Не оди, трчај и бегај. Уште веднаш. Што поскоро тоа подобро. Немам друг одговор. Ти посакувам што побрзо да се одлучиш и да заминеш.
Да си најдеш добар адвокат и да си поднесеш развод. Најверојатно сакаат и детето да ти го земат, но најдобро е да се консултираш со адвокат. Најди ја таа битолчанката, добра била. Падната си психички ептен многу. Излези прошетај пешки, разбистри си ја главата. Отиди на кафе со пријателки на муабет. Ако чувствуваш потреба, раскажи го тормозењево на маж ти и неговите на некоја блиска што ќе те сослуша и даде совет, а притоа не каже на некој.
Ова е и повеќе од доволно за да си ја фатиш вратата, а богами и да се одлучиш за развод. Имаш каде да одиш. Многу немаат, а сепак решаваат да заминат. И тоа го прават храбрите кои се заземаат за себе. Патем, цел живот сме сами.
Да си дадете шанска сами да почнете да живеете, така ќе ја видиш реалната ситуација. Вака под притисок и под влијание нема да функционирате. Ете рекол дека не сака да си одите, може му е така полесно ама може да пробаш пак со убаво да му објасниш се и да побараш да се одвоите.
Mnogu pati imam pobarano da zamineme od tamu no nesaka ni da slusne sto nogu pati mi ima kazano deka sum psihicki bolna i da si odam kaj tatkomi
Дали би дала шанса на човек што те тепа? Каков пример е тој за детето.. мислам одвратно. Во кое време живееме, каде е љубовта во случајов? Нема втора шанса и нови почетоци за такви нелуѓе.
И што и да останеш? Сигурно е подобро од ова: Ако речеме да си сама е некоја "неутрална позиција", според мене бракот треба да ти додаде некоја вредност во животот, да ти го направи подобар. Кај тебе е спротивното, ти го загорчува животот. Така да, и да останеш сама е автоматски подобрување на твојот живот.
Леле тоа не го сватив затоа пишав така. Ако има насилство никакви шанси, се извинувам за пишаното погоре. Еднаш кога ќе крене рака не се запира на тоа, насилството ќе продолжи. Жалосно е за детето да гледа и жалосно е за жената да трпи. И да има и да нема каде да оди треба да го напушти, ќе се разведе и детето секако ќе биде кај нејзе. Во врска со нејзиниот страв, никој од нас не знае дали ќе остаре сам или си некого. Подобро сама за сега отколку со маж насилник.
Мхм. Да му даде шанса да ја помодре уште еднаш, во случај ако не било доволно претходниот пат. @Stefanija2000 земи си детето и бегај дур те држат нозе, ваквите не се мењаат никад.
Не го сватив тој дел како што се изразила, не сватив дека ја тепал, затоа се извинив. И јас се згрозувам над насилство и мислам дека никогаш не треба да се помине преку тоа и да се опрости. Насилник еднаш е насилник цел живот, точно дека не се менуваат.
Еве и да заминете од таму, мислиш нема да се мешаат? Тој што си е таков и поврзан со родителите и преку океан да отиде истиот ќе си биде. Штом еднаш те помодрел ќе го направи повторно тоа, ваквите не се менуваат, не си сама, си имаш дете за гледање, подобро разведени отколку детето да трпи трауми.
Разговар со некој стручен за твојот страв од осаменост да ти помегне да се справиш со тој страв и излезеш од тој зачаран круг. Олеснителна околност ти е што имаш каде да одиш. Спаси се себеси и детето.
Убо шо спомна "шо ако останам цел живот сама" па ме потсети. Замисли се во истата ситуација од сега, за 1-5-10+ години без промена. То е подобра алтернатива? Не. Башка шо, нема да останиш сама. Без поддршка на партнер си повеќе сам. Немаш поддршка од партнерот и плус кажа за присуство на насилство (помодрување). Према мене, ако партнер покажи агресија и насилство еднаш едноставно нема назад. Заслужваш подобро. Ако имаш кај да бегаш, не се мисли ни на момент. Ако немаш, почни полека да прајш план. За твое добро, и за доброто на детето. Се надевам за брзо ќе биди се подобро.
Девојче, спаси се сама, нема кој да сте спаси. Јави се на полиција, оди кај твоите со детето обавезно. Оди на психолог, психијатар. Бегај што побрзо со детето, тие не се токму цела фамилија.
Би избрала цел живот сама, отколку секој ден да се оболувам психички и физички, настрана од тоа една мала душа што ќе научи од таков психопат и во што ќе израсне тоа дете.
Гледам темата за алиментација не е ич активна, па ќе прашам тука. Што дпокументи ми требаат и каде прво се обраќам за алиментација. А најмногу ме интересира, како се одредува гледањето на детето? Инаку тие што подолго се тука знаат, не бев мажена законски, ама детето си е признаено.
Алиментација ми одреди судијата на суд, за твојот случај не знам. Гледање на детето одредија од Центарот за социјална работа. Најубаво оди таму прашај.