Ako iskoca od doma,tatkoto znae i e zapoznaen, sigurno,nemu ocigledno ne mu preci, ama voopsto kako nejzin soprug i toa im e meguseben dogovor,inaku vednas bi ja pratil doma kaj mama.
Како бе никој да не се меша, па зошто се тогаш родитиле, браќа, сестри, најблиска фамилија? Вака функционира една сложна и нормална фамилија, во моменти на лудило да бидат глас на разумот. Да знам дека кај брат ми, моите, неговите, деверот…се случуваат вакви срања сигурно дека ке отидам да се седне направи нормален муабет и да се помогне да се реши проблемот. Во овој случај очигледно и двајцата се вон себе и ако има простор за помош, треба да им се помогне. @Skyler Штом западнале во ваков круг на токсичност нема назад, после физичко насилство како се крпи брак? Никако и да се смират работите пак ке ескалираат и идемо јово на ново. Таа штом излегува цело време сака развод, значи сигурна сум. Ниту го сака мажот, ниту ја интересира дом и семејство. Ако не го сака ни детето, нека и го даде станот, ако може да си дозволи. Ако не нека седнат, нека се договорат што како и нека расчистат како луѓе. Инаку и те како познавам неколку мајки што не си ги сакаа децата. Буквално ги оставија на татковци, баби и дедовци и веќе никогаш ниту ги побараа, ниту видеа, ама буквално не ги побараа, ниту некој околу нив да прашаат како се. Исто како да не ги родиле. Си живеат друг живот без нив. Сепаратни случаи се, а ете исти злобни особи. Колку ли ги има што не ги знам.
Штом дошло до тепачки секако дека поблиското семејство треба да превземе нешто. Значи тие повеќе не можат да решат проблем штом постои насилство. Дали мислите дека после сето тоа тие ќе седнат и смиремо ќе донесат одлука? Мое мислење е дека родителите од двете страни заедно со нив треба да разговарат и да донесат одлука како понатаму. Секако дека проблемот треба да се реши меѓу мажот и жената но како што наведува членката дека повеќе пати има насилство тогаш овде веќе треба да се вклучат и поблиските.
Не е ова обична кавга без насилство, па да не се мешаат другите. Има насилство кое се врши и пред бебе. Мало човече кое нема способност самото да се заштити. Можете да вртите до сабајле и да додавате ствари кои @Skyler не ги кажа. Што не е во ред бидејќи ни една од нас не ги познава тие луѓе за разлика од неа. Она си знае зошто пиша. И не е во ред вашите ситуации да ги споредувате со оваа. Не ви се исти. Реков дека е до свеста и совеста. Онаа на која ѝ се функционални и двете, не преминува граници. Може и да ѝ се малку нарушени и да е на чекор до преминување на границите, но сфаќа што ѝ се случува и презема нешто. Бара помош од семејството и од стручни лица. Во првиот пример, другите не треба да се мешаат. Во вториот пример, треба да се заинтересираат. Она на која не ѝ се функционални и двете, преминува граници доколку некој не преземе нешто. Не може сама да се сопре, мора друг да реагира. Во третиов пример, семејството мора да преземе нешто за да не дојде до трагедија. Ова треба да ви биде јасно. Додека вие овде сте упорни со „не се мешај“, некое семејство кое порано го имало истиов став сега посетува гроб на детето или внучето.
Мислењава двојни аршини. Постои нешто што се вика самоодбрана. Ако некој ве нападне и мава со предмет по вас, посебно дури држите бебе, вие ќе стоите да ве утепа само за да не испаднете насилник во очите на другите? Дај бидете реални. На форум сите се правиме сталожени и разумни, ама надвор од форумов ако се скрстиш со ваква ситуација ќе гледаш да извлечеш жива глава. Некои многу сериозно и длабоко го имаат сфатено тоа 'mind your own business. Ако во вакви тешки ситуации не ти помогне семејството, кој друг? Комшиите?
Од една страна, згрешил. Од друга страна, можеби било афектно оти ретко кој би останал мирен во таква ситуација.
Не е погрешно да се браниш при напад. Негова грешка е што можеби порано не превземал мерки, ама од друга страна и ова со снимањево за доказ, од кај да знае кога ќе го нападне за да снима? Освен ако не стави камери да снимаат 24/7. Ама веќе имал сведоци. А жената штом во повеќе наврати била насилна дури и во јавност е нешто подлабоко од пост породилна депресија. Сепак тука треба да вклучат и стручна помош.
Дека она му рекла дека ќе го искористи тоа. Ама, да. Доказите и сведоците се клучни. И за состојбата истото го пишав преѓе оти знам за случаи во кои се покажало дека мајката има и друг психички проблем. Не тврдам дека и во овој е така, но секако стручно лице ќе увиди дали има нешто плус. Само да успеат да ја однесат.
Не бе таткото бил насилник што тоа било во одбрана, како што пиша тоа е рефлекс, си го штител бебето. Еее за татко/маж не е дозволено одење по кафани и пијанчење, а за мајка/жена е дозволено. Ама не завршува животот кога ќе родиш, од болница право по кафичи треба, како така со бебе дома да се седи.
Треба, сите знаеме дека треба ама никој нема храброст тоа да и го каже директно. Сите меѓу редови го спомнуваме. Имаше случај еден подалечен братучед со ваква жена, стално драми по дома исто пред бебе, само што таа повремено и се дрогираше. Го нападна пред кафич, фрлаше по него со што ќе стигне и некој од страна викнал полиција, па на полицајците им се пушти и ја однесоа во Бардовци. Јас искрено не знаев дека таква е постапката ама сега доста смирена е. Има решение за се ама зошто тоа да биде решението, мајка одвоена од бебе, да лежи по психијатриски болници кога може на време да и се даде дијагноза и да пие терапија. Јас сум сигурна дека го сака бебето, ја имам видено во неколку моменти како го гледа, го доеше извесен период ама има моменти како да и се откачува нешто, преплавена е од емоции и не може да се исконтролира. Не бира место и време, човек, никој не смее ништо да и рече, одма напаѓа, се расправа, непресметлива е. Не е заебанција, стварно е сериозна ситуацијата. Тоа што рече некоја членка претходно, сите сме имале такви моменти, неспиени од децата, се будат на 15мин итн, разбирам стварно, ми се идело од тераса да се фрлам од умор, да скршам нешто од бес ама затоа ние сме возрасни за да ја имаме контролата, да контролираме емоции. Ние што сме ги раснеле без помош што треба, да се тепаме по дома од умор, да бегаме по кафани? Не може така, родители сме и имаме одговорност.
Не разбирам стварно, и мајка и татко, исто е! Тоа дете е створено од нив двајца а не по негова желба, како да замавнам по маж ми кога ми го држи детето, ма ни на крај памет не ми текнало! Ајде жената била послаб пол и не се рачуна нејзиното шамарање, удирање или било што од физичка пресметка? И мажи има жртви на насилство, и нормално дека нема да седи мирен а оваа да го мава. Мислам што ви е на вас бе? Некои стварно се забегани со коментариве.. И треба стручна помош @Skyler и кажете и во лице дека и треба, подобро да си знае, нека прима и терапија. Ама колку е паметно да се задржи овој брак не знам, тоа дете само да не страда, а не е решение да го чувате сите вие, тоа дете има родители кои треба да се грижат за него, а ако не се способни сами да се сносат со одговорноста има институции, жалам што го пишувам ова, посебно за деца мн ме погодуваат вакви работи, ниту едно дете не заслужува да расте во дефункционално семејство.
Жената била понежен пол, мажот бил посилен, епа како многу жени си ги убиле мажите, изгледа не слушнале за тоа.
Не сме сите исти. Ете може си ги растела без помош. Ама друг не може. Не може да се сноси со тоа. Ако може помош да. Но зошто да се осудува? Јас можев без помош како ти не можеш? Инаку во случајот двајвата се насилници. Не е во ред да ја прикажуваш жената како неурамнотежена а тој цвеќе
Ранлив е тој период за жената. За тоа помага кој колку може.А жената не се прави луда за тоа што не може да се избори.
Никој не знае дома како е освен тие што се баш дома-дома. Ако не ти е брат, сестра мое мислење седи си настрана. Од ова што го читам жената е депресивна и тоа во длабока депресија. Оставете тоа била средена, била насмеана. Депресијата е болест со две лица. Кој имал блиска особа со депресија знае за што зборувам. И друго да прашам дали пие некои апчиња за смирување како хелекс и слични на нив? Моја блиска пиеше хелекс како терапија со апче за болка за мигрена, имаше слични вакви испади од хелексот. Кај некои има контра ефект ваквите апчиња. Само тие што се дома си ја знаат ситуацијата. Се што е подалеку од родители, брат, сестра не треба мешање. Па дури и овие колку знаат точно што и како е, да не направат поголема штета.
Site raboti se resavaat, i nie sme bile so hormoni do plafon i sme vreskale, lutele i udirale ama i toa pominuva. Pa posebno koga ke se rodi bebe neznaes sto poprvo da napravis, da isperis , da iscistis, bebe place li place , se e haoticno dodeka da napolni godina. Pa koga ke pocnes so rabota doma nemas koj da ti cisti, bebe saka da te gleda a ti se fakas za glava, sto se e rasflano , necisto , nesredeno se toa nervira. Ama i toj period pominuva . Sega se smeeme na tie raboti koga ke se setime. Toa e period koj ke pomine.
Ноуп. Ранлив бил за тебе можеби. За неа не е оти таа мисли дека така треба. Не пробувај да ја оправдаш преку тебе
Чекам наредно на тема - маж ми шета по кафани и не тепа дома - да одговорите со - ранлив е, може депресивен е, може не е наспан... чисто за да немаме двојни аршини Исто жена кога ќе се одбрани од маж што ја тепа, да речеме - насилничка е - на насилство со насилство враќа. Не дека бранам или напаѓам некој во приказнава, сум научила без да ги слушнам двете страни да не судам оти приказните се секогаш поразлични од што се прикажуваат. Тука може вистината е сосема трета, кој да знае. Во секој случај, од сега мажи по кафани, пијаници и тепачи ќе ги браниме и депресивни ќе ги викаме... мислам, итс онли фер.