Она има избор ама не сака да го направи од по мене себични причини. Не сака да си наруши комоциија. Жени со бебиња се решаваат идат сами се борат а не овие 10 и 13 години.. а бе ајде.
Јатрвата на породилно со бебе од неколку месеци и поголемо дете беше кога си замина под кирија. Така да, сите други изговори се само залажување на самите себе.
Е така де, деца се барале, и ние сме биле деца па сме знаеле што е имам и немам. И моето бара, големото какви барања има, да ти пукне душата, ама нема.
Ми се повраќа од такви мажи, ама буквално. Е затоа не се оди 50-50 со маж, оти секогаш жената е таа шо губи повеќе и шо вложува и дава повеќе. Ич да не се чудите шо помладиве генерации се изитрија и трчат по богати. Не е ова за тебе, туку општо го пишав. Ти посакувам само да бидеш поодлучна во оваа ситуација. Арно ти пишаа, можеш да скратиш бар по 100 евра од платата, да ги скриеш. Чим до сега сама си ги гледала, ќе можеш и сама под ќирија да ги гледаш. Знам дека не бараш сега некој само да те чука по грбот туку бараш и решение за отпосле, затоа размисли за тоа шо ти го пишав прееска. Децата пола време кај тебе, и пола време кај татко им. Финансиски така најмногу ти се исплаќа. Тогаш сакал нејќел, ќе мора да ги рани.
Него ова не му одговара, затоа и кажува дека сама требало да си сноси последици за разводот, за да не дојде до ова, тој сам да се грижи за нив кога ќе се кај него. А тој со фамилија, и уште со татко му плаќа сметки ма пола, и тоа на посебен спрат живее, што очекуваш од ваква амеба.
Ако, уште поарно. А шо ќе им направи на децата кога ќе му тропнат на врата? Ќе ги избрка? Еве и да биде така, и плус и да ги земе кај него и да не ги гледа, да не им дава јадење итн итн.... после членката може да оде и да го пријави за занемарување на децата. Е после сите ќе видат шо гомно е, и социјалното и роднините, па и децата сами ќе си видат и нема веќе да викаат а тато шо ќе прави сам. Така се решаваат овие работи бе луѓе. Он ќе се фура таму на судот демек он е подобар родител од неа, и ајде.... еве ти ги децата, биди татко. Шо и да биде во оваа ситуација, во полза на членката ќе биде.
Браво за твојата големина Не верувам дека многумина би постапиле вака, особено после патешествијата кои ги помина Алал да ти е!!! И после се, сепак гледаш најдобро за децата и не тераш инает со бившиот за сметка на нивната среќа
Искрено, мајка ми ми е најголемиот учител во животот. Ме научи за сѐ што НЕ треба да правам и како НЕ треба да постапувам. Страдав како дете од нејзините постапки, не сакам и моите деца да страдаат. Не сакам ни други деца да страдаат, ама на некои родители колку и да им објаснуваш, едноставно џабе е. Гневот и желбата за одмазда, во комбинација со егото им е над љубовта врз своите деца.
(Финансиската) реалност во која живееме е дека ако во семејството работи само еден - невозможно е да се постигни живот, а не па комотен живот. То вклучва и семејство со еден родител (еден вработен), а другите деца. Не мислам дека членката би одлучила да оди на одмор ако нема, а и секогаш е опција да ги пушти децата да имат одмор со другиот родител ако смета дека то е важно искуство за нив. За купвање, децата и натаму имаат втор родител. Сите трошоци не треба да паѓаат само на едниот родител. Тука мислам, училишен прибор, облека, храна, играчки, курсови итн. Кога носиш одлука мора и ова да го имаш на ум, ама и воедно дека со сила не можиш да го натераш на трошок. Напрај една пресметка кога екс партнерот би делел 50-50 трошоците за децата, и пресметка кога не би делел 50-50. Ти и сопругот си знајте како ви е дома, ние можиме само да си годиме. И ти знајш каква атмосфера имате во домот за тие деца. Јас строго вервам дека нефункционални партнери се подобри родители кога се разделени, него кога се заедно „атер за децата“. Пошто децата сеќаваат се, и тие најситните промени во расположение, и тие тајни кавги шо мислиме дека не ги слушат. И се то влијај во какви луѓе утре ќе пораснат да бидат. Така да мој совет тука би бил - разгледај ги добро опциите, ама реално. Бројките назад од пресметките не беа многу реални, и ете се согласија и голем дел од членките. Така да седни зборај реално со некој кој живеј под кирија. Напрај реална пресметка. Стави неколку екстра трошоци зошто со дете ги има секогаш. И тргни од таму. Дали ти и децата можите да живејте долгорочно така? Ако да - почнуваш одма да штедиш, за да имаш rainy day funds и како шо ти рекоја погоре, планираш кога ќе ти биди излезот. Ако не, ама и натаму си решена на развод - разгледај за можност за покачување на плата/ промоција или друго работно место. Гледај си ги опциите. И би се согласила со поќето дека бараш причина да не се разведиш. Ама ако решиш да не се разведиш - би ти препорачала да одиш на партнерска терапија, заедно со сопругот и можда има нешто шо можи да се спаси. Ако решиш да не се разведиш, не оставај така, обавезно партнерска терапија. За крај, се ова пропаѓа во вода ако е вклучено било какво насилство. Ако е вклучено насилство земаш децата за рака и б е г а ш без да гледаш назад. Се е полесно од трпење насилство.
Менеее најкриво во целава ситуација ми е еден момент што ме копка ме нервира @KiT подршка од твоиве родители во ваква ситуација,зошто да немаш? Од секогаш сум за тоа дека тие се тие први што треба да ни помогнат во животот,како што и на нашите деца ние како родители би им биле прва најјака поддршка во животот..
Има секакви ситуации. Знам за ситуација каде што родителите на колена ја молеа да не се мажи зашто знаеа во што фамилија влегува. Мајка и се разболе од секирации. На пола се стори. Кога дојде до момент да се разведе не ја подржаа. Во смисла не ја примија кај нив. Зашто знаеа дека можеше да се спречи. Така да не секогаш родителите се "лоши".. и знам сега ќе почнете Ама дете им е вака им е така им е... ама нема секој сила цел живот да ги брише грешките на децата.
@KiT биди реална, во Куманово посекако наоѓаш пристоен стан за 200 евра (дури верувам и за пониска, ако е полупразен и/или го кречеш/потсредиш сама), воопшто цените не се нешто кренати и се пристапни (зборувам за облека, јадење). Да, платата ти е мала, меѓутоа не е невозможно да се живее таму. По муабетов не мислам дека си решена за развод, меѓутоа ти тврдам дека нема да најдеш адвокат кој работи без пари.
Прочитав наназад и мислам дека нема потреба за толку многу совети. Ченката воопшто не е решена дека сака развод. Во некаква фаза на негирање е т.е.ја отфрла секоја можност за евентуален развод, буквално за секоја опција најде изговори. Знам дека не и е лесно, ама реално кога ќе се одлучи дека навистина сака развод ќе најде начин за решавање на поголемиот дел од пречките кои ги спомна.
Коментариве ви се сериозно контрапродуктивни. Ич не си го трошете времето чим толку ви е мака на што го трошите. Нормално е да бара изговори. Не бара изговори оти нејќе да се разведе, туку оти се плаши каква ќе биде новата реалност. Колку и да е во лош брак, колку толку имала некаква стабилност, макар нереална, ама била во заедница, се држела за сламка. Сега треба да ја пушти таа сламка. Не знам што би ти кажала освен дека некои разводи се гадни и мораш да си спремна на се. Штеди, планирај, биди упорна. Не мора да е одма утре, ама почни по малку секој ден да тргаш на страна, тоа автоматски ти е влог во твојата иднина. Не се откажувај, не останувај во лош брак. Биди ти здравиот пример што ќе остане на децата.
@nena2010 Тука 100% не се сложувам со тебе.Животот носи СЕ.Гаранција за тоа каков некој ќе биде низ годините нема.Има сложни бракови што по 10, 20 или 25 години се растураат.Може некој да остане инвалид,неспособен за работа,да страда од неизлечива болест ,да се смени карактер,ма се може да го снајде и маж и жена.Постојат и парови земени со љубов ,па неплодност на едниот може да заврши со развод ако сака биолошко дете,па ај предвиди го тоа.Лично познавам баш ваков случај,и сега да каже некој да посвојат ,ама не иде така после толку битки околу неплодност и потрошено здравје и нерви. И оние што не се во брак,мислам дека се малку што на 20 или 30 + или било кога одлучиле дека еве не се мажат или женат НИКОГАШ.Мислам дека се сплет на околности и тоа што донел животот.Да не бидиме толу ригидни и да осудуваме туѓи одлуки ,на секој може да му се случи и брак и развод.Родителите некои ги подржуваат децата ,некои не.Секој има право на грешка.
Девојки, фала на сите за советите Имаше членки кои ме разбраа, една од нив беше @Mumoftwo30 Имаше и такви кои ме критикуваа дека само напразно сум влегувала во дискусија. Што да речам, сулудо е тек така да пишуваш за развод, и не дека не сакам туку немам доволно храброст со тоа сама да се изборам. Да беа моите покрај мене, полесно ќе беше, ама ситуацијава е ваква ко што е. Некои спомнаа направи си пореално пресметки, и искрено да намалиме на сметки, а зголемиме на храна, пак излегува истата пресметка т.е целата моја плата. Некои спомнаа ајде за почеток, после ќе се средиш, ама која е разликата истата пресметка, истите средства, исто ќе продолжи. И тоа не е разлог за да не се разведам, туку страв за моите деца. Тоа е вториот мој страв, околу финансиите оти животот е скап, поготово кога си сам. А првиот и најголем страв ми е да ги земе децава. Некои спомнаа, па што, нека ги чува, ама не е така. Барем не за мајка како мене, која сама се грижеше да ги израсне без негова помош, туку со помош од мајка му. Ако ги земе децава, исто како душата да ми ја зел, а толку се терсене со татко му, што не верувам дека нема тоа да го направат. Нашата корумпирана државичка така функционира и победуваат тие со подлабок џеб. Од што размислувам (ќе речете а ништо не презема), осеќам дека ќе скренам више. Без спиење, со доста одговорна работа со пациенти. Некој спомна ако решиме да се смириме да сме ишле на терпија, ќе речам ќе одиме ако јас ги подмирам трошковите. Не знаете како е да се живее со човек кој не се замара ни леб да купи додека јас сум на работа, а тој две недели на одмор, туку долу ќе си јаде кај мајка му, а јас у 17ч. ќе донесам све за у куќа. И згора на тоа, ќе се качи и све ќе изеде, и тоа за децата. Затоа ве молам не осудувајте. Фала уште еднаш на вашите добронамерни совети
Толку, после оваа реченица не мораш да се објаснуваш, се е кажано. Само ти посакувам да си похрабра и што поскоро да излезеш од таа токсична средина, тој не ве заслужува. Се можеш верувај, СЕ!
Јас од искуство ќе кажам овде дека кога мајка би дошла до момент да остане без своите деца е спремна на сѐ. Да гребе со нокти, ама да се избори и со најтешкиот предизвик за нив. Тоа дава нереална сила, а не ја одзема силата за борба. Само не дај Боже да дојде до вакво нешто оти се знае кој најмногу страда.