Не знам погубена сум скроз.. Да беше друга девојка во прашање ќе речев go girl ама кога се работи за мене многу се плашам во ова наше општество како ќе функционирам понатаму.. Зошто имам еден куп разведени пријатели, роднини и кон жената секогаш покажувале со прст како на ОНАА РАЗВЕДЕНАТА, што е многу жално
Во право си апсолутно.. се надевав дека нешто ќе се смени ама стана само уште полошо, само стравот во мене беснее со прашањето што после разводот Одбива разговор, треска врата и излегува од дома на секој мој обид.. можеби затоа и полудувам веќе Не знам зошто ама се плашам од помислата дека животот застанува после развод и дека нема да можам да функционирам, дека сите ќе ме осудуваат и гледаат со други очи. Дека нема да успеам да најдам некогаш нова љубов па така и да основам ново семејство ќе ми биде ускратено..Конечно излегоа овие зборови од мене долго чувани, поточно мојот страв
@merlin.stoun како може да бидеш некаде со некого ако лично ТЕБЕ не ти е убаво таму? Не си слободна се гушиш... Не знам
А да пробаш друга плоча да пуштиш да ти врти во главата? На пример дека кога ќе затвориш една врата, нова се отвора? Имаш ли среќа овде и сега? Ами што ако среќата те чека негде другаде?
Девојко во брак кој не функционира без дете не треба ни да помислуваш на дете. Ти не си задоволна од твојот живот, не си задоволна од него, од вашата заедница , од самата себе покрај него .. а размислуваш што да правиш?! Живееме во 21 век а ти се плашиш да не бидеш покажувана со прст и етикетирана како РАЗВЕДЕНА , баш ми е жал што има вакви размислувања уште од времето на баба ми … Живееме во 2023 год а уште е срамно некоја жена да е разведена. Бракот не треба да е затвор и се да правиш со резерва , треба да си слободна да правиш она шо те прави среќна. Излези од кафезот среќата те чека кај корнерот само храбро.
Ne e tocno mojata majka se e razvedela so prviot i maz i mojot tatko isto so prvata zena uste pred da se zapoznaat oni dvajcata pa nikoj ne im e vperil takov prst a i da e taka nikoj ne dolzen da go trpi soprugot ili soprugata samo oti nekoj posle ke vperuva prst vo nego
Не никако немој тој страв таков да си го правиш на себе да си ја замараш психата со тоа.Жени со деца после токсичен брак и развод како да се преродиле и продолжуваат понатака и си наоѓаат и партнер.Се е тоа природно и нормално.Не можеш нешто што не иде ти само да трпиш да живееш во страв да немаш свое "Јас".Колку има што познавам и имам и во фамилија првиот брак лош катастрофа ќе се разведат, после кога ќе имаат друг маж жената сосема друга личност е има воља за живот,позитивна,љубов,почит од мажот уживаат.Ич да не те допираат тебе муабети кој што ќе рече, ти себе си се знаеш каква си и низ што си поминала тоа е доволно.Гледај тебе да ти биде убаво живеј за себе.И семејство ќе си основаш и се ќе стигнеш.Тргни го стравот имај во себе самодоверба животот е пред тебе ќе дојдат нови познанства, пријателства.
Ондак си се опкруѓжила со многу погрешни луѓе. Јас познавам х личности што се разведени па никој не ги покажува со прст туку сите им се восхитуваат. Ти за другите мислења живееш?
Се согласувам. Во лош круг е. Во мојот круг скоро сите сме разведени и никој не кажал на друг дека еве ја разведенава туку браво се спаси од клошар.
После разводот ќе си се посветиш на себе. Немаш никаква пречка да размислуваш “што по разводот?” Најдобро нешто е што со тој немаш дете. Кога би имала дете, во ред е да си го поставуваш тоа прашање…до негде….иако и во тој случај,нема никаква потреба од такви прашања. Ќе си заминеш за секогаш од него и нема никогаш да имаш причина да го видиш
Ви ги прочитав на сите советите... ви благодарам бескрајно.. Си реков ајде да преспијам ден-два па да одлучам накаде во овој живот да тргнам. Но станува само полошо.. Ме убива психички ме полудува незнам што сака од мене повеќе.. Сега најново и брат ми почна да му смета и таму кога одам зошто одам Се плашам да продолжам сама.. ете само тоа можам како одговор да го дадам
Nema zosto da se plasis da prodolzis sama...naprotiv treba da si srekjna sto ke prodolzis sama,silna,slobodna i spremna za se.... Procitav deka na brat ti mu preci sto ides? Zosto? Razgovaraj za situacijata,objasni mu se...kazi mu deka ti treba negovata podrska deka toj ti e najblizok,naj silna podrska....glava gore devojko ne sme se rodile za drugi da ne unistat
Pa stom i brat ti mu smeta ovoj e tezok psihopat...zamisli drugarki,rodnini,semejstvo se mu smeta...ostanuvas samo so nego i ke te drzi ko zarobena vo toj svet
Баш затоа му смета зашто знае дека имаш поддршка од него и го смета за непријател. Осеќа маж ти каде оди целата работа, сега сака да останеш сама и да немаш избор. Баш тоа од кое ти се плашиш. Да не ти е набиен тој страв од него за да не го оставиш?
Мажот ти не е при здрав разум,како така да му пречи што одиш кај брат ти?Не одиш кај туѓинец или некој сосем десетти,кај родениот брат одиш.Да не треба дома да му седиш 24/7 како во 10 век.Разведи се да си живееш убав живот без овој идиот.Нема од што да се плашиш,вака си го уништуваш животот за човек кој не вреди.
А да видеше дека сме 2023 година, дека луѓе пол менуваат, што не прават ти за развод се плашиш? Аман бе жено. Кој ти кажал после развод завршува живот?
Пре ќе бидам разведената одколку глупата што останала со ајван. Остај ти околина, не го живеат они твојот живот. Прави онака како што мислиш, животот е прекраток да го живееш за туѓи мераци
Ако друг ти прај на куро распоред шо би рекол јас, не стигнуваш далеку, оти секој знај за секого да кажи, а најмалку за себе. Гледај си како мислиш дека е добро така постапи, а во мои очи човеков како што го опиша и за нерационална работа лутење што одиш кај брат ти, ми е скроз глупо... па што останува за друго нешто.