Форумџика на годината

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Пробај ако можете меѓусебно да се договорите за алиментација и гледање на детето. Јас имав лошо искуство со ЦСР, сега подобро функционираме со наш договор. Алиментација нас ни одреди судот (при развод), како е во овој случај не знам. Ако не можете да најдете заедничко решение, најди си адвокат што е поупатен во овие работи. :)
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cyclop

    Cyclop Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2021
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    132
    Пол:
    Машки
    Ќе мора преку суд да си ја побараш. Претпоставувам штом прашуваш, не сте успеале да се договорите, или не го испочитувал тоа што сте договориле. Висината на алиментацијата, во најмала рака, би требало да биде една третина од неговите примања, може до најмногу половина од неговата плата, но, суд како суд, нема табела за тоа, има само 'пракса' па од 6-10.000 би требало да ти досуди. Од документи, ќе треба да доставите потврда за работен однос и плата (доколку сте вработени), сопственост/кирија за живеалиште. Ти ќе треба да го образложиш трошоците за детето, пример градинка/училиште, лекарства, облека, храна, организирање на родендени и се она што е нормлано како издадок за дете. Што се однесува до гледање на детето, за тоа носи решение ЦСР, нормално ако не може да се договорите самите. Пример, ако ти не му дозволуваш да се види со детето, мора да бара преку ЦСР да се регулира тоа. Ако ти му дозволуваш, а тој не сака, тогаш мислам дека ни ЦСР нема да ти помогне, но може да побараш да му се одземат родителските права (обврските му остануваат) и да не може никогаш да побара да го види.

    Надвор, но сепак поврзано со прашањето, поштедето го детето од коментари еден за друг, нормално, доколку ги има, во целата ваша ситуација, најмногу тоа страда.
     
    На tina2018, Antebellum, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Nena09

    Nena09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Да и тука има една нова ставка што до сеа ЦСР не ја споделуваа ама изгледа има многу луд народ па почнале.
    Ако имаш решение за видување ( без разлика дали мајката не дозволува, отуѓува или таткото не го зема детето) Ве следува кривична пријава. Не почитување на решението е кривично. Го покренува ЦСР и веќе имам во поширокиот круг луѓе што го пробаа :)
    Работи.
    И да, да дополнам. ЦСР се фер за почеток викаат: ај договорете се пред нас, зошто ние ако ве договараме нема да биде во прилог на никој а најмалце на детето. И сега зависи дали од другата страна имаш разбран родител или проблематичен. Ако е проблематичен ви суди ЦСР и страдате. Зашо се нема памет
     
    На tessie, Cyclop, Трагедијаупмм и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    28.608
    ЦСР не поднесува кривични за непочитување на решение, МВР поднесува, по поднесени три пријави. Мој совет, доколку не се согласувате со бившиот партнер, не потпишувајте Спогодба, само Решение преку ЦСР.
     
    На tina2018, SummerGirl, jarec6 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Nena09

    Nena09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Да,имам скок. Трите пријави од полиција одат и во цср, така некако е процесот.
    Ама дека преземаат одговорност, преземаат.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    28.608
    Каква одговорност, ништо не преземаат. Издаваат решенија и после се оградуваат. Викаат дека понатаму МВР и суд извршуваат.
     
    На JustBeautiful, Gosh и SummerGirl им се допаѓа ова.
  7. Nena09

    Nena09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Немам такво искуство.
    Тие што ми се во поширок круг, баш жената си ја гонеа кривично и постапката беше преку цср. Заедно со полиција.
    Ја осудија за непочитување на решение и нормално за отуѓување на дете.
     
    На SummerGirl и zuto им се допаѓа ова.
  8. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    28.608
    Шуќур и нешто вакво да прочитам дека се случило. Да видам да не верувам.
     
    На SummerGirl, Mumoftwo30, Realist1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Nena09

    Nena09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Да да и тоа сеа беше нема пола година.
    Па сега детето почна да си го гледа таткото
     
    На SummerGirl, Mumoftwo30 и zuto им се допаѓа ова.
  10. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.208
    Допаѓања:
    3.980
    Пол:
    Женски
    Па да де, решението од цср мора да асе почитува, а тој ако е некој пијаница или се заканува ќе го пријави во полиција.
     
  11. Nena09

    Nena09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Овде мајката е проблем.
    Таткото е нормален човек што поради мајката и желбата за отуѓување, завршија на советувалиште за родилтествување и чивекот има мислење дека има родителски способности.
    Мајката има проба за труење со лекови и била на испирање.
    Од соверувалиште нема добро мислење. За тоа и завршува така.
    Плус збориме за дете кое што не е вакцинирано и не иде во градинка бидејки е доделено на мајката.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Бамси

    Бамси Нов член

    Се зачлени на:
    12 март 2025
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo na site, ke se obidam nakratko da pobaram odgovor na moeto prasanaje...dali nekoj imal iskustvo so koristenje na terapija za smiruvanje za vreme na razvod? Konkretno se misli za zemanje na lek za spienje poradi maltertiranje podolg period a pritoa ne se osudiv za razvod poradi zakani deka ke dokaze na sud deka sum luda i ke mi gi zeme decata? Dali toa moze da smeta vo tekot na sudenjeto ako ima nekoj iskustvo da spodeli...blagodaran
     
  13. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    28.608
    Па само му правиш услуга на партнерот во намерата да те направи луда со апчињата. Почни да делуваш посериозно во решавање на проблемите, спиењето нема многу да помогне во тоа.
     
    На H.VAGA и SummerGirl им се допаѓа ова.
  14. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    9.307
    Пол:
    Женски
    Не знам каква врска имаат лекови за несоница со дијагнозата "луда". Сама ќе си одбереш што ќе пиеш од лекови или ќе се советуваш со доктор? Постои и мелатонин кој може да ти помогне да се опуштиш и подобро да спиеш. Консултирај се со матичниот доктор, објасни му ја ситуацијата, папир од лекар специјалист кој потврдува дека патиш од несоница поради психичко малтретирање и вербални закани од споругот во развод ваљда може само да ти помогне на суд. Не се докажува дека некој е "луд" тукутака, си постојат вештачења. Ако имаш потреба од терапија, мораш да ја користиш, и мислам дека тоа се зема предвид на суд. Користење лекови за било каков проблем не е доказ дека си ваква или онаква. Мислам дека прво ти треба адвокат кој ќе ти ги објасни работите од правна и техничка природа, а второ доктор кој ќе ти помогне со проблемот. Како што читам ти си направила цело сценарио во глава, без овие две фигури. Башка ќе ги земе децата, и? Што ќе им прави, ќе ги тури во џеб? Не се одземаат деца така лесно.
     
    На Lanna89, tambelina, Mumoftwo30 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.787
    Допаѓања:
    189.321
    Мелатонин
    Без рецепт се зема не е антидепресив
    Не е за да те успие него кога ке заспиеш да се наспиеш
    Се зема саат време пред да планираш да заспиеш
    Пробај прво со мелатонин ако не бива земи хелекс ама прво изконсултирај матичен др
    Јас земав мелатонин бидејки спиев "будна"
     
    На Antebellum и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  16. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    28.608
    Убаво звучи ова, и така треба да е, но колку само не е така во пракса во нашава напатена земја. И мене ми викаа никој ништо не ти може, не е така лесно некој да те направи луда и да ти земе деца, па одвај спасив жива глава. И не сум единствен случај, за жал.
    Не ми е целта да ја плашам членката, туку да ја охрабрам да се соочи и бори со проблемите оти кај нас сѐ е можно.
     
    На Трагедијаупмм, tina2018, SummerGirl и 8 други им се допаѓа ова.
  17. ani23

    ani23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Чекај ама нели не беше во брак легално колку што се секавам,туку само живееше со партнер ?Зарем некој би се осудил да игра на карта ментално здравје,кога многу луге пијат антидепресиви ,бидејки навистина треба и се потребни.Членкава може да оди на доктор приватно и да и дадат лекови на розева рецепта ,и да не и стои во досие никаде во систем,и да му каже на лекарот.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  18. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    28.608
    Точно, не бев во брак и никогаш никакви лекарства за ментално здравје не сум пиела. Ама ете, можело и така.
     
    На SummerGirl и eliesaab им се допаѓа ова.
  19. Бамси

    Бамси Нов член

    Се зачлени на:
    12 март 2025
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Да ама веќе неколку месеци ги користам лековите затоа што ми беа неопходни, премногу тортура дозволив мислејки дека во ред е ке помине ке се смириме и буквално трпев секој ден, а со тоа моето здравје се загрози...не сакав да дојде до развод се трудев и борев да свати ама ете за жал стана неподносливо
     
  20. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    9.307
    Пол:
    Женски
    Немам причина да не ти верувам, има добра пракса и лоша пракса. Исто како што во оваа или слична тема читаме за татковци кои не можат да си ги спасат децата од (не)мајки кои живеат со своите деца затоа што светот не мора да знае дека уствари не те бива, све има на светов, не само во Македонија. Да не ме сфати некој погрешно, ама ова е толку озбилна работа што не знам како може некој да живее во незнаење за постапките и за опциите. Па јас би фатила да ги читам, препочитувам сите закони, би отишла на сто адвокати, не на еден, постои и бесплатна правна помош. Ако прашањето е така грубо поставено, Дали има шанси децата да ми ги земе? малку не го разбирам, дали би ѝ одзеле родителско право? За тоа треба да има ептен озбилна причина, мајката не е единствениот и ексклузивен родител, ама секако дури и да се случи децата да добијат стално живеалиште кај таткото, ќе има право да си ги гледа редовно. Децата ќе пораснат, па ѝ сами ќе знаат кај кого им е поубаво. Она со што не се сложувам се лековите. Жената има проблем, ако мора да користи терапија препишана од доктор, мора, не може ради тоа да биде прогласена за луда. Ако имам дијабет/висок притисок, морам терапија да примам, зарем би ме прогласиле за неспособна? Некористење терапија може и веројатно ќе ја влоши сиѕуацијата, од хронична несоница човек може да оболи, па тек тогаш е во проблем и нема ич да може да се грижи за децата. Мора адвокат, еден, десет,мора.
     
    На _Vera_ му/ѝ се допаѓа ова.