Ништо не треба да правиш, на подготвително рочиште треба да се појавиш, ако имаш докази што не си ги дала во одговор на тужба да ги дадеш тогаш и усно ќе кажеш тоа што бараш и со одговор на тужба.
Odgovorot na tuzbata kaj sudijata na podgotvitelnoto rociste li e .Bidejki jas goprativ PO posta uste po dobienata tuzba Kako nezavereno
Колку трае спогодбена бракоразводна постапка? Дали ако е спогодбена и имаме дете мора да се меша социјално? Во смислам, ние сме си договорени како ќе функционираме, може да најдеме адвокат само да ни среди што треба. Не сакаме детево да го влечеме по социјални служби
Малку тешко, може да се проба но зависи и од социјалниот службеник, малку се затегнати работите по ЦСР, имено заради тешки разводи, тоа сè ќе се поднесе до судот (предлогот и спогодбата), судот ќе ги достави за мислење до ЦСР па дали соц. службеник ќе одлучи да разговара со детето и да провери во какви услови ќе живее детето тоа е лично негова одлука, али ако е сè во ред не е ништо страшно, сите странки кои ми биле оделе со децата, тие се сепак најискрени, сè си кажуваат Ако сакаш да разговараме подетално пиши ми во порака.
Ме интересира доколку мајката нема никаква подршка од семејството а е вработена не е финансиски јака и мокна да живее самостојно под кирија со 2 мали бебиња дали ќе и ги одземат децата?
Не, треба ептен да е неподобна мајката (алкохоличарка, наркоманка, ментално нездрава и слично), единствено во такви случаи би и се одземале деца, во спротивно не.
Доколку нема (доволно) високи примања и она најтешкото поддршка од фамилија би се распрашала како сигурна куќа за почеток, но не сум упатена доволно околу тоа... Нека каже некој поупатен што да се прави во таков случај...
Ве молам за мислење, прво дали имате лично искуство со адвокатката Катерина Котевска Стисниовска, дали е навистина толку добра како што се пишува од тоа што читаме на нет? Друго, како се решивте од мажи кои ви се закануваат по живот, се работи за човек влијателен кој располага со многу пари, како и заташкани претходни прекршоци, бидејки мајка му е судијка во пензија. Имено се работи за моја блиска која е многу исплашена за да го напушти, поради моќта што ја поседува и заканите. Адвокатката контактирана на тел, но прв впечаток, брза и без трпение и да го сослуша проблемот. Ве молам само сопстврни искуства ако имате. Благодарам
Nemam iskustvo za razvod,no ako taa nema trpenie da slusa otkacete ja odma. Znaci ne e zainteresirana. Videte komentari za nea i drugi advokati vo zenski domakinski muabeti na fb.
Јас еднаш стапив во контакт со дотичната и ептен идиотски фидбек добив, и секако си најдов друга сто пати подобра и пофина адвокатка.
Идиотски пристап, скроз непрофесионално од нејзина страна. И мене и на пријателка исто ни се испонаша. Барајте други, нормални адвокати
Здраво,да ме упати некој.......кога едната страна несака да се разведе спогодбено дали мора да се оди на адвокат и да се даде тужба за развод или како и да е постапката
Да, во тој случај ќе се оди со тужба за развод на брак. Судот меѓудругото, по мислење на ЦСР ќе одлучува и за доверување на децата доколку има. Бракот вака или така секако ќе се разведе. Спогодбата најчесто е олесниелна околност при одлучувањето за децата, доколку не наоѓате заеднички јазик, мора со тужба. Доколку ти треба помош, слободно контактирај ме
Женски ми треба мислење Родив синче пред 2 месеци, со сопругот се венчавме кога дознавме дека сум бремена. Уште во врска имавме проблеми од страна на мајка му но не верував дека ќе дојде до овој степен. Многу почна да навредува, маж ми се коцкал, јас не сум била способна, навреди кон моите дома.. сега претерано мешање и во бебето. На сето тоа месеци наназад јас само молчам,ама еве веќе не можам му кажав на сопругот очекувајќи поддршка од негова страна но сега сме двајца непријатели во ист кревет. Не можеме смирено да разговараме, никако не сака да се делиме од неговите вика ти оди си ако сакаш ама без дете. Прашањето ми беше дали ако поднесам барање за развод има шанси да ми го земе детето? Јас сега сум на породилно но бев вработена со солидна плата, моите живеат во мал стан,а кај маж ми во куќа,а и тој зема голема плата. Ве молам за совет и мислење ако некоја имала слично искуство
Бебето е многу мало на тебе ќе падне старателството. На толку мала возраст таткото добива само старателство ако мајката има болест која што би и била пречка за да го чува или ако има некој порок (дрога, алхохол).. А и не си без работа само си на породилно.. Мислам дека судот повеќе гледа на тоа каде детето би растело во здрава средина не во побогата. А тоа што има таткото голема плата само може да му ја зголеми алиментацијата.
Да напоменам дека таткото имаше сообраќајна несреќа каде имаше жртва и во моментот чекаме пресуда од апелација
Бебето ќе биде кај тебе, ич за тоа не се замарај! Ако е стварно коцкар како што кажува мајка му, тогаш..... Во таква средина, плус брзо породена, со мало бебе... можеш психички да се пореметиш, искрено.