@hermosa верноста не ја земаат уопште во предвид на суд, лекарското од лекар, документ напишан од доктор, дали си психички здрав и способен, дали си ги малтретирал децата, дали си способен или си пијаница, коцкар, наркоман...
Деко, во медицинска историја е се достапно, не можеш да сокриеш ако си бил со психичка болест, меѓутоа анксиозност пример не спаѓа во тоа.
Чек, ако сум идел приватно, пак е јавно? не бе, каква анксиозност, праиме муабет за психички проблеми ...
Финансиската стабилност е еден од факторите што судот ги зема предвид, но не е пресуден сам по себе, тука се става и емоционалната поврзаност на децата со кој родител се повеќе поврзани, нивната желба со кого сакаат да останат, сепак тежнее судот кон некоја рамнотежа да речеме, детето не се "купува" со пари, туку треба да биде со родителот кај кого му е подобро на сите нивоа, емоционално, воспитно, здравствено, безбедносно и финансиски..
Мислам дека ќе ги прашаат, особено ако се ист пол да не се двојат. А и да не се, верувам дека ќе им испочитуваат желба ако кажат дека сакаат заедно.
Син и ќерка имам, инаку тие и онака со мене се, тој не се замара. Ама ќе им зборуваат фамилијата негова нешто као седете тука, тука израснавте и сл. Ми е страв да не зезнам тогаш.