Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.764
    Допаѓања:
    6.498
    Жена од прв ден неприфатена од фамилијата класифицирана како хистерична лудачка. Се чудат зошто ја зел. И одат дома и наместо да и се најдат и бројат колку време бебето цицало, колку пати излегла, колку кафиња испила.
    Не ја оправдувам жената. Само не верувам дека е се така црно бело како што кажува членката.
    И да. Ранлив период е за секоја родилка. Промена на начинот на живот, промена на телото, хормони,умор се тоа доаѓа до израз.
     
    На Mother of 2boys, Nataska123, Zumbulche и 4 други им се допаѓа ова.
  2. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.764
    Допаѓања:
    6.498
    Маж кога ќе го носи бебето девет месеци,ќе раѓа, ќе дои, ќе станува ноќе за да го храни во исто време ќе готви, пере и чисти тогаш може да го споредувате со жена.
    До тогаш од него се очекува да биде поддршка на жената а не тригер за да излезе најлошото од неа на површина.
     
    На Mother of 2boys, Nataska123, Curious cat и 6 други им се допаѓа ова.
  3. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.285
    Пол:
    Женски
    Додека носењето бебиња, раѓањето и доењето се тешки сами по себе, биолошки ни се предодредени, и никој не ни е виновен. Постои опцијата да не раѓа жена ако не сака или не може да издржи психички/физички. Постои дијагноза - постпородилна депресија, и тоа се утврдува на доктор и бара лечење.... инаку за општ умор никој не дава за право да фрлаш по сите дома оти си родила и доела. Сум била и уморна, и ми се плачело, и сум плачела и се, па не ги истепав сите дома. Ако не може човек да се контролира, си постојат психијатри, лекови, институции и се со ред.
     
    На firequeenn, La-loca, Трагедијаупмм и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.115
    Допаѓања:
    88.056
    Пол:
    Женски
    Свесна си што напиша?!

    Помалку љубомора кон јатрва ти;) ,и помалку занимавај се со нив.
    Дали бебто било нарането доволно, дали цела фамилија неа и помагале,а тебе не, сега и колку шетала и каква мајка била, дали се карале,тепале, ништо од тоа не твоја работа.
    Јас те сфатив,но ти треба својот живот да го гледаш.
     
    На Nataska123, An-na и Lena0903 им се допаѓа ова.
  5. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.221
    Допаѓања:
    8.316
    Пол:
    Женски
    Нормално дека ова нема да го дочекаш. Овде на форумов.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.285
    Пол:
    Женски
    Не ни треба да дочкаме... не мислам дека насилство треба да се оправдува по никаков основ, вклучувајќи и пол. Ниту па по дијагноза, ни под никакви околности, а најмалку па пред бебе... никој на светов не смее да трпи насилство, за се постои решение.
     
    На Anyshka, Waverly Raven, VDT2906 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.221
    Допаѓања:
    8.316
    Пол:
    Женски
    Лелее, абе што пишуваш? Па биолошки ни е одредено да го носиме и родиме детето, ај маж дека не раѓа не смее да е во депресија? Ако не знаете да се сносите со одговорноста како родители тогаш не треба ни да раѓате деца! И јас имам анксиозност еве, пијам и терапија, претешко ми било, ама во ниту еден момент не помислив децата да си ги оставам или малтретирам. И доста се правдате со тие хормони, и мажите имаат хормони, и мажитр чуваат деца, чистат дома, работат.. ако вашите мажи не ви помагаат тоа е ваш проблем. Не си барајте оправдувања за вашите испади. Ако сите околу тебе сметаат дека ти треба помош, а ти се правиш "будала" тогаш во тебе е проблемот.
     
    На Anyshka, LiquidLuna и Skyler им се допаѓа ова.
  8. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.221
    Допаѓања:
    8.316
    Пол:
    Женски
    Тоа и јас го пишав и го мислам!
    А не појак или понежен пол да ми мешаат тука, насилство е насилство без разлика на пол, а јас на насилство ќе возвратам исто, да трпам и ќутам нема, да се правам будала нема.
     
    На oblace1, Anyshka, Skyler и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.321
    Пол:
    Женски
    :D Еве да речеме дека сум љубоморна на таква особа |( Како твојот совет помага?
    Ако немаш ништо паметно да кажеш, не ми го губи времето да читам глупости.
     
    На oblace1, Anyshka и ForeverYoung им се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.115
    Допаѓања:
    88.056
    Пол:
    Женски
    Многу ке ти помогне.
    Златен совет ти дадов.
    Гледај си своите деца,маж и дом.
     
    На Nataska123 и An-na им се допаѓа ова.
  11. Lena0903

    Lena0903 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2023
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    432
    Пол:
    Женски
    За оваа ситуација за којашто се полемизира, мислам дека и двајцата не се во ред, ниту жената, ниту мажот. Изгледа и врската им била токсична пред да стапат во брак. Очигледно имаат нерешени проблеми и затоа гневот се има преобликувано во насилство. Колку што жената нема право да го удри мажот, уште повеќе да го стави во ризик бебето, но искрено ми беше претрагично оправдувањето дека супертатково реагирал во самоодбрана, во самоодбрана би замавнал и тој, или би ја фатил цврсто за рака, ама не е самоодбрана да земеш и да ја претепаш после тој чин. Така што тој е насилник, мислам дека со неговото однесување направил фрустрирана и насилна личност од неа.

    Што се однесува до мешањето, никој нема право да се меша, особено не Вие како јатрва. Значи не сте објективни во приказнава, туку имате некоја лична корист или сатисфакција од тоа да биде декларирана таа како насилна и хистерична.
    Пример бракот на мојата јатрва е дисфункционален брак, ако гледаме од сите аспекти треба да се разведат, и јас тоа лично го мислам, ама не сум го кажала јавно, дури и на маж ми не сум му го кажала тоа мислење зашто едноставно не е моја работа. И тие двајцата се насилни, се имаат тепано пред дете од 4 години, сами во викендичка, соседите ги зборуваа. Додека беше бремена тој ја изневеруваше, колку пари има прокоцкано, за детето не се грижи тој, а неа и' е смачено цело време сама со детето, па дури некогаш крвнички му се дерела, шамари летале. Јас едноставно се дистанцирав, не ми одговараат такви луѓе. Свекрвата го викаше маж ми да им ги средува проблемите. Јас само што породена, лежиме на кревет со бебето и мажот, се закачкаме, уживаме, него му ѕвони мобилниот, се јавува мајка му, доаѓај спасувај ситуација. Така одреден период. Се налутив и јас испаднав виновна, го делиш од брат му, не сакаш да му помогне. Не, само сакав нивните бизарни проблеми да не ми влијаат на моето секојдневие во семејството. Јатрвата е понормална од брат му, ама е неработничка, не сака да оди на работа, па еднаш имаа жестока кавга и околу тоа. Детето го направија, за жал, да делува психотично, тоа ми го рекоа сите. На вториот роденден на моето дете, нивната ќерка (внуката), фрлаше столчиња, ги испотепа сите деца, моето најмногу си однесе, и' удри шлаканица на мојата старосватица, ми го уништија роденденот. Ама, јас како јатрва не можам да им се мешам во бракот. Затоа и ти не се мешај. Јас само сум поставила граница дека не сакам фамилијарна блискост со нив и до тоа ќе се држам додека сум жива.

    Што се однесува до тоа кој е хистеричен, мислам дека најголемата хистерија е вашата кон снаата. И јас бев дефинирана како хистерична од страна на свекрвче и јатрвче...а знаете зошто? 9 месец бремена, одиме да купиме количка и креветче за детето, јас давам 50.000 (ја кажувам сумата во контекст на ситуацијата, ниту сум богаташка, тоа се се' штедени пари за таа цел, ниту сум живеела во изобилство од пари), а мојата плата тогаш беше 27.000, маж ми не дава ништо зашто плаќа кредит 9000 за кола од вкупно плата 35.000, океј ги купувам јас големите работи, случајно картичката моја останува кај него, одиме накај неговите дома да преноќиме и утрото да си одиме со обврски бевме и тој без да ми каже купува од мојата картичка 3 тегли ајвар, 2 големи милки, сок. Кога ја проверив сметката, му се испоразвикав, да не крие од мене и да не се краде, ако нема нека каже, и ми вика па тоа за ние да го јадеме...а останува тоа кај мајка му и татко му (што се посебна приказна, ама тоа во друга пригода). Не беше за парите, туку за таинственоста. Урлав од нервоза, и бев наречена шизофрена, хистерична, да одам на психијатар да се смирам. После тој си ја научи лекцијата. Да бидам појасна, во тој период престојувавме кај моите и не плаќавме сметки, храна...за да не биде дека тој кутар трошел за се', а јас лоша за ајвар сум се налутила.
    Затоа внимавајте во давањето дијагнози, да сум во некоја добро уредена правна држава, би тужела за тоа, па ако не ми најдат шифри, нека ми плаќаат оштета за валкање на углед.
     
    Последна измена: 3 јануари 2024
    На DoubleK, Трагедијаупмм, Nataska123 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.361
    Допаѓања:
    22.156
    Пол:
    Женски
    Па и јас тоа викам де. Жена нема за џабе да се понаша така. Чим е така, има нешто.
    Среќна и задоволна жена, наспиена одморена, гушкана од сопругот не постапува така. Знам по мене, и јас урлав така кога бев ненаспиена, кога го немаше сопругот да ми помогне, кога не ме гушкаше.
    Значи има нешто тука чим жената прави така, може и оваа членката незнае некои работи па како ние да ги знаеме. Може и е смачено од тоа да живее таму со нив а да гледа дека ја праат немајка. Може има некој проблем со мажот, може он се швалерисува, кој знае. Ама да се лепат така одма етикети не треба.
    Да живеам со такви шо ми лепат етикети и шо сакат да се разведам и да ми го земат детето, и јас ќе бидам хистерична и нема да седам дома со нив.
     
  13. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    :clap:
    Проектирање на лични недостатоци е многу лесно и поминува низ вода да се прави кај фамилијарен член кој не е во крвно сродство. Малтене рутински кај нас, а нема како да се спречи или да се укаже.

    Поддршки, подароци или помош завиткана со зли јазици, не фала. Подобро сама.
     
    На Трагедијаупмм и Lena0903 им се допаѓа ова.
  14. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.321
    Пол:
    Женски
    На пример, што?
     
  15. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    992
    Пол:
    Женски
    И мене вака ми делуваа коментарите, не видов нешто добронамерно
     
  16. Lena0903

    Lena0903 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2023
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    432
    Пол:
    Женски
    Очигледно е дека тој не е цвеќе за мирисање, а и неговиот дел од семејството.

    Подобро сама отколку во уназадено семејство со некои закоравени сфаќања. Такво семејство е само болест.

    Не мора да биде материјално нешто, доволно е лична сатисфакција како на пример Вие сте подобра снаа, еве нормална, паметна снаа, а не како онаа хистеричнана. Вие сте успеале во бракот, таа не. Вие сте мајка, таа е немајка. Можеби имате нешто против свекрвата, па сега на овој начин ќе и' докажете дека има и полошо. Искрен совет, не се мешајте.
     
    Последна измена од модератор: 5 јануари 2024
    На Adidas888 и Mateica им се допаѓа ова.
  17. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.658
    Допаѓања:
    8.214
    Пол:
    Женски
    @Skyler ај, замоли ја невестава да се уклучи на Фемина форум и да ја сподели нејзината страна. Мислам дека во случајов на двајцата им е скурчено од обврските. Двајцава не знаеле што ги чека во брак, детево им е капак во хаосот во нивните глави. Нека се одвојат еден месец, па нека си зборнат смирено за маките што ги мачат.
    Не фаќам страна, ама пази на секој збор, пошто на внучето твојот збор ќе му го кажуваат до крајот на животот. Тебе ќе те водат виновна. Сум видела, од искуство ти кажувам.
     
  18. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.321
    Пол:
    Женски
    На глас нормално дека немам ништо кажано, аутсајдер сум со години. И јас со цел памет мислев ќе најдам начин како да пристапам ако пишам тука. Целта е да смират за да може детето да расне во здрава средина, а не да им го земам (или што друго и да измислија веќе тука). Нема врска, ми се гледа дека крајот на хороров е при крај, за добро нека е.

    Не сум блиска со никој, нит ме интересира туѓо мислење. На свекрва ќе се докажувам, сериозно таму ти оди паметот вака паметна?
     
    На oblace1, Anyshka, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Се смирија?
    Ако да, за жал, со токсичен партнер пак ќе има проблем.
    Најдобро е да се советува со адвокат за во иднина како да постапува
     
  20. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.321
    Пол:
    Женски
    Не, полошо стана, којзнае што ќе биде.