Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.584
    Допаѓања:
    35.004
    Пол:
    Женски
    Едно е имот стекнат во брак, а сосема друго е имот стекнат пред брак.
    Ти за таков имот збореше :nod:
    Баш ме интересира во кои земји го има тој закон каде што во случај на развод можеш да му земеш на партнерот имот стекнат пред брак? :?:
     
    На Just.do.it и SummerGirl им се допаѓа ова.
  2. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    8.409
    Пол:
    Женски
    Во Америка сигурно, а мислам и дека во некои од западните држави во Европа.
    И да стојам на став дека и кај нас треба таков закон да се воведе.
     
    На Stressed Out и Anyshka им се допаѓа ова.
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.728
    Допаѓања:
    175.060
    Пол:
    Женски
    Не знам дали дозволува и поттикнува се соодветни термини, ама ти ја сфаќам поентата дека непрецизиран и недоволно дефиниран Закон остава простор за манипулација и родителите често го користат тоа.
    Ама судот никому не вели сеа се разведувате и еве ви ги децата водете битки преку нив, тоа сепак е на родителите.

    Знам повеќе случаи на таа страна, еден единствен на другата. Познаничка се омажи за дечко на разведени родители. И двајцата понатака со втори семејства и други деца, ама секако често и двајцата инволвирани во животот на заедничкото, со вторите семејства заедно. Од поминување време заедно, дружби, сешто. Скроз функционално, за доброто на првото, заедничко дете. И тие подлежеле на истиот Закон, ама место да се опседнуваат да му вратат на другиот рекле чекај, дај било што било меѓу нас ако не оди не оди и тоа е, не мора детето да страда.
     
    На Antebellum, M&M, oblace1 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.833
    Допаѓања:
    266.999
    За ова не знам со сигурност, ама нешто - нешто имаат Хрвативе, без оглед дали е стекнат во брак имотот, во полза на жената. Не ме фаќај за збор оти не знам детално, ама имаа што-зошто-како.
    Тие исто имаат дека мажот не може да бара развод дур е бремена жена му и до 1 година на детето итн.

    Не сум правник, ако некој се разбира повеќе можеби ќе знае подобро да објасни.
     
    На M&M и Anyshka им се допаѓа ова.
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.584
    Допаѓања:
    35.004
    Пол:
    Женски
    Сигурна си? Пошо скроз не ми е логично некој да ми бара имот стекнат пред брак. А и чуму?
    Еве, што ќе ти е тебе имотот стекнат пред брак? Подобро ќе се чувствуваш? Нешо на децата подобро ќе им биде пошо си го соголела таткото или...
    Освен инаетење до бескрај, јас нешто корисно од ова не гледам.
    За жал, сведок сум на безброј вакви случаи (што од едната, што од другата страна) каде што си бијат лични битки преку децата, додека другите случаи се ептен ретки, иако ги има, ама многу се ретки тие родители кои своето его го оставаат на страна и гледаат првенствено за детето. Пошо, детето може ќе го обезбедиш материјално (ќе го шеташ, ќе биде згрижено итн.) ама ќе го осакатиш емоционално ако му го ускратиш правото на другиот родител. Многу е просто, само ретко кој го разбира ова.
     
    На anaja1, tina2018, Dust и 2 други им се допаѓа ова.
  6. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    8.409
    Пол:
    Женски
    Преку децата не треба никакви битки да се бијат, греота е и двата родитела, зборуваме за нормални персони, имаат подеднакво право да ги гледаат.
    Фала богу па не сум од тие, ама па и татковците после развод најчесто ги гледаат колку да се поиграат и ги тутнуваат кај бабите за да си живеат момачки живот, како пред брак исто.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.187
    Допаѓања:
    113.116
    Пол:
    Женски
    Затоа во Америка има и предбрачен договор. Што е мое мое е, што е твое твое е евентуално стекнато во брак се дели. И ред други клаузули за неверство, за колку деца па дали машко дали женко итн..
     
    Последна измена: 26 март 2024
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. rarepearl

    rarepearl Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2022
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    што ако бракоразводната постапка се води , а сопружниците и децата живеат сеуште во ист стан, како социјалните служби ќе направат увид за местото на живеење и во кои случаи децата одат со еден или друг родител , двајца вработени немаат имот на свое име деца од 8 и 4 години? развод крајна нетрпеливост
     
  9. Raven22

    Raven22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2019
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво ми треба савет. Пуштена е тужба за развод од моја страна бидејќи имаме нарушени односи со мажот ми, т.е контрола од негова страна, љубомора, вреѓање и омаловажување. Воедно веќе три години он живее во словенија.Првото рочиште за мирување помина он не се појави ниту прими лично покана а нема но негов адвокат. Мене ми рекоа дека тој процес може да се оддолжи бидејќи он не е согласен за развод и не е присутен во државата .Дали постои можност да се забрза тој процес со докази дека нашата заедница веќе три години не функционира т.е дека ние не живееме заедно 3 години. Во брак сме 4 години
     
  10. blackbuterfly-28

    blackbuterfly-28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    49
    Женски здраво, минатиот месец бевме на помирување и сега ни стигна рочиште закажамо за крај на НОЕМВРИ. нели е тоа многу време, дали некој имал ситуација слична?
     
  11. Cyclop

    Cyclop Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2021
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Машки
    Не знам како мислиш да докажуваш на суд дека сакаш развод?! Ваљда е тоа слободна воља, избор, и крајно глупаво (па и навредливо) би било да докажуваш зашто сакаш развод. За кривични дела, да, се бараат докази, и за прекршоци и за слични ствари, но за развод, не се замарај со докази. Доволно е да кажеш нарушени односи, нема потреба (правно) да објаснуваш како ти го препознаваш тоа нарушување. Докази, во ваква постапки, се даваат доколку има маллетни деца а нема догвоор кај кого ќе бидат.
    Ако веќе не сте заедно, толку време како што пиша, брзо ќе помине времето за постапката, тоа што тој не е согласен, нема влијание на исходот, затоа и сте на суд впрочем.
     
    На Raven22, simoncelicius и SummerGirl им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    322.769
    Со оглед на тоа што јули-август е судска ферија и не работат судовите, рачунај дека е во ред.
     
    На SummerGirl, blackbuterfly-28, Anaroz1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Merida28

    Merida28 Нов член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво, во мојот случај, од рочиштето за мирење на почеток на јануари годинава во социјално, расправата за развод беше после 2 месеца. Финалната одлука стигна по пошта после 2 месеци, сега скоро беше :) Оди бавно.
     
    На blackbuterfly-28 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.833
    Допаѓања:
    266.999
    Мене ме интересира дали некој некогаш се смирил поради обидов на државата да го сочува бракот?

    Мене ми е ама преглупо, и онака жените посебно ПРЕдолго чекаат да се одлучат, уште да ги помируваат :^)
     
    На JuLleE, Mumoftwo30, violetblue и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.645
    Допаѓања:
    18.989
    Пол:
    Машки
    Да, член од мојата фамилија. Делумно таа беше виновна за се шо се случи, стигнаа до суд да се тужа итн и после некако се договорија и смирија, сеа им се подобри односите од порано.. не дека е мед и млеко, ама не ни гледам да е негде така, не верувам.
     
    На marchi-cool и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.833
    Допаѓања:
    266.999
    Во ред тоа, прашувам за конкретно ова што е задолжително од судот, дека мораш прво на "помирување" да одиш за да те разведат. Дали конкретно тој настан некого смирил :)
     
  17. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.645
    Допаѓања:
    18.989
    Пол:
    Машки

    Кај нас во град го викаат Социјална помош, првин таму се оди одвоено секој се разговара, првин со сопругата, па сопругот па после и двајцата ако има можност итн. Веројатно мислат дека можат да те убедат да не се разведиш и дека секој проблем е решлив. Ова го зборувам затоа што и мајка ми одеше низ истово, ама таа се разведи, а по која цена само таа си знае.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.833
    Допаѓања:
    266.999
    Знам дека е социјален работник тој што треба да ги помири. Дали и колку е успешно, дали има смисла, дали е само дополнително малтретирање во процесот? Тоа размислувам.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.645
    Допаѓања:
    18.989
    Пол:
    Машки
    Од искуство на мои блиски т.е татко ми и мајка ми - НЕ, не е успешно и е дополнително малтретирање.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.643
    Допаѓања:
    8.139
    Пол:
    Женски
    Ако не се појави на судските рочишта судот ќе ве разведе по службена должност. Ако тој не е достапен за доставување на судски писма/покани, ќе се објави на огласна табла. Најди си адвокат за да не трошиш време за читање на закони.
     
    На SummerGirl, Raven22 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.