Кога ке одиш на пораѓај земи го пасошот со тебе Без пасош неможе да го внесе во мк Ако има шанси земи го и детето со тебе во болница ако дозволуваат Тој ако сака да ти го земе детето ке ти го земе кога ке легнеш да спиеш затоа не си прај филмови породи се па седните како возрасни и договорете се како понатаму
@Eluna доколку развод е неминовен и си сигурна дека го сакаш тоа, треба да пријавиш во финанзамт дека сте разделени за да почне официјално да ви истекува таа година и да смениш класа во 2. Собериси ги документите и имај ги со себе. Пријави во џаб центар исто. Маж ти е обврзан да ве издржува додека ти не работиш, ако замине за мк тие ќе те плаќаат. Исто имаш најразлични семејни осигурителни пакети кои се плаќаат месечно во кои зависи што ќе одбереш имаат и вклучени адвокатски услуги како поприфатлива варијанта. Адвокат ќе ти треба неколку месеци пред истекување на годината, а на овие пакети им треба месец/2/3 за да се активираат значи, информирај се и почни да си планираш. Префрли киндергелт од децата на твоја сметка ако не е, исто можеш и да аплицираш и за социјален стан, иако тоа бавно оди, ти следува по закон па пробај, можеш и со каритас да поразговараш да те упатат што понатаму. Не ми текнува друго во моментов ама генерално најбитно е ако можете двајцата во договор да завршите работа за доброто на сите. Мораш да разговараш со него секако за се што те мачи да не се јадеш во себе, а за свој мир земи си пасоши со тебе. Пријави обавезно во социјално дека се сомневаш дека маж ти може да го изнесе детето надвор од земјата без твоја дозвола, за да бидат на алерт. И да можат да интервенираат понатака ако недај боже дојде до тоа.
Имам пишувано неколку пати тука, ама сеуште не сум се разврла. Со други зборови сеуште трпам тортура, ама ја трпам зошто сакам плански да го изведам ова. Не е правилно знам, ама немам друг излез. Сакам да се селам од државава, чекам пасош, учам јазик моментално, работам, едноставно почнав да си посветувам внимание на себе, него тоа му смета, па ми зборува како јас не сум била посветена на детето и фамилијата, не сум го сакала детето, не сум заработувала доволно и ред други работи. Се носам со сето ова, трпам, трпам мислам ќе пукнам некој ден. Размислувам, ако се разведам сега, а сакам да се селам надвор од мк, за детето нема да ми потпиши документи. И во тоа сум милион посто сигурна, зошто и сам ми има кажано. Постои ли друг начин?
Да прашаш во ЦСР. Ама сепак мислам дека ќе ти бараат негов потпис. Пријателка на маж ми имаше проблеми со бившиот маж. Исти случај како тебе. Таму и рекле - Само со негов потпис. А тој потпис она не го доби.
Се обидувам повеќе време, едноставно не се средува. Не сме веќе на иста фрекфенција, веќе не ни чувствувам ништо за него, едноставно не сакам веќе да градам живот со човек како него. Премногу ми згрешил и повредил, и веројатно тоа влијаело да дојде до ова чувство кај мене. А тој на ова ќе речи: пак ти минатот го гледаш, насочи се на иднината. Иднината со него: "вечер ќе излегувам со друштво" - " и јас ќе идам"; " "кај беше до сега те нема еден саат?" "Ме нема пола саат, и ти кажав дека ќе одам да јадам" " ок не ми требаш, иди си од масава!?" ( човек шо ја брка и навредува жената пред цело друштво, заслужива да има жена?)
По легален пат, за жал не. До 18г детето нема да може да мрдне ако родотелот не потпише. Ама, не му збори ти на маж ти за ова, за да не оде да пријаве дека сакаш да ја напуштиш државата со детето. Ти пробај да поминеш границата, ако имаш среќа ќе си отидете. Гледам дека има многу жени шо пишуваат дека ништо не им барале на границата. Ама тоа е ако сакат побрзо да те поминат. Друг начин, да најдиш два тројца батки да го грабнат и на сила да потпише. Јас така направив со бившиот. Немаше друг спас.
Се читате ли што пишувате? Давате противправни совети и како такви сте учесник во криминални дејствија. Ај, на страна тоа... туку, таткото не заслужува да го гледа детето? Тука револуција ќе креневте доколку некоја мајка се пожалеше дека таткото и го земал детето надвор од државата!!! Ама, за мајката кога се работи, може! М?!
Абе ние не сме тука да му го исправиме на таткото. Ме заболе мене за таткото. Членката праша нешто и и одговприв. Да не беа тие криминални дејствиа шо ги викаш, и мојот син ќе беше доле уште, ќе немаше шо да јаде покрај тоа бизонот. Така му имам дадено шанса да0 биде од него човек. Жими се, во мојот град во Мк , сите се наркомани, коцкари и клошари. И син ми таков ќе станеше ако не постапев вака. Затоа не се нафрлувај одма, членката сигурно има добра причина чим сака тоа да го направи. Татко е татко, ама таткото со кур те прави и со кур те жали.
Никој не спомна дека таткото не смее да го гледа детето. Тежко е знам, ама во ова општество дете не се гледа. А тој како татко наместо да мисли подобро да биде, да има нормални услови и едни е**ни играчки пред зграда, не сака да се мрдни подалеку од мајка му и татко му. Јас за мене не гледам иднина веќе тука, не па за детето.
Решението ти е да си збориш со адвокат, не на форумов. Оти од совети како оние погоре само белја ќе си направиш.
Kakvo resenie baras koga sakas detero da go zemes bez da znae tatkoto. Sekoja postapka ako e bez soglasnost na tatkoto e bespravna i avtomatski povlekuva krivicno delo. Zatoa ne brzaj ako sakas da go zemes deteto mora da najdes nacin da go podgotvis i na tatkoto da go prifati toa polesno...
Значи пресмешни ми сте вие шо не читате коментари. Кај реков САКАМ да го однесам детето без да знае таткото!? Јас со него разговарам за тој проблем, и свесна сум дека наидувам на пречка па барам друго решение. Ако сум сакала ќе сум го земела и ќе сум заминела и немало да барам решенија. Читај па коментирај!
Е со таков памет. Пошо од мое искуство, знам дека нема решение ако таткото не потпише. И мене родител така ми праеше, за инат на другиот родител 18г не бев видела море шо е. После, и бившиот исто се закануваше. Ама јас кога сакам нешто да направам го правам за доброто на децата и нема сила на светот шо ќе ме спрече. Јас и кажав на членката како стојат работите, да знае дека без потпис од таткото нема никаде да оди. Вие не знаете шо е родител ако можам така да го наречам, шо од инат на мајката и своето дете ќе го стави во дупка.