Поднеси си барање за развод и готово. Само ти си знаеш како ти е во душата. Детето си е ваше и ти ќе си му татко засекогаш, за тоа не се плаши. И сам да живееш понатаму не е страшно. Мој совет ти е да направиш се законски по правила и прописи за да немаш проблеми за старателството. Единствено што ќе те посоветувам е да не избрзуваш да имаш одма дете со девојката. Поживејте некоја година заедно за да си сигурен дека таа е жена за тебе (знаеш лесно е да се биде совршен неколку часа во неделата).
Абе убав ти е советот, само што нему не му растат запчиња, а и девојкатаа негова не се подлмадува. Кога треба тие да имаат дете? Тој има 45 а таа 27. Ок таа есеуште млада, ама тој на 50 ли ке прави друго дете, или треба да го зезне и животот на девојката, па таа да се свести на 35 и тогаш да почнува се одново? Ако ја сака и ако е сигурен дека таа е за него, тогаш не гледам причина зошто да ја троши нејзината младост, кога веќе една младост потрошил.
Подобро да се живее сам, отколку во лош брак. Гледам одма сте го осудиле човеков. Тој барал само слугинка дома, трчал по помлади, глумел дека го сака детето и ред други претпоставки. Многу е лесно да се осудат луѓето на форумов, а многу потешко да се разберат и да се даде некој реален совет. И покрај тоа што човекот си побарал совет а не да му редите 300 епитети. Таа друга во неговиот живот (без оглед на возраста. На нив ако не им смета што ви е гајле на вас?) е логично продолжение од лошиот брак во кој живее. Немора да е крив едниот или другиот за таа ситуација. Едноставно нема хемија, разбирање,страст, се зголемува омразата еден кон друг. Сметам дека тоа не е атмосфера во која едно дете треба да расне. Децата осеќаат кога нешто не е во ред и сето тоа се одразува на нивниот развој.
А што толку сите за возраста се фатија ?? како да девојката е Бог да чува неспособна !? Еве да Ви кажам и јас сум огромна разлика па прекрасно е За добар брак потебни се други работи , баталете кој колку години има...мислиш тие од 50 години се зрели и паметни а тие од 25 никакви....
Мислам дека нема потреба да се малтретираат и двајцата во брак. Жената ако не сака да спие со него, ако не сака да биде домаќинка зошто не го пушти на слобода и да се разведат како цивилизирани луѓе. Ете после толку години празен брак, цела година без да легнат заедно јас не го обвинувам што нашол друга.
Јас не го сваќам моментов некој да не те пушти да се разведеш, ти со години да си принуден да живееш мизерен живот под исти кров и да делиш исти кревет со него??? Што е тоа што те спречува да ги спакуваш куферите а не те спречува да водиш двоен живот и истовремено детето да е сведок на сите теаатри дома?
Развод може да се влече и со години, но прекинувањето на нехармоничен заеднички живот во кој сите патат се решава во моментот кога самиот со себе си заклучил дека тука нема за што да се бориш. И да, зборувам од сопствено искуство.
Epa sekoj so svoeto..jeb ne se site isti Ete jas nebev dovolno jaka za odma da go prekinam brakot pa si trpev celi 12 god
Види точно е тоа што го кажуваш ама за доброто на сите е да биде сигурен дека со неа може да гради семејство пред да се одлучи да има. Значи од почит за ќерка му прво, да му се дозволи на детето да се навикне на новата ситуација а потоа и за нив двајцата. Навистина не е исто кога со некого се гледаш одвреме навреме и кога живееш под ист покрив. Муабетот ми беше затоа што познавам таков случај каде што од толку среќа и возбуда се одлучија на голем чекор (пребрзо) и кога видоа дека не е се така розево се најдоа во нова зезната ситуација. И реков некоја година (една или две) а не 8 како што предлагаш ти.
Феминки и мене ми треба помош во врска со развод исто ми треба мислење од адвокат социјален работник и мвр. У пм кажете дали има некоја таква тема или кажете како се прави тема само за одредени личности. Се работи за моја многу многу драга особа
Фала мила ама овде е само за поопшти прашања, а нејзината ситуција е многу коплицирана. Дајте неккоој од админиве нека отвори таква посебна тема, само за одредени членови, зошто ова пара поопширно раскажување за да се разбере.
Ај ке пробам накратко да објаснам. Запрепастена сум од ситуацијава и неможам да се начудам како некои парови имаат толкави проблеми а во јавност мислиш дека се е совршено. Уствари ај нека ми остават ЛП феминки кои се инфорирани повеке за развод, за семејно насилство. Мора да помогнеме. Само ова да прашам, длаи има адвокати кои работат на одредени случаи безплатно?
ne slucajno se najdov vo ovaa tema! momentalno sum vo naj strasnata rabota koja mi se slucuva vo zivoto razvod nemozam da se pomiram so toa kako da prebrodam se
Ете така ке се исушиш или обратно, психички ќе попуштиш, ама после тоа раат ќе чиниш. Само храбро ќе помине ич не е лесно.
Според мене подобро е убав развод од лош брак. Мани ги сцените што некогаш знаат да ги демонстрираат брачните другари и колкав стрес е тоа за сами нив, а децата? Греота е на мало дете кое за ништо не е виновно да му се приредуваат сцени кои може да му направат стрес, а недајбоже и трауми да си здобие. Трпението и толеранцијата се зборови кои некогаш ги подзабораваат партнерите, ама нивно си е. Не ги осудувам, далеку од тоа. Јас сум дете на разведени родители. И да ми фали татковската љубов, многу дури и премногу во одредени ситуации. Но себична би била доколку ги осудам за разводот. Зошто? Епа што ќе ми се двајцата заедно ако се постојано намрштени, негативни и пред се несреќни! И во никој случај не сметам дека треба својот живот да го жртвуваат заради детето, детето ќе порасне и со тек на време колку и да ги обвинува ќе раскрсти и ќе се обиде да ги разбере и сака подеднакво. Ден денес сум благодарна што мајка ми никогаш не ми ја полнела главата со муабети: "Татко ти е ваков таков онаков" или пак да го ограничи дека ќе ме гледа еднаш неделно. Зошто бе преку детето да се одмаздува за работите кои биле меѓу нив?! И дали воопшто некој од таквите родители се подзамислил како е во кожа на малото, меѓу два огна а неможе да ги одвои, зошто во длабоко него има љубов и за двајцата.
Moze li da ve zamolam da mi objasnite kako zapocnuva procedurata za razvod? Kaj treba da se odi, kade se podnesuva, i sekako kolku cini?