Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. t.a.m.

    t.a.m. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2021
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    218
    Нема закон што му дава повеќе права на еден родител од друг.Освен во одредени случаеви ако на пример таткото е насилен врз децата или пак мајката ги оставила децата и самоволно заминала со швалер..
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    16.970
    Пол:
    Женски
    Незнам јас какви закони има ама со оглед на тоа дека децата се кај мајката а кај таткото викенд или секој втор викенд,има.И тоа било секогаш така освен ако родителите меѓусебно се договорат да не почитуваат одредби него да си бидат со децата еднакво кога и да посакаат децата.
     
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.833
    Допаѓања:
    267.001
    Па како жена со разведени околу мене, праксата ми кажува дека најчесто ЦСР носи мислење, базирано на БАШ тоа што ти го кажав, кој повеќе се грижи и со кого детето е поприврзано. Судот носи одлука врз основа на мислење на ЦСР, а не, не е мито во прашање. Мито е во прашање кога на сосема нормална, здрава мајка, и' се одзема дете за да се даде на татко кој понатаму го дава на мајка си своја на чување.

    Грл пауер или не, и тебе и сите околу тебе примарно мајка ве растеше. Освен ако не си исклучок од правило.

    Ако се нормални двајцата и мислат на доброто на детето, а не на пауер, не им треба суд за да одгледуваат дете. Е ретки се, да, "разведи се од мене и ќе ТИ го земам детето" - најчеста закана од мажи.
     
    На Dust, M&M, Gosh и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.284
    Мажот вообичаено ќе се заинати да ги оддели децата од мајката, чисто да ја повреди.

    А да му речеш пр. "Слободно земи ги" т.е да му го прифатиш блефот, одма ќе се откаже :drunk:
     
    На Butterfly1107, iloveyou29, Gosh и 6 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.833
    Допаѓања:
    267.001
    Буквално на овие околу мене разведениве, таткото да треба да го молиш дете да си види. Алиментација? Што е тоа?

    Во случај со семејно насилство, кај новороденче старо 30 дена, пак имаше право да го гледа таткото, на почеток со придружба.

    Години подоцна, не се јавува да праша дали му е живо детето, алиментација не плаќа. Уште едно направи, се ожени и се разведе.

    А имам другарка што нејзините се разведоа кога ептен бевме мали, по 2-3 години, цел живот живееше кај двајцата, со разбирачка и на маса договор. Постара е од мене малку, ден денес одличен однос има со двајцата, а татко и' се прежени па ете, успеаа да функционираат.
     
    На Ljubova, M&M, Gosh и 7 други им се допаѓа ова.
  6. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    И постоечкиот закон треба да се менува. Не живееме одамна во општество во кое претежно мајката поминува најголем дел од времето со децата, а таткото многу малку.
    И да, потребите и интересите на децата се далеку подлабоки од она површното кој "подобро" се грижи за нив.
     
    На M&M, mal.ecka, An-na и 2 други им се допаѓа ова.
  7. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    8.409
    Пол:
    Женски
    Јас, за жал, уште живеам во такво општество каде мајката поминува најголем дел од времето со децата и на неа се најголем дел од обврските.

    А законот да, дефинитивно треба да се менува, но по пример на западните закони, каде во случај на развод на жената и припаѓа половина и од стекнатиот имот пред брак. Е тогаш да ги видам мажињата дали ке го запоставуваат бракот, семејствот и ке глумат лудило и беќарчиња.
     
    На Stressed Out, Anaroz1, DoubleK и 6 други им се допаѓа ова.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.584
    Допаѓања:
    35.004
    Пол:
    Женски
    И што ако ти припадне половина имот?! Тоа за децата подобро ќе е? Подобро ќе се грижиш за нив? Или... пак е инает во прашање.
    А демек само татковциве се инаетеле? А мајкиве што ги читам по темиве? Се спомен ли развод, одма се мисли како да му се земе дете на партнерот. Божем детево партал е, па ќе го селиме како сакаме!!!
     
    На SummerGirl, LoLa♡, M&M и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    8.409
    Пол:
    Женски
    Како што ако ми припадне? Ми припадна, секако она што е стекнато во брак и да ти кажам право воопшто лошо не било:nod:, после сите психички тортури и стресови и повеќе заслужив. Ова важи за сите жени кои поминале низ константни стресови и занемарувања во бракот.
    За децата е добро зошто се случува да дојде нова жена, ново семејство и децата од првиот брак да бидат лишени од се. Се ова зависи од мажот што човек е, не е правило, ама се случува.

    А за детето не му го бранам воопшто, кога сака нека го гледа, зема, шета…Се додека е психички стабилен и здрав.
     
    На DoubleK, M&M, riba79 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Типично нарцисоидно и егоистично мислење. Прво јас, па сѐ друго...
     
    На LoLa♡, fairy88, Waverly Raven и 3 други им се допаѓа ова.
  11. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    8.409
    Пол:
    Женски
    А во ваква ситуација на кого треба да мислам освен на себе и детето?
     
    На Stressed Out, Gosh и Anyshka им се допаѓа ова.
  12. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    На детето, после на себе.
     
  13. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    8.409
    Пол:
    Женски
    За детето пак е посебно најдобро вака.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  14. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Ти така мислиш, што не мора да значи дека си во право. Јас не мислам дека половина имот на детето повеќе му значи од родителот.
     
    На An-na и mal.ecka им се допаѓа ова.
  15. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    8.409
    Пол:
    Женски
    А сакаш да кажеш дека луѓето не треба да се разведуваат или погрешно те сфаќам?
     
    На Gosh и Anyshka им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.833
    Допаѓања:
    267.001
    Ако родителот е неодговорно, непосветено на дете копито родител, поима нема од чување и воспитување дете, нема ни потреба да се брани, тоа е во интерес на детето.

    Како што во интерес на тоа дете е и наследство и алиментација, а најчесто кажано (и во пракса видено) - е нема што јас на курвата да и' плаќам.

    Освен што не плаќаш на "курвата" туку на твоето дете нели.

    Најгнасен случај што знам лично е кога поголемото дете веќе беше тинејџер, таткото си наоѓа швалерка - мајка од одделение на помалото дете. Ок, се заљубиле, нека им е со среќа. Ама тоа што даде отказ како директор на сериозна фирма, со сериозно огромна плата, и се вработи во фирмата на девојка му за минималец како општ работник, со цел да избегне алиментација.... еве не знам. Татко беше 15 години, одеднаш престана да сака да биде татко, децата не си побара да ги види, продолжи да биде "татко" на детето на девојка му.

    Тоа не е родител, туку гомно, неговите деца се сега возрасни, девојка му му е бивша, финансиски не стои најсјајно, а децава за жив не го сметаат. Како да не постои, оти не беа мали кога си отиде и ги остави на милост и немилост + жена му не работеше оти тој инсистираше да не работи.

    Фала Богу она се оправи, и деца сама исчува, и сега 15 години постара подобро изгледа него тогаш, и се' обезбеди за децата.

    И мене да ми е "татко", жив умрен ќе биде да е ваков.
     
    На JuLleE, Antebellum, defocus и 13 други им се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.728
    Допаѓања:
    175.060
    Пол:
    Женски
    @Aenarion Законот како закон, конкретно не прави разлика меѓу двајцата родители. Меѓутоа има нешто што се вика судска пракса која покажува дека децата во 99% од случаите одат кај мајката, барем се додека се на возраст кога и самите не можат да се изјаснат со кој родител претпочитаат да живеат. Има исклучоци секако, во случај кога мајката доброволно се откажува, потоа ако мајката е психички нестабилна да се грижи за децата, насилна е или злоупотребува дрога и алкохол, и доколку таткото има дебели врски.


    Факт е дека има голем прогрес и дека денеска татковците се многу повеќе инволвирани во родителствувањето од било кое друго време претходно. Но, генералните статистики велат дека сеуште има уште многу да се работи на тоа. Секако дека има и феноменални татковци кои не заслужуваат да им бидат ускратени децата и правото да поминуваат време со нив да е минимално.


    Кога доаѓа до развод, најголемиот проблем всушност е тоа што сеуште најчесто, место да се гледаат интересите на детето (децата), родителите најчесто едниот, а не ретко и двајцата ги користат во меѓусебните препирки за своја лична цел.
    Во најголем интерес на децата секогаш, се свесни родители, кои личните незадоволства можат да си ги стават на страна и да одржуваат здрава комуникација што ќе оди во полза на добробит на децата.
     
    На Dust, M&M, anngelique и 8 други им се допаѓа ова.
  18. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Тотално погрешно ме сфаќаш.

    Примери еден куп, вакви или онакви. При двајца здрави и заинтересирани родители, децата имаат право на нив.

    За жал, законот им дозволува, или уште подобро кажано, ги охрабрува родителите да го користат детето како оружје за одмазда. Треба да се разграничат тие имотно-правни и разни други препирки меѓу разделените партнери од децата, затоа што после разделбата партнерите се емотивно "опседнати" од целата ситуација и не размислуваат објективно и конкретно за вистинскиот интерес на децата.
     
    На M&M и mal.ecka им се допаѓа ова.
  19. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    5.340
    Пол:
    Женски
    Taka treba srekjna majka srekjni deca.
    Da gledase majka mi povekje za sebe mnogu porano ke se razvedese od tatko mi.
    I da majka mi bese fina i ne mu zema pola imot,a trebase zasto mnogu pari gi potrosi jabana po prijateli i prijatelki
    Decata brzo rastat i trebaat povekje finansii koga sam gi gledas,on plakj koga saka ili ne saka alimentacija..
    I da stojam zad toa deka treba imotot da se podeli zaradi dobrobit na decata.
    Da go uziva nekoja druga i drugi deca no no:@
     
    На Lanna89, DoubleK, M&M и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.808
    Допаѓања:
    34.648
    Пол:
    Женски
    Точно така, и жената вложила во тој дом, зошто да не земе за доброто на децата, зошто утре да уживаат туѓи деца додека со пот заработила и вложила во тој дом.
    Да не мислела мајката за децата ќе ги оставела на таткото.
    Па уште на децата тоа не им требало, им требало добар родител, па нема да живеат децата на улица, тоа им е од таткото, подобро да остане на сопствените деца, отколку на туѓи.
    По нивна логика значи и стан некој да купи заеднички во брак, ако се разведат треба да им го остават на мажот и да си уживаат со новата жена и туѓите деца, додека тој стан и мебелот внатре бил стекнат со пот.
    Мајките се борат за доброто на децата.
    Некои ако сакаат нека му го остават на мажот и имотот од родителите нивни.
    Една што ја познавав се му зема на мажот, а станот се водеше на татко му (свекорот), тоа кога реновирале се сметките ги чувала, мебел нов што купувале, теписи, и тоа му зема и ги подари на сиромашни, неа не и требаат, си имаше стан од родителите и женава работеше на добра позиција, не дека и фалеше тој мебел, секако го подари, и плус мажот и плати некоја сума за врати, прозори што ставиле нови.

    И што им фали на децата?
    Најадени, напиени, цел свет го шетаат со мајката, а татково на одмор еднаш во годината не ги однел, за викенди ни во парк не ги прошетал, се дома затворени.

    Не знам колку жени сменил, последно што кажуваше имал некоја со деца од прв брак, епа зошто да уживаат на мебелот што таа го купила со пот, вака го подари на сиромашни.
     
    На Lanna89, DoubleK, Manako2 и 6 други им се допаѓа ова.