Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Колку време трае бракоразводна постапка?
    И дали имате препорака за добар адвокат?
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.980
    Допаѓања:
    4.457
    Пол:
    Машки
    Има една жена адвокат што работи само разводи. Мислам дека е од Битола, со црна коса. Барај ја нејзе.
    Попозната адвокатка е, само што и го заборавив името.
     
  3. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.511
    Допаѓања:
    10.569
    Пол:
    Женски
    Kатерина Koтеска Стисниоска
     
    На Компир Манџа му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.052
    Допаѓања:
    3.764
    Пол:
    Женски
    Од летоска до сега, 6 мес. Немам адвокат, оди во здружение ЕСЕ во Центар.
     
    На Butterfly1107 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.197
    Допаѓања:
    8.200
    Пол:
    Женски
    Уште трае или се заврши? Зашо некои ми викаат дека и до 1 година трае, па ако не и повеќе... :?:
     
  6. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.052
    Допаѓања:
    3.764
    Пол:
    Женски
    Тоа ако бившиот не се појави на суд, иначе ќе се заврши.
     
    На SummerGirl и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  7. Ana_stasija67

    Ana_stasija67 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2023
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво членки.Пет години се мислам за овој чекор.Работата е следна .Во брак сме 7 години.Имаме две деца.Имаме куќа.Стекната во брак.Кредитот се води на мм,а јас сум кокредитобарател.Моите ми дадоа пари.Немам никаков документ за тоа.Прашањето ми е дали ако се разведам, мм ја наследува куќата оти тој го плаќа кредитот.Ве молам ,навистина имав големи проблеми ,и страв ми е да не останам на улица со две мали деца.Му предлагав да се разведеме,да останеме ние тројца тука,и да го доплаќам јас .Нејќе ни да чуе за развод.Имше физичко и психичко малтретирањр.Да не се малечкиве,све би му оставила само да си имам мир.Ве молам за совети ,што да правам.Од толку трауми имам ПТСН.Моите се заостанати луѓе по тоа прашање.Посебно мајка ми.Имало неверства,живот во заедница со манипулатори.
    Сакав мирно спогодбено да биде,но тој нејќе ни да чуе.Ми вика да си идам.Да ги оставам малите.Ве молам.
     
    На M&M, Mumoftwo30 и tina2018 им се допаѓа ова.
  8. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.824
    Пол:
    Женски
    Бори се, децата се твои, куќата е пола пола. Ако има за плаќање ќе си ја плаќате. Разговарај со адвокат.
     
    На riba79 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ana_stasija67

    Ana_stasija67 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2023
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Страв ми е немам подршка.Секој ден се уништувам.
    Со него нема договор.Никако не прифаќа.Договорот беше да изградиме дом.Да бидам со малите дома.Што ако се разведеме и ме избрка?
    Јас прифаќам остатокот од кредитот да го плаќам јас.Спратот од куќа да биде на негово име.Ама со него човек никако не може.
     
    На riba79 и Malesia им се допаѓа ова.
  10. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.824
    Пол:
    Женски
    Ако има физичко и психичко малтретирање обавезно бркај работа. Адвокат, Полиција.
     
  11. Ana_stasija67

    Ana_stasija67 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2023
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Не сакав...мислев ќе се договориме.Највеќе за маливе и да имаме коректен однос.Сепак им е татко.Не се они криви што сум го одбрала.
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.980
    Допаѓања:
    4.457
    Пол:
    Машки
    Ако куќата е стекната за време на брак, тогаш е пола-пола. Кредитот мислам дека нема врска со делба на куќата.
    Најдобро е да си најдеш добар адвокат и да пријавиш за семејно насилство.
    Тој чим сега е таков, за поголеми нешта којзнае каков ќе биде.

    Греота за децата што ќе мораат да го трпат ова. Ни криви, ни должни.

    Затоа, памет во глава на сите и гледајте со кога стапувате во врска и брак.
     
    На riba79 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    5.318
    Пол:
    Женски
    @Forca ke vi dade sovet.
    Pisete mu,toj najdobro ke vi dade nasoki.
    So srekja.
     
    На Forca му/ѝ се допаѓа ова.
  14. W@nda

    W@nda Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2024
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    773
    Пол:
    Женски
    Малите оставање никако.
    Имаш ли пријави дека вршел насилство врз тебе?
    Ако имаш писмени документи за тоа ќе ти биде плус во бракоразводна.
    Со неживеење заедно повеќе од 1 година автоматски е услов за развод.
    За парите сепак можеш да имаш доказ дека се од твоите од нивни сметки ако имаат тие увид дека префрлале на тебе и штом во дкументот поточно договорот се водиш како кокредитобарател ќе се има увид и докази за твојот финансиски удел во исплатата на куќата така што со докази тоа се дели помеѓу вас. Како и да е што и да биде во иднина децата си имаат законски дел од имотот.
    Тој што ЦСР ќе одлучи да не живее со децата исплаќа по наредба на суд алиментација.
    Не е нерешливо, се пополека, постепено со ладна глава ќе средиш, биди смирена и силна штом си се решила и знаеш што сакаш пополека патот сам ќе ти се отвора ете првиот чекор го правиш бараш совети и вербална поддршка.
     
  15. Ana_stasija67

    Ana_stasija67 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2023
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Немам пријави за насилство.Мајка ми зема кредит парите ми ги даде на рака.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  16. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.511
    Допаѓања:
    10.569
    Пол:
    Женски
    Куќата е пола пола штом е стекната во брак, не е битно кој го плаќа кредитот.
    Барај добар адвокат, барај ја Катерина од Битола, таа работи со разводи, ако не друго ќе ти даде добри совети и ќе те упати што како. Децата нема да ти ги земе, ниту куќата не може цела да биде негова.
    Советувај се со Катерина.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.052
    Допаѓања:
    3.764
    Пол:
    Женски
    Пола бракови се разведени, што памет, таква ни е државата и Балканот.
     
  18. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.052
    Допаѓања:
    3.764
    Пол:
    Женски
    Таткото ќе плаќа алиментација. Не знам кој ќе живее во куќата и како ќе ја делат на пола.
     
    На SummerGirl и W@nda им се допаѓа ова.
  19. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.052
    Допаѓања:
    3.764
    Пол:
    Женски
    Зашто немаш пријави за насилство? Оди сега пријави. Ќе разговараат и со него, ич не му се плаши, ако проба нешто тие ќе те заштитат. Одма пријави во полиција 194 или 112 ако проба пак да те тепа.
     
    На SummerGirl и riba79 им се допаѓа ова.
  20. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.980
    Допаѓања:
    4.457
    Пол:
    Машки
    Полиција е 192
     
    На simona_baby и tina2018 им се допаѓа ова.