Здраво, ќе ве молам за совет, може тука или во лп. Не се издржува веќе во ова срање од брак. Сакам под итно развод, што да правам и од кај да почнам? Имам деца од 13 и 10 години, и овој се заканува дека ќе ги земе бидејќи имаат врски со татко му, а у нашава вукојебина све функционира така за жал. Неможам веќе да издржам, психички попуштив. Помагајте луѓе
Сите така се закануваат, ќе ти ги земе тикви. Барај ја Катерина адвокат од Битола, таа најдобро ќе ти каже што како. Колку сака нека се заканува, прво адвокат, па после постепено ќе бараш што треба, врски, телевизии, ќе се бориш . . . . Не знам зошто мислев дека си ептен младо 23,24 години а ти и деца големки имаш
Не верувам дека може да ги земе, барем до сега немам видено и слушнато да ги земе таткото освен во еден случај каде зема едно дете а другото го зема мајката. Но на таа возраст веќе и ги прашуваат каде сакаат така да пази се од манипулациите нивни кон децата. Исто знам едни тешки манипулатори (таткото и дедото) што успеаа да го излажат девојчето да каже дека сака кај таткото, и им успеа. Сепак по 1-2 год.сама си отиде кај мајката.
Ne se plasi,nieden maz ne saka da cuva deca,so cest na nekoj isklucok. Oni sakaat sloboda,a ne da se grizat cel zivot za decata. Samo ti se zakanuva nisto drugo. Decata nad 12 god,socijalnoto gi prasuva kade sakaat da ostanat da ziveat.
Баш напротив намерно ќе и ги земе само за да му се ( врате ) назад заради децата. И на крај судски може да плаќа алиментација. Немојте со вакви совети плс. Знам многу случаеви овакви баш заради инает.
Gi ima ama retko. So dobar advokat nisto ne i moze. Znam slucaj kade sudot od majka narkomanka koja bese navodno vo faza na lecenje ne go odzema deteto.
Ако си од Куманово, пиши и на фб на жената, ќе ти даде контакт од нејзе. Јас лично не ја знам ама гледам по групите на многу жени и има помогнато и ја фалат доста.
Дали ако мајката е моментално невработена ( притоа има некоја заштеда од околу 5000 еур) може да е проблем детето да не се даде на неа ако се почне постапка? Таткото моментално вработен, ама во бугарска фирма, во мк стаж не му тече.
Ете ме ја сум таков татко на 36 и ќере на 6 години си го зедов мајката се откажа сака да шета. Тоа чисто да знаете дека не има и такви кој си го сакаат детето/цата фамилијата штета не се одржа…
Колку годишно е детето? Обично помалите вообичаено одат кај мајката, а ако е навработена можеби ќе назначат побрзо да се вработи и ќе проверат по некое време како оди со тоа кај мајката. Иако зависи и од таткото, што карактер е, инат-врскаџија, моќник итн. е неповолно да е.
Кумановке моја, ке ти ги земе децата тропки. Остави го манипулаторот да манипулира, а ти терај си по твое, ти прети за да не го оставиш.. Ке почнеш од почеток ке отидеш кај адвокат и ке му пуштиш тужба за развод, за понатаму ке ти објасни се адвокатот. Немој да се мачиш и да попушташ психички, без страв и со крената глава продолжи си понатаму. После развод следи нов живот кој ке го живееш со полни плуќа Верувај ми
Мал апдејт за мене. Во постапка сме на развод, после малку мачење прифати за спогодбено. Јас сум веќе извесно време настрана, децата се и кај двајцата (како ќе се договориме така). Сакам да дадам поддршка таму каде што треба, секој кој што минува низ истото или се двоуми за развод да знае дека потешко не е. Исплашена бев и јас, и од непознато и се останато, но сега гледам и чувствувам колку е се подобро. Не секогаш се останува во токсичен брак поради децата. За една мајка да може да порасни здрави и добри деца, прво таа треба да е добра. Чувајте се, сакајте се, ставете се на прво место секогаш.
Незнам нашата ќере е скоро 6 и ние сме спогодбено да остане кај мене, сепак станува збор за карактери и мојата ќерка е целата на мене и е доста високо интелигентна и емотивна исти јас. Но ете го и првиот проблем ме сака мене но ја сака и мама “каква и да е била” искрено беше лошо сите овие 7 години но мама е мама и секогаш ќе е мама и нормално е да тежнее таму, јас бев строгиот во растот. Ќе ти кажам искрено нешто од детството, кога ќе се пцувале по татко ми не сум реагирал, но по мајка ми и те како жустро сум враќал иако на крајот тато беше жртвата за сѐ а не беше малку ама сега тоа го гледам на 36 год. Тешко е за децата а за токсичен брак се согласувам дека подобро е да се разделите кога нема слога, разбирање и љубов едноставно нема воздух ни за двајцата и е точно а децата тие се ама баш се чувствуваат.
Не можам да зборувам за твојата ситуација, може само да ти ја посакам цела среќа и сила. За мене, јас сум таа што остава пример за љубов на моите ќерки. Не сакам и тие во иднина да трпат третман како мојот, да мислат дека таква е љубовта и аман ќути си комшиите што ќе речат. Со големата разговарам често, иако е мала но е многу свесна и чувствителна за многу работи. Сега веќе можам да кажам се навикнува на промената, јасни и се работи што за нејзина возраст сметаме и двајцата дека треба да ги знае. А малата е мала, таа ќе порасне во новата ситуација.. Со soon to be ex husband, рековме дека ќе работиме и ќе се трудиме заедно за децата, нема труење со муабети мајка ти вака, татко ти онака. И двајцата сме еднакво родители. Нашите проблеми се само наши, не и на децата..