамилија владее семејна атмосфера, немало кавги од типот моето дете, твоето, заедничкото и слично. Во одличен однос е и со биолошкиот татко. Додека бевме малолетни имаше викенди, празници, одмор со таткото и сл.

    Втор пример од блиски роднини. Две деца на возраст 5 и 8 години. Комплетно спротивен однос. Кога се кај таткото доколку некаде ги однеси или им купи нешто, таа потрошена сума ја намалува од алиментацијата. Ако дава 6000 денари на пример, а за време на престојот на децата им купил по една блуза од 500 денари, следниот месец ќе им даде 5000 денари, затоа што нели веќе потрошил пари на нив. Постојано со притисок и прашања кон децата, како мајката се однесува кон нив, баба, дедо. Дали мајката има партнер... Кога се мајката, пак тука се претрупани со прашања, дали таткото има некоја женска, дали ги запознал итн. Децата од преголем притисок веќе стануваат агресивни, се повлекуваат во себе. Често со страв би рекла да одат кај едниот или другиот родител.

    Цел роман напишав, а поентата ми е дека многу зависи од самиот начин на објаснување и прифаќање на ситуацијата. И да се семејни пример излегувања децата да знаат дека и двајцата родители се тука за нив.
     
    На CarrieBradshow, Meckicja, Zoy и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.960
    Допаѓања:
    179.647
    Ќе ти одговорам малку во поширок контекст, или во контекст на твоите претходни мислења. Разбирам дека ти е тешко во туѓа држава со две мали деца, ама дали и како разводот ќе ја поправи таа ситуација? Имаш ли идеја како и каде би продолжила да живееш? Не сум ни за, ни против развод, не го живеам твојот живот,само размислувам рационално. Оти знам со едно мало дете, пред кои предизвици не носи животот, можам да замислам како е со две. Ама пак, прашањето кое треба да си го поставиш се однесува првенствено на тебе, што добиваш и што губиш со развод. Пак децата и сиот товар околу нив ти останува тебе и исклучиво тебе.
    Инаку, за децата и последиците на разводот врз нив, нема универзален одговор. Ги имам неколку примери во блиско окружување, ниту мислам дека сами се обвинуваат, ниту тешко прифаќаат, дека преку недела се со мама а за викенд кај тато, ама, ама... Сепак, и од разведени и од неразведени родители, ќе си имаат свои детски кризи во животот, со кои мора да се научат да се носат, не можеш од се, впрочем од малку што, би можела да ги заштитиш. Затоа размисли која е идеалната ситуација, со која ти би страдала помалку и би добила повеќе, и заради себе и заради децата.
     
    На Meckicja и Zoy им се допаѓа ова.
  3. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.689
    Допаѓања:
    19.089
    Пол:
    Машки

    Сега ќе ти кажам јас. Мајка ми замина/се разведи на многу лош начин, лажејќи ме мене и татко ми и мојот брат. Цел живот сум жигосан дека сум дете од разведени родители како да е лошо тоа. Ама јбг балкан.

    Мој подлабок одговор ако те интересира прашај ме во ПП ама сметај јас живеев во дисфункционален и токсична средина каде владееше сиромаштија и голем апетит за пари и ништо друго. :)
     
    На ZAHRA, Meckicja и Zoy им се допаѓа ова.
  4. justalady1

    justalady1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите ве следам долго време но прв пат пишам , ми требаат совети да слушнам и од други..
    Вака јас сум со мојот маж од 16 години бевме 4ипол години во врска после се земавме и си родив дете на 21 година станав мајка , додека бевме во врска се беше во ред многу ме гледаше пазеше никогаш збор лош не слушав од него за мене , од кога само што родив дете беше 5 мес ми падна од кревет ми рече неспособна мајка дека сум, паднавме во криза со пари и тој почна скоро 3 години пари криеше од мене почна да ме понижува пред секој не гледаше кој има со нас моментално ме има многу пати бркано од дома никогаш ме нема удрено ама психички многу ме малтертираше за буквално се за дома за дете за пари за што го нервираше ама на никој не дозволуваше мене некој да ми рече лошо само тој .. Пред една година јас дојдов со детето во Германија тој остана вп МК чекаше само 3 месеци додека дојде и тој заради тоа што ја сум ЕУ а тој не е јас дојдов Ноември на крај на месец и тука е многу тешко во почеток работа да најдиш да се снајдиш имав кај мајка ми и татко ти седев но тој цел декември на камера додека се гледавме ми се закануваше дека ке се вратам мк дека сум проста како неможам работа да најдам со полно работно време итн.. јас многу плачев психички ич не бев добра .. си имав работа си одев 4 саата таму си се запознав со еден човек од мене постар 7 год а мојот сопруг е генерација со мене , тој човек само разговаравме многу за се во животот многу позрел јас не сум видела таков добар човек во мојот живот ... мојот сопруг дојде во Германија и ми ја сокри мојата картичка со пари залепена на комодата да не ја најдам јас истото си продолжи со неговото психичко малтертирање пари само пари па во колку се вракам саат ... А јас меѓувреме од многу ми се смачи веќе а имав многу страв да го оставам се впушти во грев што најмногу сум мразела во животот со другиот човек си бев со него најдовме стан со сопругот му извадив виза работа си најде се е во ред но јас најдов работа полно работно време многу лоша по 12 саата работев и моето дете неможев да го видам и да се опуштив толку лошо во слобода што цел живот нема да си простам само што детето 2 3 месеци не го гледав нормално како мајка ... Јас му кажав на сопругот дека сакам да се оставиме нема да се разведиме да остане тука заради детето да си биде до него само сакам да ме остави но тој не сака да ме оставе ми искажува љубов бла бла џабе е се кога психички ме уништи веќе јас не го сакам јас љубов ни малку не осеќам после се што поминав незнам како да го натерам веќе да си продолжи живот ке умрел ако не е со мене што ме плаши малку инаку и многу сум проста жена тој знае за другиот дека сум со него и немам никаков излез ми треба совет сеуште сме у исти стан јас понекогаш си спиам во друг стан затоа што не сакам ни да го гледан моите родители и сестра ме подржават што не сакам да сум веќе со него но не ме подржават за дека сакам живот со другиот е сега знам дека сум многу грешна што мислам дека ќе живеам подобар живот и дека сакам детето да си биде секаде со мене оти јас за мојто дете ќе умрам..
    Извините за многу долгиот пост сакам да слушнам мислење
    Поздрав
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не можеш да го натераш на ништо.
    Ти можеш да направиш само тоа што ти го сакаш.
    Ако сакаш да се разделиш ќе се разделиш и тоа е тоа.
    Нема друго решение, не го сакаш, од твоите имаш поддршка.
    Многу ми е смешен твојов маж, ти одиш на работа, ти си во Европа прва дојдена, неговиот престој зависи од тебе, ти му ја најде работата, ама тој ти ја крие твојата картичка со пари.
    Кажи му дали сака да се раздели од тебе на нормален начин и да седи во европска земја или дали сака да се разведете скрос па нека се враќа тука.
     
    На H.VAGA и riba79 им се допаѓа ова.
  6. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.689
    Допаѓања:
    19.089
    Пол:
    Машки
    Ја начекал на страв и сеа се прај некое маже и пол, засрамота. :)
     
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Од што има таа да се плаши, пак да не ја избрка од дома?
    Станот кај што се сега веројатно е на нејзино име или киријата што и да е.
     
  8. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.689
    Допаѓања:
    19.089
    Пол:
    Машки
    Ми се чини ко да се плаши од него.
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Лиде2022

    Лиде2022 Активен член

    Се зачлени на:
    29 декември 2022
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Во брак сум имам 37год 2 деца на 16 и 18 години,заљубена сум и се гледам со друг веќе 5 години,тој е помлад и има 30 години и е неженет. Ме сака многу а и јас него и би се развела, но неможам да ги оставам децата и се плашам за нив и нивната реакција бидејки тие не можат без мене. Ваш совет и што би вие направиле?
     
  10. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.933
    Допаѓања:
    4.823
    Пол:
    Женски
    5 години криеш од сите? Големи ти се децата веќе можеш отворено да разговараш и не разбирам зошто да ги оставиш?
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.689
    Допаѓања:
    19.089
    Пол:
    Машки
    Се плаши оти и не е се така бело ко шо си читате. Че испадни лоша мајка мислам.
     
  12. Лиде2022

    Лиде2022 Активен член

    Се зачлени на:
    29 декември 2022
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Прво бидејки нема тој да прифати, второ и да прифати веројатно тие нема да прифатат ќе плачат ќе се трескаат само да не ги оставам. Бракот ми е функционален но без љубов не е тоа не ме прави СРЕЌНА,а неможам да го оставам ниту љубовникот со кој сме едностано исти енергии
     
    На marlonbrando69 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.589
    Пол:
    Женски
    А ти гледаш иднина со човек што нема да ги прифати твоите деца?
     
    На cresa-jagoda и Angie1432 им се допаѓа ова.
  14. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    5 години го лажеш сопругот и го изневеруваш?
    Зарем до толку немаш совест?
    Знаеш колку боли едно неверство??
    Стави се на негово место!
    Секогаш подобра опција е да се разговара отворено отколку да се изневерува!
     
    На Mother of 2boys, Bubish26, Luna91 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.933
    Допаѓања:
    4.823
    Пол:
    Женски
    Абре жено пакуваш децата и доаѓаат со тебе какво оставање. Децата се 1у и 18 години додуше и сами може да одлучат каде сАКААТ И СО КОГО да живеат , ама со ова што го правиш зад грб на сите ако се дознае нема да сакаат да те Погледнат не да живеат со тебе. Не сакам да звучам дека те напаѓам,но тоа што го правиш воопшто не е правилно според мене. Можеш и да разговарашсо маж ти заотворен брак како во одговара така ама лажење и зад грб работи само многу полошо може да направи од тоа што се плашиш.
     
    На tambelina, elimkd, Meckicja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Лиде2022

    Лиде2022 Активен член

    Се зачлени на:
    29 декември 2022
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Значи ѓи прифаќа и ги сака како свој и ќе биде тука за нив секогаш но неможе да прифати да дојдат со мене веројатно заради неговите бидејки се во години и мисли дека тоа ќе ги докрајчи
     
  17. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.589
    Пол:
    Женски
    Значи одбираш неговите родители да не се уништени на сметка на твоите деца?
    Не дека е супер тоа што си неверна со години и водиш двоен живот, ама фактот дека си спремна да ги оставиш децата заради маж мене ме здоболи, а не пак нив.
     
    На Калатеа, oblace1, Mother of 2boys и 16 други им се допаѓа ова.
  18. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.968
    Допаѓања:
    20.685
    Пол:
    Женски
    Тој сака тебе да те носи кај неговите ама без твоите деца?
    И ти се мислиш?
    Големи се децата, ќе разберат на еден или друг начин шо се дешава. Не можеш да им кажеш мама ќе оди да живее со друг човек ама пак ве сака (facepalm)
     
    На sj *O* и IRBBB им се допаѓа ова.
  19. Мамичка

    Мамичка Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    Тоа во превод значи дека неговите родители ти се поважни од сопствените деца. Се можам да разберам ама да си ги оставам децата за да заминам си друг човек тоа неможам ни да си замислам а не пак да разберам. Тој ако толку ме сака и почитува ќе ги прифати моите деца и точка. И да ако се големи сега се во најлудите години кога има треба родители кои ќе ги изведат на прав пат. Кои ќе им покаже што значи љубов, почит што е сосем спротивно од тоа што ти го правиш.
     
    На Eli23, Mother of 2boys, sj *O* и 5 други им се допаѓа ова.
  20. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    5.454
    Пол:
    Женски
    Toj ne te saka.
    Da te sakase ke gi prifati i tvoite deca,bez razlika sto negovite roditeli sakaat.
    Toj treba da zivee so zenata sto toj ja odbral, a ne da se misli za negovite roditeli sto bi sakale.
    Zvuci grubo no, toa e vistinata.
     
    На Mother of 2boys, sj *O*, Meckicja и 2 други им се допаѓа ова.