Здраво, барав на форумот тема за развод, ама не најдов. Може и не сум побарала убаво. Да ми ја објасните процедурата за развод и да ми препорачате добар адвокат?
Ова е тема за развод. Јас отидов без адвокат, ама бев спремна со сите документи. Ако има насилство има друга процедура на пријавување.
Како како -оди дава изјава мајката е луда вика се дере ги тепа па носи сведоци од типот сестра мајка другар да потврдат.Па мајката пиела антидепресиви посетувала психолог.Може ќе се докаже дека лаже ама е цел процес и те кочи.
Како што објасни и @simona_baby само што се оди и подалеку со фаќање врски, потплаќање, па дури и ангажирање на трети лица со цел вадење на лажни дијагнози. Конкретно за мене беше издаден и упат за на психијатрија без мое знаење, а во соседна Србија имало сличен случај со ангажирање на х личности да ја глумат жената и нејзината измислена дијагноза. https://a1on.mk/region1/najmil-zhen...vata-sopruga-za-da-dobie-potvrda-deka-e-luda/ Има лажни пријави и од страна на мајката со тоа што се вади лекарско со врски и по приватни клиники, па дури и се самоповредуваат за постигнат одредена цел. Иако од праксата на случаите кои ги познавам, кај жената поминува многу полесно, само со една изјава, без приложени или издржани докази, дури и да нема фатено врски.
Како бе упат за психијатрија лажен? Без заверен преглед, без да те прегледа матичен, некој потпишал упат? Које е таа будала? Пријави го во комората. Должни се да го разгледаат случајот, не знам колку е застара, ама е сериозен прекршок, фалсификат и злоупотреба на службена должност. Што не ќе прочита човек.
Мојата матична (веќе бивша). И никој не одговараше за тоа кривично. Се заташка сѐ, бившиот добил прекршочна, си платил и никому ништо. Вмешани многу службени лица од различни државни органи.
Во Комората посекако ќе го проследат ова. Не верувам дека игра улога застареноста на делото во овој случај.
Одамна беше ова, 2022. Во комората не го пријавив случајот оти требаше по службена должност да оди преку МВР до ОЈО. Чекаа да застари изгледа, ама јас и после тоа кога разбрав дека нема кривична пријава, сама си пријавив во ОЈО. Во ИМП и МВР исто се обратив и добив потврда од нив дека се лажно повикани. Ако не застарува ова за комората, би ја пријавила одма докторица.
Немам зборови. Мада, нели Србија имаше и обид за киднапирање дете, спречен, за да го подметнат девојчето на днк анализа. Е, до толку препредни. И после што ќе било со тоа девојче ако им успеел планот? Ќе го врателе назад во Србија кај мајка и? Чисто се сомневам. А хартијата се' трпи очигледно. Се надевам си победила на крај, но со вакви гнасни игри, нормалните луге не се снаоѓаат, треба мрднат да бидеш како и другата страна. Ако е некој будала, само побудала ќе го победи во негова игра. За несреќа, децата ќе патат најмногу, и тоа е тоа што оригиналната будала не го сфаќа или не му е гајле..
Апсолутно јави се во комората, или поднеси претставка, архивирана и се'. Ќе побараат докази. Доказ нејзин е дневник за работа, твоето досие кое таа мора 10 години да го чува, или 15 заборавив како е во мк оти не живеам веќе таму, твој доказ е судски списи ваљда во кои се спомнува психијатар, или ако имаш копија од упатот. Во секој случај види кој е надлежен во комора за ова, постојат различни тела. Колку и да се брани, тие можат опомена, времена казна или губење на лиценца за најсериозни престапи. Мислам дека има онлајн правилник на комората за да видиш каква казна за кој прекршок е предвидена, да пресметаш дали губењето време со таква муфљуз коза ќе ти се исплати за нервите пак да ја гледаш. Ама јас би ја гонела до крај на светот, овде каде живеам има осигурување за правна помош што покрива и трошоци за одбрана ( или тужба) а комората не е обавезно да имаш адвокат, туку повеќе во смисол за да не те мота некој со правни изрази за да се откажеш. Ако имаш време и волја, цепај. Во прилог на најнови настани во земја недојдија, секој преварант, заслужува прогон до последен ден, пошто совеста очигледно не ја мачи..
Господ ме чуваше. Во моментот на пријавата, кога пред куќа беа дојдени брзата помош и полицијата за да ме носат во Бардовци, јас седев во полициската станица во која стигна повикот. Самата се пријавив дека таа "лудата" по која што отишле сум јас. Да бев дома само... @Dentina докази не треба да бараат, јас поседувам доволно докази за ова. И број на упат имам (ми стигна СМС кога го откажа прегледот) и заканите од нејзина страна и имејл во кој тврди дека не издала никаков упат. Упатот оригинал треба да е во МВР, ама и таму го кријат.
Охо-хо! Докази мислев во смисла ако таа земе да се правда дека не те прегледала воопшто, или дека те прегледала па оправдано ти дала упат. Сигурно нема да може да каже дека не те познава. Ќе мора да и дозволат да има одбрана некаква, и ако земе тогаш да муља нешто, ти тука имаш како да ја смачкаш нејзината лага. Чувај се, и побарај се што имаш. После и да ја збориш насекаде јавно со име и презиме, ако е предупредена од комората, нема да може да те тужи за клевета или нешто. Вреди бар за да чујат сите што ја имаат за матична каква свиња ги лечи... Аууу бре, мафија од али експрес
Правдањето ѝ беше дека наводно она не го издала упатот, туку МОЖЕБИ нејзината замена. А пред тоа кажува како бившиот мој отишол кај неа, се жалел дека не ми е добро и као она не се сеќавала баш оти имала гужва. Сѐ ми е евидентирано, дури и како ме брка од ординација оти не сака да ми стави приемен печат на барањето за Препис од упатот. Прво вика таков упат не постои, за по две минути да рече: сега ќе го откажам и што ми можеш? И по 10 минути откако ме избрка од ординацијата ми стигна СМС пораката дека прегледот со бројот на упатот ми е откажан. Али Експрес може вода да им носи.
Ах, е па тогаш гоСпОдиЧна си заслужи да ја влечеш по сите прагови што постојат, комори и слично. Комората има комисија за етика, и неколку други, не се сеќавам веќе одамна беше ама дел од обврските е и да казнува. Нашата комора имаше казнето членови ( стоматолошката) за разни прекршоци, па види и во фондот ако има договор за работа со фондот, веројатно и тие ќе сакаат да чујат што правела во работно време.... Наоружај се со трпение, и смачкај ја лебарката огавна.
@zuto Само што те читам се ежам и се тресам од помислата какви лудаци има. Зарем до толку има ненормални? Боже мој каде живееме, цела држава ние едно големо сра*е. Те читав претходно дека многу битки водеше ама ни на крај памет дека волку далеку бившиот оди. Што е луд, луд е, само дали денес има лице да те погледне, разговарате? Извини вака, знам поради децата мора, ама за мене ти си голем ХЕРОЈ, што јас не знам во ваква ситуација дали и поради децата би можела да го погледнам некогаш. И после мајките биле слаби, што се мора да се преживува, Господ сила и памет да дава само кога ни е потребна
Да, да, ок функционираме сега, нормално, децата се една недела кај мене, една кај него. Делиме обврски, финансии, се договараме за сѐ. Она што го терам институционално нема врска со нашиот директен однос кој го имаме во врска со децата. И борбата што ја терам сега е всушност со државата и трулите и корумпирани органи, со него баш и не. Оти он се извлече благодарение на гнасите од ЦСР, МВР, доктори, адвокати итн...
Само да ти кажам ти си КАРПА човек и ти симнувам капа на силата, борбеноста и разумот . Господ секогаш да те чуваМислев некои работи само на филм ги има. Многу ама многу се повеќе се разочарувам секој ден каде живееме. Со страв живеам веќе овде, катастрофа Се ни е отидено во неповрат
Izvini sto te prasuvam ama decata gi setate po edna nedela kaj sekoj? Kako reagiraat na toa da imaat dva doma? Jas sum dete na razvedeni roditeli i bev 16 gd koga se razvedoa ama nie so brat mi ostanavme kaj majka mi.