Mesto da se zanimavate so toa kako da dobiete dete, kako da si go zacvrstis brakot ti sakas da se razvedes ne mi e jasno.
Јас не знам како некој може да каже немало потреба од развод, се поминува. Еднаш ако те удри, толку е таа. Нема назад, нема да имаш мир и доверба во таа личност, посебно па и доколку го повредил/а детето кога го/ја удрил партнерот.
Уф… многу тешка ситуација. Претпоставувам прашањето ти беше како бебето да не останува на само со мајката. Многу е комплицирано. Мајката скоро секогаш има предност. Ама со писулче од психолог/психијатар дека постои однесување кај мајката кое може да го загрози или стави во опасност бебето, ако се поклопат ѕвездите може да заврши работа некогаш. Малку и ми е чудно што прифатила, тоа може да значи и автогол особено ако не би се откажала своеволно од бебето. Ако не се грижи и го запоставува дали можеби и своеволно би прифатила да остане кај таткото? Ако било кој од двајцата оди со аргумент за семејно насилство, другиот може да го искористи истиот оти веќе постои од двете страни и во функционален систем во ваков случај бебето би им било одземено од службите и на двајцата. Ако ја претставиме ситуацијата на едната страна со грижлив татко, а на другата страна незаинтересирана мајка, за доброто на бебето најдобро би било со заеднички договор да тера таа по психолози. Па да се решава ситуацијата чекор по чекор ако е возможно и многу промислено. Оти во оваа ситуација секој избрзан и непромислен потег ќе оди најмногу на штета на бебето.
Јас често кажувам... Тој што еднаш удрил, ќе удри пак. Знам и за агресивно однесување уште во врска. Е тогаш треба да се отвараат очи. Оти после касно е. Имам позната која трпеше агресија во врска. Тоа продолжи и во брак и на крај се разведе. Знаеш кога? Кога сфати дека животот и виси на конец.
Би ти рекла- не сте им во кожа и не може да бидете непристрасни. Остави да си решат што имаат за решавање сами. Можеби е стварно лудача, можеби само тој и го тригерира лудилото. Го пишувам ова, пошто сум сведочела на слична ситуација (без детали за насилство, ама со секакви грди квалификации и емоции)... и години подоцна, таа е пак премногу нешто, таа е пак крива за нешто, ама детето е сакано. За грев за детето, кога двајца возрасни не можат да се разберат и однесуваат како возрасни... само нека се разделат побрзо, за помалку трауми да има, оти и траумите кои нема да ги памти, оставаат траги.
Најмногу сакам да не дознаев ништо, многу ми е тешко за бебето. И бегав од нив додека беа сами ама сега се плашам искрено како ќе заврши. Сите сме за развод, имаат целосна поддршка од сите да се разведат ама нели, не е наше да кажеме и одлучиме. Проблемот е што сега се играат игри, таа не го сака бебето ама не го дава пошо така ќе проба да добие што сака, тој го сака ама не може да го добие зашто е татко. И за двајцата очигледно најдобро е во моментот да останат заедно за да го имаат тоа што го сакаат, а бебето колатерална штета Таа со години прифаќа да оди и никако да тргне, стално изговори наоѓа дури и пари и нудевме ние да го плаќаме психијатарот ама јас искрено мислам дека глуми. Мислам дека го фати татково само поради материјалното, со години успешно ја избегнуваше темата ‘бебе’ и кога се породи првите зборови беа ‘Ете ти го, го родив и да си го чуваш’ и тука почна се. Мислам дека би го дала бебето своеволно во замена за слободата што ја имала ама го бара и станот Можеби и треба да оставам, да им кажам дека за бебето сум тука, а за нив не ме интересира. Не го бранам него, таман работа, кај му беа очите додека беа во врска, ужасна врска ужасна жена, не знам што виде во нејзе, а тој може и deep down е бетер штом е со неа. Не знам што да кажам, ќе им понудам да го причувам неколку дена, да пробаат нешто да решат, брачно советувалиште или слично, мада штом почнале да се тепаат не знам дали има назад.
Многу лоша ситуација. Бебето е нивно, и за жал, ни криво ни должно ќе страда. Искрено, не верувам дека постои мајка што би го оставила бебето, не дека не знам за такви случаи, ама ептен ми е тешко да ги прифатам како реалност. Знам дека постои породилна депресија, знам дека бебе е тестирање на границите на издржливост и на хармонични бракови... и не знам што друго знам...ваљда дека може да те боли за трети особи, во чиј живот немаш ниту ингеренции ниту одговорност...и баш ради тоа, ништо не можеш да направиш, освен што ќе те боли. Јас да сум, на негово место, би и оставила и стан и бебе, или стан без бебе...ако ми е станот вишок. Ама јас сум жена и знам дека бебињата се апсолутна одговорност на родителите, треба да направиме се во наша моќ, да не плаќаат за нашите грешки. Назад нема, ама како напред, уф, многу тешко. Сепак, мора да се договорат некако, подобро порано отколку подоцна.
Сигурна си дека ова е целата приказна? Си била сведок? Еве од себе тргнувам. Сум имала многу испади од како се породив. Психички многу попуштив. Сум имала епизоди кога дома ќе се развикам. Мм да не беше прибран до сега ќе се разведевме. Може на жената и треба стручна помош. Наместо со развод да се обиде да и помогне. П.С Сега прочитав дека сте и нуделе помош. Многу лоша ситуација во која за жал бебето страда. Загрижени сте. Тоа е нормално. Но наместо да навивате за развод оставете сами да си ја решат ситуацијата. Не се мешајте. Не знаете што има зад затворени врати. Може е агресивна. Но не знаете што ги тригира тие испади.
И јас некако со прашалник прифаќам дека мајка особено под хормони кои ја врзуваат да плаче од убаво со бебе би направила нешто штетно. Плус сум била сведок на мажи што го користат ранливиот период на жената да ја направат виновна за се, да не речам ја зачинат постпородилната депресија. Па имаш фалења во друштво како тој спие до него, го чува најмногу на свет, а таа спиела мирно, седела на телефон или излегувала по кафиња. Прво треба период дур женава физички да се опорави од самиот чин, не може да лета по дома да чисти да го чува со ист процент како некој што нит девет месеци носел нит малтене операција поминал. Второ не треба да и се забрани социјален живот било тоа да е кафе или телефон и да се користи прилика да и се качува на глава. Трето нема секогаш хармонија и песна, се случува и викања и тоа не значи лоша особа туку се разговара на ладна глава.
Точно до збор, и јас знам многу вакви ситуации каде ја користат постпородилната депресија, мажите не поминале ништо, и не веруваат во тоа, хормоните лудуваат. Знам на комшија еден жената беше во постпородилна депресија, и мажот не и веруваше, затоа дојде до развод. Не сакаше никого да прима дома, дури ни нејзините, овој и велел дека не била друштвена, алоо на штотуку породена жена да и кажеш вакво нешто, не и е до друштво дојдено
Ама знаеш, некои луѓе заедно се како рогови во вреќа. Драма може да е интересна во врска, ама со бебе драма не оди. Сега, сите коментираме прво врз база на 3 напишани реченици, второ врз база на искуства, доживеани и слушнати. И знам дека некои луѓе едноставно не ни требало да завршат заедно со дете, ама ете. Мислам дека ладна глава во оваа ситуација не постои, со ладна глава решавам јас со маж ми по дома и останува дома, ова е веќе драма со публика. Мислам тој муабетот ,,еве ти родив дете,, кажува нешто, ама што точно не би знаела да кажам.
Или влече корени од некое друго не задоволство и не здрав однос (зборувам помеѓу двајцата, а не сама со себе), можеби ја немат решено убаво темава бебе или е крик за спас од тежината што ја чувствува дур е ранлива и од околината која очигледно веќе и буричка дома и ја знае верзијата за лошата невеста (преку мажот)
Имаат и дете и бебе? Зошто реално ако е бебето само нема зошто да му вика, втора работа е што го удрила не треба на карил да заврши за да има потреба од социјална служба тогаш можеби ниеден од нив нема да го добие детето/бебето. Ако веќе има сведоци дека она малтретира низ дома тогаш големи се шансите да и го одземат детето/бебето.
Не сум била сведок, други членови од семејството биле, еднаш нивните родители, вториот пат други. Ама сум била сведок на кавги меѓу нив. Дали би замавнале со предмет накај маж ви додека го држи бебето, дали? Јас најискрено ви кажувам би бегала додека ме држат нозете ако маж ми вакво нешто направи. Имаат само бебе, го поминавме и тоа дека е во постпородилна депресија наводно завршило, од сам пораѓај баш искача, се дружи, породена е пред 8 месеци. Поддршка имаше целосна од сите нас за чување, чистење, готвење и границите само се поместуваат до пијанчење до рано сабајле, преспивање кај другарка итн. Не го спомнав ова одма зашто ќе читам ‘и таа има право на живот’ и остало. И пак да не ме сфати некоја погрешно, значи нас од страна никој не не интересира кој се пијанчи и кога се враќа се додека меѓу нив е ок ама пошо веќе бебе се наоѓа во средина, работите се менуваат. Сега ми е дилемата дали да седам на страна или да се вмешувам некако и како.
Многу лоша ситуација. Но немојте да навивате за развод. Оставете прво сами нека си разговараат. Од афект се прават многу работи. Мавнала со предмет.далеку за оправдување е. Понудете пак помош за чување, чистење. Многу е битен и начинот на кој се нуди помош. Можам само да ти дадам пример за себе. Мајка ми доаѓаше да ги чува децата за да одам да направам нокти. Не ме одбиваше. Сепак доаѓаше.но потоа ми префрлуваше колку лоша мајка сум што за такви работи си ги оставам децата. Не ги знаене луѓето. Не знаеме што дома им се случува. Ако сакате да помогнете обидете се. Но немојте да боцкате да се разведат.
Седи си на страна. Не се мешај. Колку и да ти е грев за бебе. Бракот е помеѓу двајца и они најдобро си се знаат. Ти си пристрасна страна и на крај ќе излезеш/те само виновни. Дури и да ве молат да се вмешате, не треба. Ако се решени како возрасни да најдат решение, а мораат пошто бебе е во прашање, имаат брачни консултанти и психолози, некој кој е неутрален. Нека разговараат, нека исплива кои се намерите и кај двајцата, може и она ќе согледа што сака/ не сака. Може ќе излезе дијагноза некоја. Може ќе сакаат да ја средат, а може и не. Може си е со нарцисоидно пореметување мајката. Такви тешко се согласни да се лекуваат. Ама барем црно на бело ќе има дијагноза од стручно лице поставена. Ако вие се вмешате ќе стане далеку поголема и покомплицирана. Ќе излезат поголеми фрустрации ќе се зачинат некои проблеми. Единствена помош евентуално бебе да го почувате. Иако јас ни тоа не би нудела. Не се вајда до толку неразумни, да не знаат дека бебе е приоритет и дека оно страда. Родители му се. Ако на мажот не му сметало и не превземал ништо досега, со нејзиното пијанчење и преспивање кај другарка, ни вас не треба. Да реагирал побрзо на некои нешта, до сега може разведени ќе биле. Колку и да е жално, од страна звучи дека и двајцата не се зрели за брак и дете. Оти луѓе има кои сами и без помош од никој бебе гледаат и домаќинсво и на работа одат, па се успеваат да организираат. Оставете ги, за добро на бебе нека најдат сами начин да ја решат ситуацијата.
Zeno ,majka,tatkokovo sto go opisuvas ocigledno ti e blizok rodnina i navivas za nego.Veruvaj nikoj,bas nikoj ,ne znae kako e vistinski vnatre vo necij, brak. Tuka ima 2 deca vmesani ,ne samo bebeto ,pa bebeto kako sto razbrav,i nikoj ne go spomna i drugovo dete.Ako vistinski sakas da pomognes i ocigledno si bliska,predlozi da odat nekade na sovetuvanje i majkata i tatkoto.,ne samo zenava da odi na psihijatar.Za ljubov i vojna se potrebni dvajca. Najpametno bi bilo da ne se mesas i ako mozes da ja smiris topkata,Vo vakvi vzesteni uslovi ne treba da se brza so donesuvanje nagli odluki.Ocigledno cela familija od start e protiv zenata,neli spomna se omazila samo od interes,e toa stvara gnev i agresija da ne bides prifaten kako del od posirokoto semejstvo. Ako i ti se umesas ovde i dodavas zejtin na ognot,pa ne e bas dobra odluka,si pravis losa karma,na sebe da se mesas vo tug zivot. Za razvod e najlesno ,ako nisto ne uspee da se prebrodi krizniot period sto vo sekoj brak go ima,toa ne im bega.Samo od sebe ke si dojde kako posledna opcija,i medijatori za toa ne treba ,ke se sluci i gotovo.
Ти благодарам многу, ми значи овој одговор. ‘Навивам’ за бебето. Едно дете е, не знам кај прочитавте две. Што ако му се случи нешто? Што ако сме можеле нешто да направиме, а сме седеле на страна за да не се мешаме? И никогаш немаше да напишам тука ако не ме побараа луѓето што биле сведоци. Ме прашаа нивните родители да го земам бебето на чување 2-3 дена за да останат сами, а тие им понудиле сега да одат на брачно советувалиште. Најмал проблем е јас да го причувам, со задоволство, само не знам што друго да направам. Инаку, им се понудив, ја викнав и мајката да дојде за да излади глава, не сака. Нека спијат во посебни соби, нека се тепаат, ние ќе се молиме за бебето.
Типичното Балканско „не се мешај“. А, ако дојде до трагедија ќе се вели „леле, како никој не примети/не презема нешто“. Па, еднаш било. Аха, еднаш било посведочено. А, кој знае дали било само еднаш.
@Skyler може на крајот и да е поедноставно од што изгледа. Кој го сака бебето и доброто на бебето, нема да му е гајле за станот или да остане во дисфункционална заедница. Иначе ако двајцата се натпреваруваат покрај за бебе, повеќе за материјалните работи, никој не го заслужува тоа бебе реално. Не знам во какви односи си со засегнатите страни, ама реално твоето нудење помош е се што можеш ти да направиш. Се друго од нив зависи. Верувам дека не ти е сеедно најмалку за бебето, ама возрасни личности, мора да знаат сами да си ги средат срањата во кои сами се ставаат.