Фала ви на сите за мислењата и советите Прво детето е 2 години Второ маж ми ни под точка разно не сака да живее тука му било притисок како мене што ќе ми биди во Македонија. Се вртам во круг Што ако се смени на подобро ако се вратиме Што ако ништо не се смени Јас губам прво јас размислив за тука Работа ќе ја наречам одлична одма под влезот каде што живеам ми е . Газдата ни ги отвори вратите ни даде ОГРОМЕН стан со поглед на море за смешна сума. Ценета на работа дотерана Дете во градинка презадоволно Проблем единствено ако си заминам да се вратам пак на се ова моментално што го имам Состојба ако се вратам Треба да седам во куќата на мајка ми и татко ми за да не седам во 45 метри квадратни стан со свекрва и да спијам во дневна заради тоа што таа ја користи спалната. тука се работи за период септември октомври ж. Да се среди стан има за вложување многу. Да најдам работа најбитно. Работа каде што ќе ме ценат како личност е доволно. Е сега тука ми е кочницата - ако се вратиме што ако се промени маж ми и биди како што беше до пред нова година кога се му одговараше и беше среќен и весел. Едно нешто знам во двете ситуации губам ама треба да решам која би била не толку болна.
Не, и ако се вратите нема да биди среќен и весел. Членовите на фамилијата што починале ништо нема да врати, а тој е сега во потрага по времето што веќе не постои. Можеби ќе ја надмине таа загуба некако, можеби е заминат во неповрат, ама среќен нема да биде. И има мајка, кон која има грижа на совест. Само уште плус, ти ќе бидеш несреќна и дете ќе расте во веројатно полош систем. Значи не си губи време во мерење невозможни ситуации, не видов еден совет за ти да одиш со него, оти не е тоа рационална опција.
Абе не си нарушувај стабилност и мир за нешто што би било ако би било.нека си отиде остави го да оди, види како ќе биде немора веднаш крај на се да се стави ... Стави го мирот и спокојноста на детето пред се.
Da ne me napadnat clenkite no moe mislenje e deka so samoto toa sto on kupil karta samo za nego,ne ve brojuva vo familija,ne go interesira dali ke dojdes ili ne toa e fakt oti uopste ne se ni zamara za vas.... A zosto ti ke ostavis rabota i zivot za AKO... Znaci ako se smeni ke ve pobara AKO ne se smeni nema glas da mu cues poveke...kolku vreme planiras da go cekas toa AKO... Posto ne si Mk,a spomna more mozno e da si Italija,Slovenija,Hrvatska... znaci si teras svoj zivot so detevo... glava napred i ne se zamaraj mnogu za toa STO AKO....Sto ako odis vo Mk i posle 1 nedela se pokaes sto si ostavil se?
Јас не би се вратила. Би го оставила да оди. Па би видела што понатака. Најпрво е да го оставиш да оди, за понатака не можеш да мислиш уште од сега. Предложи му психолог. Информирај се како треба да му помогнеш во ваков случај. Бодри го. Предложи му да се смири и со ладна глава да размисли. Кажи му дека ти си му подршка. Ми изгледа како да нема сила после загубата и само бара место каде што би се чувствувал безбеден и заштитен. Ама затоа постојат психолози.
И јас би му рекла оди, види, ако си посреќен без нас тоа е, ако не ние сме тука. Со тоа ќе му го измериш паметот најубаво.
Со овој став, каде си тргнала? Колку години имаш? Кога ти е животот во таков хаос, ти деца ќе раѓаш? Купи си маче, шетај, иди по кафиња, не, деца ќе раѓа за да не била сама. Извини на дрскоста, ама освести се малку, на сите проблеми, нема потреба и недолжна душа да вовлекуваш за да не те зборат комшиите. Аман.
Мојата мајка секогаш викаше немој да се менуваш за маж, маж е тоа, ќе излаже. И во право беше. Немој ни случајно да си се вратила со детето, не дај боже ќе се скарате таму, нема ни да можеш назади со детето, нема да му даде да помине границата. Седи си таму кај што си, си имаш фамилија, дете... шо ќе ти фали? Јас познавам многу луѓе што биле израснати без татко и да ти кажам се мнооогу посреќни личности од тие што биле раснети со татко( во фамилија кај шо имало некаков проблем) .
Биди сигурна дека ова апсолутно нема да се случи. Извини вака, ама ти да си ми родител и да дознаам дека од таков убав живот во странство си ме унаказила со живот во Македонија никогаш нема да ти простам. Ептен татко ќе изгубело, шо да ти кажам. Ебате родителот шо за својот газ само гледа, кур го боли за детето.
Друштво здраво Ве молам доколку некој има образец тужба со предлог за спогодбен развод на брак да ми испрати,сакам сама да го составам да избегнам адвокатски трошоци. Ве поздравувам сите,бидете ми добри
И после сите коментари Се уште сум во дилема Срце или разум …. Повлечена од емоции да се Вратам Повлечена од разум да останам
Не мора,веќе ја имам поминато процедурава. Тужбата со предлог за спогодбен развод и спогодбата за старателство сама ја пишував,сама поднесов се разведовме без адвокат платив само 1800 ден судска такса ×2 и за тужениот за побрзо да завршам работа. Тоа беше вкупниот единствен трошок. Сега ми треба пак,овој пат за другарка но по добивање на пресудата ги фрлив тие документи и си ја чувам пресудата. Мислев ако има некој готов промерок образец бланко да ми прати,би ми спасиле време..
Те читав од почеток и ќе пишував исто како џокерче. Кога веќе не му е проблем детето и тоа шо го остава сам он тебе ич не треба да ти е проблем да си оди. Емоции се знам и и него го мачат емоции ,не знам кој спомна погоре дека бара изгубени времиња мт и сметам дека кога ќе сфати дека ги нема ќе побара да ти се врати сепак на твое место и би размислила дали и тоа ќе го дозволам али ај отом потом. Моментално на твое место би го пуштила да оди да види сам како што а после договор спрема одлуката. Никогаш не би се вратила особено ако не прави проблеми околу старателство.
Разум срце, разуммм. Он нека си мисли шо изгубил а шо добил од како се вратил у Мк а те оставил тебе и детето. А може и само намерно те уценува зашто знае дека би го направила тоа за него или не? Едноставно сака да си истера на негово.. Пушти го нека оди сам
Секогаш пред се биди разумна. Кога тој станал неразумен и ти да потегнеш кон неразумност, кутро дете кој ќе го згрижи и гледа разумно.
Остави го нека оди. Мислам дека му е потребно некое време да биде со неговата мајка затоа што чувствува страв дека и неа ќе ја изгуби. Не донесувај веднаш одлука. Јас сум сигурна дека ќе се врати и дека ова е само привремено. Кажи му дека го разбираш и дека ќе разговарате на истата тема по некое време. Дека сега двајцата не размислувате трезвено. Па ќе видите што ќе ви донесе времето.
Најдобро е да останеш таму каде што си во странство со детето бидејќи ги имаш сите услови и подобра иднина за детето.Распрашај се што можеш да добиеш како самохрана мајка.Он бира Мк и мајка му ти избери го странство за доброто твое и на детето.Сите ние знаеме дека еден ден ќе си ѓи изгубиме родителите некој порано, некој подоцна.Нормално е дека ќе се тагува, ќе наидуваат спомени.Но ова он што го прави не е нормално вие сте му семејство он има спрема вас одговорност како така одма да си заминува а вас кој ве шиша.Па ти ќе си му поддршка најголема во овие тешки моменти треба да знае дека со тебе дели се дека и ќе го сослушаш.Мене ми личи он како скроз да сака да избега од вас.Немој да одиш по него, со него.Мисли ти на себе и на детето и кога ќе оди ич не го барај тој сам си решил и избрал што сака.Кога ќе го бара детето на телефон само кажи извини ама ти си тој што нас не напушти.Не ти требаме ние ќе се снајдеме сами.Ич не ти треба ако ќе сака да се врати.Како не мубе жал за вас не го гризе совест.Ајде веќе и овие некои мажи се понашаат само како спермодарители, а маж и родител како да не е.