Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    @winnie02 Слободно обрати ми се и кажи ми каде некој го оправда таткото за шамарите?
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    2.473
    Легалното врзување не е играчка, особено не за жена.
    Животот е прекраток да се влечкаш со години за мочко што само сакал да те земе како сопруга да изгледа нормален пред народот, а зад скриени порти да те убива пополека.
    Пазете се, не туку се врзувајте, вашето битие не е играчка, ни сексуално ни спиритуално.
     
    На eliesaab, Nataska123, Spicy Senorita и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.225
    Допаѓања:
    8.330
    Пол:
    Женски
    Леле жени многу сте феминистички настроени!
    Да беше ова за маж, што ќе пишевте? За мене нема оправдување за насилство, и какво е тоа шамарење во јавност? Маж ти од чиста мира си го шамараш у сред Центар? И јас имам анксиозност, имав и постпородилна депресија, и хормони до плафон, па не се тепав до никого, на тој што е во депресија не му е дојдено до тепање на сопружникот. Мајка што го сака своето дете нема да оди да се журка постојано, а сите останати да и помагаат и да се тука.
    Значи за помош дојдете сите, а за проблемов не се мешајте никако? Епа не може така.

    Па ќе се мешам бе, не дај боже за мое дете да е утре вака, итоа како ќе се мешам!
     
    На oblace1, fbaby, Калатеа и 12 други им се допаѓа ова.
  4. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Никаде, само проткаено низ тоа е слика за хистерична лудача и грижлив татко кој ете збеснал нели инаку ептен е арен

    и двајцата не се стабилни ако со насилство се служат, а не едниот луд, а на другиот му се десило…
     
    На Spicy Senorita, Polyincognito и H.VAGA им се допаѓа ова.
  5. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.225
    Допаѓања:
    8.330
    Пол:
    Женски
    А тебе ако те удри маж ти или со тврд предмет проба да те погоди, додека ти го држиш бебето, ти што ќе правиш?
    Ќе седиш и ќе ќутиш, или ќе му вратиш и ти?
    Ако е маж треба да дреме а она да го шамара?
     
    На Pa8la и Anyshka им се допаѓа ова.
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.091
    Допаѓања:
    36.221
    Пол:
    Женски
    Да не заборавиме дека има мажи кои вистинското лице си го покажуваат во брак. Не треба да се молчи. Ќе те удри еднаш, два пати, три пати... И ти ќе си молчиш затоа што ти е маж? Па да... Срамота е од околината. Што ќе речат комшиите, роднините, пријателите... Па они се битни. Ти за нив живееш. (facepalm)
     
    Последна измена: 2 јануари 2024
    На Nataska123, Spicy Senorita, Трагедијаупмм и 3 други им се допаѓа ова.
  7. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.285
    Пол:
    Женски
    Оти ве чуди дека постојат насилни и токсични жени?
     
    На Anettta, senza.parole, Калатеа и 8 други им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Ќе се спакувам и ќе одам ќе пријавам, нема со бебе и јас да се шамарам и тепам. Дали маж, дали жена. Еден треба да има доволно разум, овде очигледно го нема. Греота бебето.
     
    На Nataska123, Nausicaa, An-na и 4 други им се допаѓа ова.
  9. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.250
    Допаѓања:
    112.311
    Пол:
    Женски
    И сега ќе стигнеме до тоа дека у реду е таа да го ошамари ако и рече курво, ама тој требало да го земи бебето и во другата соба да оди кога таа физички го напаѓа додека тој го држи бебето враце.
    Оке :drunk:
     
    На oblace1, Marymay, Pa8la и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    2.473
    Тие комшии и роднини ти се смеат зад грб и јадат лајна за една деценија, ама битно ти седи си во бракот дури не се влечкаш по под од болка.
    Браво како дозволувате да ве тренираат..
    Треба целата женска популација да си ја сфати моќта што ја чува во срцето и биолошката градба. Немаше да дозволуваме сите да не газат.
     
    На Spicy Senorita, Pa8la, winnie02 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.225
    Допаѓања:
    8.330
    Пол:
    Женски
    Да, ако тоа се случи еднаш, а не десет пати, одбрана е веќе, а не напад.
     
    На Pa8la и Anyshka им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.776
    Допаѓања:
    175.800
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со повеќето ама ова не е случај кај што можеш да се мешаш. Мислам, што ќе направите? Да е жената жртва ќе одите ќе ја земете неа со бебето. Мажот е жртва, не можете да го земете него со бебето, институциите ќе го вратат кај мајката. Ќе одите ќе ги седнете на маса и ќе им кажувате како треба двајца возразни да се понашаат? Ќе одите ќе им го земете бебето и ќе ги оставите да се испотепаат ако сакаат? Ќе им викнете полиција или социјални служби? Можете да земете возрасни луѓе за раче и да ги однесете на психолог? Како ќе се мешате? Со тоа што дополнително ќе им дробите да седнат да зборат демек они не знаат или не пробале? Па тие се очигледно дисфункционални, ви пиша Скајлер дека да можеле/сакале ќе сределе до сеа.
    Единствено што може да им се помогне е понуда за разговор, да им го почуваат бебето, да им зготват.

    Развод е неминовен за доброто на сите, а најмногу на бебето. Очигледно мајката си има проблем кој треба да го решава со соодветна терапија. Точно не знаеме што се дешава зад затворени врати, коментираме од она што го знаеме. Двајцата се насилници. Не знаеме дали тој ја шлапнал и дома насамо, ама дефинитивно нејзиното насилство не смее да биде изговор за тој да одговори исто. Еве нека му е прв пат и нека остане на тоа, не може ниту таа да се правда со ППД, ако ти треба помош барај, ако гледаш дека не можеш сама да се избориш има соодветни лекови. Ако не сакаш, бебето не смее да ти биде доверено. Точка.

    Знам за случај каде мајката пати од шизофренија, има две деца, си зема редовно терапија и си тераат нормален живот. Проблем настанува кога не зема терапија и станува хистерична и неразумна. Не знам дали постои насилство, ама кога одбива терапија им го прави тежок животот на сите дома, па и на комшиите.
    Има огромна поддршка и помош од сите за се и сешто и единствено што треба е да зема терапија и тоа не сака да го прави некогаш. :doh:


    Има бебе инволвирано луѓе. Да си каснат од гзот двете страни ама сега потребите на бебето се најбитни. Ако не знаат сами како, нека одат експерти да им кажат. Ама ниеден не е за оправдување.
     
    Последна измена: 2 јануари 2024
    На Nausicaa, Трагедијаупмм, fana и 9 други им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Неколку пати го нападнала, не еднаш, што чекал да преземе нешто? Најлесно е со насилство да се врати (посебно што он е маж и физички е секако посилен), ама не е разумно, нити добро за бебето. Нити он нити она размислуваат како што треба, нити еден од нив не мисли што е добро за тоа бебе и што треба да се направи. И двајцата се за советување, ама додека сами не решат, никаква помош однадвор нема да помогне. Освен да пријават во социјално и да испитаат и да го одземат бебето додека не се средат овие, ама прашање е и соијалното што ќе направи, знаеме кај живееме.
     
    На Трагедијаупмм, Skyler, H.VAGA и 3 други им се допаѓа ова.
  14. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Ама како да поправиме, вратиме љубов во брак кај што се десило употреба на физичка сила? Како се тоа залепува, заборава, продолжува да живее со тоа?

    Работава е климава, невестава е веќе етикетирана кафанџика, субјективно и деликатно е секое мислење од блиски луѓе.

    Муабетов ми е, 100% од приказната и вистината не може да знаете, затоа како што напоменаа погоре не сте неутрално или стручно лице за да им навлегувате во живот. Ако може да се помогне на некој друг начин, околу бебето итн океј, ако не само совет за работа со некој, па тие ќе си видат што како.
     
    На Spicy Senorita, Трагедијаупмм и Biljarkata им се допаѓа ова.
  15. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.225
    Допаѓања:
    8.330
    Пол:
    Женски
    Не оправдувам секако, ама мажот како што прочитав се грижел мн повеќе за детето а таа си спиела?
    А за неа се организирале сите за све, за таа да си прошета и да си го тера животот што го терала пред детето.
    На мажов му е страв да не му го земе детето и да не може да го гледа, ваљда....
     
    На Трагедијаупмм, Pa8la, Skyler и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.939
    Допаѓања:
    179.504
    Биологија е во прашање. Маж како биолошки посилен ќе ти скрши вилица, жена ќе те изгребе.
    И не сите исто манифестираме негативни емоции, некој ќе вика, некој ќе мава, некој ќе бега од дома, некој ќе скокне од тераса.
    Не гледам поента да се реплицира на коментари на коментарите, оти секој има различна перспективи и животни искуства.
    Не гледам потреба никој да им се меша, ни за помош, ни за проблемов иначе. Пошто мене дури ,,ми помагаа,, 40 дена, најголем проблем имав, после си ја зедов ситуацијата под контрола, со маж ми заедно. А ситуации со мешање и суфлери од сите страни, не завршуваат добро. Само тој воз за немешање е заминат изгледа.
     
    На Трагедијаупмм, winnie02, Skyler и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.115
    Допаѓања:
    88.068
    Пол:
    Женски
    Не реков дека е во ред,туку реков дека и двајцата се насилни.
    И да,требал да се тргне.
    А не е во ред За него да имаме “оправдување” зошто ја исшамарал.
    Она го нападнала,затоа и вратил.
    Зошто го нападнала прва?

    Од кај знаеме дека жената не жртва на некој кој психички ја малтретира?

    Паричката има две страни,зар не.
    Ние ја слушаме само едната неговата страна,каде се прикажува дека е шетачка,немајка па и детали дека и ускратувал секс зошто се здебелила.
    Па чему семејство тие детали да ги знае?
    Тоа е нивна рабоата.
    Премногу уплеткани семејства кај што не треба,по мене.
    И тоа секогаш се завршува лошо.
    Еден куп семејства се растурени поради такви плеткања.
    Не е ништо страшно што и помагале и за чистење и за готвење и за чување.
    Не сташно ни што излегла.
    Лошо е што семејството ја етикетира.
    Можеби жената е малтретирана и на тој начин бега од проблемите?!
     
    На An-na, Polyincognito и Resana им се допаѓа ова.
  18. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.225
    Допаѓања:
    8.330
    Пол:
    Женски
    Можеби е физички поспособна од каде знаеме?
    Има и такви.. а и зошто да се дере и да мава?
    Тоа што шета и остава бебе на кој стигне и сака да води живот како пред да има бебе не се спомнува?
    Или што си спие цело време а други се грижат за детево?
    Зошто бара помош за да шета, а сеа за проблемов не треба никој да се меша?
    Богиња.
     
    На Pa8la, Skyler и Anyshka им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.115
    Допаѓања:
    88.068
    Пол:
    Женски
    Од кај знаеш дека е баш така?!
    И кој има право да суди некому каква мајка е?
    Секој за сопствено мајчинство нека се грижи.
     
  20. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Види ако он не е свесен, џабе е се да зборуваш и советуваш.
    Најдобро е да ја снима, да има доказ за тоа што она прави, зошто он детето нема да го добие во ситуацијава, а и заебал работа со насилство.
    Ама пак викам он мора да ги превземе работите во свои раце
     
    На Pa8la, Skyler и Anyshka им се допаѓа ова.