Не разбра шо сакаме да кажеме. Дали полицијата работи или не, не е битно, битно е да оди да пријави и кога пријавуваш ти дават записник од тоа шо си пријавил. Е тие записници после може да ги употреби против таткото на суд.
Пријави "исчезнуваат", внатрешна контрола вика сѐ е како што треба. Некои полициски службеници не знаат ни дека со три поплаки се прави записник... Ама тоа не значи дека не треба да се пријавува. Пријавувате и одма поднесувајте барање за издавање потврда на пријавите.
Знаеме тоа. Ама членката вика дека жената имала добра плата значи можи да си дозволи адвокат. А со адвокат во полиција, секако ќе ти дадат записник. На мене ми имат дадено записник. И тоа без адвокат. Кога бев да пријавувам, одма им го барав испечатен листот од поплаката.
Здраво. Со сопругот живееме надвор од Македонија. Дојдена сум тука со фамилијарна виза, преку него. Сакаме спогодбен развод, немаме деца, ниту заеднички имот. Имам неколку прашања: 1. Дали ако се вратам во Македонија имам право да се пријавам во Агенција за вработување како активен барател на работа? 2. Како ќе ми биде регулирано здравственото осигурување? 3. Сопругот во следниов период нема да е во можност да се врати во Македонија, дали воопшто постои можност сите потребни документи да се потпишат и праќаат преку пошта со адвокатот? За да тече постапката? 4. Дали со полномошно дадено на адвокатот е возможно човек да не се појави на закажаното рочиште? Знам дека додека не добијам Решение за развод, не можам да сменам ниту л.карта, ниту пасош....и отприлка колку време трае ваквата постапка? Благодарам
можеш да се пријавиш како активен барател на работа, здравствено ќе имаш, само ќе треба во фонд да се пријавиш, може документите да ги испратиш по пошта, ако ополномоштиш адвокат не мора лично да присуствуваш на рочиштето, во едно рочиште ќе ве разведат.
Тоа значи дека сега ако си ги спакувам куферите и си заминам, независно од тоа што разводната постапка не е почната, можам да се пријавам и да си барам работа.. Благодарам од срце за одговорот!
всушност нема да можеш додека не се разведеш, ама ти секако можеш да дојдеш и да си бараш работа, а од друга страна, кога немате деца и е спогодбено разводот иде брзо, можете и од таму да испратите документи и адвокат да ополномоштите, во местото каде што е склучен бракот да ви ја тера постапката
Дали може некоја членка да каже од искуство. Детето на разведени родители во решение сеуште нема определен одмор со родителите. Мајката го носи трипати оваа сезона на одмор во Мк и надвор од Мк. Цср?
Па зар дома да седи детето зошто ЦСР се неажурни? После развод се мисли на детето, не на родителите, детето е приоритет а не преку него да се лечат фрустрации. Јас да сум разведена и да не можам да одам на одмор, на драго срце ќе гу пуштам со таткото да одат ако он може, ако треб и 5 пати не 3. Глејте што е добро за детето а не за родителите, исходот е детето да одмори, да ужива, а не кој ќе го носи.
Да, се согласувам. Муабетот ми е мајката не дозволува детето да оди со таткото и го носи по две недели за да нема контакт. Сака да прави проблеми благо речено
Ако чекате ЦСР да Ви оздаде решение со кое ќе си го регулирате видувањето сп двајцата родители ,браво. Функционирањето на детето со двајцата родители го ставате да ви се сведе на лист хартија. Ама убаво кажа членката подоле,приоритњтите на детето треба да ги гледате ,а не на двајцата родители. Вп еддн развод секогаш ама секогаш се децата ,кои служат на родителите какп средстбо за препукавање.
Со истото се соочуваме. Проблематична мајка, која се доведе до решение и советувалиште. Детето го крие дека постојано е со тт- кај педијатар не е носено, баравме испис од картон, го носи сегде и некаде мора да најдеме чаре па затоа прашав дали има некој сличен проблем. Решение ЦСР издаде само да има барем некаков основ детето да има правно да го гледа таткото. Во термините мајката го дава меѓутоа сегде каде што може да фати кривина ја фака. Никој неќе решение меѓутоа тоа е што е.
Ако не се придржува кон решението треба да си известите на писмено вп ЦСР да имате доказ. За непридржување кон решение има санкции. И плус си пријавувате во полиција дека детето не е донесено во терминот кога треба да има видување со таткото.
За тоа си има правила и последици ако не ги почитува, така да пријава ако таткото е во право и готово. А за одмор дали да го носи, не треба ни да прашате. Таман цело лето да не го види, а и да сака да го види таткото има начин а не да се бара само цср ама ајде. Не велам нема терсене мајки.
Сакаше човекот сега на последниот одмор што го однесе да оди да го види, не кажува каде е детето и се заканува по смс дека ако се појави ќе му викнела полиција, и како човек да го види. Месец дена се фати по одмори да го носи детето татко не виде.Цср веќе ја знаат каков профил е меѓутоа не постапуваат.Последно што постапија е што ја пратија на советувалиште , тоа им е првата точка од рестриктивни мерки,и од таму добила негативно мислење дека не соработувала….