Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. _baby_girl_

    _baby_girl_ Активен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2020
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Како и секој брак и ние имавме некој ситни проблеми. Се се смени после смртта на татко му, стана поразличен. за услови имам тука се плус и мајка ми што ми е во полза.Од дома имам Поддршка што и да одлучам Макар да советите се да се разделиме …
     
    На Mateica и Ceci16 им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.960
    Допаѓања:
    179.639
    Тоа поразличен, може и жалење да се вика. Смрт на родител не е мала работа, секогаш боли и е страшен стрес фактор. Ти, ете, ако разбрав добро, имаш мајка/родители блиску, тој нема. Жалење, шок, депресија, грижа на совест...свашта бива.
    Разбирам зошто ни под разно не би одела да живееш во мк. Ако ви бил бракот претходно во ред и ако го сакаш, остави му отворена врата. Можеби ќе се премисли и ќе се врати по некое време. Ако тој вели развод, тогаш тоа е тоа, секој по свој пат.
     
    На MarijaMi90, Гладиоли и Angie1432 им се допаѓа ова.
  3. _baby_girl_

    _baby_girl_ Активен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2020
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Јас разбирам жалење и се е во ред
    Ама дали е во ред да речиш ,, мојата фамилија е мртва која фамилија” брат му и татко му се починати. Значи него живото му е уште тие 4ца а не јас и детето.
    Друго купува карта за 1 недела да си оди јас до јуни да останам(а тоа подразбира 5 години живот тука јас сама со дете од 2 години треба да го спакувам да го спремам да го испратам да исчистам стан и ред др работи)
    Од една страна жал за детето да не расти без татко да не се чуствува само.
    Од друга страна каква иднина не очекува….
    Маж ми не живее во реалноста има некој сон кизнај каков
    Сакам да живеам на викендица, ај потоа во стан, ај потоа бизнис да отвориме( кога го прашав каков -било каков )
    Тука треба да останам со мајка ми и татко ми ама пак ќе речам болка ми е детето да го гледам без татко
     
    На marlonbrando69, Гладиоли и Gosh им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.307
    Пол:
    Женски
    Знаеш која болка ќе ти биде кога ќе со дојдете овде и ќе те удри реалноста, тој во депресија ако е ништо нема да сака да работи. Седи си жено таму, детето дај го во градинка ако не оди, најди си работа ако не работиш, имаш ете свои таму, не се враќај по него. Човек што сам купува карта без ра те советува, без да поразговарате, ипак сте семејство а тој за себе само гледа. Не може тоа така.
     
    На tessie, Cherry333, Гладиоли и 8 други им се допаѓа ова.
  5. _baby_girl_

    _baby_girl_ Активен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2020
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски

    Детето оди во градинка
    Јас имам работа
    Тоа е во ред само ме знам како детето ќе се навикни на таков живот е тоа ми е голем проблем
    Јас ја знаам реалноста ама маж ми не . Тој е се уште од време на време на антидепресиви
    Свекврата исто така
    Јас до некаде разбирам и болка и се ама не разбирам себичност
    Заради јас што сум сакала сме биле тука а тој не сакал. А тукс се запознавме така да јас ништо со сила не му направив. Него живото пред мене му бил Македонија - Германија Македонија - Украина и тн тн
     
    На Гладиоли му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.307
    Пол:
    Женски
    А како ќе му биде на детето здравје кога ќе се кара он цело време во Македонија, ќе урла, не знае да се соочи со реалноста. Замисли си го животот во Македонија кога ќе дојдете, ти сама со дете, а он во депресија ќе се затвори во себе. Јас ова не би го направила никако.
     
    На Bezimenka90, Nana1156, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. _baby_girl_

    _baby_girl_ Активен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2020
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски

    Тука дамо не му било погодено имал потреба да си оди ДОМА и да биди среќен
     
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.285
    Допаѓања:
    113.770
    Пол:
    Женски
    Е па нека оди. Детето е 2 години, не разбира уште, тато отиде на работа нешто и готово. Имаш сите услови за живот таму. Убаво ти велат. Остави го нека дојде овде, месц, два, три, четири .. нека се свести кај е, нека види како ќе му фалите ти е малото. А ако и покрај одвоеноста не му фалите, после година дена разделеност судот одма ќе те разведе. Оди еден чекор по чекор, ден за ден . Не планирај леле како ќе биде на детето без татко, леле вака леле така. Утре не знаеме што не чека. Нека си оди дома. Нека расчисти со болката нека види нека се среди и ќе видите.
     
    На tessie, Oneo, marlonbrando69 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.350
    Допаѓања:
    26.223
    Пол:
    Женски
    Значи човекот со тебе и со синот не е среќен. Што е битно каде сте, ако сте заедно и среќни? Остави го нека се врати и нека размисли со ладна глава што планира понатаму во животот да прави. Дете секако ќе се навикне и со него и без него.
     
    На elimkd, Гладиоли, Bezimenka90 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. _baby_girl_

    _baby_girl_ Активен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2020
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Уште едно што не ми е јасно е
    Детето и јас имаме документи на 2 години тука
    Нејзиниот пасош истекува точно за 1 и половина
    Дали потоа треба согласност за пасош кога ќе бидиме разведени. ?
     
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.285
    Допаѓања:
    113.770
    Пол:
    Женски
    Размислуваш за време кое уште не е дојдено. Кога ќе дојде со адвокатот се ќе расчистиш. Ама ти изгледа си решена да се разведеш одамна и ова што сака да си оди ти дојде како кец на десетка. За сите прашања си има адвокати, институции прашај си ќе ти кажат.
     
    Последна измена: 13 мај 2023
  12. _baby_girl_

    _baby_girl_ Активен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2020
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски

    Јас не сум решена да се разведам воопшто јас само сакам подобра слика ако го одберам едното што следува или ако го одберам другото што следува. и толку ми е измешано во мозоко што не знам кое да го одберам дали да се вратам Македонија и зачувам брак или да останам тука и да се разведам
     
    На Nana1156 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.285
    Допаѓања:
    113.770
    Пол:
    Женски
    Времето ќе ти каже. Остави го да оди. Нема упаство каков ќе ни биде животот утре. Нема правила дека вака или онака ќе биде. Ти кажав, остави го нека дојде во МК. После ќе видиш.
     
    На neno0o, Biljarkata и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.619
    Како бе ја советувате жената да го пушти мажот да оди, а она да седи со бебе и да го чека ко ќурка?

    Тој си одлучил без неа, очигледно не му е гајле за неа, за детето уште помалце. Кој остава дете оти така му прднало преку ноќ?
    Имал психички проблеми, ја мајката. Ко само он да има, ко само на него некој да му починал?
    Вас коа ви починал родител, сте си ги спобрале парталите преку ноќ, сте остаиле и муж и деца, и удри на весеље?
    Па уште ако сакала, да дојдела, ако не, не.
    Па тој моли бога да не дојде она, му се погодиле коцките.

    И со овој муж, семејство ќе си играш? Шо нема три чисти у глаата?
    Па уште и советиве, остај го, ќе оди, може и ќе те вара, за детето око не му трепнува, па може од коа ќе види дека нема да најде будала шо ќе го чека од коа ја напуштил со бебе у туѓина, ќе се врати.

    И жена ова да напраеше, одма тука pick me ќе изигрававте, него оти е муж, па уште и ќе го жалиме.
    Па уште и рекол ја неам фамилија, мртва ми е.
    Па шо кур си се женел, си раѓал деца?
    Срамота

    Ако не си трол, стварно не знам после вакви зборови и себични постапки, уште и се двоумиш шо да праиш?
    Глеј си детето и чао пријатно.
    Разведи се.
     
    Последна измена: 13 мај 2023
    На elena.mak, m.i.g, Cherry333 и 16 други им се допаѓа ова.
  15. _baby_girl_

    _baby_girl_ Активен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2020
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски


    Далеку од Трол

    Сите различно мислење и совети ми даваат
    Ај ќе се смени кога ќе си појди Македонија дојди си со него гледај детето да не ти биди без татко

    други оставај го што сака нека прави

    Јас каша сум искрено на двете сум знам и мене ми е тешко после сите тие работи ама незнам колку сум спремна на таков чекор …
     
    На Гладиоли му/ѝ се допаѓа ова.
  16. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    9.932
    Пол:
    Женски
    Што толку гледаш лошо на тоа што детето ке ти расте без татко? И јас сум растена без истиот па здрава и права сум фала богу. Што требаше, мајка ми со тој таков каков што е да остане само за јас да не останам без татко?
    Немој жити се.
    Он ако е татко ке гледа за вас двајца а не да му е сеедно дали ке дојдеш со него или не. Он веќе си донел одлука, донеси ја и ти.
    Чим он не мисли за детето ти па најмалку треба да мислиш за него како татко јер и да остане он ваков каков што е нема да биде родител од пример за тоа дете.
     
    На mssuniquee, winnie02, Oneo и 12 други им се допаѓа ова.
  17. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.933
    Допаѓања:
    4.823
    Пол:
    Женски
    Многу често болните од психички болести имаат карактерна особина себичност. Не размислува за никој друг сано за себе. Рекол неговата фамилија била мртва, значи не ве вбројува тебе и детето во фамилија? Го праша тоа? Па јас никогаш не би се вратила по некој прво психички нестабилен, второ што не ме смета за фамилија мене и неговото дете. Може ќе си отидеш со него и после да следува уште поголем пекол, тоа подобро ќе е за детето? Да ве гледа секој ден како се карате и расправате како таткото е несреќен а покрај тоа и сите околу него? Или подобро ќе е да ,,расте без татко'' ама среќно со мајка му? Таткото ако сака може да доаѓа и да го зема или да го гледа или здравје ког аќе порасне детето и летно време да поседи со татко му ако има можности. Може преку камера да се гледаат. За се има решение. Те молам не дозволувај да ве повлече и вас во неговата дупка.
     
    На Гладиоли, Nana1156, sonuvana и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Akapulka

    Akapulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2022
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    2.352
    Тоа што ти не си спремна на таков чекор само тоа тебе ти е кочница, значи самата на себе си кочница.
    За различните совети што ги добиваш тоа е сосем во ред бидејќи доаѓаат од различни луѓе, со различни карактери и гледишта и советите се различни ама воглавно се делат на две поголеми групи, оди со него или остави го да оди сам.

    Ајде првата опција, одиш со него и детето, ако се влоши тука ситуацијата имаш ли каде да заминеш, имаш ли некои свои, имаш ли поголема заштеда со тебе? За детето си размислила кој би ти се нашол, не ми се верува дека одма ќе успееш да го запишеш во градинка. Ќе ти треба жена да го чува ако евентуално ти тука се вработиш, бидејќи ако немаш некоја голема сума заштедени пари, тие се трошат и кога тогаш ќе мораш да се вработиш за да заработуваш и за детето ќе треба да плаќаш жена да го чува.
    Размисли за се ова дали можеш да си го дозволиш.

    Другата опција тој заминува, ти остануваш, таму работиш веќе си имаш плата и независност, твоите се таму ако ти треба помош за детето иако си пишала оди во градинка и сте си убаво прилагодени. Значи остануваш таму и животот си тече како што си течел.

    Веројатно ако тој не се врати во рок од 1 год. имаш право да поднесеш барање до судот да ве разведе или ако не поднесеш ќе имате брак на далечина што според мене е се освен брак. Ама има случаи каде заради работа мажот со години не живее со фамилијата и си сметаат дека си се во брак, значи тоа самите учесници во него си одлучуваат на што се.

    Си пишала психички не бил добар, да ама тоа не му дава за право да ве игнорира и да не ве смета за фамилија па ќе си допуштам да ти пишам нешто и пред смртта на родителот негов не ви штимало, а што и како си знаете вие двајцата најдобро.
     
    На Гладиоли и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  19. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.320
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски

    Најголем подарок за детето ќе ти биде да му подариш здрав раст и развој. Ти си таа што одлучува дали ќе биде со татко, во ВИСТИНСКА смисла на збор или ќе биде без татко, кој по секако не бил пристуен во неговиот живот,а по ова што читам и во твојот не бил.
    На крајот од денот, слушај си ја интуицијата
     
    На Гладиоли и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.960
    Допаѓања:
    179.639
    Маж ти не живее во реалноста, на антидепресиви е. Не знам дали е тоа вистинска терапија за справување со болка од загуба. Во секој случај, не размислува рационално.
    Мајка му, сама е сега? Ако да, тогаш најрационално е да ја земе нејзе кај вас, ама тоа верувам исто не е поволно решение.
    Детето секако ќе мора да се навикне на смена, или без татко или во нова, не баш поволна средина. Не знам колку години има, не му го претставувај како финална состојба, кажи му дека тато ќе оди кај баба на месец, два. Ако е помало, можеби тоа полесно ќе ја преживее промената, отколку ти и идејата-е како ќе расте без татко. Како и многу други
     
    На Гладиоли и *Amethyst* им се допаѓа ова.