Форумџика на годината

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    8.242
    Пол:
    Женски
    Му имам пишано, ми даде совет како вие сега, и ми даде контакт број и колку наплаќа :D
     
    На Forca и Biljarkata им се допаѓа ова.
  2. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    3.029
    Пол:
    Машки
    Ова ти е од законот, од стр 33 надолу имаш за имот, после 40 стр за децата и старателство после развод.
     
    На SummerGirl и KiT им се допаѓа ова.
  3. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.576
    Допаѓања:
    19.514
    Ти плаќаш сега ок, ама дали го стави во пресметка за живеење заедно. Како предлог совет ти дадов зошто чудни ти беа пресметките. Испиши уште еднаш колку пари би ти требале. Активностите кога ќе се разведете ќе се по пола валда..
     
  4. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    5.670
    Идеално е тоа по пола, најчесто ќе го моли за алиментација ако е идиот. Не може да се потпре на тие пари. Автомобилот е пола твој, нема што да докажуваш штом е купен во брак пола е твој, исто пола од кујнските апарати и бела техника по дома. Е сега дали тој ќе ти исплати пола пари за нив или најчесто ти ќе земеш одредени ствари. Најсигурен приход ти е само од автомобилот, плус да си земеш еве постелна кебе нешто од белата техника.
     
    На Трагедијаупмм, theowndemon, naturally и 4 други им се допаѓа ова.
  5. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    5.670
    @KiT штом и до сега финансиите биле на тебе ќе успееш сама. Нешто поскромен смештај за почеток па натаму ќе се среди. Ќе се препородиш кога ќе бидеш на мир.
     
    На TiniMini, JasBee11 и KiT им се допаѓа ова.
  6. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    8.242
    Пол:
    Женски
    Прво, ептен фала за поддршката :l:

    Он е таков што ќе тера инает, ќе им зборува на децата (иако се доволно големи и паметни за да знаат кој е кој), ќе подмити судии и пак по негово ќе испадне. А јас ќе останам сама, под кирија. Ако испадне така, без децата нема резон за живот понатака.
     
    На Mother of 2boys и violetblue им се допаѓа ова.
  7. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    5.670
    Ако се децата над од прилика 10 години ги прашуваат каде сакат да живеат. Кога се работи за деца не е баш едноставно да се подмити особено ако децата кажат дека сакаат да живеат со тебе.
    Верувај дека децата гледат и знаат се и не е баш така лесно да ги манипулираш со зборување.
    На толку разводи кај нас не ми текнува деца да се доделени на татко освен ако тие не сакале кај татко им.
     
    На Mumoftwo30, JasBee11 и KiT им се допаѓа ова.
  8. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    8.242
    Пол:
    Женски
    Можда за автомобилот, ама за реновирањето на спратот нема шанси ни за докажување. Едноставно, ќе рече такво ми беше пред да се земеме. Кај пишува кога било реновирано.
     
  9. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    5.670
    За автомобилот пола е твој тоа 100 посто. За реновирањето да така е во поглед на плочки кујна санитарија тешко, ама за другите работи да пола се твои, во смисла на компјутер, машини, ситни апарати, тв.
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  10. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    8.242
    Пол:
    Женски
    10 и 13 години ми се, ама тука се баба, дедо (кои живеат под нас) ама исто како да се со нас :mm:, тетки и др.кои ќе им зборуваат седете тука, тука израснавте, ние ќе ве гледаме додека пораснете. Сепак, деца се сеуште. И ради мене ќе го направат тоа, за да останам сама. Знаат дека не сум во контакт со моите.
     
    На TiniMini му/ѝ се допаѓа ова.
  11. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    5.670
    Те разбирам, не можам да кажам за децата како што, ама 13 год е возраст кога веќе баш резонираат. Не знам каква ви е ситуацијата по дома ама сигурно гледаат дека сте во лоши односи со татко им, не си разговарала нешто со големото во стил што мисли за ситуацијата дома, нешто во тој стил.
     
    На Mumoftwo30 и KiT им се допаѓа ова.
  12. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.576
    Допаѓања:
    19.514
    А си разговарала со него на оваа тема? Нема можност за вие човечки да се договорите пример една недела кај тебе една кај него децата? Мора вие двајца тоа да го средите да не оставаш на избор на децата. И не знам зошто би прашувал некој дете, се знае дека старарелство се доделува ...
     
    На Трагедијаупмм, Mumoftwo30, JasBee11 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    2.177
    Пол:
    Машки
    Точно е, согласно ЗСИДСП сè што брачните другари купат (стекнат освен не важи за наследство и подарок) во брак се дели на еднакви делови односно по 1/2 една половина за секој од нив, после постапката за развод, пред суд во вонпарнична постапка за физичка делба ако нема меѓусебна согласност или со спогодба за физичка делба пред нотар доколку постои согласност помеѓу поранешните другари (ова е најдобро и најбрзо и со мали трошоци за делба), имотот брачните другари можат да го поделат и во текот на бракот што според мене е најмудро утре во случај на развод.
    Инаку постои можност ако едниот брачен другар дал повеќе финансиски за стекнување на имотот да бара поголем дел, исто така постои можност сопругата да бара поголем дел од имотот ако таа со нејзин личен труд го оддржувала имотот (пример ако сопругата е домаќинка има можност да бара поголем дел од имотот, ама сè зависи кој ќе биде судечкиот судија и за кој град се работи, за жал нема воспоставено унитарна пракса по ова прашање).

    Ако проценам дека можам да завршам работа тогаш пишувам цена за да може потенцијалната странка да одлучи дали ја прифаќа мојата понуда и да продолжиме понатаму или не ја прифаќа и тоа е тоа.
    Знам дека спомнување цена толку рано во разговор е помалку ,,безобразно" но, сакам да сум на чисто си ја кажувам цената за моите услуги и оставам на соговорникот да одлучи дали прифаќа или не, сакам точно да се знае што е мојата работа и точно колку таа ќе чини, без скриени трошоци, често работам со странци и тие секогаш ми бараат цената однапред да се знае и затоа истата пракса си ја применувам и на домашни странки, и сметам дека така е подобро и професионално.
    :)
     
    На Mimmi39, eliesaab, Biljarkata и 11 други им се допаѓа ова.
  14. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    8.242
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам, ама јас сум од друг град. Ми треба добар адвокат од Куманово

    Големиот, па гледам во последно време и помалата гледа и разбира дека не се слагаме. Еднаш им спомнав на децата од околу, помалата рече тука сме навикнати и страв ми е сами да сме дома. Нели може да живееме тука, а вие со тато немора вика да зборувате?
    Додека поголемиот е доста емотивен, и досега секогаш велеше мамо најмногу те сакам, а сега рече: а тато сам што ќе прави? Велам сам не е, родителите му се тука. :x

    Да можеше да се разговара човечки и смирено со него, и да се договаравме за се, дали ќе догуравме до тука?
    Вели поднеси за развод, ќе си ги трпиш последиците. Прети

    Зарем нема некоја разведена членка да сподели искуство ако сака?
     
    На Mumoftwo30, SummerGirl, violetblue и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.899
    Допаѓања:
    28.601
    Ќе се снајдеш, ич не се плаши. Јас преку ноќ останав без ништо, без кров над глава, без облека, покуќнина, па дури и без деца. Единствено ми остана работата со не многу голема плата. Вака-така, се снајдов, преживеав тежок период, ама се стабилизирав. Додека најдам стан под кирија морав да патувам од еден во друг град за да одам на работа.

    Да, децата ќе трпат влијание, биди спремна на тоа, ќе им биде шок и ќе одбиваат промена можеби на почетокот, ама брзо ќе се навикнат на новата ситуација.
     
    На eliesaab, riba79, Mumoftwo30 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    8.242
    Пол:
    Женски
    Како без деца остана? :worried:
     
  17. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    И јас тоа читам, или па деца одвоени. Кога веќе родителите се двојат зошто па и децата. Барем децата заедно нека останат со еден родител, најдобро со мајката ако жената евентуално не е за во лудница.
     
    На Трагедијаупмм, KiT и SummerGirl им се допаѓа ова.
  18. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.899
    Допаѓања:
    28.601
    Затоа што таткото ги зема децата, ме блокира кај нив да не можам да ги добијам и во меѓувреме се обиде да ме намести дека сум луда. Тој што ме читал порано, знае за што зборувам. Но во случајов тоа не е важно. Помина моето и за среќа добро заврши.
     
    На st-el, eliesaab, riba79 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    8.242
    Пол:
    Женски
    Оф, душо. А сега децата со тебе се?
     
    На Mumoftwo30 и JasBee11 им се допаѓа ова.
  20. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.899
    Допаѓања:
    28.601
    Да, по решение. Во пракса пола кај мене, пола кај татко им по заеднички договор.
     
    На An-na, Mumoftwo30, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.