Дали во тој период ќе ти значеше ако некој дојде да разговара со тебе, да ти понуди било каква помош? Еве да речеме дека мајкава е во таква ситуација и јас сакам да и помогнам. Што да направам? Или сепак најдобро ќе ти беше никој да не ти се меша? Не го исклучувам и тоа, дај боже да е нормална и ова да се реши како вашето, многу ќе ни олесни на сите.
Не го прочитав првиот пост на Скајлер но по одговориве, очигледно мајкава е проблем. Тоа што станала мајка не значи дека треба да престане да живее но не може ни да продолжи како што било пред. Кога ќе добиеш дете оно ти станува приоритет, а не кафани и другарки. И има мајки кој не си ги сакаат децата чудни ми се членкиве кој ќе речат нема. Се сеќавате на студентката која се породи во тоaлетот за време на екскурзијата и го фрли бебето во корпата? Мајки кој си ги убиваат децата, продаваат за пари дрога...кај живеете? За жал и тоа постои и не само мајки туку и татковци. Не велам дека оваа жена би направила такво нешто само давам пример дека не секој сака родител да биде и си го сака детето. Може женава сеуште е во некој "шок сеуште не може да прифати дека станала мајка... може е поспородилна депресија со уште некоја дијагноза.
Не знам дали си свесна ама правиш victim blaming. Ако се водиме по ова што го пиша, тогаш зошто жени се мажат за насилници, наркомани, алкохоличари? Дали и за нив важи тоа дека нешто им фали, па затоа се земале со насилници? И со кој памет го напаѓала и мавала со предмети додека го држел бебето во раце? И да немала намера да го повреди бебето, и те како можела без разлика дали било во афект или не. Женава во повеќе наврати била насилна, што очигледно си има некои психички проблеми. Пост породилната депресија и хормоните се капакот на сето тоа. Неа и треба е стручна помош. Не е ова обична кавга меѓу нив, туку семејно насилство. И не е грев дете да се раздели од мајка ако е психички нестабилна и насилна. Ако го носела 9 месеци и родила не значи дека треба да има пристап до детето по секоја цена.
Гарант е пост породилна депресија. И јас исто сум се дерела, сум урлала, сум плачела по цели денови, сум бегала во други соби, цел ден сама ненаспијана со бебе ми се мотаа секакви мисли во глава па го чекав мм да си дојде за да му се изнадерам. На девојката очигледно и треба помош, она сега си мисли дека нејзиниот живот завршил а сите околу неа си живеат убаво вклучувајќи го и маж и. Значи тоа е психа, и треба помош, некој да го почува бебенцето додека она се истушира, дотера, да рашета малко сама, да иде на кафе. Знам како е и јас сум била во иста ситуација, два пати, сама. Мислев оти ќе скренам.
Не се двајцата насилници. Таа е. И да, и те како постојат мајки кои не си ги сакаат децата. Нема што да ја слушаме другата страна. Никакви хормони не се во прашање тука. На сред плоштад шамар да удриш на маж ти треба да си малоумна во најмала рака. @Skyler те читав и не сум многу сигурна дека некој од страна може нешто да направи за жал. Греота бебето.
Од кај знаеме дека тој претходно не ја напаѓал вербално па ја испровоцирал затоа го удрила?! Пр и рекол ”Курво”?! Ако не е и тој насилник би го зел бебето и би се тргнал во друга соба , не би ја шамарал. @Skyler Луѓето имаат некој длабок проблем. Тие од страна што би се мешале само бетер ќе направат. Од искуство на наши блиски пријатели со сличен случај каде неговите сестри и родители цело време ја напаѓаа неа,и пукнаа со тоа да се разведат испадна дека проблемот можел да се реши и дека не била ни изневерувачка ни ништо. Подобро да одат заедно на психолог бидејки очигледно имаат и двајцата проблем кој треба да се решава ,а сите другите вие да се тргнете настрана вклучувајки и коментари каква била она. Затоа што мајката ќе го добие бебето ако се разведат, а таткото ќе биде викенд татко. Тоа што она кажувала дека ја занемарува веројатно е и вистина судејки по однесувањето.
Не можам да базирам мислење за родителство или мајчинство само врз основа на исклучоци кои завршуваат во црна хроника.
Вие ако не познавате, еве некои од нас познаваат такви мајки кои не си ги сакаат децата. И имаат слушнато и прочитано за такви. На некои мајки и затвор им прети. Една од последиците на заостанатото „не се мешај“.
Разбирам ама не можеш да кажеш дека не постојат, кога за жал има повеќе од што може да замислиме... не само во светов него и овде на балканов.
Ете мајка ми е една од тие. Само шо рано заминала кога сум била бебе. Имам живеено со неа 1г, пекол поминав.
Па не мора да познаваш во твоја близина, зар не читаш по нет и на тв што кажуваа колку мајки си ги оставиле бебињата, сега брзо имаше мајка си го оставила бебето на улица мислам, во Карпош. Што е тоа ако не е не сакање, постпородилна депресија? Колку и да е некоја во постпородилна депресија не може да не си го сака бебето, викате за таткото ако не бил насилник немало да ја удри, ќе си одел во друга соба, епа истото важи и за мајката, па можеби ја испровоцирал со "курво", па и да било така ако таа не била насилник ќе си одела во соба да се смири, а не да го удира, не сакајќи можела бебето да го повреди, ама толку размислила. Можеби е во постпородилна депресија, ама сигурно си има и друг проблем, што е тоа мајка на бебе да се пијанчи. Па животот не завршувал кога ќе родиш, да, ама со осет треба, ајде сите ние што сме родиле од болница право во кафич, па бебето нека го чуваат бабите, ако го дои, бабите неможат да го дојат, на бебето му треба мајка, не баби, и таткото не може да го дои, може други работи да прави по дома, ете го чувал додека оваа се пијанчела, ај можеби така ќе и олеснето, ама нека се врати дома, што е тоа како некоја тинејџерка да преспива по другарки додека има бебе. Еее колку плачат за деца, се борат со години преку ин-витро, Господ дава на вакви неиживеани, ако и се шетало уште не требало да се мажи, животот не завршува кога се омажила, ама не може да биде како во тинејџерски години.
Имаше една жена што живееше под кирија во комшии кај мајка ми, имаше 3 деца, едното бебе, овие поголемите кажуваа дека мајка им го тепала бебето, по цел ден сами беа децава со бебето, тие му даваа ад, дете од 4 години, другово имаше 2, бебето немаше ни 40 дена, таа го оставаше и си шеташе, маж немаше, и на крај се дозна проститутка била, после некое време се пресели во друга населба и едното дете го утепа, имаше по тв, по нет, каква е таа мајка што си го убива сопственото дете.
Не се венчавајте.. за ваше добро. Маж неможеш да го запознаеш ни после 10 години. Кријат, лажат, манипулираат, за нив да им е најубаво. Повеќето од нив денес мразат жени, имаат проблем со женственоста и единствена причина зошто се со вас е поради фактот дека сексуалноста не можат да си ја изберат, форсирани се од природата. Вистински маж ќе се гордее и слави со твојата женственост и потреби. Вистински маж треба да ти го олесни животот, не да го отежни. Затоа се посилниот пол, за да го дигаат товарот што општеството и простачкиот менталитет ти го тура тебе. Не се водете според чувства, користете логично размислување. Треба да стапиш во брак со човек што го издржува твојот комфорт, со човек што е разумен, кога ќе го гушнеш да осетиш безбедност. Не со ѓубре што сака се да делите фифти фифти или копук со кој муабет неможеш да сврзиш затоа што сите реченици му започнуваат со Еј јас... јас и јас. Гледајте ги тие микрооднесувања на машкото. Ако он не се засега со тебе повеќе одколку ти за него, таа почит што ја добивате ќе се смали на нула во иднина. Заштитете си ја женственоста, затоа што ќе се соочите со предатори кои сакаат да ве уништат и вашата грижа, љубов и поддршка да ја исрпат и да ја земаат за себе. Секој пат кога имате сомнеж дека треба да се разведете или раскинете, запамтете дека тие мочковци до вас не се апсолутно ништо без вашата грижа што ја злоупотребуваат константно. Тргнете се со време и вратете си ја моќта во себе. И уште нешто, кога сакате да се разведете или избегате од ненормален маж (пациент), бегајте во тишина! Не го известувајте, немој да давате никакви знаци дека воопшто планирате да си идете. Тие мисли дека треба да разговараш со него и да му дадеш до знаење дека те третира како партал да си ги закопате дубоко. Он нема магично да почне да те третира убаво ако му кажеш, баш напротив. Оди си во тишина. Одеднаш спакуј куферот и надвор. Мозокот им е гнасен, не ризикувај физички напад. Ваков човек животот ќе ти го земе.
Ама многу проблеми излегуваат, вака ко што раскажуваш. Прво-не се двајца во бракот. Тоа е проблем. И јас да не бев во брак сама со маж ми, којзнае како ќе испаднавме. Второ- за интерес била со него, за станот, а станот под кредит. Трето-ова Ја запоставил, се здебелила, којзнае што уште е таму како проблем, и после ескалира како што ескалира. Не му е лесно ни нему ни нејзе, би рекла. Јас не те обвинувам, само посочувам дека ако нешто знаеш, знаеш само дел од проблемите, и преку некоја перспектива. Човечки и природно е да заземеш страна кон блискиот. Ама така мајка му зема страна, мајка и зема страна, и цело село и сета таа неразбраност и лоши емоции се мултиплицираат. Затоа, идеално е непристрасен медијатор, да ги чуе двајцата и по можност да ги принуди на решение, или џабе или бу. А тоа роднини не се, јер фали непристрасност. И се прават овде сценарија, ама што ако го повреди детето- а детето е повредувано веќе, со секој ден поминат во кавги, трзавици, повуци-потегни. Зошто уствари не се разведат не разбирам.
Буквално. Кое е оправдувањето за ја шамарал што блиските на татково можат да го релативизират? којзнае женава колку пати отишла во кафана, големо чудо се напила, одма на клада да се стави, немајка бр. 1 Тоа што го поврзувате случајов со црна хроника од весници кој е далеку од тоа, е само начин за да си го храните оправдувањето на “ја шамарал” Многу точно, само не венчавањето не е решение. Абе оди до крај, сопни се дубоко, љуби силно, животот е прекраток да калкулираме однапред и нема да ги откриеме убавините ако постојано размислуваме логички. Ако не оди не оди, битно си се внел во процесот, си видел, си научил