Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.304
    Пол:
    Женски
    Како успеавте да ги извртите муабетиве на Скајлер не ми е јасно! Жената изнесе ситуација со надеж дека ќе добие совет некој, ја направивте љубоморна на јатрвата, дека сака да ги разведе, дека го оправдува деверот и што ти не... Страшно! Да не се мешате вие никогаш никаде, најарно, само утре задутре тркалото се врти и може да се деси вам да ви треба помош за нешто па никој да не сака да се меша. Какво време дојде, на улица да видите паднат човек нема ли да помогнете?! Зошто тогаш не би помогнале на недолжно човечко суштество, бебе, кое имало несреќа да се најде во средина која не е за нормално живеење, па да се обидете бар да ја смирите ситуацијата за да расте нормално. На секој фемицид се кука како полицијата не реагира, ама вие битно на страна стоите.
     
    На eliesaab, Mumoftwo30, Cherry333 и 15 други им се допаѓа ова.
  2. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.665
    Допаѓања:
    6.471
    Пол:
    Женски
    Во темиве недај боже човек да побара совет... :^)
     
    На eliesaab, Mumoftwo30, ForeverYoung и 4 други им се допаѓа ова.
  3. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.764
    Допаѓања:
    6.497
    Членката доби совет. Освен да причува детето, да се понуди да направи ручек,едно кафе со мајката, јас стварно не знам на кој начим би помогнала.
    Уште во првиот пост се интересира кои документи се потребни за суд за да и се земе детето на мајката. Што мислиш каков впечаток остави?
     
    На Lena0903 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.304
    Пол:
    Женски
    Па може таткото тоа го бара, вие и се сипавте како она да сака да го земе детето за неа. И јас би го направила тоа да знам дека внучето така ми страда, ама скроз! И не, не е за оправдување, јас признавам и ппд и се, ама не и да оставиш дете дома и да идеш да се пијанчиш, да те нема дома навечер и слично, тоа не е ппд, тоа е себичност. Не го оправдувам што решил да се пресмета со неа со ќотек, ама не оправдувам ни тоа што она го прави од муабетот што ни го изнесе Скајлер. А со оглед на тоа што и друг пат има пишувано за истава личност се ми е јасно.
     
    На Guns N` Roses, nextredstyle, Anyshka и 4 други им се допаѓа ова.
  5. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.764
    Допаѓања:
    6.497
    И таткото тоа да го бара си има институции каде се докажува тоа.

    Чекај, ти би зела дете од мајка?
     
    На Lena0903 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.919
    Допаѓања:
    20.263
    Пол:
    Женски
    Скајлер сестре... Боље на Кајгана совет да побараше. Калакурница сте направиле овде
     
    На Brpbrp, Mumoftwo30, Cherry333 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Lena0903

    Lena0903 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2023
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    432
    Пол:
    Женски
    Овде изгледа цело семејство бараат документи за развод, освен мажот/таткото.
     
  8. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.919
    Допаѓања:
    20.263
    Пол:
    Женски
    Со сето должно поштовање, да.
    Не секоја мајка е мајка, комшика ми си ја запали куќата пред 20 и кусур години со 3те малолетни деца внатре. И нејзе требаше да и ги остават децата? Не прашувај, не беше пдд наркоманија беше. Шо праеме со мајките кои што стварно не заслужуваат деца? Оти го родила па ајде нека расте со нејзе хистерична.
     
    На Brpbrp, Oneo, Mumoftwo30 и 11 други им се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.304
    Пол:
    Женски
    Од мајка што е способна утре да замавне по дете зошто и рекло нешто наопаку, да мава со предмети, скроз! Ако сме мајки не ни е се простено. Сум родила зошто природата така ми дала и свесно сум сакала, не зошто сум маченица некоја, не значи тоа дека треба цело семејство да го стројам.
     
    На Brpbrp, Трагедијаупмм, Mumoftwo30 и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.321
    Пол:
    Женски
    Еве ми го првичниот пост.

    Е сега да, не знам ни јас што сум напишала, го напишав веднаш откако бев известена, бев полудена.
    Значи во тој момент само мислев што ако го пријави, во случај да решат да се разведат, како тоа дете би било само со неа, што ако го повредува?
    Мислам реално, дете треба да се одземе на двајца насилни родители ама во случајов не се они насилници што намерно го повредуваат детето туку се надевам дека само се во лош период. Ако успеат да го надминат ова супер ама што ако не успеат? Што ако некој некого повредува, а ние знаеме само детали?
    Уморна сум луѓе, фала ви на секој пишан збор ама доста ми е. Дека ќе спијам мирно, нема сигурно ама дека можам да го заштитам детето, ни тоа не можам. Најстрашно е да знаеш, а да не можеш ништо да направиш.
     
    На oblace1, nextredstyle, Anyshka и 3 други им се допаѓа ова.
  11. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.919
    Допаѓања:
    20.263
    Пол:
    Женски
    Те гушкам :hug:
     
    На Mumoftwo30 и Skyler им се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.304
    Пол:
    Женски
    Совршено добро знам како ти е. Имам во семејство родители кои му штетат на сопственото дете, не со физичко насилство ами со психичко и душа ме боли што не можам да и помогнам. Од мене имаш најголема поддршка.
     
    На Mumoftwo30, oblace1, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.595
    Допаѓања:
    35.042
    Пол:
    Женски
    Цело време навака го вртиш муабетот, а од друга страна сакаш да оставиш впечаток дека се грижиш. Не, не се грижиш, гајле ти е за мајката искрено да ти кажам. Ти пиша тука за да ти дадат совет како да го „спасиш“ детето од мајката, пошо нели насилна. А, од таткото како да се спаси? Или таа страна на паричката не ја гледаш?
    Страшно во каков свет живееме. Ако не можеш да и помогнеш на жената (на која очигледно и е потребна помош) барем не дотурај масло во огнот.
     
    На Lena0903 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.321
    Пол:
    Женски
    Касниш Ана, најди нова жртва.
     
    На Mumoftwo30, Viveki, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Skyler има парови кои се едноставно токсични. Ти се нервираш, нивните родители се нервираат, тие ќе се искараат (може и истепаат) и после ќе си продолжат како ништо да не било. Тие ќе си легнат гушнати, а вие ќе пиете апчиња за смирување.

    Супер што не сакаш да стоиш на страна и да бидеш нем сведок, ама нема начин на кој ти можеш да помогнеш. Можеш да го почуваш бебето за да имаат повеќе време за нив, можеш да примиш некој од нив на поседок ако му/и треба неколку дена за да олади глава, може и пари да позајмиш за терапевт или адвокат ама се додека еден од нив не пресече и каже „Толку!“ ти ќе се нервираш, а тие ќе си тераат вака до крај.
     
    На Трагедијаупмм, oblace1, Cherry333 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.321
    Пол:
    Женски
    Фала ти ама прегорев веќе од размислување,плус се десија други работи со кои ми покажаа дека не вреди еден нерв да потрошам на нив. Најсмирена бев кога бевме на дистанца со овие луѓе и дефинитивно не можеш да помогнеш на човек што не е свесен дека му треба помош. Така да, ставам пак црта и продолжувам со животот, а што ќе биде натака ќе си биде нивна последица.
     
    На Трагедијаупмм, Mumoftwo30, ForeverYoung и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.813
    Допаѓања:
    34.696
    Пол:
    Женски
    Од сега мажите да раѓаат.
     
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.191
    Допаѓања:
    125.347
    Пол:
    Женски
    Од мајка која употребува насилство, да!
    Детето не е безбедно со таква!
     
    На LiquidLuna, Mumoftwo30 и Anyshka им се допаѓа ова.
  19. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.215
    Допаѓања:
    8.298
    Пол:
    Женски
    А ти не би?
    Свесна си дека во држави каде што добро функционира системот самата држава може да ти го одземе детето ако вака се однесуваш?
    Не секоја е вистинска мајка, е доста се правите паметни и ја поддржувате мајката на сиротово дете, кое за неколку години ќе ги покаже последиците.
     
    На Anyshka, Yowannty, LiquidLuna и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Lena0903

    Lena0903 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2023
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    432
    Пол:
    Женски
    Мислам дека никој овде не бранеше насилна мајка и последиците од тоа што ќе ги има бебето. Ако мајката се утврди дека не е компетентна за грижа на детето, тоа дете треба да биде соодветно згрижено. Овде се бранеше релевантноста на ситуацијата која е раскажана од сосема трета личност, затоа што има многу случаи каде што еден се напаѓа во корист на некој друг. А, не верувам дека некој здраворазумен човек би рекол дека бебе треба да остане со насилна мајка и да има трауми цел живот.