Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.609
    Допаѓања:
    35.119
    Пол:
    Женски
    Чекај сега... пак не се разбираме. Само мајката ли треба да биде со тоа дете? На детето не му требаат ли двајца родители? Како е инает ако таткото сака да поминува време со детето и да биде присутен во неговиот живот? Еве, не разбирам?!
    Сте се фатиле за тоа, странство, па странство. Демек ако отидат во странство поубав ќе му биде животот. Можеби, финансиски, ама никој од вас не ја гледа другата страна т.е недостатокот на таткото во секојдневниот живот. Ај, да ги ставиме на вага двете нешта и да видиме кое ќе надтежи?
    Таткото може да биде никаков сопруг, а прекрасен родител. Не гледам никаква поврзаност со нивниот брак и родителството т.е кој има право да биде родител, а кој е „себичен„ и „инаетчија„
     
    На Cka и Bratot им се допаѓа ова.
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.058
    Пол:
    Женски
    Чим ја удрил пред детето тешко дека е прекрасен родител.
     
    На јolene, LiquidLuna, H.VAGA и 6 други им се допаѓа ова.
  3. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.466
    Допаѓања:
    5.475
    Пол:
    Женски
    @Корнелија сега прочитав што си пишала претходно зошто не ми се совпаѓаше ова што го пишуваш, па ми текна дека и тогаш не ми се совпаѓаше.

    Викаш дека детето овде нема добри услови за живеење, ни за играчки, а овде горе цел имот и средства испиша.
    Имаш имот/живеалиште овде на твое име, и можност за примања да го издаваш другиот стан.
    И би имала ваљда и по разводот ако се подели спогодбено/подеднакво.

    Зошто детето не би ти било доделено тебе?
    Па имотите биле купени во градба, без имотен лист.
    Па имотите ваљда на детето ќе бидат препишани? :^)
    Па во Скопје(друг град) ќе идеш и бараш работа.
    Па не биле имотите важни, во странство ќе идеш.
    После викаш те малтретирал, немаш докази, па имаш, ама не сакаш да изнесеш.
    Па не киднапираш дете, не бе хаха шо ви е, ќе го носиш во странство само и исклучиво за негово добро, па, цитирам "да речеме дојде и он некако со нас",
    па мислеше на сите тројца, недоразбирање, па можда он ќе дојде ако сте заедно во брак, па таму се разведете, не овде.
    Упорно повторуваш он НЕ сака во странство да иде, како планираш тоа да го изведеш?
    И доаѓаме на крај до ова(последен цитат/болд). Зопшто би ја плаќала судијката во странство(?) ако е се легално и сакаш така да се заврши?
    Дали можда нешто пропушташ ?
     
    Последна измена: 7 ноември 2023
    На An-na, SummerGirl и Adidas888 им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.951
    Допаѓања:
    179.594
    Кај пишав странство? Реков, кајшто има услови за подобар живот со дете. Знам случај кајшто мајка се врати со детето во матичната држава, од странство. Знам случај, кајшто мајката се врати во матичното село од голем град. Пошто татковците не беа копуци,не правеа опструкции. Едниот дури и купи куќа во селото, за да биде поблиску до детето дури расне. Ама тоа беа луѓе кои знаеле да се договорат.
    А има и копуци, ко што знаеме. Ко ќе влезе во приказната физичко насилство кон партнерка, мене сите илузии за суперлативен родител ми паѓаат во вода. И така.
     
    На *Amethyst* и Корнелија им се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.212
    Допаѓања:
    125.493
    Пол:
    Женски
    И да има насилство во бракот, она не треба да прави криви потези со кои само на себе ќе си наштети.
    Единствено паметно ќе ѝ биде да го послуша советот на Forca.
     
    На Корнелија и SummerGirl им се допаѓа ова.
  6. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.466
    Допаѓања:
    5.475
    Пол:
    Женски
    Цитираш како не, женска. :D

     
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.951
    Допаѓања:
    179.594
    Или јас нешто пропуштам, што толку и се сипа, или ти нешто пропушташ.
    За судијката во мк збори. Така појасно е?
     
    На LiquidLuna, joy1, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  8. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.466
    Допаѓања:
    5.475
    Пол:
    Женски
    Пропушташ, ама тоа си е твое, ама и мене ова ми промакнало, фала на дообјаснување.
    Како и да е другиве црвени знаменца си стојат сеуште неразрешени и неодговорени.
     
  9. Eluna

    Eluna Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2019
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    407
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам. Во Југендамт ми рекоа дека одвоен живот може и на иста адреса ако не спиеме во ист кревет, не јадеме заедно и така натака. Ма нема потреба да ме издржува, јас работев пред да го добијам првото дете и земам пари за породилно и со второто ќе земам. Исто така се оди преку моја сметка, киндергелд, фамилиенгелд. Малку е скапа киријата да ја плаќам сама, ама ќе се стегнам некако и ќе ја истуркам оваа ситуација дур да се вратам на работа. Тој викаше и да замине ќе ни помагал со пари, ќе ни праќал. Јас му предложив дури да потпишам дека не сакам алиментација, нека дава тој колку што мисли како татко и доволно е. Се само да остане во Германија и да им биде татко на децата. Ама него не го интересира тоа, не бега тој ни од алиментација, едноставно не сакал да живее без нас и сам во туѓа земја. Не знам можеби не сум во право дека сака да избега со детето, малку сум емотивна сега пред пороѓај, ама за секој случај ќе го земам пасошот од детето со мене. Јас го прашав зошто не предал документи за породилно, кажа дека фирмата му е скроз неодговорна, затоа ни шефот не бил информиран, други вработени требало да потпишат. Ок, не знам искрено, имаше доста случки кај што шефот му немаше појма од многу работи. Можеби не лаже. Како и да е, мислам малку претерав. Сега за сега живее со нас, дур не најде стан блиску нас, ама да најдеш стан овде и плус така блиску е лотарија. Ама еве се надевам. Првото дете ми тргна во градинка за бебиња, тоа ме поремети скроз, само три сати е таму ама за мене е тоа вечност, ама морам да го чувам местото за после една година и другото дете да го примат пошто тогаш морам на работа визата ми зависи од тоа. А полесно е да добиеш на лото отколку место во градинка. И така се ме си собра, лани ова време се породив и сега пак истиот месец раѓам, само ситуавијата е многу поинаква и жално е, се осеќа самотија, празнина некоја, страв маж ми кога тогаш да замине од тука, децата да растат без татко, сепак далечина е во прашање. Ама како и да е, фала за советот, ќе земам адвокат неколку месеци пред развод и пасошот со мене ете колку во мир да се породам. И ќе пробам само позитивно да размислувам.
     
    На јolene, LiquidLuna, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Eluna

    Eluna Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2019
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    407
    Пол:
    Женски
    Да се е во ред, фала
    :inlove:
     
    На LiquidLuna и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.609
    Допаѓања:
    35.119
    Пол:
    Женски
    Јас коментирам за ова што сега го пишала членката. Не знам што пишувала претходно, ама како што е контрадикторна... којзнае што е вистина.
     
    На INNERBEAUTY и Nena09 им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.951
    Допаѓања:
    179.594
    Мене ништо не ми е неразрешено, процес на зреење на одлука е.
    Никој не се разведува од вчера до денес, со дете, од што му е досадно. Значи има некој ненадминлив проблем, и не и прави дополнителен товар.
     
    На LiquidLuna, *Amethyst*, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Ме простудира скрос, да не почна дипломска да пишуваш за мојава ситуација? Ако да, повели престојувај во нашиот дома, вратата ти е отворена :D

    Кај причита дека детето нема да ми го доделат мене? Ако сум пишала нешто во врска со доделување на дете тоа било ПРАШАЊЕ, разграничи!

    Некои луѓе не си одат ради финансии, си одат ради подобра, посредена и понормална околина и поради луѓе како тебе на пример, шо не знаат да разграничат дека "играчките пред зградата" се само симболично напишани.

    И да, во местото кај што живееме немаме "нормални" услови за дете, како во секое здраво општество. Делењето на имот е најмалку битен во цела оваа ситуација. Веројатно би останале на детето, зошто така е најпаметно!

    Него тука битен е друг момент што во твоето студирање не си го забележала и не знам дали би го поминала испитот :rofl:

    Де појасни што е контрадикторно, да ми се разјасни и мене, оти ете не знам?

    Пропушташ девојко ти, од првиот до последниот пост едно добри 3 години :D

    За 3 дена, а не па за 3 години, се менуваат работите 360 степени, ама кој да го сфати тоа!? ТИ сигурно НЕ!

    Зошто да бидам лош човек и да му наштетам на детето, со самото тоа што ќе го одделам од татко му? За да си направам кеф на душата да го уништам психички детето? Па не сфати од до сега пишаното дека не ми е таа целта, и дека не знам кои се процедурите околу развод и добивање на дете, па затоа тука барам одговор?

    Читаш тоа што сакаш да го прочиташ, зошто така ти е подесен мозокот. Јас би ти препорачала место тука да читаш судбини на "некојси", а воедно не помагаш на никаков начин, времето насочи го на читање некоја книга за тоа како да станиш подобар човек, да си ги тргнеш комплексите од тебе, а со тоа ќе создадиш и подобра средина за живеење за нас вака напатените ^_^

    Не си го губи времето со "рекла казала" :l:
     
    На LiquidLuna, Mrs. right, Spicy Senorita и 3 други им се допаѓа ова.
  14. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.466
    Допаѓања:
    5.475
    Пол:
    Женски
    @Корнелија
    Некои вакви детаљи и контрадикторности продолжуваат да се појавуваат и ствараат сумња. :)
    Иначе, во еден од цитатите го имаше споменато ова
    Затоа само прашав дали има причина што би те натерало да помислиш на ова. Не одговори.
    Дополнителното исто така не го одговори.
    И цитатите се од пред 1година, не 3, ама добро сеа тоа.:)

    Фала ти за советот. :)
    Еве сега еден од мене. Некои вакви детаљи и контрадикторности кои продолжуваат да се појавуваат и ствараат сумња, поготово без докази се многу битни во овакви спорови и има и такви (да, со положении испити и простудирани психологии, закони и се:mm:) задолжени да се погрижат да не дојде до дополнителни недоразбирања, пропусти во детаљи и манипулации, меѓу надлежни во овакви спорови, можда и овде. Да, и во странство исто. :)
    Се најдобро за сите, поготово детето. :)
     
    Последна измена: 8 ноември 2023
  15. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Ми го избришаа коментарот, очигледно, ама ќе ти го пишам пак!

    Девојко, тебе џабе ти се положените испити и простудирањето на психологијата кога како прво не знаеш да разграничиш што е манипулација, второ не знаеш да го најдиш одговорит во врска со детето, а го има во првата реченица од претхидно напишаното и трето ми даваш совет, ама не ми даваш, него пишуваш како луѓето учеле и читале закони!?

    Никој не е должен тебе да ти се објаснува, затоа не ставај вегетка на секоја манџа на форумов. Ако немаш искуство и паметен совет на одредена тема не ја продлабочувај, едниставно прескокни ја, ќе им помогнеш на луѓето и ќе ги поштедиш од твоие нонсенс коментари.

    Е сеа ти нема да се исполниш, ама најди нешто друго што би те направила среќна, само не драмење по форуми. Едноставно е, и многу просто да се сфати дека не помагаш на луѓето со твоите коментари!

    Насочи ја енергијата на другата страна.

    П.С. каков инспектор си ти кога не знаеш дека за 1 минута можам да соберам докази, не па за 1 година?

    П.П.С. ќе имаш покана за мојот развид и бесплатен лет до Странција, мора да се дообразоваш на оваа тема, плус ќе имаш и интернационално искуство ;)

    I mean.... Треба ли некој да остане на форумов и да коментира свашта? :D
     
    Последна измена: 8 ноември 2023
    На Mrs. right, Spicy Senorita и Anyshka им се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.091
    Допаѓања:
    36.248
    Пол:
    Женски
    @Корнелија да пробаш да се договориш со маж ти. За доброто на детето. Ако е разбран не би требало да прави проблем.
     
    На Anyshka, manako1 и Корнелија им се допаѓа ова.
  17. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.466
    Допаѓања:
    5.475
    Пол:
    Женски
    Ама не реков јас нигде за мене.:wasntme:
    Јас само констатирав факт дека имаш надлежни што не паѓаат на вакви манипулации и пропусти(ни овде ни во странство). :wasntme:
    Можеш колку сакаш да продолжиш со вакви простатлуци, дополнително да се силиш, ме напаѓаш и мене и нив, пак нема да ти помогне, само одмогне.
    Со тоа само дополнително си се докопуваш.
    Немој така, продолжуваш да се издаваш. Ти требаше жртва да бидеш ти текнува?:)
    Пиша на форум, па не ти се допаѓа кога наиде на критики.
    Ок, сега и повеќе од очигледно има причина што сакаш да се разведеш во странство, а не овде.
    И дефинитивно се продлабочуваат сумњите дека има некоја подлабока причина што детето не би ти било поинаку доделено тебе овде.
    И не се имотите и немањето работа.
    И не планираш да го однесеш/киднапираш детето во странство без негова дозвола, за он да дојде таму и потпише услов под твои услови, само се распрашуваш хаха. :)
    Евентуално да го намамиш и он да дојде и ти потпише развод во странство, каде (мислиш дека) имаш поголеми шанси да го добиеш статрателството, а со тоа и дополнително уценуваш? :)
    И не сака да се одвојува од детето, и детето од тато, и да иде во странство, ама ќе дојде некако...
    Која дополнителна околност што типот е насилничка бајага и не треба дополнително да го жалиме, за што можда имаш, можда немаш докази(со кои можеш дополнително да го уценуваш) . :)
    И "не мисли за доброто на детето"
    кое овде нема иднина, а ти мислиш, додека, сега навистина цититрам "јас овде за мене не гледам иднина, не па за детето."
    Oh wait...
    И не пробуваш упорно да заобиколуваш одговори и дупки и контрадикторности во исти. :)
     
    Последна измена: 8 ноември 2023
    На Nena09 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nena09

    Nena09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Ostaj, edna vakva pred nekoe vreme sto glumese zrtva na semejno pred CSR padna so prijava i ete ja se maci na psiholosko profiliranje so komisija.
    Ona za najdobro na deteto sve praela, pa sreka i sudiite i poveruvaa pa ja pratija na procenka na psihijatrija
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    После разводот дефинитивно ВИ го праќам ВАС, кај глумите паметни, сигурно можете да глумите и жртви, како на пример еве јас со глумам

    Кое одсуство на чувство за човек го имате и двете, жалам за вас!
     
    На *Amethyst* и Anyshka им се допаѓа ова.
  20. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Како си толку сигурна дека членката манипулира?
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.