Ќе се надоврзам на Cosmi , не познавам семеен случај каде мешање на други решило позитивно проблеми во нечиј брак. Проблеми ако сами двајца не си ги решат никој ама никој нема да им ги реши ни мајки ,ни татковци ,ни свекрви ни сестри ни браќа..... Сите бракови каде се вклучени трети страни на крај се распаѓаат ама кога двајцата ќе решат ,измачувачки за сите по долги години оправање од сите.
Јас бев таа што бара помош. И добивав. Но во исто време и добивав коментари како сум лоша мајка. Не си ги гледам децата. Излегувам. Во нивно време не се излегувало кога имаш деца а не кафе да испиеш со пријателка. Ке излезам од дома и кога се враќав ме дочекуваа тие коментари. За жал се повеќе тонев. Бев на дното. А плус имав и болно дете. Маж ми по цел ден на работа. Плус прекувремемо. Доцна доаѓаше. Јас едвај чекав да дојде за целата фрустрација да ја исфрлам на него. Лош период. За среќа остана зад нас. Ме праша дали барав помош. Да барав. Много и тоа. Ја добивав. Ама начинот на кој ми ја даваа уште толку ме уништи.
Ама, твојот случај не е ист со овој. Твојата свест и совест не ти дозволиле да преминеш граници и да маваш додека детето е во рацете на маж ти. Ти си сфатила дека ти треба помош и си се изборила. Има разлика меѓу нефункционални и функционални свест и совест.
Јас бев на дното. Мојата свест беше далеку од разумна. Да. Не сум кренала рака. Ама сум имала многу испади. Некогаш и не бирав зборови што ќе му кажев на мм. Другата страна не ја знаеме. Знаеме само тоа што членката ни го кажува. И мм не е насилник. Знаеше низ каков период минувам. Никогаш не кренал глас на мене а камо ли рака.
Овде никој не го вади таткото. Јас пишав дека згрешил што вратил на тој начин наместо да замине некаде со бебето. Ама, баш и дека не знаеме сè, не треба да вртиме скроз против него. Дури и мајката да има нешто доживеано, тоа не смее да биде оправдување за ударите кога бебето било пред неа, во татковите раце. Потребна ѝ е помош. Ако не ја добие, може и да ја прочитаме некој ден како вест од делот Црна Хроника во порталиве и на форумов. Семејството мора да направи нешто за да го заштити бебето. Оти кога некое семејство не презело ништо, исходот бил нанесување тешки повреди, самоубиство, убиство на брачниот партнер и/или чедоморство.
@Skyler на двајцава им е скурчено од обврските во бракот и затоа двајцата бараат изговори. Во бракот има три страни: маж, жена и луѓе кои не ги знаат сите работи, ама нагаѓаат. Вие никогаш нема да ја знаете целата вистина. Стој на страна, ако сакаат нека се испоубијат! Не може ти да го сакаш бебето повеќе од нив двајца... Единствено ако те прашаат за мислење е дека на двајцата им треба стручна терапија, во спротивно може да завршат со социјални работници и да си го изгубат детето, доколку не си ги решат проблемите. Тој работи, скурчено му е, нејзе детето цел ден и плаче, скуречно ѝ е. Ќе појдете вие да им помогнете, ама тие двајца пошто се рогови во вреќа не можат да се испокараат на раат и вие не можете да најдете кој е во право. Еве и предлог: наместо да се разведуваат нека живеат одвоено 1 месец, не мора повеќе, после нека седнат да поразговараат и нека видат како ќе тераат. Многу е лесно да речеш нека се разведат пошто едниот родител не е како што треба. Зад затворени врати само тие двајца ја знаат вистината а и претпоставките од незавршен муабет кој што си го должат еден на друг. Бракот е разговор меѓу партнерите, а не разговор со фамилијата. Да си стоите вие на страна, а тие двајца да си најдат чаре како понатаму.
Добро ако некогаш маж ти крене рака, наместо да бегаш и да се спасуваш, остани со него, заедно решавајте го проблемот оти тој е заеднички, макар што ќе се молиш следниот ден да го дочекаш.
За тоа со секој не се стапува во брак. Во случајот на членката прво жената кренала рака па потоа тој ја истепал. Што мислиш кој е насилник? По мое и двајцата се.
Може зашто сакаат да знаеме? Јас не ги прашав каков им е сексот, сами си ги кажуваат проблемите пред сите. Може да ама во тој случај не одиш во кафани на секоја шанса, не си стално скоцкана и насмеана, знаеме како изгледа малтретирана жена, сите сме виделе барем една. На него мислиш не му е преку глава, не сака во кафана? Тоа и ми беше првичното прашање, кои докази се веродостојни на суд, кои се прифатени.
Досега не те удрил. Ок. Еве се деси ќе те удри. Што ќе правиш? Ќе седиш и ќе го тешиш јер сама си крива што си го избрала? ***** И аман со тоа дека животот не ти завршува кога ќе добиеш бебе. Ако стално одиш по кафеани и се пијанчиш а имаш бебе зависно од тебе, да неодговорен си. Сеедно мајка или татко.
. Епа тоа е проблемот, треба да не зборат пред вас. Па излегува зошто бега.Од што бега? Сте се запрашале?! Туку како вие проценивте колку е малку или многу или секоја шанса ја користи да излезе и дали дотерана и скоцкана,насмена? Знаеш дека има насмеана депресија? Ја следите женава? Значи он е совесен,добар татко и иако му е преку глава се,седи дома! Сигурна си дека психички не ја гризе дома женава?! Тазе мајка? а зошто ти се интересираш за ова? Зошто се мешате кај што не ви е место. Тој може да си праша адвокат. Може да ја пријави во социјални грижи. Може човекот не ни сака да се разведе.
Седи дома зашто не може да го земе бебето со него зашто тешко ќе добие он сам старателство врз мало бебе.
И зошто упорно кривицата ја вртат накај таткото кога ич не го познаваат за разлика од тебе? Он нека си ангажира добар адвокат. А, без докази и сведоци ништо не прави.
Ама кој не го кажува тоа? Нема да го вртиме муабетот сега . Од прв ден женава нема ваша подршка туку е хистерична лудача што тој ја одбрал. Наместо Вие да барате валидни аргументи за на суд да и го земе детето да се тргнете настрана и да ги оставите? Мислам може да го хушкате да се разведе но и така само лошо ке му направите. Едно дете како што реков ќе има викенд татко ,а вие што ке добиете? Медал дека сте ја тргнале “лудачава” од него? Тој сигурно ја сака штом со неа дете створил. Затоа и не си оди од неа. А и мртва трка со насилствово велиш два пати го удрила,еднаш пред сведоци кога го имал детето во рака. И тој ја исшамарал пред сведоци? Никој не го спречи ? Милион адвокати има,не прашал никаде за развод ама ти за него ќе се распрашуваш на форум? И не ,немаш право да судиш каква мајка е.
Изгледа пошо го провоцира да ја удри Глупости човек, не ги знам од вчера, тоа што не ја пишувам тука цела историја е друго.
Не можам да сфатам колку не сте реални. МАЈКА Е цел свет на бебе. Сите што родиле биле во ранлив период, некои дури не можат ни на сопственото бебе да му се приближат. Љубовта кон чедото не доаѓа одма, на почеток првите неколку месеци малтене само во живот го одржаваш тоа мало суштество што излегло од тебе, после доаѓа љубовтта...Кој родил знае што зборам. Но сепак инстиктот е толку јак, мајка не може да се однесува како ова што го опишува @Skyler. Значи си шета госпоѓата, се пијанчи, насилна е, МИСЛАМ АЛООО, и таткото е крив а? Па ако и смета и ја малтретира психички и физички што не го остави, нека си оди кај мајка и... А да ви беше синот или братот во ваква ситуација, снаата вака да се понашаше, уште ли ќе ја браневте мајкава??? БОГ да чува значи. Секогаш сум за тоа мајка да подржува мајка, но ова е ситуација кај што "мајкава" е пример за како не треба. Загреота бебето, цела фамилија ќе страда и баби и дедовци сите....
Едно е да бега од проблеми или било што кога нема бебе, а друго е кога има бебе, во случајов бебето е најбитно, а не бегањето од проблеми, секој има проблеми дали во брак или не, ама се решаваат со разговор не со бегање и пијанчење, и преспивање по другарки како тинејџерка. Ако не била зрела во брак нека не стапувала, и аман со тоа животот не завршува кога ќе роди, да, не завршува, ама не може да биде исто кога си сам и кога имаш бебе. На тоа бебе му треба мајка. А таткото да одеше по кафани, да се пијанчеше и да не се враќаше дома, од г**** подоле ќе го направевте. Ако сте жени не мора и да ги оправдуваат ваквите неиживеани.
Не судам каков татко е. Можеби е супер. Заклучувам дека како маж е насилник. @Pa8la Не знаеме ништо од тоа дали е баш така. Единствено што знаеме дека имаат некаков проблем и фамилијава е заинтересирана да го разведува.