Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. Lena0903

    Lena0903 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2023
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    432
    Пол:
    Женски
    Епа како што тебе не те интересира туѓото мислење, и на некој друг не му треба твоето мешање. Јас вака паметна не се мешам во туѓите бракови, и ти биди така паметна и не се мешај. А, ако не си со ниту еден од нив блиска, што мајка бараш да се мешаш. Ама тоа е тоа балканското, да не се гледа во сопствениот двор. А и по односов веднаш со навреди сфаќам колку е саатот и сирота на таа жена со вакви душебрижници како вас.
     
    На An-na, Adidas888 и LizzyGrant им се допаѓа ова.
  2. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Аман што сте досадни, некој ќе бара совет, вие ќе скурчите со глупости.
    За блиска фамилија да не и е гајле и да не проба да помогне?
     
    На oblace1, Anyshka, Waverly Raven и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.321
    Пол:
    Женски
    Гледаш колку си паметна, ги сфати 13 години во неколку реченици, јас глупата сведок на милион скандали не успеав да сфатам. Ај оди чувај си го мажот да не прозбори со неговите, не се секирај за мене.
    Чудо едно колку ве имало исфрустрирани, ве тригерна еден збор.
     
    На oblace1 и Anyshka им се допаѓа ова.
  4. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.361
    Допаѓања:
    22.156
    Пол:
    Женски
    Ебати помошта, бара совети за развод за луѓе шо не е ни во крвно сродство.
    Може они не сакат да се разведат.
     
    На H.VAGA, Lena0903 и LizzyGrant им се допаѓа ова.
  5. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    Најнепристрасно, имав таква ситуација кога блиска личност имаше проблеми во брак. Се што кажав е тука сум за тебе, за што и да ти треба, и финансиски и ќе спијам на земја ако треба, ќе живееш кај мене, и ќе ти помогнам со адвокат. Ама не си дозволив да отидам да застанам меѓу нив, крајната одлука мораше да ја направи таа сама. Не зборувам за случај со насилство, дрога или пијанчење, во тој случај би реагирала ама ако не дај боже се работи за сестра. Ама ќе реагирам така што ќе разговарам со неа. И тогаш треба многу убаво да се размисли затоа што двајцата во брак и зад затворени врати најубаво знаат што се случува.

    И да, ексик нека ми е бракот и "помошта" ако во таква фамилија влезам кај што ќе ми се мери колку ми цицало бебето и што ќе ми се тресне мајката на маж ми 24/7 кај мене, а јас тукушто породена.
     
    На Mother of 2boys, Nataska123, Anyshka и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Ок, не знам што и се ама ако ситуацијата искача од контрола и има физичко насилство, тогаш треба да се реагира, не да се ќути
     
  7. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.321
    Пол:
    Женски

    Не и се мери туку сама си мереше со штоперица, нормални сте да ми копате мислења и да ги вадите од контекст?
    Никој не и се треснал туку ги блокираше на социјални мрежи еден по еден сите што не дојдоа првиот месец. Значи ако сакаш да го гледаш бебето мораш да го чуваш, појасно ви е?
    Не сте реални до каде ќе одите за да оправдате насилство.
     
    На oblace1 и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  8. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.361
    Допаѓања:
    22.156
    Пол:
    Женски
    И јас да иам блиски луѓе шо не сакаат да дојдат да ми го видат детето и јас ќе ги блокирам. И го иам напраено тоа.
     
  9. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    Значи вака. Ти си таа што вади од контекст бидејќи никаде не реков дека оправдувам насилство. Во конкретниов случај, си се нашло тенџерето со капачето. Тој насилник, таа насилник. Што им се случува зад затворени врати не знаеш и намали со претставувањето на твојот познаник како фино дете и све топ.
    Друга работа, ако ти си сестра на маж ми, во најранлив период си ми дошла дома и после ме разнесуваш по форуми, трачариш по другарки и колешки што и како сум правела и сум се понашала, не ми требаш во животов и ќе те избришам како воопшто да не си постоела.

    Значи ако сакаш да го гледаш бебето мораш да го чуваш, појасно ви е?
    Скроз ми е верно дека постојат и немајки, да се разбереме. Смири се малце затоа што не си и во кожа. Ете кажа дека имала помош и дека уствари си го чува, дека детето не е запуштено ниту неухрането? Ете дека и мажот го чува како што и е сосема океј да биде, дали ме разбираш? Иако тој работи, не е лесно да се постигне се околу дома кога бебето е зависно од тебе, затоа и треба да си помагаат. Леле жалниот, вечерта му давал млеко на бебето. Е сега, дали женава е фит за да биде мајка не можеме да знаеме од неколку ситуации што ти ни ги претстави вака.
    Брак значи баланс. Еден ден едниот е 100 посто, еден ден се 50/50, еден ден се 80/20. Ама во ваква состојба со новороденче, луѓево имаат проблем. Како што рекоа, дури и хармонични бракови имаат проблем кога ќе дојде бебе на свет.
    Апсолутно не го оправдувам насилството, ама овој проблем е надвор од рекла казала еј го исшамари па тој неа ја исшамари и останатите рекла казала муабети за секс и што не. Ако тој е свесен за проблемите кои ги имаат, во прва прилика ќе се јавеше на матичен доктор и таа ќе преземеше со упат за на психијатар/психолог, совет, препорака и се друго. А вака, очигледно е свесен дека и двајцата не се цвеќиња за мирисање па си стои во место и си вента и се жали на кој стигне, сигурно и таа го прави истото.
    Дајте им простор на луѓето да дишат и кога веќе тие се под огромен притисок и не знаат кај тераат, вие останете со ладна глава и поставете си граници. Ќе им речете ако ви се помага и ако можете дека сте тука за чистење, за да однесете едно пластично зготвено за нив понекогаш ама за друго дека нема ниту да ги слушате се додека не почнат со чекори да го решат проблемот за да бебето не расте во ваква средина, ни прво ни последно е што ќе си порасне со разведени родители. Подобро тоа отколку да слуша секој ден кавги и тепачки.

    И да, сфативме веќе дека ти ја категоризираш жената како хистерична, со недијагностицирана фалинка ама не е во ред да реплицираш и да убедуваш луѓе дека таа уствари е таква, во случај кога некој размислува различно од тебе според напишаното тука од твоја страна.
     
    Последна измена: 3 јануари 2024
    На crimson и Lena0903 им се допаѓа ова.
  10. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.321
    Пол:
    Женски
    @WarriorAngel Се надоврзав на твоето мислење ама стварно многу работи ги извадивте од контекст, преувеличивте, си додадовте за да ме навредите.
    Никој не помисли дека јас пишувам со емоции, не сум објективна пошо ова лично ме погодува, дете на улица да е шлапнато го мислам со денови, а не некој близок. Овие 3 дена поминав многу фази, бес, нервоза, тага, пола ден си викам кој ве е*е, пола ден си викам што ако закопаме некој?
    Не ми објаснувај за брак и деца, ќе те молам. Првите две години од бракот едвај ги преживеавме со маж ми, бевме во многу лоша позиција, ние си знаеме каква жртва направивме за нас и за овие деца. Така да, скроз немам потреба да бидам љубоморна, да се ситам на туѓа несреќа, имам повеќе од што можев да замислам, истото ви го посакувам на сите.
    И за крај, не дека јас многу сакам да се вклучам во драмата, мислам дека ќе имам грижа на совест ако се случи нешто, а јас не сум мрднала со прст. Ете, можеби сакам некој да ме оправда за моите (не)постапки зашто јас стварно не знам што да направам.
    Искрено, колку и да сме анонимни овде се осеќам повредена од индиректните навреди кон мене.
     
    На Трагедијаупмм, oblace1, LiquidLuna и 4 други им се допаѓа ова.
  11. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    @Skyler океј, те разбирам. Сфатив што ти се случува уште кога го напиша мислењето. Ама види вака, никој не те навреди.
    Ако самите возрасни не се свесни, ако тргнала натаму работата или ќе заврши лошо, или еден од нив ќе се свести и ќе бара чаре. Ако машкото во случајов е тој, и ако стварно е постабилен од неа ќе бара решение и под дрво и камен, почнувајќи од матичната, земање ден - два од работа за да да отиде со неа да нема бегање од сесија.
    Ама работата кога сме возрасни е што реагираме многу одбранбено. Гледаш како реагираш ти кога некој не размислува исто како тебе, баш поради тоа што го кажа - не ги знаеме сите ситуации и карактери. И самата јас реагирам одбранбено кога некои членови од фамилијата ми кажуваат што да правам за поситни работи, а не па ова. Пример, банална работа - тетка ми пред некој ден со муабетот дека не се оставале пари и картичка на видик на полица. Ти ќе ми кажеш кај да си ги оставам работите во мој стан, и слично, а не па некој да се меша во брак. За неколку години тоа ќе биде, е ти ќе ми кажеш како со бебе и со маж.
    Таа одбранбеност не значи дека не знаеме да побараме или прифатиме помош. Напротив, кога сум била во такви ситуации кога ми требало помош/мислење, сум побарала ама на крај пак сум си размислила сама затоа што на крајот на денот сум возрасна личност и морам да си сносам последици, но сум била свесна дека ми треба помош или совет. Ама овие двајца, бараат помош за симптомите, а не за болеста. Не се свесни и стабилни. Пример, тешко ми е да исчистам и зготвам, немам време, а вистинскиот проблем меѓу нив двајца којзнае што е за да до толку ескалира со насилство. Можеби и самите не го знаат и тоа нема туку така лесно да се реши.
    Е сега, не можеш цел товар да го носиш на твоите рамена, и ментално и физички. Постави си и ти граници.

    А ако нејзината прва реченица откога се родило бебето е еве ти го, ти го родив, чувај си го - ако таа не го сака, дури и на глава да си застанете сите, нема да направите таа да го засака. Мажот ја има целата одговорност тука да превземе нешто, посебно штом и треба помош од психолог или психијатар веќе со месеци.
     
    Последна измена: 3 јануари 2024
    На Трагедијаупмм и Skyler им се допаѓа ова.
  12. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.658
    Допаѓања:
    8.214
    Пол:
    Женски
    Во ваков случај што и да кажеш ти ќе си крива. Не постои добар и добронамрен совет кога двајцата не знаат каде тераат. Да не ти се брои зборот ми беше муабетот.

    Поздрав и секое добро.
     
    На Трагедијаупмм и Skyler им се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.195
    Допаѓања:
    125.377
    Пол:
    Женски
    Ама, вие претерувате. |(
    Има личност која врши насилство!
    На насилство не треба да се ќути бидејќи последиците од ќутењето можат да бидат страшни и трагични.
    И што се запнавте со „хистерична лудача“...
    Па, @Skyler ја знае. Знае што правела таа. Веројатно таа си го заслужува називот.
    Ама, Скајлер не може овде сè да каже бидејќи мора да мисли на својата приватност. А, и не е должна за сè да ни каже.
    Доста со проектирањата. Вие не сте таа жена!
    Не бранете некоја која не ја познавате.
    За разводот, не е дека други сакаат да ги разведат.
    Можеби мажот и жената спомнале (или еден од нив спомнал) таква опција. Човек кога се расправа помислува на тоа.
    А и при насилство, останувањето во брак е штетно.
     
    На Anyshka и Skyler им се допаѓа ова.
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.596
    Допаѓања:
    35.049
    Пол:
    Женски
    Мажот нема постпородилна депресија, жените имаат. И ова не е за потценување, ама ич.
    А пошо во муабетов го имаме само мислењето на Скајлер, кое според мене е субјективно, ич не сме во позиција да осудуваме.
    За ова се сложувам, само... некако во приказнава сите ја осудивте жената, а никој не го осуди мажот кој исто така е насилник, пошо ја ишамарал. Или „самоодбрана„ е, не е насилство тоа? Исто така пред дете.
     
    На BlackNight и Biljarkata им се допаѓа ова.
  15. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.285
    Пол:
    Женски
    @An-na Прво ко што гледаш јас никој не осудувам, туку велам, приказна без две, па дури и три страни, не е релевантна, така да, за случајов не би ни да коментирам. Јас зборував општо. Значи постпородилна депресија е нешто што постои, не е за потценување и затоа треба да се лечи. Со тепање и пиење по кафани не се лечи, па колку сакате пробувајте да оправдате. Мажот ни го знам каков е, ни дали е цвеќе... нивна работа. Само смешно ми е кога има двојни аршини... за жени насилници секогаш мора да има оправдување, сигурно е депресија, хормони.... а може па и не е, нели? Маж може да има депресија, трауми и сл, па никогаш нема да го оправдаме. И депрсијата кај мажите постои и не е за потценување... зошто па не пробуваме да ги оправдаме нив?
    Пак ќе речам, депресија треба да се лечи... со тапшање по рамо и пиење по кафани ништо не се решава.
     
    На Anyshka и ForeverYoung им се допаѓа ова.
  16. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.361
    Допаѓања:
    22.156
    Пол:
    Женски
    Да, насилство е насилство, али не е исто шамар од жена и шамар од маж. Шамарот од маж може главата да ти ја пукне.
     
    На Mumoftwo30 и Lena0903 им се допаѓа ова.
  17. Lena0903

    Lena0903 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2023
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    432
    Пол:
    Женски
    Луѓе, да не полемизираме за насилството, од која било и да е страна, не треба да се оправдува. Но, темата е за развод, а за развод се потребни двајцата сопружници да решат, не кој било друг од страна, па уште и труд и напор да се внесува во тоа, и да се навредуваат феминки кои не се согласуваат. Никој не знае што се случува зад затворени врати меѓу нив двајца. Само тие си знаат што е вистина, некој од страна не 13 години како што кажа загрижената, туку и 113 години да ги следи, вистинската приказна не може да ја знае. А, и кога едниот се жали може да ги преувеличи работите за другиот. Да прашаше засегнатата страна на форумов, жената или мажот, па да се насочат некако за понатаму, а никој не може да ги разведе од страна. Значи, до Скајлер, ниту ме знаеш, ниту те знам, ниту си ми згрешила, ниту сум ти згрешила за да се навредуваме и напаѓаме, можам само еден добронамерен совет до сите како тебе што се во ваква ситуација, не се мешајте во ничиј брак, во ничија врска, тие ќе се смират, а вие ќе бидете виновни. Има многу такви примери. Зборувам и од лично искуство, вујкото на маж ми нема деца и заради тоа се меша во животот на внуците (маж ми), за некои работи е исфрустриран, нервозен, а и општо е катил човек, само рчка, навредува, се опи ме пцуеше, го навредуваше моето семејство и ми викаше како маж ми требало да расчисти со мене, тој ќе го разведел...и погодете што, маж ми му се испоразвика, го истурка од дома, тој се свести што направи, ама толку е, сега јас и маж ми си живееме нормално, добро ни оди, а со него не сме во контакт. Значи, не се мешајте во туѓ двор. Затоа реков еве и бракот на јатрвата и на деверот не е сјајен нималку, ама не е мое да кажувам што и како, и кога го викаа маж ми да ги решава нивните проблеми му реков оди со ладна глава, пробај смири гнев, ама да застанеш помеѓу двајца не. Еве пример таа има простено константно изневерување за време на бременост, јас тоа никогаш не би го простила, ама таа не сум јас, јас не сум таа. Простила ок, не простила пак ок, до кога можат нека тераат, ако не можат сами ќе одлучат да се разделат, а судии и кадии не сме. А, за случајов, па тие си простуваат зашто и двајцата се однесуваат насилно, и тој е удрен и таа е удрена. А, на крајот на краиштата, веќе ако некој се замеша, тоа треба да се родителите и од едната и од другата страна, а не Митра од соседно двориште, на едната мајка синот и е малтретиран, на другата ќерката, а на двете баби ќе им страда внучето.
     
  18. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.321
    Пол:
    Женски
    @Lena0903 Самите спомнаа развод, почнаа да делат стан и дете. Не знам во кој момент сфати дека ќе ги разведувам, стварно не знам, еве ќе ти кажам пак дека немам таква намера, а и да имам како јас би го постигнала тоа жити се?
    Реков и дека родителите беа да разговараат, да смират, требаше и ние да одиме ама не се осеќав дека ми е местото, ќе одам само да ги видам како се.
    Никој не сака да се разведат, сакаме да се средат работите, мислам мене ништо не ми менува ама на детето му менува.
    А ако веќе дојде до развод и тоа како што таа планира да направи, да го пријави за семејно насилство мислам дека стварно не е во ред зашто тој никогаш не ја малтретирал физички (за психички не знам) освен тоа кога и вратил за бебето што го удрила. Во ниеден момент не реков дека е супер човек, реков дека е грижлив татко. И одма реков знам дека згрешил и тој е свесен.
    Како што тебе тој вујко те навредувал и имаш право да го наречеш како сакаш, така и јас имам право да ја наречам како сакам зашто и мене ме вреѓала, ме малтретираше со пораки, буквално ми има кажано ‘ќе ти го загорчам животот’. И стално после има жалопојки, се извинува плаче, моли, во афект било, па маж и ме молеше да и простам вадејќи се на депресија и не знам веќе што.
    Сопствената мајка ја избрка од пред врата зашто не дошла 3 дена на помош, на свекрва и урла секој ден со ‘ќе умреш дебела и мрзлива, 100кила си се направила од лежење’ итн.
    Ви викам не знае да се контролира, не е добра, има некој проблем ама не сака да го реши. Имало милион и една ситуација, не можам сите да седнам да ви ги напишам. Има причини зошто го зборувам тоа што го зборувам.
    Мора да има некој нормален во социјални служби да увиди дали е подобна мајка, барем некој преглед од психијатар да даде мислење, ваљда не е толку едноставно да го пријави за семејно насилство и да добие целосни права. Би било фер барем 50-50.
     
    На oblace1, Anyshka, fana и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Lena0903

    Lena0903 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2023
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    432
    Пол:
    Женски
    Епа токму тоа е тоа што го зборувам, таа ти напишала дека животот ќе ти го загорчи, и маж и' ја оправдал со пушти ја депресија е, значи на некој начин застанал зад неа, а не зад тебе, така ќе биде ако советувате развод, ќе се смират и ќе вие ќе им бидете криви. Поради тоа дистанцирај се, не ги ставај на свој грб нивните проблеми. Ти ќе испаднеш виновна. Не знам во каква релација си со нејзината свекрва (освен ако не си ќерка, а мажот да ти е брат), ама ако станува збор за јатрви како погоре некоја членка што пиша, тогаш не дозволувај свекрвата да те вовлече во проблемите на другиот син, зашто пак ти ќе бидеш виновна и тебе ќе ти биде преречено. Имав ситуација каде што јатрвата и деверот не го испочитуваа маж ми, и свекрвата место да бара мислење од син и'/маж ми, таа гледаше да извлече од мене да кажам нешто лошо. Кога реков јас не се мешам, заќуте, ааа да да во право си...ја ускратив за едно оговарање. Тоа служи за прва прилика да те набеди тебе. Така што гледај си свој дом. А, за детето е најтажно, се надевам дека и двајцата ќе се оправат во главите.
     
  20. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.550
    Допаѓања:
    3.145
    По пишаното, однесувањето на жената не е од вчера, кажува членката дека со години ја познава. Едноставно си има некаква дијагноза, која можеби и се влошила сега со бременост и дете.

    Утре ќе почне и на дете да му се истура, ете ти уште една единка која ќе расте со психички проблеми, ради некој што навреме не си зел терапија сам да се оправи. Не ми кажувајте дека била мајка, па знаела најдобро, жити таквото. Мојата ме наполни со куп стравови и анксиозности со кои уште живеам, е со вакво живчано и терсене понашање, врескање за секаква ситница, секогаш критично понашање, се јас и бев крива за проблемите, среќа пак ќотек не јадев, ама камо некој да ја однесеше на некаква терапија совреме.

    Ништо арно не му се пишува на тоа дете ако продолжат родителите така. И таткото не е цвеќе, чим земал да се крева рака и тој, али оваа под итно нека зема нека се оправа.
    Дали членката би помагала во тоа, да се меша или не, тоа е нејзино лично чувство, јас ете лично ако ми се блиски би реагирала, знам дека ќе излезам виновна, ама не би сакала дете да расте со нестабилна мајка.
     
    На Anyshka, SummerGirl, jacqueline.s и 4 други им се допаѓа ова.