Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. Zbuneta.01

    Zbuneta.01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали може да ми предложите некој добар адвокат? Ми треба за советување во врска со развод (каде што едниот партнер не сака да се разведе), ви благодарам :)
     
  2. KolaKola

    KolaKola Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2023
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Zdravo, na golema maka sum. Majka sum na 3 mesecno bebence . Ziveeme nadvor od MK. Teski nedorazbiranja so soprugot uste od sam pocetok. Da bide poloso mu fativ razgovori vo telefon kade sto se dopisuval na sex chatovi so devojki koj moze i voopsto ne postojat ama e tolku prost sto si pisuval i si pravel kejfovi duri i prakal sliki od poloviot organ. Del od ova se slucuvalo pred da bideme zaedno i posle toa od koga sme zaedno i koga sum bila bremena. Go soociv ii rece toa bilo radi toa sto nesto nego mu smetalo i si navede pricini ( neosnovani) me krivi zs nesto sto ne e taka. Da e makata pogolema mene od seto toa i od situacija so bebusot koj edvaj ostana ziv jas padnav vo postporodilna depresija. Pocnav so psihilog da rabotam ama rano e za bilo kakvi promeni da osetam. I zamislete me ruga kako mene nesto mi fali kako sum bila za lecenje a da e ironijata pogolema on e toj sto ima majka so seruozni psihicki problemi i momentalnno e tuka na gosti kaj nas i se zamislete zdruzeni protiv mene, soprugot apla mi kaza samo bebevo go interesirajas ne. On e na rabota i jas moram da dremam po ulici i po pekari samo da ne sum doma so nejze. Ej zamislete od moja kuka da begam, uzas. Sakam da idam so bebeto za mk i da se razvedam poso gi slusam upono kako me ogovaraat. Zamislete dete sum mu rodila i ja i bebus edvaj zivs glava spasivme i sea ova da me snajde. Majka mu go manipulira a ovoj e ist ko nejze i i veruva. Nemam volja za nisto, ni za vods ni za leb, 40 kg se naprav. Mi se zakanuva deka nemalo da sum izlegla na kraj so nego icelo vreme so zakani. Ne mi se zivee samo detevo gogledam za nego disam. Kako da postapam bebevo nema nisto od makedonski dokumenti . Dal trebs prvo da vadam dokumenti za nego ili da podnesam za rszvod? Nikogas ne veruvav deka ova ke go pisam ama ete me snajde i ocajno barsm sovet
     
    На majka-majka, Zumbulche и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  3. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    tamu Kade sto si nema socijalni sluzbi? Vo drugi drzavi sigurno e daleku podobro so socialite sluzbi
     
    На oblace1, Gosh и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  4. Raven22

    Raven22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2019
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    https://lblaw.com.mk/mk/doma/

    Бидејќи и јас поминував низ истото, каде што и мојот партнер не сакаше развод се јавив кај нив и добив одговор на сите мои прашања ☺️
    Доколку те интересира нешто слободно пиши ми ☺️
     
  5. Romina

    Romina Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    154
    Пробај да останеш силна, и за себе и за бебенцето. Принуди се да јадеш и да пиеш па дури и со сила. Тоа е приоритет. Мисли дека е најважно да го издржиш психички и физички овој тежок период и дека за се има решение. Имаш ли некој близок во државата кај што си? Во Мк ја знае ли некој твојата ситуација? Имаш ли поддршка од некој? Ти посакувам многу сила што поскоро да го пребродиш овој тежок период во твојот живот.
     
    На KolaKola му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.440
    Го знаеш јазикот на земјата?
    Побарај ако е западно европска земја обично има гратис адвокатски совети во одредени институции, работат волонтери, некогаш студенти но ќе те упатат за правата.
    Кажи им дека се работи за психичко и емотивно малтретирање ( што е вистина)
    И почни да ги читаш законите. Каде сте венчани. Кој има двојно државјанство кој не.
    Смири се ( иако е тешко) и гледај си го бебето.
    Кажи им на твоите да прашаат адвокат во мк. Каде сте венчани. Ако не смееш бебето да го носиш мк без негова дозвола, не го прави тоа.
    Има пасош бебето?
     
    На KolaKola, SanMichel, oblace1 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.415
    Допаѓања:
    42.227
    Пол:
    Женски
    Најпрво што ќе правиш е ќе почнеш да јадеш и пиеш и у никој случај не одбивај психолог. Второ што ќе направиш ќе се јавиш на мајка ти и ќе им ја кажеш ситуацијата, на твоите не само на неа, во вакви случаи они ти се спас, се надевам имаш подршка од нив. Ако можат пожелно е еден од нив да дојде кај тебе што е можно побрзо, пред некој од твоите овие двајца ќе немаст толку сила. Лесно е на жена со 3м бебе да се силиш кога е безпомошна.
    После се ова ќе одиш и ќе го пријавиш за психичко малтретирање, ако знаеш јазик и ако си снаодлива со ова, најпаметно е. Финансиски како стоиш?
    Колку години си? За детево за патување ти треба само патен лист, за него треба потпис и од двајца родители па не знам како би го извела тоа без дозвола од него, затоа ти е најпаметно да одиш со адвокат и да видиш како стојат работите.

    Мора да се смириш и да покажеш заби малце, каде и да си не смее ништод а ти направи оти службите таму дефинитивно се поажурни од тука. Му требаш на бебето да бидеш храбра и присутна моментално, не дозволивај некој скот да ти го расипува мајчинството.
    Оф како се изнервирав од постот, да ми се мене силеџии каков партал ќе ги направам, кретени.

    Значи мораш да кажеш на твоите, мора да дојде некој од нив таму и мора да почнеш да јадеш и да се смириш, ради бебето. Се друго потоа постепено ќе правиш.
     
    На Bozica1980, KolaKola, oblace1 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    @KolaKola, не знам каде си, али земи пиши и анонимно на групите на фејс со наши во истата држава некој да ти даде правна помош, многу често и самите администратори ако знаат некој или нешто ќе ти пишат лично да те посочат.

    Во странство е многу подобро за тебе и за детето таму да останеш, ќе добиеш помош и подршка.
    Или отиди збори во некоја институција, исто ќе те посочат каде и што понатака, и да не знаеш јазик ќе најдат некој по службена должност барем српски што знае. Па дури и психологот е должен да те посочи во соодветни установи.

    Пробај прво вака ако можеш, ако не бива враќај се назад.
     
    На Oneo, KolaKola, Rozevata и 11 други им се допаѓа ова.
  9. KolaKola

    KolaKola Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2023
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
     
  10. SamanthaBabe

    SamanthaBabe Нов член

    Се зачлени на:
    15 јули 2024
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Мило ми е што сеуште е активна темава.
    Имам голем проблем. Почнав бракоразводна постапка со тужба до сопругот до две времени мерки: едната била за детето да остане со мене, да се грижам за него до разводот, а втората е за издршка на детето додека да се разведене. Проблем е адвокатката не ме извести порано за тие мерки и не ми ја прати тужбата за да знам што има пишувано. Кога стигна тужбата во ЦСР, советничката веднаш дојде кај мене и ме натера да ја повлечам првата мерка, под изговор дека нема физички напади и опасност по живот за детето, и дека со таа мерка ќе може да му се овозможи видување со таткото. Јас помислив дека е стварно за тоа и ја повлеков. После некое време имавме рочиште на кое јасно стое дека сум повлекла привремена мерка да детето биде со мене и јас да се грижам за него (што претходно не беше објаснато). И судијата не дозволи пак да се дискутира за тоа прашање на рочиштето. А главното рочиште за развод ни е закажано дури во јануари наредна година (бидејќи е тужба за психичко малтретирање и манипулации, но нема никакво физичко)
    Па, сакав да прашам доколку има некој правник, судијка, адвокат или некоја членка од искуство како да се справам натаму? Дали има шанси таткото да бара и да му го дадат детето под изговор дека јас сум се откажала од него? Или пак да инсистирам мојот адвокат да пушти нов приговор до судот за тој дел и да бараме да ни се врати истиот?
    Секој совет е добредојден затоа што сум многу испаничена, не сакам да си го изгубам детето (мало е, на 5 годишна возраст).
     
  11. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    3.282
    Пол:
    Женски
    Зар психичкото насилство го занемаруваат?
     
  12. SamanthaBabe

    SamanthaBabe Нов член

    Се зачлени на:
    15 јули 2024
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ете, го занемаруваат. Немало докази, во вид на физичко малтретирање, дете било во ред, здраво, право, на сигурно сме биле, смирени сме биле... И тоа дојдоа после месец време откако се разделивме
     
  13. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    3.282
    Пол:
    Женски
    Ебати социјалното.
    Немам што паметно да кажам освен да ти бидеш јака :hug:
     
    На SamanthaBabe и MladiotPropast им се допаѓа ова.
  14. laura biel

    laura biel Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2023
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Катерина Котеска контактирај ја.ќе ти помогне.можам бр да ти дадам слушнете се.
     
  15. SamanthaBabe

    SamanthaBabe Нов член

    Се зачлени на:
    15 јули 2024
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Blagodaram @laura biel. Pisi mi vo poraka, no ne znam dali ke se nafati na veke pocnat predmet. Ama ke si probam.
     
  16. SamanthaBabe

    SamanthaBabe Нов член

    Се зачлени на:
    15 јули 2024
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Blagodaram od ❤️
    Kaj nas nisto ne funkcionira kako sto treba… za zal
     
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.712
    Допаѓања:
    174.898
    Пол:
    Женски
    Повеќето земји за жал го немаат уредено психичкото насилство како физичкото и само со психичко насилство баш и не се постига многу на суд за жал. Ама ако има и други елементи може да биде и важна алка.

    @SamanthaBabe мене не ми е јасно како може социјален работник да прави такви измени? Ти и да повлечеш нешто, треба да оди преку твојот легален застапник, адвокатот. Што твојот адвокат вели на тоа?
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SamanthaBabe

    SamanthaBabe Нов член

    Се зачлени на:
    15 јули 2024
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Socijalniot rabotnik od pocetok se gledase deka e na stranata na soprugot, po dejstvata, zboruvanjata i se. A jas bidejki bev isplasena i nemav koj drug da prasam togas, go razbrav taka kako sto mi go ona kaza.
    Na mojot advokat sekako ne mu e milo, ama ne mi dozvoli togas da ja povlecham izjavata i taka ostana do kraj.
    Sega jas se ‘jadam ziva’ shto da pravam i kako da si go zashtitam deteto.
    Na sekoe moe prashuvanje na socijalniot rabotnik, vika dodeka sme fakticki vo brak (iako ima postapka), deteto e zaednicko, i ne mozelo da se deli. No, ne gledala pricina zosto da ne ostanelo kaj mene.
    Samo sto toa e se na zborovi, a nema nisto pisano od nejzina strana
     
  19. Nena09

    Nena09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Еве што се случува во ЦСР ако некој пропушта. Ако немаш пари детето не си го гледаш. 5135e537-bd39-43dc-bcf9-cee94e2e4125.jpeg 5d69626f-c6c5-46c4-adbd-481c2df75085.jpeg 9f731918-1688-4ac5-931e-1f80d866cff0.jpeg c21af76d-3131-4af9-8f20-d5133c16b294.jpeg 8c67ab78-3c3f-4b42-ab50-62dc4544f4c5.jpeg 81192960-393f-4f0c-810f-7384b1eb8723.jpeg
     
  20. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.342
    Допаѓања:
    22.009
    Пол:
    Женски
    Уште од мала пропатив од тие социјална, многу добро знам како работат, ова не ме чуди уопште.
    Попрво би советувала некој родител да се обрати кај некои мафијаши за помош отколку во социјално.
     
    На Ivicka_1993 и eliesaab им се допаѓа ова.