Форумџика на годината

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.576
    Допаѓања:
    19.514
    Дибек. А зошто носиш ти?
    Чим он јаде со мајка му. Децата ти се големи ќе им дадеш пари нека купат, ти јади пред да дојдеш дома. Со ваков не треба да полниш фрижидер. Може нема да заштедиш, ама јас не би купувала ништо.
    Друго е ако сте договорени 50-50 он сметки, бензин, амортизација на кола, регистрација, поправки, а ти храна, одмор. Треба да го седнеш и да испишете се и дњ му кажеш во месецот толку ти толку јас. Ако и понатаму не сака, само така мора да почнеш да не купуваш, па јадете сите доле и на децата ќе км викаш земете од доле, први што ќе се побунат ќе бидат неговите.
     
    На JasBee11, Mumoftwo30 и KiT им се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.171
    Допаѓања:
    134.869
    Пол:
    Женски
    Нема шанси вакво сценарио. Дибек е. Он да бил нормален и до сега ќе давал за дома.
     
    На SummerGirl, Mumoftwo30 и KiT им се допаѓа ова.
  3. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.576
    Допаѓања:
    19.514
    Па затоа нема да купувам за дома. Ќе ги праќам и децата доле па да видам на свекрвата дали тоа ќе и одговара кога ќе треба плус да рани.
    Ја би се лабавела дури си спремам излезно сценарио. Ако им се скинат чизми патики бујрум кај тато, баба, дедо...абе нема денар да давам. Членкава многу се прави пожртвувана, ние жените обожаваме да сме жртви не знаеме да се бориме за себе, само да се жалиме. Нема ќе повлечеш линија и толку. Нема изговори, ама одмор, ама храна.
    Освен ако не се договорени така овој плаќа сметки, сервис, регистрација, школски воншколски активности, кредит ако имаат ако плаќа...
     
    На JasBee11, Mumoftwo30, Lostinparadise и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.471
    Допаѓања:
    20.198
    Јас па мислам дека мажот многу добро знае што прави.

    Знае дека членката во овој момент не е во добри односи со нејзиното семејство и не може да се потпре на нив.
    Знае дека целиот финансиски товар околу домот и децата паѓа на неа и само на неа и дека на крајот на месецот не и остануваат вишок пари а кога си без пари, каде ќе одиш? Никаде, ќе си седиш таму каде си.
     
    На JasBee11, st-el, SummerGirl и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.779
    Допаѓања:
    14.577
    @KiT Кирија е само почеток тука се сметки, храна, превоз, училиште, облека, болести… и се паѓа на еден човек. Исто така, кога партнер не учествува ни во основното како храна за сопствените деца, тоа е реален проблем.
    Не значи дека не си решена за развод само затоа што ги гледаш ризиците. Значи дека си одговорна мајка што размислува што ќе им се случи на децата утре, а не само денес. Не треба ни да се трпи бескрајно. Од страна може да изгледа како изговор, ама кога ќе немаш никаква поддршка од своите, тоа станува огромен проблем. Да имаше барем некој зад тебе, па и само да не плаќаш кирија многу полесно ќе застанеше финансиски на нозе, знам од своја кожа...
    Колку тоа менува се, бар ќе ти беше полесно. Тешко е, стварно. Со тебе сум и ако ти треба разговор, поддршка или само некој да те ислуша тука сум. :hug:
     
    На JasBee11, Mumoftwo30 и KiT им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.728
    Допаѓања:
    114.120
    Пол:
    Женски
    Златна, ако ти трбаше тешење требаше да кажеш, извини вака ама искрени сме. Сите овде што ти пишавме ти рековме како да го средиш проблемот. На децата озбилен муабет или стисни заби и издржи машки 1 година, собери некој денар, најди и втора работа и после кажи му чао. Нема магичен начин, тој е. А дека е тешко и скапо сите ќе ти кажеме.

    Еве како јас би постапила. Нема на никој да кажам, ќе направам план, се што е злато, заштеда ќе тргнам на сигурно, ако треба на работа ќе однесам ќе скријам, абе ќе го закопам, ама ќе го тргнам на сигурно. Ќе најдам втора работа, децата се доволно големи и сами да остануваат, ќе зготвам само тоа што е ефтино, нема луксузи, манџа, доручеци купувам само тоа што се јаде одма, ѓевреци, банички, мачканици за наеднаш јадење. Се што ми останува на страна тргам и глас не пуштам. Одмори, лето, зима, нема, ако децата сакаат прати ги кај татко им, кажи немам ни јас. Собери за неколку месеци да имаш кеш и барај во меѓувреме поефтин стан, распрашај се по роднини и пријатели кој има да ти помогне, чаши, тањири, прибор, ќе најдам ако треба и во пластика ќе јадам за почеток. Добар адвокат за да си земам се што сум дала и еден ден без најава си заминуваш. На децата претходно ќе им објасниш, трпевте деца за да може да дојде до ова да си одиме и да бидеме мирни сега, а доволно се големи да сфатат.

    Извини, може е груб начинот на кој ти објаснив, ама мораш да разбереш дека жртвите се прават за подобро утре. Се надевам ќе се средиш.
     
    На JasBee11, riba79, TrueToMyself и 12 други им се допаѓа ова.
  7. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    8.242
    Пол:
    Женски
    Не ми е за тешење, озбилно ми беше за совети и ваше мислење. Знам душо, ама што и да зготвам јас треба да купам, а треба и за него, пошто све на готово чека. Инаку, одмор неможам да им ускратам, сеуште сакаат со нас да одат на море, и ние сакаме а не пак тие да уживаат и да се бањкаат. Кога ќе пораснат ќе фатат со друштво и нема да сакаат со нас т.е со мене на одмор и што останува од детството? Не е лесно ич, не е.

    Не ми се верува, ама сепак тоа е твое мислење и го почитувам. Да праќам деца долу да јадат, ко да немам мајка горе што ќе им спреми или не дај боже јас да идам долу да јадам :x

    Фала ти многу, една од ретките си која реално ја согледува мојата ситуација. :hug: Многу членки критикуваат дека сум изигравала жртва! Тоа е нивно мислење, не се слагам, не ме разбираат очигледно, ама ги почитувам сите мислења.
     
    На Marijana93 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.331
    Допаѓања:
    227.122
    Пол:
    Женски
    Ко вчера го памтам моментот кога лежев до 3 год дете на спална и зјапав во таванот и се чудев како сето тоа ќе го изведам... Со кредит, да се преселам во стара куќа која мора колку толку да се зацврсти бидејќи едвај стои, колку да спасам жива глава од будалата...
    Па каков период се погоди, зима, јануари, дете, куче, татко со канцер во последен стадиум. Буквално еден месец откако се преселив почина. Најтешкиот дел ми беше дур се преселам. И дур сеуште беше тој во Мк. Да не навлегувам, ќе ве расплачам. Јас и уште еден лик од форумот знаеме како се носеа ствари од станот до куќата. Цел живот ќе сум благодарна за таа помош. Потоа беше држ не дај за детето. Кога он сакаше да е со него и ако не се нацртав у моментот кога него ќе му текне да го земам одма беше јас сум уличарка к рва се најлошо на светот и се тоа пред детето се збореше. .. А реалноста - Јас главев на работа секогаш кога беше со него за некој денар повеќе. Официјално се разведов пред 2 години. Бидејќи он дур беше тука немаше теоретски шанси да повлече за развод. Он замина во странство откако се испотепа со неговите, му викнаа полиција и брзо потоа му кажаа да се пресели од дома зошто ја продале куќата. Според тоа што го кажуваше он, ден денес не знае каде живеат. И замина. Е тука почна животот за мене. Се појавуваше само еднаш годишно, и кога е така ретко и кратко, лесно може да се регилира. Син ми имаше проблеми со односот, имаше испади, агресија, куп ствари. Како излезе од неговиот живот, така почнаа работите да се средуваат. Но решив конечно и да хартија да се средиме. Тука требаше баеги манипулација од моја страна за он да потпише се како што треба без инатење. Држ не дај, потпиша. Детето е доверено на мене, алиментација одредена. Но после тоа пак почнаа глупостите. Видете ... ова е нешто што трае се дур децата не се очовечат, станат полнолетни. Ете јас сум имала неколку години супер, ама сега пак идат проблеми. Тој повторно менува милион работи, останува на улица, па пак работи пак не работи... алиментацијата годинава ми е катастрофа, де ја има де ја нема...
    Има испади, сакал да го земе кај него, сам ќе седел дур он работел (син ми сеуште сам не го оставам дома), ќе се снашол ако се разболел ... А нема ни свој кров. Има трзања, и знам дека ќе има глупости сеуште... бидејќи секогаш неговиот бес насобран од неговата неспособност се рефлектира на мене, мене да ми глуми он колку е моќен и способен а реално врска нема.

    Еднаш тука на форумов се појави една будала.. ќе ја пишев по ник ама ме мрзи да барам .. Почна да ме вреѓа и провоцира во врска со него, јас сум била крива... :))))) Ја прашав у пораки што к.рац и е проблемот, па и таму продолжи да ми кажува МЕНЕ како ми било дома, а јас како што памтам тие проблеми кога се случуваа беа меѓу нас двајца, таа персона не беше присутна во ниеден момент :))))
    Интересен факт е што тие највеќе што јадат ..... потоа бетер поминуваат. ама тоа оставам на судбина.

    За сите што се мислите- како ќе го изиграм ова .. како ќе се спасам?? Кога со чиста мисла, со чиста совест влегувате во нешто, не мора да имате план. Почнете, патот ќе се отвори. Од искуство кажувам. Не сакам ни да помислам каде ќе бевме сега и јас и син ми да останевме како што бевме. А сега сме далеку подобри од тоа.
     
    На Anturium, JasBee11, riba79 и 16 други им се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.171
    Допаѓања:
    134.869
    Пол:
    Женски
    Е па бањкајте се и седи си трпи си. Охрид не е за бањање ? Мора море да биде? Мора со авиони да се оди? Кажи бе срц не ти се иде и да не трошиме време.
     
    На JasBee11, eliesaab, simona_baby и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.576
    Допаѓања:
    19.514
    Јас не викам тоа да го правиш долгорочно. Туку период. Пошто треба да заштетиш за депозит, да тргнеш недај боже на страна. Да не биде утре да го молиш назад да се вратиш затоа што ќе немаш денар. А само така ќе заштедиш. Ти викаш он ја јаде храната на децата, значи нема да полниш фрижидер. Само најнајосновно. А кај ќе јадат кога ќе се иселиш? Доле ќе јадат секако. Ти глеј да тргнеш пари ако сакаш да се разведеш и да не те молзат, а не имале децата мајка. Никој не вика дека немаат, само биди попаметна
     
    На JasBee11, Biljarkata и nena2010 им се допаѓа ова.
  11. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.053
    Допаѓања:
    37.975
    Пол:
    Женски
    Не треба, нека јаде доле.

    Е сега тука не можам да те разберам.
    Мајка ќе имаат, дали готвела или не. Поентата е да заштедиш некој денар долгорочно.
    Од еден месец нема да можеш кирија да платиш сигурно. Тргај пари од вчера.
    Кој шо сака - немам. Деца се. Основните потреби им ги имаш обезбедено сигурно до сега

    Тука се веќе приоритети во прашање.
    Ако можеш да заштедиш за одмор за 4ца, можеш и за кирија за 4 месеци. :)


    Разбирам дека си исплашена заради децата и врските и ебаната ни држава ама викаат Среќата ги следи храбрите ;)
     
    На JasBee11, riba79, ALISA0000 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.144
    Допаѓања:
    41.790
    Пол:
    Женски
    Нејќеш ти развод чим одбираш одмор со тој од кој сакаш да се "разведеш"
     
    На JasBee11, riba79, SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  13. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.559
    Допаѓања:
    25.788
    Едно прашање: додека братот јаде долу кај неговите, гледа и децата да ви јадат? Да не се гладни? Или не го боли таквото дали се гладни? Ај за тебе, мање више битно, али за децата?
     
    На JasBee11, riba79 и Nausicaa им се допаѓа ова.
  14. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    8.242
    Пол:
    Женски
    Не, не се замара. Ама додека сум на работа, баба им се замара ептен, реално.

    Само јас знам каков ми е тој одмор

    А како да му забраниш кога отвора и само јаде, и ноќе додека спиеме? Можам да му кажам не земај макар и тоа најосновно?
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.549
    Допаѓања:
    199.378
    Зошто сметам дека тој брак не е брак? Ако тој свесно не дава денар за децата, вели-разведе се и сноси ги последиците- возот за разбирачка одамна заминал. Него му е сеедно, вака моментално му одговара оти има дома чистачка, готвачка, дадилка. Утре може нема ни тоа да му треба, па тој да побара развод. Ама сега тера инат и ја малтретира, во најмала рака психолошки. Значи, дури не излезе од оваа ситуација, Кит страда.

    При развод децата страдаат, веројатно најголем страв им е да не им се наруши светот во кој функционираат, па затоа и велат-ама вие не мора да зборите, само живејте заедно. Тие деца по 7,8 години ќе бидат полнолетни, што ќе имаат за претстава за семејство и живот, растени во таква дисфункционалност, не знам. После не мора да се решава ни старателство, ни деца, ама години се во прашање, не денови.

    Да резимираме, ако @KiT сака да се разведе, единственото логичко решение е ова- мала заштеда, постапка за развод и споделено старателство.
    А за тоа дека ќе ги земе децата- хау јес ноу:). Еве, светов е полн со татковци кои се грижат за децата, дури мајките си ја прчат по кладилници и кафани. Јаки се, на вилици, на почеток, после им поминува.
     
    Последна измена: 13 јануари 2026 во 11:54
    На JasBee11, SummerGirl, Yowannty и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    14.280
    Извини, но не се умира ако не се отиде на море. На децата ќе им кажеш се нема финансии и крај.
     
    На JasBee11, SummerGirl, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  17. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.144
    Допаѓања:
    41.790
    Пол:
    Женски
    Зошто тогаш одиш?
     
    На JasBee11 и eliesaab им се допаѓа ова.
  18. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    8.242
    Пол:
    Женски
    Така е, психички ме малтретира со години. Кога велиш споделено старателство, мислиш едното дете кај мене, другото кај него или?

    Заради децата, да се радуваат и уживаат во детството.
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.728
    Допаѓања:
    114.120
    Пол:
    Женски
    Moже да биде и една недела кај тебе, една кај него двете заедно, ама ти прво треба да решиш да се разведеш. Додека мислиш на одмори нема да се разведеш.

    За децата да уживаат пред се треба да имаат здрава животна средина, одмор не е здрава животна средина.
     
    На JasBee11, SummerGirl, ALISA0000 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.144
    Допаѓања:
    41.790
    Пол:
    Женски
    Мислиш децата не разбираат дека вие двајцата не функционирате заедно? Разбираат и тоа како
     
    На JasBee11, SummerGirl, ALISA0000 и 3 други им се допаѓа ова.