Како бе Косми заклучи дека сакам да го разведувам? Дали ти читаш дека бебе е сведок на тепачки и кавги, несакајќи удрено од мајката? Што ако го малтретира додека се сами? После се, паметот секаде ми оди. Јас искрено мислам дека бебето и го смени животот и не може да се навикне и прифати. Еве стварно мислам дека тоа е проблемот покрај фалинката недијагностицирана зашто имала испади и порано. И сега што да правиме? Цела фамилија на нозе да се мењаме да им помагаме? Сите имаме деца и проблеми, работа и ќе се убиваме по дома? Ама некој од страна ќе ни биде крив пошо мајка никако не може да биде крива.
Па те читам што пишуваш,дека сите вие сте биле за развод,па и прашуваш кои аргументи се прифаќаат на суд ? Не е твоја/ваша работа тоа. Како не разбираш. Ништо вие не треба да правите. Немате право да решавате туѓи проблеми. Па уште сте и нуделе порано вие пари за психијатар Па добро што ви е? Оставете ги луѓето да решат тоа што имаат. Ти се плашиш за бебето! Зошто татково не се плаши ? Зошто не праша во социјално што д аправи? Туку. Значи тој не знае што да прави,ја смирува топката и ја праќа на психијатар за контрола на бесот ,на кој и сам треба да оди бидејки и тој нема контрола.
Е така да си ми жива за ова! И јас имам деца и да зеам да ги ангажирам пола фамилија да ми ги чувааат за јас да се пијанчам, да спијам кај другарка пази, а штотуку родено бебе да имам дома? Па каква мајка е ова бре побогу? Ова не е мајка, и доста некои од вас паметивате тука, да беше таткото насилникот, и тој што шетал по кафани, сите знаеме што ќе пишевете! Јас пред дете не сум кажала ниту навреда на маж ми, а не па да го мавам со предмет, притоа да го држи нашето дете во раце, значи не размислува за последиците! Оваа жена не е мајка и точка, прајте се будали до утре, има лоши мајки исто колку што има лоши татковци! И утре не дај боже ако ме удри маж ми, јас одма би ми вратила, мојот рефлекс е таков, секако нема да седам а некој да ме удира, утре може ќе сака да ме убие пример, шо треба да седам, да не се бранам? Знаете дека напад во одбрана постои и со закон, така? Од кај па вие знаете што му е членката на човекот? Може му е сестра и се и се доверува? Па затоа и се знае. Може ја слушнала приказната и на жената, може ја гледаат по понашање сите каква е.
Реков имаат целосна поддршка од нас за развод, не дека јас ќе одам да им кажам што да прават. Да понудив и пак ќе понудам пари зашто наводно немале, исто како што и дадов пари за забар кога ми се пожали од забите, зошто за депресија кога ми се жали да не и дадам? А утре кога твој близок ќе тепаат да си седиш дома и да не се мешаш. Ти мислиш ова не влијае лошо врз сите нас? На дијазепами се блискиве, седат и се чудат што да направат, а да не згрешат.
Многу едноставно: како што тоа не е твој брак, затоа нема потреба да се мешаш. Научете дека секој сам си го одбира патот во животот. Муабетот дека се омажила за него дека бил финансиски постабилен, за на крај да испадне дека станот им е на кредит е индикација дека работиве се гледаат од твоја/ негова страна, сексот ќе го оставам на страна. Доколку не сакате да ѝ помагате на снаата, ОК е, кажете ѝ дека сте зафатени и повлечете се. Не е убаво да им се мешате у кревет. После муабетиве што ти ги прочитав не ќе да е само снаата крива, ама ти не треба да зборнуваш со брат ти/ другар ти. Никој не смее да се меша во туѓ брак, најмалку да советува развод. Штом биле доволно возрасни да се потпишат за брак, да имаат дом и да живеат одвоено, да имаат дете, тогаш доволно се возрасни да потпишат и развод. Муабетов не ти оди во добра насока и многу е неубав. Во брак во кој има семејно насилство работите се решаваат со полиција, социјални служби, развод, а не со загрижени роднини, пријатели и комшии. Во „вашиот“ случај двајцата си имаат проблем за кој треба да си поразговараат, без нестручни коментари од околината. Доколку не можат да си ги решат проблемите, тогаш тие ќе си бараат стручна помош. Кој си ги создал проблемите, тој треба да си ги решава.
А што и ветил ако му роди бебе? И зошто некој сака дете по секоја цена, ако партнерот не го сака тоа? Ми делува како да му била потребна поради нешто ( статус,углед...) и дека никогаш љубов немало....инаку не би ја оговарал околу... Тоа секако не ја оправдува неа, но ми делува дека не ни била материјал за мајка ( макар во тој момент ), родила поради некакво ветување кое не е исполнето....ако ја третирал како принцеза претходно на пример, не може туку така да ја смета за дебела сега...и сл. Двајцата се некако еднакво криви. Тој сака да ја моделира во мајка, а таа не ни сакала мајка да биде. Ќе се натегаат со детенцето за жал.. Не се мешајте во односот, слични манипулатори се. Помагајте само околу бебенцето, да порасне во здрава личност.
Па нели за материјално е со мажов ,а ваму пари за забар немаат?! Ако ти се пожалила дека е депресивна,зошто тогаш ја нарекуваш хистерична или со недијагностицирана фалинка. И да старите ќе пијат дијазепами зошто и тие се мешаат. И вие се мешате. Се сеќавам, па ти пишуваш за јатрвата која ја тинтраат цела фамилија и кај која се пресели свекрвата за да и помага 24/7 и мереа на штоперица колку цица бебето,нели? Тогаш се секираше малку му даваат да јаде,несоодветно го гледаат. Тоа што континуирано и помагале е друго не значи дека треба да бидат и брачни советници сега. Мислам дека ти е најпаметно да не береш туѓо гајле.
Добро за ова признавам се смеев колку е И еве не ги решаваат туку станува уште пострашно. И што правиме, чекаме трагедија? Најголемиот дел од проблемите ги знам од неа, тој само ќути, многу ретко да каже нешто. Со ова се согласувам. Ама јас не реков дека он е милионер, таа доаѓа од семејство во полоша ситуација плус е невработена. Така да, некако искочи дека јас сум крива
Внимавајте со кого споделувате проблеми, особено психолошки, многу лесно вака ќе се злоупотреби против вас. Неврзано за брак, на пријателка почина мајка, пола месец сочувствуваше фамилијата со неа, после пола почна да зборува најразлични коментари од типот колку не е одговорна, од кревет нема мрднато, полудеана била и сл. Жива среќа девојчево со психијатар работеше инаку во фамилијарна околина така се решаваат депресивни проблеми, уште да те турнат подлабоко. Многу ми е жал. Да споделам некому дека не сум ок и да ме нарече лудача…
Многу сакате да извртувате поради некои причини. Немам што да се правдам каква сум, блиските ме знаат, а и некои членки тука, така да овој обид ви е многу низок.
Секој втор човек некогаш испил некое дијазепамче,а женава пати од депресија ко што кажа.За да оди на психијатар и треба упат и 150 денари да и позајмиш,не знам дали имаш толку пари?.Или планот на фамилијата е да ја направат неподобна и лоша мајка и малку да си поседи во психијатриска болница за да има татково алиби да се разведе и да и го земе детето? Всушност тој мажот да сака одма би се развел и не му треба амин од никој ,ама еве широката фамилија му нуди многу помош,го теши,го тапша по рамо колку добар тате е тој,а ова женава мивка и курва што се врака во 5 наутро.Очигледно никој не ги остава сами да си ги решаваат проблемите,зашто не можат од толку загрижени души,а за бебево па најмалку им е гајле. Skyler глеј си го твојот брак и живот,која си ти да даваш или недаваш поддршка за туг живот,дури и да те прашаат дирекно не треба да се мешаш.
Така е Ани, ние сме моќници со луѓе насекаде. Цела фамилија на нозе да докажеме дека е неспособна мајка и да и го земеме бебето, планиравме на свекрвата да го дадеме зашто она е најмајка. Планот беше он да ја провоцира за она да го истепа, тоа успеа ама штета на бебето ништо не му се познаваше кога го удри, па не можеме ништо да докажеме.
Јас да сум сега веќе нит одам нит помагам, треба сите да се тргнете да видат и сами дека се неспособни да гледаат едно дете сами, без да се испокараат или испотепаат. Ваљда така ќе сфатат дека не се еден за друг. Таа како невработена, и еве психички не во ред, па уште оди и се пијанчи, не го гледа детето, што праи женава? Не знам не сфаќам зошто се пишува да не се мешате кога они сами ви ги кажуваат проблемите, или ве бараат за помош. Повеќе никој нека не помага, па да видите колку сте способни, само лошото е сето ова акп заврши трагично, со некаква последица на било кој од нив тројца. Друга работа е, ако не работи како тоа си искача кога ќе и текне, а пари за забар нема? Очигледно не размислува трзвено, јас да суж пари за луксузи не давам, а при тоа за на забар да нема, значи за шетање имам ама за на забар дајте ми. Мислам тотално детско ми е сето ова, ако и треба помош нека оди нека бара, има психолози/психијатри, а не да уништува ничиви животи, посебно животот на нејзиното дете.
Ваљда баби дедовци браќа сестри? Ете таа не оди ни на работа, уште па се заканува дека ќе му го земела детево а скршена пара нема, башка не може сама да го гледа, без работа па ич, тотална глупост е тоа дека детето ќе му го земела, само го заплашува со нејзиниве зашемутени мисли.
Зависи од денот, баба, тетка, се мењаат за помош, некогаш и мајката си е сама со детето ама најчесто кога останува сама оди по гости (да напоменам дека никој нема мислење за ова, да не речете пак некој ја осудува ако искочи од дома).
Не знам како може да нема мешање кога очигледно проблемот е префрлен на остатокот од фамилијата баш заради тоа што двајцата не можат да го решат. И тоа не е лошо, веројатно во вакви ситуации за тоа се тука блиските, секакви ситуации има, логично и оправдано е да може блиските да го згрижат бебето. Дека е депресија, можеби е, ама не можеш да му помогнеш на некој што не сака, ниту смета дека има проблем. Таткото верувам побарал помош, и не знам како очекувате да се брка со адвокати и да распрашува кога дома го чека бебе, сигурно нема со кенгур да шета по советувалишта. Дека е нездрава врска, факт е, и многу лесно се запаѓа во тој круг, не може сите да бидат начитани, преедуцирани и самосвесни како да се одбегне таква ситуација, нели? Искрено како помош, може само да разговарате на неутрални територии каде нема да се инсинуира ништо, да не биде дека провоцирате, совет дали се валидни видео снимки вистина само правно лице ќе ви каже, а во секој случај и самите треба на советник да одат. Сум чула за постапки каде дете се доделува на блиски привремено додека не реши судот кој ќе земе старателство, ама сепак не е едноставна процедура.
Јас знам дека многу работи што ги пишав звучат чудно, нелогично, е ама постојат секакви луѓе, а плус многу детали се изоставени заради приватност. Да беа нормални околности и луѓе немаше да пишувам тука. И најмногу ќутевме и исполнувавме желби за мир у куќа ама искрено после сите одговори што ги добив може и најпаметно да си ја гледам својата работа и онака секогаш ние, блиското семејство сме криви, дали не сме помагале низ дома, дали не сме се замарале со нив… Исто.