Znacit sega jas sum vo slicna situacija zakonski sme vo brak seushte i dali taa mojt da mi zabranit da si go gledam deteto?
Ако спогодбено и нормално се договорите како ќе го гледаш детето супер,ако не,е многу лошо,мора да се разведете и тогаш се носи одлука чиво ќе биде старателството и колку законски ти следи гледање на детето.А не сфаќам зошто не се разведувате кога веќе не сте заедно,само се комплицираат работите.
Ме интересира-се разделивме со сопругот поради неговите проблеми со алкохолот, а понекогаш и со недозволени супстанци за кои не знам точно колку често ги употребува... Е сега, бара да го гледа детето. Му дозволувам, но во мое присуство. Почна да се буни зошто не може да го земе на неколку часа сам. Планирам да пријавам во ЦСР за да му додели видување и планирам да го истакнам проблемот со алкохолот и дрогата. Што мислите-како би постапил центарот на ваква пријава? Потребни ли се докази или може да нареди да му прават испитувања? Дали може да му доделат да го гледа во просториите на центарот или под надзор? Детето има 5 години. Што со бабите и дедовците, тетки и стриковци-колку тие законски имаат право да влијаат на одлуките на центарот? Дали имотната состојба игра улога?
Мислам дека ќе ти требаат докази дека он има проблем со алкохол и дрога. Или сведоци. Во тој случај може и да доделат да го гледа детето со присуство на социјален работник. А што се однесува до фамилијата, ако се имотни, сите знаеме како идат тие работи кај нас. Обавезно со тебе ако сака да го гледа детето. Во такви не можеш да имаш доверба.
Не да не го гледаат, туку колку би можеле да влијаат на тоа он да го гледа. Во смисла да стојат во негова одбрана. Зошто кога доаѓа до овде работата секој се меша и се прави паметен, а дотогаш нигде ги нема никој.
CSR e bagra. Ne ocekuvaj mnogu. Ima tamo edna tetkica vika “e dobro de, koj denes ne zima opijati” . I toa e sve so treba da znaes za pocetok.
Штом е таква работата најди добар адвокат. По фб во групите имаше една адвокатка сите ја фалеа за разводи прочачкај заборавив на името. Секогаш сум за после развод гледање со двајцата родители, ама штом алкохол и дрога користи и јас би имала страв да го гледа..
Дали некогаш сте се покајале што сте се развеле? После развод следува период на преиспитување на сопствените чувства,емоции,разум и кај мене долго време трае периодот на преиспитување во кој почнувам да сфаќам дека двајцата подеднакво сме придонеле за разводот. Сега нема назад но понекогаш ужасно ми недостига семејниот живот,не сум сигурна дали ми недостига сликата од нас какви бевме или какви можевме да бидеме. Се следиме како мали деца на социјални мрежи и точно знам дека ми праќа скриени "читај измеѓу редови"пораки од типот каење а верувам дека и он се кае но сега на двајцата ни е незгодно помирување,јас размислувам во случај да има comeback како би реагирале семејствата кога би дознале за тоа... Како да го преболам и да продолжам напред? Понекогаш имам емоционални испади знам да заплачам,да не спијам размислувајќи за нас,имаме и дете,имавме коректен развод,сме во комуникација.. Незнам како го замислувам животот понатаму,имам 30 години сите ми велат млада си ќе си најдеш некој,јас неможам да се замислам со друг....
@Wonder93 Зависи како и зошто се завршило/дошло до развод, колку време поминало од разводот ( ако/колку можеш/сакаш елаборирај повеќе околу ова). Потоа, дали сте имале партнери после разводот, дали ова би влијаело евентуално понатаму на односот, дали би преминале преку тоа. Околу соопштување на блиските не знам зошто би реагирале негативно, а и да реагираат што ако?(во случај да сте 100% сигурни и стабилни овој пат во одлуката) Не мора веднаш да обавестувате, може за почеток тајно смирување, чисто колку да видите дали би функционирало и дали е од вистински причини(не само поради осаменост и сл.) и не инволвирате и други (највеќе детето) во тој процес и го збунувате дополнително со развод, па смирување, и во случај ако пак се заврши со разделба. 30години имаш/те, не сте веќе мали деца + и мало дете имате, баш поради ова и нема место за детски игрици. Баш заради ова развод не може да е обична разделба '' од афект'' или незадоволство, и е потребно да си 100%сигурен пред да се одлучиш за тој чекор (исто и за брак и дете/деца иначе), поготово кога има и деца вклучено.
@Wonder93 И јас имам поминато низ истото.Се тоа е нормално.Се преиспитуваш, си викаш дали згрешив плус со мало дете. Но, да ти кажам нешто.Јас баш и поради тоа дете се разведов, зошто не сакав да порасне со родители што се караат, односно да расте во дисфункционален брак.Треба само време да помине и се ќе се заборави со текот на времето, и тагата и болката, и сите дилеми околу тоа дали си постапила добро.Подобро детето да расте посебно со двајца среќни родители, отколку заедно сите несреќни.Се ќе помине, само како што би рекле: Дај му време на времето.
Имам пријателка што по втор пат се омажи со истиот маж. Имаат две деца. И кога се разведоа ги имаа децата. Сега сеуште се во брак, децата им се пораснати.
^Јас познавам неколку што по развод, пак се смирија. Зависи што е причината за развод, и кој колку може да надмине.
Здраво Во процес на развод, бидејќи веќе не се издржува тортурата од сопругот,психичко и физичко малтретирање тој и неговите.Неколку дена е добар а месеци после со тортури кон мене и поголемото дете,манипулатор.Сум му простила многу пати баш дека ќе се прави добар а после пак ќе ме изманипулира.Во последните 2 години дури и ептен ни беа нарушени сите човечки односи,кога збори кога не,веќе неможев да трпам а нити постои љубов повеќе.Јас сум 35 години, после 10 години брак и на крај развод во процедура,јас осекам дека запаѓа во депресија.Постојано плачам,како да го надминав ова? Зарем ваков е животот после брак, со депресија? Кога ќе замислам дека имавме на почеток убаво денови и ми е криво ама тортури те траат години и нема назад , како да излезам од тој психички пекол,како би живеела сама со децата? Милион прашања,а никаков одговор не можам да си донесам. Уствари немам ни време за никаков живот сакам да се посветам на нив, ама како да не осеќам вина и да не плачам по цел ден? Дали има излез ова психичко лудило...
Какви убави денови бе душо моја??? Кога и сама кажуваш шо се не ти праел гадот. Кога ке сватиш каков е? Ко ке те грабне за коса и ке те извади надвор на тераса, па ке те остави да висиш на неа? Знаеш како се живее после пеколен брак? -Соврешено. Е така Заслужуваш некој да те гледа ко капка роса на дланка,а не да си лечи комплекси и трауми на тебе? Јасно? Кај ти се самодовербата и карактерот? Ги заборави во подрум,или пак ги продаде за ситна пара на улица. А бре жено, крени глава нема од шо да се срамиш. Ко ке ја увидиш разликата од претходната состојба до нормалната,се надевам ке се смееш на постов. Се најдобро ти посакувам од срце
Благодарам на одговорот,мојата култура и добрина ме ми дозволувале да бидам како него,не се срамам а богами и повеќе не се плашам, само не знам како би излегла од оваа депресија,што мислам на сто страни со веќе уништена психа. Дај боже да биде како што велиш.<3