Зошто одма велиш инает?! Нели детето има право да биде со двајцата родители?! И тоа е побитно од било каква замислена подобра идинина. Тврдам за ова со сигурност. Ако таткото е посветен родител (под претпоставка дека мајката е таква, пошо тука мајката никогаш не се става под лупа) не гледам причина зошто детето да се оддели од негова близина?! За подобра иднина?! Кој одлучува за тоа?! И кој со сигурност може да каже дека иднината во странство без татко би била подобра отколку да остане тука со мајката и присутен татко.
Хахах ама зошто не читаш претходни коментари? Па јас сама му кажувам и сум најотворена со него. Ама ако сакаш ќе ти пуштам бројче негово, јави му се кажи му и ти
Ама ти си ептен контрадикторна. Еднаш викаш не го киднапирам детево, друг пат викаш да го земам во странство, па да се разведам. Тоа не е киднапирање?
Ajde zemi vozduh i odluci se dali sakas da se razvedes, da si odis so deteto ili da go spakuvas i maz ti so vas i da si zvieete srekno, pa pisi ni pak za nekoj mesec
Ај земи ти размисли малку подлабоко и влези ми во глава, па ќе сфатиш дека, ако сме на страна од тука јас ќе сум среќна, а маж ми ќе биди среќен шо е блиску до детето, а не мора да сме заедно. Толку просто и едноставно, ама многу сложено за да сфатиш ти
Има решение! 1. Развод 2. Судот да го довери на вас детето 3. Поднесувате барање до Центарот за социјална работа да донесат решение да го изнесете детето надвор од граница, истото решение го покажувате на граница Алтернативен начин е да се одземе родителското право на таткото, но да напоменам судот ќе го одземе родителското право на таткото ако е насилник ако физички ве нападнал, ако е зависник, или коцкар (за сето ова треба да имате докази, пријави и записници во/од полиција, аудио-видео докази, сликиб- скриншот, итн.) ова е радикален начин затоа што ако му бидат одземени родителските права исто како да не е тој татко на детето додека трае одземените родителски права. Моментално детето не го изнесувајте своеволно надвор од Македонија, затоа што на граница нема да ви направат проблем, но тој ако пријави во ОЈО или полиција дека без негово знаење и согласност, а уште сте во брак сте го изнеле детето надвор од Македонија тогаш ОЈО ќе ве гонат кривично за киднапирање, и ќе си направите проблеми, тие веднаш распишуваат меѓународна потерница, таков е законот, затоа прво развод, на вас да ви биде доверено детето и на крај ЦСР да донесе решение со кое дозволува вие да го изнесете детето.
Женски, за дете се потребни двајца, децата колку што се ваши толку се и на таткото. Како ќе ви биде некој(читај таткото) вас ова да ви го на/прави? За браков не знам каков е. Ама доколку е добар татко и има овде добри услови за живот тогаш за детето е најдобро да е поблиску до таткото, не да го гледа на камера само цел живот, зошто мамичка сака да живее во странство наводно за среќата на детото, ама и она ќе е среќна успат, детето нигде не е спомнато дали и колку ќе биде среќно уствари nevermind. А се прашува ли татково тука нешто, дали сака да живее во странство, за мама да биде среќна?
Не знам кој ти е проблемот тебе, на ништо што си цитирала не можам крај да му најдам. Знам мајки физички и психички болни, мајки што не сакаат старателство над дете, и знам мајки што работат од јутра до сутра да им обезбедат се што е потребно за живот на деца, дури некој си го прчи и дава отказ за да не плаќа алиментација. Ништо од тоа нема врска со конкретниов муабет, затоа зборувам општо и коментирам нешто што има смисла. Не коментирај оф топик. Велам инает @An-na , затоа што кога ќе помине првичниот шок од развод, само од инает не би дозволил таа мајка да го живее животот на најдобар можен начин. Ако нејзе и е негде тешко да живее, финансиски, физички има повеќе поддршка за со мало дете на друго место, зошто да не им го овозможи тоа? Или, зошто некој би одвоил дете од мајка, освен од инает (рековме, ако е мајката минимум нормална). Како оној што го земал детето заложник, пошто не го пуштале да го изнесе детето од Германија, во Франкфурт пред некој ден. Членката од 2020 има пишувано, брак со психичко и физичко насилство, ама ај сега да тумачиме кој како праел деца, кој какви услови ќе обезбедел, па и он бил родител и слични срцепаралелни приказни. Кога си стигнала до оваа ментална фаза, @Корнелија развод прво. И прави како што ти даде совет Форца погоре.
Настрана овој случај, ама можда и затоа што е мош мислит татко на детето? Да не се правиме луди дека не постојат и обратни ситуации, во кој мајката сака да го одвои од инат, и за своја и само своја лична добробит. Повторно настрана овој случај, затоа што повторно детето го направила и дели со друга личност/таткото. И овие одлуки можда требале да бидаат разматрани пред да се прави детето. А не да става едниот родител на свршен чин по доаѓањето на детето/ и разводот. Доколку имало насилство во бракот тогаш тоа е друга ситуација. Во тој случај може да направи ко што и беше пишано погоре. Но она пак сака да иде и он со нив во Странција? И она сака прво да замине па потоа да се разведе, зошто?
Иначе, баш пред некој ден имаше пишано членка дека сумња дека маж и сака да и го направи истото, а она пред пораѓај, да го пренесе на граница другото дете и донесе од Странција во Македонија. Се надевам дека се е во ред и мирен пораѓај ти посакувам.
Не сакам да го попречувам неговото право врз детето, иако имам докази за се погоре напишано,и можам во секунда да ми го одземам старателството. Прво детето ќе ми пати, второ на крајот од денот не сум лош човек, сепак има кој да го казни него. Не сакам и не гледам иднина тука, затоа сакам да се селам, сум издржала толку ќе издржам уште некоја година, да заминиме па таму ќе го терам цел процес развод. На крај тој нека си одлучу дали ќе остани горе или ќе се врати тука.
Настрана овој случај, немам толку време да коментирам случаи настрана. А некои ситуации не се предвидливи пред да се напраи детето, што значи-да не праиме деца пошто све може да се деси? До утре можам да пишувам кој како мислел и како испаднало, ама немам толку време, ко што рековме.
Не ни треба да имаш, само беше спомнато како реален пример од оваа (поопширна) дискусија. Ај, чекаме да дојде членка и јавно да го изнесе и пише вака како што е, на форум Фемина ова, некогаш, можда, а не онака како нејзината страна ќе добие највеќе симпатии(пак не мислам на тебе @Корнелија). И ќе си почекаме можда. А за другата страна, тоа на Кајгана евентуално можда...
@Корнелија Ако го земеш детето и изнесеш на граница ке одговараш за киднапирање Со меѓународна потерница ке те најдат кај си и ке те викнат на разговор Ама ако имаш фамилија на страна и заминеш со детето таму ке одиш право во тамошната полиција и ке пријавиш дека си жртва на семејно насилство и дека си гледала жива глава да спасиш и си избегала кај твоите Така нема да те гонат за киднапирање Ова е од случај во блиска фамиоија го имав Друга опција развод па да се молите за потпис и треба опција е да заминете сите фамилијарномпа таму да се разведите
Сепак ова последново ќе биде. За да е безболно за сите, а во меѓувреме мене Господ нека ми е на помош да издржам. П.С. кога пишав "да заминеме" мислев на сите тројца, не ми паѓа на памет да го трауматизирам пред се детето а и јас да напраам нешто противзаконски