@Skyler ако добро се сеќавам ти пишуваше за една мајка што го доела бебето само 20 минути, и после свекрвата го превземала а мајкава си шетала ...Ако грешам се извинувам. Ако се работи за истата, тогаш развод и ај у пм. На што личи мајка на 8 месечно бебе да се пијанчи до сабајле и да преспива по другарки? Па колку и да е постпородилна депресија, не може така да се понаша. Едно е да има проблем со мажот, друго е да не се грижи за бебето. Јас да сум на твое место ќе реагирам, па макар и крива испаднала.
Навивај за мајката и таткото да се вразумат,моли се и за нив,,не да се тепаат,да се свестат,и разбудат за нивното дете.,Ако родителите се добри и детето ке биде добро и згрижено,и нема да биде оставено на баби и дедовци да го одгледуваат,или да оди во дом,и да биде раздор и препукување помегу овие двајца..
Па ова ,,не се мешај, е све освен балканско. Не станува збор за некој коцкар, пијаница, шо ги крши по дома од ќотек, тогаш секој нормален би понудил прибежиште за страната што трпи. Овде си праат психо-финансиски и којзнае какви игри и единствено што трпи е бебето. Како го замислуваш ти мешањето, треба да им го земат бебето или сите да се вклучат во латиноамеричко кубење коси, мајки, баби, тетки, свекори? Тамам е советот на @јolene . Ништо не можеш да направиш, за никого, единствено можеш да работиш со самиот себе. И така, секој со сопствените одговорности. Не знам како поинаку да објаснам, не е ниту специјално за оваа тема, филозофско-религиско прашање е- можеш ли да влијаеш на сите потенцијални исходи, во животи различни од твојот.Јас мислам не, баш само можеш да се молиш да им дојде умот.
Значи ако мајката па и таткото не спијат дома преспиваат било каде не се добри за детето се знае каде се спие кога и да бидеш излезен. Одиш на прослава се враќаш дома, одиш во диско се враќаш дома што има да преспиваш кај другарки настрана пиењето. Друга работа на бебе од 8 месеци да му се дереш и викаш што разбира тоа? Точно е никој не знае како му е дома ама не се мешај не е добар совет ако не дај боже бебето заврши со последици ќе се изеде цел живот зошто не превземала ништо. @Skyler ако се решат да се разведат и се препукаваат на суд и да треба сведоци тогаш слободно завземи страна знаеш и двајцата какви се си имала кпнтакт и со едниот и со другиот предпоставувам мажот се контролира премногу за да не и врати на нејзе.
@Skyler Дали таткото и понудил да и го остави станот, но бебето да остане со него? Еве нека проба, па ќе му се разјасни. Ако навистина прифати така, тогаш можеби навистина материјалното и е побитно од сопственото дете.
Да, одма и понудил ама станот е се уште под кредит и мора таа да ја плаќа ратата ако остане. И пак се вртат во круг.
Која црна постпородилна депресија кога членкава кажа и претходно женава не била со сите. Многу пробувате да сте као емпатични и да пробивате стигма за ментал хелт па демек греота е, има проблем, нека ѝ се помогне бла бла. И ќе поверував да е така ако за сите насилници го зборевте истото. И не е ова типичен брачен проблем од типот немаме редовно секс или не можеме да се договориме за финансии, нејзин личен во тиквата што она прво треба да го решава. А татково да гледа за себе и бебето, не за неа. Ама ако она не сака да си решава проблемите, и на глава нека се преврти овој, џабе ќе е.
@Skyler ако е близок роднина, што верувам дека е штом волку сте засегнати, со право е. Како бе мајка на 8 месечно бебе да се шета до сабајле, да си го остави бебето, да се пијанчи? Што ви е на вас бе? Да беше таткото ваков овде ќе ја преплавевте темава да го остави. Во постпородила депресија и да си не се намавнува врз маж ти или бебето! Ај не туку бранете мо вакви мајки, ова е се освен мајка! И не, не ми е гајле дали и што ср крие позади нивните завеси, не може некој во мое присуство со бебе во скут, да се тепа, и точка. Тоа не е прифатливо, ако ми е брат/сестра посебно, итоа како ќе де мешам за добротп на брат ми и детето, и нема да оставам така. Многу е лоша ситуацијата од правен аспект да, ама нека бидат докази родителите кои сето тоа го виделе, тоа дете не можат да го одвојат од таткото, секако има право да е со него, а таа ако сака слобода од сам почеток, не замисливо е да го чува сама, нема ни да може, нели ќе сака да си искача и да се пијанчи, а не детето да си го чува, ова некое детиште неизживеано ми личи, одвратно за мајка, неприфатливо! Се срамам од женски род и од се што се нарекува мајка, за дете ме погодуваат многу вакви работи, и неприфатливо е да се тргнете на страна, ако е така тогаш не им помагајте ич, а не кога треба да се чува дете, да се праи ручек, да се чисти, тука да сте, а кога треба вакви работи да се решат "еј не се мешајте" абе ќе се мешам додека ме држи глас! И не застанувајте, цело време да се мешате, развод е најдобрата опција секако, какво советувалипте какви глупости, таа не се оправа, идиот од мајка е, извини.
@Skyler не заземајте страна. Ако сакаш да помогнеш можеш да се понудиш детето да го причуваш. Еден ручек или да ја поканиш мајката на кафе. Не гледам друг начин како би помогнала. Боцкање дека мајката не чини уште толку ќе ја влоши работата. Многу е тешко прифакањето дека со доаѓање на дете животот ни се менува.Се менуваат приоритетите.
Ау не! Па зарем треба сите мајки вака да си правиме? Секако дека ќе заземе страна кон тој што е подобар родител, абе какво кафе, очи нејќам да и видам, а не кафе! Бебето свое не си го сака, мене ли ќе ме сака или почитува? Што ќе глумиме ќе се праиме будали, па и кафе ќе пиеме, како да не.
Помислив и обратно да го напишам проблемот, за да ги добијам реалните одговори, мајката во улога на жртва ама тогаш е поедноставно, го земаш детето и си одиш. Во ситуацијава, ако таткото поднесе барање за развод го губи детето и дури тогаш мислам дека ќе стане полошо. Ништо, јас нема да се вмешам засега зашто ни двајцата не побарале, им реков на бабата и дедото да идат вечер да разговараат пак да најдат решение, па ќе видиме. @Mumoftwo30 Исто се осеќам верувај ама се трудам да останам прибрана и смирена. И мене вчера ми се идеше да и одам, да замавнам јас накај неа да види како се малтретира дете, полудев ама барем ние од страна треба да смириме ситуација, а не да ја правиме полоша. Како разговарам со семејството овие денови, така се откриваат се повеќе срања и искача дека сите знаеле освен јас и маж ми. Ама пак, сите верзии што ги свртев во глава да ги направам ми се гледаат како погрешни, како да преминувам граници во туѓ живот
Далеку од тоа дека треба. И јас не верувам дека има мајка што не си го сака детето. Не знаеме што е тригер кај мајката за вака да се однесува. Ете се менува животот. Не секој може да се носи со тоа. Хормони. Се менува телото. Некои несогласувања од порано. Се може да предизвика вакво однесување на мајката.
Знам, ама не прифатливо ми е да се правиш добра со некоја што не е, зошто да правам лице и кафе да пијам со неа? Не! Држи си свој став, не е мешање во ничиј живот ако некој побарал помош од тебе. Неприфатливи ми се сите овое работи за мајка, таа треба нели пример да е за своето дете, а не вака, па тоа сиротко што е криво.. Таа не е способна да се грижи сама за детето, и нема да издржи ни една недела само, така се заканува и го плаши татково. Молам? Барате оправдување за мајката? Да беше ваков таткото ќе беа причина хормоните? Ќе намавнувам кон маж ми кој го држи бебето? Замисли бебето да го повредела, и тогаш ќе се хормоните во прашање?
@Skyler по мое ни родители не треба да се мешаат, а камо ли ти, особено не побарано од вас, ни на крај памет. Оти ако се вмешаат негови, тогаш имаат право и нејзините. Ако се вмеша брат /сестра/другар тогаш и од нејзината страна блиските. И на крајот што? Ем ќе се изгуби суштина на проблемот, ем ко шо рече Билка, блиски сите очи меѓу нив ќе вадат. За во иднина да бетер да е. Тоа дете во иднина треба барем хармонија кај блиските да има, а не да служи како оружје за препукувања меѓу нив. И не, не е проблем за цело село сеир да фаќа. На мајката може и планот и успеал. Да му ја пукне тиквата на мажот, за овој да избие и она да добие што сака. За жал тоа е тоа. Секој разумен родител на крај од љубов кон детето, ќе избере најмалку драма. Или па ќе си се помират такви како што се и ќе си останат заедно. Имаме во близина нешто слично. Нема насилство, ама пошто одлучија да се мешаат старите за демек да спасат ситуација, еве сега ги врти и нив и колективно страдаат сите. Ако не се меша и нема публика, не и се придава на важност, реално побрзо ќе сфати дека не е толку специјална, туку е неспособна и ќе се поприбере или ќе најде нова жртва. Такви да ги оставиш со бебе сами за три дена она ќе се откаже од него. И верувале или не, секави не има.
Планот е неговите и нејзините да одат заедно, за ако се случи инцидент да не се манипулира после. Не може да не се мешаат зашто и онака цело село е кај нив нон стоп, кој за чистење, кој за готвење, за таа да се наспие и да прошета. Сакале или не, вмешани се, не се двајца во брак. Ќе се откаже ама некој треба да го чува тоа бебе, а на бебе му треба мајка. Не е проблем ние да го чуваме ама јас не сум мајката. А некој треба и да заработува.
@Skyler Мајкава колку што сфатив го нападнала таткото вербално и физички , а не била намерата бебето да го нападне?!? Така? Мажот и ја исшамарал?! Зошто? Не е решение насилство на насилство. И тој е насилник. Двајцата се. Јас не верувам дека постои мајка која не го сака своето бебе ко што тврдите. Можеби треба да ја чуете и другата страна. Нема поголем грев да тргнеш мајка од дете. И старите нема што да се мешаат. Двајцата се возрасни и насилни и треба да бараат чаре.
ПА овој супер татко како што ни го претставија ,ако бил толку супер немало да се плетка со ЛУДАЧА ЖЕНА.ПИЈАНИЦА И ШТО НЕ СЕ ПРИБИРА ДОМА ?Мора и на него нешто да му фали штом ете ја земал баш неа за жена,и решил со неа да има дете. Сега ке искочат сите супер мајки што никогаш не викнале на дете,не им паднало никогаш од раце,само здрава храна му прават,и се на доење до 6 месеци.Ама обично тоа се млади мајки со мали деца,кои допрва треба да воспитуваат и донесуваат одлуки.,и им прават комплекси на овие не толку совршените жени..Постпородилна депресија е призната од психијатрите во цел свет,и тој налет на хормони и нестабилност.Се исклучувам сега ,бидејки ке има осуди. Прецизно и точно казано,ама поубаво го напиша.
Така е, почнала да го удира таткото и несакајќи го удрила бебето. Вториот пат замавнала накај него со предмет исто додека го држел бебето (ете нема да инсинуирам дека било намерно) ама несакајќи не може да биде. Денеска дознавам дека пред еден месец во јавност направила сцена и му удрила два шамари. Мислам што е со шамарите, зошто? Причините за кавгите се најбанални, очигледно дека има некое нетрпение меѓу нив и стварно не разбирам зошто едноставно не се разведат, а бебето да биде подеднакво кај двајцата? Тоа само сакам да ги прашам. И нели мислите дека ако тие можат да најдат решение досега ќе го нашле? До кога ќе трае ова? Затоа мислам дека мора меѓу нив да има медијатор, дали психијатар/психолог, роднини, било кој, некој да го води разговорот и да се избегнат тепачки. Еве Косми ти си возрасна жена, со две големи деца, какво чаре би нашле сами двајцата? @ani23 Не е супер татко туку нормален татко. Него лесно му е? Ај оди на работа, дојди дома чувај дете цел ден, оди по доктори, цела ноќ дежурај и пак стани и работи физичка работа. ‘Не сакал секс со неа, ја запоставил поради бебето и поради тоа што се здебелила’ се нејзини зборови, а не и текнува дека можеби човекот нема сила за секс, како што многу мајки немаат со мажи што се дибеци, по кафани и хрчат цела ноќ. Мајка сум, хронична уморна како повеќето и скроз го разбирам, не го бранам.
Балканско е. Не дека го нема кај други народи, ама доминира на овие простори. Мајката врши насилство. Како не ви влегува во глава? Не велам да се кубат, туку да преземат нешто за да му помогнат на бебето. И за ова „не се мешај“? А, ако нареден пат му нанесе тешка или смртна повреда на бебето? Без разлика дали ненамерно или намерно. Татково згрешил што онака ѝ вратил, ама мајкава е скроз несаглам и неодговорна. Ова не личи само на постпородилна депресија, може и друго да има плус. Некоја која има бар малку свест и совест, бар пред детето не прави инциденти. Ама, оваа нема. Или треба да се лечи или треба во затвор да оди. За да не дојде до трагедија и до втората опција, фамилијата мора да интервенира на некој начин. Некој мора да ја натера да оди кај психијатар. И развод е добра опција. Не чини за дете да трпи насилна средина.
Јас сум била во ситуација на жената и верувај не е така како што изгледа. Сум барала и сум добивала помош но потоа слушав коментари како сум неспособна дете да гледам. А на изглед вака сум изгледала како жената што ја опиша со исклучок што не го тепам маж ми. Не можев сама да се снајдам. И искрено тешко ми одеше со деца што допплнително создаваше фрустрација кај мене. Го користеа најранливиот период во мојот живор. Маж ми беше колатерална штета. По цел ден работи а кога доаѓа дома ја истурав нервозата на него. Спасот го најдов од како разговараме со ладна глава. Ми требаше помош и тоа многу. За тоа најдовме жена што доаѓа по неколку часа за да ми помага.