Ништо не претпоставувај, адвокат, еден, десет, сто мислења да чуеш. Терапија мораш да примаш, штом советувал лекар, мораш. Тоа што користиш терапија не значи дека си луда. Ама мораш со адвокат да зборуваш, никој тука не може да ја знае точно ситуацијата и да ти даде точен совет, никој не може да ја предвиди иднината. Ќе се консултираш со адвокати, ќе ги ја објаснат ситуацијата и сите варијанти, и ќе ти биде полесно.
Здраво Сакам да прашам за совет. Во брак сум и имам бебе од два месеци. Со сопругот сме во катастрофа односи. Ме малтретира психички а почна и физички. Прво ме удри по ногата во 9ти месец бременост и ми се заканува ќе ме раскрварел ќе ме убил и такви слични работи а сега на 05ти март почна да ме дави и ми ја стегна раката. Причината е што сакам да одам на гости кај татко ми и сестра ми а тој и неговите не дозволуваат, веќе сум била омажена и не требало да спијам по туѓи куќи било гадно кај нас и бебето ќе се разболело. Синоќе пак се каравме за истото не дозволува мојот татко и сестра ми да го гледаат бебето. Се плашам да си одам бидејќи се заканува дека ќе ми го земе бебето. Тој тука е невработен, осигуран здравствено преку мене а ја сум на породилно и имам каде да се вратам кај татко ми. Тој се заканува дека е добро ситуиран бидејќи има транспортна фирма во Бугарија и гради нова куќа. Сакам да прашам може ли да ми го земе бебето и ако одлучам да сизаминам треба ли да пријавам во полиција? Заборавив да кажам нон стоп ме уценува за бебето јас да си плаќам или татко ми да плаќал а не можел тој да плаќа се било многу трошоци за бебето
Бебето не може никој да ти го земе, социјално го препишува на мајката. Документирај ги последиците од нападите, сликај се, доколку можеш оди и на доктор да добиеш црно на бело документ. Не може татко ти да дојде да те земе од таму? Само да излезеш од куќата, после пријавувај во полиција и социјално веднаш.
Кога ке иападне од дома собери си стварите и бегај од таму Или такси или викни го татко ти да те земе И ке одиш во социјално и полиција ке кажеш дека бебето е со тебе а ти не се осеќаш сигурна во таа куќа Или втора варијанта на следен напад одма пријава у полиција поткрепена со лекарско
Не чекај ни минута повеќе, ако имаш поддршка и каде да одиш веднаш спакувај што ти е најнеопходно за тебе и бебето и замини си пред да стане полошо... Собери докази, сликај ги повредите, отиди на доктор дополнително да имаш документи и од таму. Ми се повраќа веќе од вакви насилници што изиграваат богови и мислат дека светот околку нив се врти. Не е безбедно ни за тебе ни за детето да останеш таму, остави го и не се враќај назад... другото ќе се среди, сега биди силна!
Со првата варијанта за жал нема многу да ти помогнат институциите. Мене ми рекоа ако те нападне извади лекарско па поднеси пријава вака ништо не можеме да направиме… Полицијата го предупреди. Мој совет при и најмал напад лекарско и пријава или сликај да имаш доказ. Замини од таму, штом имаш кај да одиш одма е полесно. Во ЦСР можеш да одиш да им кажеш за ситуацијата и дека ќе поднесеш за развод. Тие ќе ве сослушат и ќе одлучат за понатамошно гледање на бебето. Бебчето е мало, јас го поминував овој процес со бебе така да ако сакаш пиши ми ќе ти објаснам јас како поминав. Тешко е во секој случај, ама потешко е да продолжиш да живееш како заробеник… Не те тагнав @Lovelo
Законот е таков каков што е и татковците играат на карта да ја направат мајката луда, а мајките ги прават татковците насилници. Навлезена сум во оваа проблематика многу длабоко и гледам што се случува. Да, за жал не е само кај нас вака, се согласувам. Само тука ретко кој сноси каква било одговорност. Во однос на законите, од мака правник станав веќе, тројца адвокати сменив, сама најмногу постигнав. Почнав да водам постапки и за други случаи и гледам колку се исповрзани сите. Тешка е борбата со државата, ама нема откажување. И те како ставаат забрани и одземаат родителско право, без издржани причини со докази, најчесто на татковци, поретко и на мајки. Јас не реков да не пие лекарства, особено ако се препишани од лекар. Само нека биде претпазлива дека буквално секоја ситница може да се земе предвид да се искористи против неа. Ако има јаки врски или добро платено, ќе се најдат и понебулозни работи. Нека делува превентивно и многу внимателно. Толку можам да ја советувам јас.
Спреми што ти е најнеопходно, при следен напад или закана зимај детето и пријави во полиција, лекар за повреди ако имаш, психолог, психијатар, ЦСР.
Доколку е насилен и имаш докази за неговото насилство со куќата и фирмата во БГ може само да се слика. Не се плаши воопшто пријави го секаде и гледај да имаш што е можно повеќе докази. (слики, видеа, секако и документи од доктор доколку имало физички контакт и си била повредена). Умре времето кога на ваквите насилници им се гледаше низ прсти. Во нашата ни мила Македонија ваквите работи се сменија на подобро. Знам случај каде што девојка го пријави сопругот, им отиде цела во модрици во полиција и полицијата го притвори дотичниот и не го пушти додека таа не се спакува и не им пријави дека е на безбедно. (знам дека делува нереално и како на филм, но ова се случи во Скопје). Особено е значајно што имаш подршка од твоите најблиски. Само напред и спаси се и себе и бебето од тој психопат.
Еве јас на пример немав поддршка од никого па не го пријавив, и да го пријавив ќе речам дека измислувам. Многу жени немаат поддршка од родители, полиција, ЦСР кои мислат дека лажно пријавуваат. Затоа се изгуби довербата во институциите. Јас имам убаво искуство со ЦСР, ама може друга нема.
А ако мајката изјавила во ЦСР дека психички не се осеќа добро и и треба помош и ЦСР нема уши за истото што се праи? Чекаме за збрца некого со нож и после ќе кажеме дека ете она кажуваше ама….
Нека посети психолог или психијатар. ЦСР само може да ѝ го дадат истиот совет, не можат да ѝ ја подобрат психичката состојба.
Здраво, барав на форумот тема за развод, ама не најдов. Може и не сум побарала убаво. Да ми ја објасните процедурата за развод и да ми препорачате добар адвокат?
Ова е тема за развод. Јас отидов без адвокат, ама бев спремна со сите документи. Ако има насилство има друга процедура на пријавување.