Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.377
    Допаѓања:
    20.519
    Епа дај тогаш да ги затвориме сите теми на форумов кај што се бараат совети и пишуваат лични искуства.
    Оти и таа што ја изварал или тепал мажот може лаже и е она кривата, и таа што дечко ѝ е љубоморен и таа некоја со здравствен проблем може исто лаже и сите други.

    За ниедна не знаеме дали е вистина, не знаеме кој е стварно кривецот, коментираме на она што е пишано до тој момент.
     
    На jacqueline.s, ForeverYoung, Skyler и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Lena0903

    Lena0903 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2023
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    432
    Пол:
    Женски
    Мислам дека коментаров ти отиде предалеку и нема суштина. Сигурно ако прашам во тема Здравје, пр.жени како да излечам кандида, сигурно прво што паѓа на памет не е дека лажам. Ако пишам луѓе совет маж ми ми претепа, што да правам, се дава совет иако приказната е еднострана зашто јас сум била ДИРЕКТЕН учесник, директно ја пренесувам приказната. А, вака испаѓа рекла казала, пример: Ејјј јатрва ми е луда, го тепа девер ми, ама ние знаевме дека таа е нетокму, туку ете тој си ја зеде, ама сакајќи да го удри него, го удрила детето, е сега како да и' го земеме??? Значи трет лик индиректно вклучен раскажува што може некои работи меѓу сопружниците што се случиле и да не ги знае. Тоа бодеше уши и тоа се искритикува. Оваа тема за мене заврши, однапред благодарам за цитирањата ако ги има бидејќи нема да ги надгледувам. Ако има некој со друго прашање, ако можам би помогнала, а по ова прашање веќе се' е too much. Среќни празници, да ги поминете во мир и хармонија.
     
    Последна измена: 7 јануари 2024
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.377
    Допаѓања:
    20.519
    Не.
    Ако ти пишеш дека маж ти те претепал, ние треба да речеме дека не ја знаеме другата страна, во случајов маж ти што има да каже.
    И дека може маж ти е во депресија и затоа те тепа и треба да му помогнеш.

    А членкава ваљда нема да кажува ако не знае со сигурност. Башка ај тогаш да не вклучуваме полиција во вакви дешавки оти они се секогаш третата страна. Или да не пријавуваме ако посведочиме
     
    На ForeverYoung, Mumoftwo30 и Skyler им се допаѓа ова.
  4. Lena0903

    Lena0903 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2023
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    432
    Пол:
    Женски
    Така е, браво!
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.215
    Допаѓања:
    8.298
    Пол:
    Женски
    Па така е, вие очигледно така сакате да ја свртите приказнава.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.902
    Допаѓања:
    6.131
    Пол:
    Женски
    Ај некој кој минал низ развод во странство со дете нека ми пише лп
     
  7. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Период да му удирам шлапаници на маж ми во јавност па и дома, сигурно ќе резултира некогаш да ми ја здрви една и да ме остави на место.
    Колку и да имаат проблеми он нејзе не ја удрил, а она доста пати го имала шлапнато. Извини ама и он е нечие дете што мајка го родила не е боксерска вреќа за некоја сељанка да го шлапа, а он да ќути. Замисли он да би и вратил па тоа најголем насилник ќе го направат и дека врши семејно насилство, а не одбрамбено. Со физичка пресметка не се решаваат проблеми туку со разговор. А во ситуацијава не гледам дека они некако разговараат таа е научена да удира само.
     
    На Mumoftwo30, Momchilo, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Storm89

    Storm89 Нов член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Ве молам за ваше мислење и совет. Браков полека но сигурно пука. Причина мешање на неговите родители. Сакаат да живееме како во 18ти век да го слушме нивниот збор и нема мрдање. Сопругот ги подржува и вика дека така треба да се функционира. Не смеам да мрднам без да прашам и без караници. Немам мир мислам дека ќе полудам згора на се имаме и дете од 1 година. Сакам да си го фаќам патот ама се плашам дали ќе можам сама
     
  9. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.215
    Допаѓања:
    8.298
    Пол:
    Женски
    Добро каде живеат овие луѓе?
    Фаќај патот со време, ако нежа комуникација со сопругот и не те поддржува, џабе е. За почеток види со твоите родители, дали можат да ти помогнат и сл. Детето со тебе секако, ако немаш работа барај со време и бегај што подалеку од ваков примитизам.
     
    На Zumbulche, INNERBEAUTY и forumce им се допаѓа ова.
  10. Storm89

    Storm89 Нов член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Имам подршка од моите, работа немам за жал. Се плашам за детето да не му го доделат него иако мислам дека е мал за да го земе он. Што мислите вие? Каква е одлуката на судот и социјалното обично колку пати неделно ќе морс да го зима он детето од мене? Премногу сме приврзани со бебчо само ради него останувам во браков за да не се раздвоиме
     
  11. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Е добро де вработи се негде и замини си, детето ќе биде кај тебе. Али не останувај во брак ради детето зошто тоа ја осеќа маката ваша.
     
    На Mumoftwo30 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  12. Storm89

    Storm89 Нов член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Се плашам да не успее на суд да го земе. Доста е влијателен вака. Има некоја мајка слично искуство? Не знам повеќе што да правам и што да мислам
     
  13. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.241
    Допаѓања:
    2.861
    Пол:
    Женски
    Не сум слушнала едногодишно дете да биде одземено од мајката, мислам дека нема шанси. А добро тој до толку ли е луд, мислиш ќе сака? Добро може од инает само, ама пак бебе е сеуште, нормално со мајката е приврзано.

    Нема врска што не си вработена (макар сепак е плус ама незначителен). Кога се доделува старателство идат од социјално дома кај двајцата, ги проверуваат условите за живот какви се. Другарка кога се разведуваше се сеќавам кога отидоа кај неа, беше време за ручек, правела манџа некоја, мирисало во станот, па овие биле многу задоволни од ситуацијата дека се готви, баш искоментирале. Такви работи гледаат средено, чисто, зготвено. Ти може не работиш, ама па детето е згрижено како што треба со помош на твоите родители.

    Најди си некој добар адвокат, нека ти предложи некој ако знае, па оди на еден разговор.
    Обично преку недела се со мајката, за викенд со таткото, ама мислам тоа е како ќе се договорите на суд. Ако сте разумни секогаш може да има отстапки и да се направи компромис што е и најдобро, пример детето некој викенд да е со мајката, таткото некогаш го зема од градинка преку недела и слично.
     
    На Anyshka и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  14. Storm89

    Storm89 Нов член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2

    Фала ти на одговорот. Тоа е тоа што ме плаши, моите живеат во мал стан. Јас би била во спалната а они во дневната. Толку е станот за жал. За почеток морам таму. Што ако од социјално утврдат дека е пре мал станот..
     
  15. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.241
    Допаѓања:
    2.861
    Пол:
    Женски
    Таман си е станот, не е премал. Доволен за нормални услови за живот. Нема такво нешто премал е станот ќе го доделиме бебето на таткото, неговиот е трособен (пример) освен ако не сте 10 души во 10м2. Ќе имате и своја соба, нека не те плаши станот.
     
  16. Roxy1991

    Roxy1991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2019
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Edno prasanje za razvod dokolku majkata ne e vrabotena, sepak trpi nasilstvo i e pod streess od mazot ednostavno pod zakani da kazam, psihicko i fizicko nasilstvo a nema dokazi na sud i barale. Mn advokati prasavme site razlicno kazuvaat nekoj iskustvo kade prven da prijavi, oti instituciite vo drzavava slabo rabotat na toa a ima mali decinja. Sovet iskustva ve molam.
     
  17. fotka

    fotka Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2023
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    Sto e ova samo razvodi ima vo drzavata nema normalen brak koj trae so godini. Nikoj od sopruznicite ne se trpat a i nikogo od familijata ne trpat. Nema nesto normalno da se pisi, covek da se izraduva. Nikoj nikogo ne trpi tuka. Navistina e srasno. Ajde da gi vidime alternativite na razvod vo drugite zemji. Kakov e razvodot.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    7.381
    Како нема нормален брак, кога има. Незнам ти какви луѓе познаваш, ама од мои пријатели и другари нема никој разведен...

    А ако не функционира бракот, развод е најдобро решение и за сопружниците и за децата. Камо сите жени на светот да ја имаа храброста да избегат од токсична средина, наместо да се уништуваат.
     
    На Daisy flower, oblace1, Brpbrp и 7 други им се допаѓа ова.
  19. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.919
    Допаѓања:
    20.260
    Пол:
    Женски
    Има нормални бракови, не дека не.
    Ама разводите се зголемени баш од тоа што никој веќе не трпи. Погледни ги темите, пола се тепани пола се изневерени. Како да го трпиш тоа? Ќе трпиш некое време ама не можеш вечно јбг. И не треба вечно :)
    Алтернативи пред развод се секаде исти, брачно советувалиште, искрен муабет, повеќе време поминување заедно и апла многу компромиси ако сакаш да си го зачуваш бракот. Ваљда.
    Не сум стигнала до таму, не знам :D
     
    На mama11, La-loca, Mumoftwo30 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. s.a.m.a

    s.a.m.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2022
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    280
    Разводите се случуваат бидејќи браковите не се засновани на љубов и взаемно почитување.
    Секој кој стапил во брак ако не се заснова на љубов а се заснова на тоа као фемек овој е богат има пати јас сум убава и така ќе уживам мада тој не е за мене, или пак он постар и бизнисмен таа млада и она си вика ќе уживам ќе имам убав живот и т.н
    Ама не знае дека за кратко он ќе изгуби интерес и ќе бара друга жртва па она ќе мора да бара развод.

    Само љубов и разбирање рецепт за успешен брак.И да нема швалерај:D
     
    На Anyshka, LiquidLuna и Cyclop им се допаѓа ова.